ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/12 стр. 28-31
  • „Откаде доаѓаат тие пари?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Откаде доаѓаат тие пари?“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Пример од стариот Израел
  • Потребата денес
  • Каде одат тие пари?
  • Јехова ќе те награди
  • Како некои даваат прилози за делото на проповедање за Царството
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • „Искажувај му чест на Јехова со твоите скапоцени работи“ — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Дарителот на „секој добар дар“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Зошто да му се дава на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/12 стр. 28-31

„Откаде доаѓаат тие пари?“

ОНИЕ кои ја гледале видеокасетата на Друштвото Стражарска кула, „Јеховини сведоци — Организација зад името“, се импресионирани. Тие гледаат ведри мажи и жени од различни раси и со различно потекло, како сите заедно се смеат и работат во хармонија. Но, нивното внимание не го привлекуваат само илјадниците среќни работници туку и големиот комплекс згради на седиштето на Друштвото во Бруклин, како и нивните фарми во Волкил (Њујорк). Видеокасетата покажува дека во тие згради може да се најде современа технологија — опрема за брзо печатење и подврзување на книги со која се произведуваат милиони публикации секој месец, потоа различна компјутерска опрема и голем спектар од помошни служби.

Сето тоа укажува на огромни материјални трошоци. Затоа некои прашуваат: „Откаде доаѓаат тие пари?“

И посетителите на светското седиште на Друштвото се импресионирани на сличен начин. Тие ги подигаат главите за да ја видат новата 30-катна зграда за живеење, една од многуте кои се користат за сместување на повеќе од 3.000-те доброволци што работат таму. И посетата на новиот Образован центар на Стражарска кула, на околу 110 километри северно од Бруклин, исто така предизвикува длабоко стравопочитување кај многумина. Иако сѐ уште се гради, тој сместува околу 1.200 работници. Секоја година таму ќе бидат оспособувани по два класа мисионери кои ќе бидат испратени на своите странски доделби. Исто така, од тоа место им се дава водство на повеќе од 10.000-те собранија на Јеховините сведоци во САД. Освен тоа, и многу други подружници низ светот неодамна ги зголемија своите објекти или во моментов го прават тоа. За да се извршат сите овие работи, потребни се многу пари. Луѓето прашуваат: „Откаде доаѓаат тие пари?“

Одговорот е дека парите доаѓаат од просечни поединци како што е секој од нас. Низ целиот свет, тоа се луѓе кои сакаат да сторат сѐ што можат за да напредува животоважното христијанско дело на проповедање и поучување. Таквиот дух на готовност постоел уште во минатото.

Пример од стариот Израел

Пред повеќе од 3.500 години, се појавила потреба од великодушни прилози. Јехова му дал на Мојсеј упатства за изградба на шатор за обожавање т.е. „шатор за состанување“ (НС) кој ќе се користи при Неговото обожавање. За нацртот што го дал Бог биле потребни различни скапоцени предмети. Јехова заповедал: „Соберете помеѓу вас принос на Господа, секој што од срце дава, нека донесе принос, доброволно нека принесе принос на Господа“ (2. Мојсеева 35:4-9). Каков бил одѕивот? Извештајот ни кажува дека „секој, кој принесе што му срце сакаше срцето го влечеше и душата го поттикнуваше, доаѓаше, носејќи принос на Господа — учество за градење на шаторот на садови, за секоја служба во него и за сите одежди на светилиштето“. Овој „доброволен дар“ постепено станал толку голем што имало ‚повеќе отколку што било потребно за да се направи, како што заповедал Господ‘ (2. Мојсеева 35:21-29; 36:3-5). Колку несебичен, дарежлив дух покажале луѓето!

Скоро 500 години подоцна, Израелците повторно биле повикани да даваат великодушни прилози. Желбата на цар Давид — да изгради траен дом за Јехова во Ерусалим — требало да ја оствари неговиот син Соломон. Самиот Давид собрал и приложил голем дел од она што било потребно. Кога објавил повик да се донесе „за Господа“, му се придружиле и други. Каков бил исходот? „Народот се радуваше на нивната сесрдност, зашто тие од сѐ срце жртвуваа за Господа, па и Давид многу се радуваше“ (1. Летописи 22:14; 29:3-9). Само среброто и златото сигурно вределе околу 50 милијарди американски долари според сегашна вредност! (2. Летописи 5:1).

Од овие примери забележуваме дека никој не бил принудуван да дава. Давањето било исклучиво „сесрдно“ и „од сѐ срце“. Јехова не би бил задоволен со нешто друго освен со такво давање. Слично на тоа, кога се појавила прилика да се приложат пари за да им се помага на сиромашните христијани, апостол Павле напишал дека тоа не треба да биде „како нешто изнудено“ (НС). Тој додал: „Секој да дава од сѐ срце, а не со жал или принуда; оти Бог го љуби оној што од срце дава“ (2. Коринтјаните 9:5, 7).

Потребата денес

Дали и денес постои потреба од прилози? Навистина постои, а како што минува времето, таа ќе биде сѐ поголема. Зошто?

На христијаните им биле дадени посебни упатства во врска со ова време на крајот. Исус им заповедал на своите ученици: „Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал“ (Матеј 28:19, 20).

За да се изврши ова огромно дело на поучување и проповедање додека сѐ повеќе се приближуваме до завршниот дел од „свршетокот на светот“, потребни се прилично многу време и средства. Зошто? Поради сето она што е вклучено во пренесувањето на пораката за Божјето Царство „дури до крајот на земјата“ (Дела 1:8). Повеќето луѓе не се добро упатени во Библијата како што биле Евреите од првиот век. Всушност, еден значителен број жители на Земјата не се ни запознаени со Библијата и не гледаат на неа како на Божја Реч. Во далечните земји мора да бидат оспособени и испратени проповедници (Римјаните 10:13-15). А помисли само на бројот на говорните јазици што се вклучени! На оние на кои им се проповеда, потребни им се Библии и библиски публикации за да читаат и да проучуваат на својот јазик. Со цел да се достигнат сите на еден организиран начин и постепено да се доведат до духовна зрелост за да можат да им помагаат и на другите, потребна е организација на високо ниво (2. Тимотеј 2:2).

Исус рекол дека „ова Евангелие за царството“ мора најнапред ‚да биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот‘ (Матеј 24:14). Затоа, сега е време да дадеме сѐ што можеме за да се изврши тоа животоважно дело. Нема подобар начин на кој би можеле да ги искористиме нашите парични средства пред да дојде времето кога материјалното богатство ќе престане да има некаква практична вредност (Језекиил 7:19; Лука 16:9).

Каде одат тие пари?

Друштвото Стражарска кула издава библиска литература на повеќе од 230 јазици, како и на Брајово писмо за слепите и видеокасети на знаковен јазик за глувите. За таа цел се потребни тимови од преведувачи и коректори за секој јазик. Вчудовидува и самата помисла на извршувањето на таа работа, особено за списанието Стражарска кула кое излегува секој месец на 121 јазик, од кои на 101 јазик симултано. Тоа е неопходно за да можат луѓето низ целиот свет да ги имаат и да ги читаат истите информации. Секоја година се зголемуваат трошоците за хартија и за други материјали кои се користат во произведувањето на пораката на Царството во печатена форма или на аудио или видеокасети. Тие трошоци мора да се покријат со прилозите од браќата.

Делото на проповедање и поучување се извршува на подрачја кои се опфатени во повеќе од 75.000 собранија на Јеховините сведоци низ целиот свет. За да ги обединат и охрабрат, оспособени патувачки надгледници го посетуваат секое собрание отприлика два пати годишно. И конгресите играат многу важна улога во давањето поуки. Мора да се изнајмуваат големи простории за да се одржуваат конгреси кои толку многу ја зајакнуваат нашата вера. За овие цели се користат и твоите прилози.

Додека конгресите обично се одржуваат само три пати годишно, локалните собранија се собираат на пет седмични состаноци. (Спореди 2. Мојсеева 34:23, 24.) Приливот на нови кои се одѕиваат на добрата вест значи основање на уште илјадници нови собранија секоја година. Со помош на милиони долари заем што го дава Друштвото, секоја година се градат стотици нови Сали на Царството, а многу други се реновираат и се прошируваат. Иако тоа се обртни средства кои се користат секогаш одново, потребата постојано се зголемува.

Едно подрачје каде што има невиден пораст се оние народи од Источна Европа кои му беа потчинети на поранешниот Советски Сојуз. Колку беше радосна новата вест дека во овие места почна да се шири делото! Сега, во многу од овие земји се испраќаат мисионери. Во некои земји се отворија нови подружници, а со тоа бројот на доброволци кои служат во светското бетелско семејство се зголеми на преку 15.000. Се разбира, за да се сместат сите тие, потребно е да се купат или да се изградат згради на подружницата. Твоите прилози помагаат за да се задоволи таа потреба.

Ова дело не поминало незабележано од страна на Сатана и неговите демони. Тие прават сѐ што можат за да ги спречат обидите на Јеховините верни слуги или за да им направат проблеми (Откровение 12:17). Тоа повлекува со себе сѐ повеќе легални битки, со цел да се заштитат правата на Божјиот народ да проповеда и да живее во согласност со Божјите праведни закони. Освен тоа, поради разорувањата од војните во Сатановиот систем на ствари, како и поради природните катастрофи, честопати е потребна хуманитарна помош за нашите браќа и сестри кои се погодени од тие непогоди, како и за оние кои се поврзани со нив. Твоите прилози помагаат да се обезбеди оваа животоважна помош.

Јехова ќе те награди

Великодушното користење на нашето време и средства за да напредува Господовото дело донесува големи благослови. Како тоа? Затоа што Бог, кому неоспорно му припаѓаат сите нешта, ќе нѐ награди. Во Изреки 11:25 пишува: „Добротворната душа ќе биде наситена, и кој напојува други, и тој самиот ќе биде напоен“. Јехова навистина е задоволен кога го даваме својот дел за да напредува неговото обожавање (Евреите 13:15, 16). На древните Израелци кои ќе донеле прилози што се барале според сојузот на Законот, тој им ветил: „Во тоа испитајте Ме, вели Господ Саваот: зар нема да ги отворам отворите небески за да излијам благослов на вас, па да имате и на претек?“ (Малахија 3:10). Духовниот напредок што денес го ужива Божјиот народ е доказ дека Бог го исполнува своето ветување.

Ова величествено дело — да им се објави на луѓето денот на спасение и да им се помага на оние кои се со искрени срца да одат по патот на животот — нема да трае засекогаш (Матеј 7:14; 2. Коринтјаните 6:2). Но, сите оние кои спаѓаат во Господовите „други овци“ мораат да бидат собрани (Јован 10:16). Колку само е неопходно денес да се соочиме со тој предизвик! Кога секој од нас ќе погледне наназад од тој нов свет на праведност, колку само среќен ќе биде ако може да рече: ‚Јас имав целосен удел во тоа завршно дело на собирање‘! (2. Петрово 3:13).

[Рамка на страници 30 и 31]

Како некои даваат прилози за делото на проповедање на Царството

ПРИЛОЗИ ЗА ДЕЛОТО НА ЦАРСТВОТО: Мнозина ставаат настрана или планираат од својот буџет некој износ што го пуштаат во кутиите за прилог со натпис: „Прилози за делото на Царството — Матеј 24:14“. Секој месец собранијата ги испраќаат овие средства до локалната канцеларија на подружницата.

ПОДАРОЦИ: Доброволните парични донации можат да се испраќаат директно до канцеларијата што служи во вашата земја. Може да се дарува и накит или, пак, други вредности. Ваквите прилози треба да бидат проследени со едно кратко писмо со кое се потврдува дека се работи за целосен подарок.

УСЛОВНО ДАРУВАЊЕ: На Заедницата можат да ѝ се доверат пари на чување сѐ до смртта на донаторот, со клаузула која вели дека во случај на лична потреба, парите треба да му се вратат на донаторот.

ОСИГУРУВАЊЕ: Заедницата може да биде именувана како корисник на полиса за животно осигурување. Заедницата треба да биде информирана за секој таков договор.

БАНКОВНИ СМЕТКИ: На Заедницата можат да ѝ се дадат на чување банковни сметки, уверенија за депозити или поединечни пензиски сметки, или тие да се направат наплатливи по смртта, во согласност со локалните банкарски прописи. Заедницата треба да биде информирана за секој таков договор.

ВРЕДНОСНИ ХАРТИИ И ОБВРЗНИЦИ: Вредносни хартии и обврзници можат да ѝ се подарат на Заедницата било како целосен подарок или под договор, според кој приходот и понатаму му се исплаќа на донаторот.

НЕДВИЖНИНИ: На Заедницата можат да ѝ се остават недвижнини што можат да се продадат, било како целосен подарок или како имот со право на доживотно користење од страна на донаторот. Лицето треба да ја извести Заедницата пред да ѝ препише каква и да е недвижнина.

ТЕСТАМЕНТИ И ПОЛНОМОШТИЈА: На Заедницата може да ѝ се остави во наследство имот или пари со законски верифициран тестамент, или таа да биде назначена како корисник на договор за ополномоштување. Полномоштијата, чиј корисник е верска заедница, можат да овозможат извесни даночни олеснувања. Една копија од тестаментот или полномоштието треба да се испрати до Заедницата.

ПЛАНИРАНО ДАРУВАЊЕ: Заедницата има подготвено брошура на англиски јазик, со наслов: „Планирано дарување“. Тие информации можат да им користат на сите оние од САД кои сега планираат да ѝ подарат некаков посебен дар на Заедницата или по смртта да ѝ остават нешто во наследство. Ова особено важи ако сакаат да постигнат некоја семејна цел или планирање на имот додека ги користат даночните погодности за да ги минимизираат трошоците околу дарувањето или наследството. Информации за ова можете да добиете ако пишете до Заедницата на долунаведената адреса.

За подетални информации во врска со ова пишете до: Јеховини сведоци, Христијанска верска заедница, п. ф. 800, 91000 Скопје, или до најблиската канцеларија во Вашата земја.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели