ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/12 стр. 4-7
  • Имаш ли дух на давање?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Имаш ли дух на давање?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Бараш ли нечија наклоност?
  • Дали подарокот доаѓа од сѐ срце?
  • Главен мотив — Пригодата или израз на љубов?
  • Дух на дарежливост во текот на целата година
  • Во потрага по совршениот подарок
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • „Најубавиот подарок!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Најголемиот дар од Бог — зошто е толку вреден?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/12 стр. 4-7

Имаш ли дух на давање?

СИ ЗАБЕЛЕЖАЛ ли дека не постои само еден мотив што ги поттикнува луѓето да даваат? Подарокот може да биде израз на љубов, на великодушност и на ценење. Сепак, зарем не си забележал дека подарокот може да дојде и од нечија желба да гледаат на него со наклоност? Исто така, може да биде даден само од чувство на обврска или затоа што оној кој подарува сака нешто за возврат.

Подарокот може да биде запакуван и врзан со убава лента. Но, зарем не е вистина тоа дека убав подарок може да биде и еден букет цвеќиња, една чинија со храна или некоја љубезна постапка? Всушност, најценети подароци честопати се оние подароци во кои е вклучено давањето на самиот себе.

Бараш ли нечија наклоност?

Не е необично некој да му даде подарок некому за да ја придобие неговата наклоност. Во некои земји, младиот човек кој се обидува да го придобие срцето на идната невеста, можеби ѝ носи цвеќе. Сепак, мудрата жена гледа зад подарокот. Таа размислува дали мотивот кој стои зад подарокот на младиот човек е полн со љубов, нешто што ќе го направи и добар сопруг. Таквиот подарок, ако одразува дух на побожност, може да му донесе голема среќа и на оној што го дава и на оној што го прима.

Библијата известува за една прилика кога Авигеја, жената на Навал, брзо подготвила великодушен подарок за Давид, кого го препознала како иден цар на Израел кого го избрал Бог. И таа барала наклоност. Нејзиниот сопруг презриво го одбил Давид и прекорно им се развикал на Давидовите луѓе. Како водач на една чета од околу 400 вооружени луѓе, Давид тргнал да го уништи Навал и неговото домаќинство. Авигеја брзо реагирала со тоа што му испратила на Давид великодушен подарок од животни намирници за неговите луѓе. Откако го испратила подарокот, дошла и таа, понизно извинувајќи му се за она што го сторил нејзиниот сопруг. Таа покажала голема остроумност додека разговарала со Давид.

Нејзината цел била благородна и исходот бил добар. Давид го примил нејзиниот подарок и ѝ рекол: „Оди си со мир во домот свој; ете, го послушав гласот твој и го почитав лицето твое“. Подоцна, откако умрел Навал, Давид ѝ понудил брак на Авигеја, а таа со задоволство се согласила (1. Царства 25:13-42).

Меѓутоа, во некои случаи, услугата што ја бара некој може да вклучува покажување на пристрасност, па дури и извртување на правдата. Во таков случај, подарокот претставува поткуп. Оној што дава, мисли дека ќе има корист, но тој се лишува себеси од душевен мир. Секогаш постои опасност другите да дознаат, а тој да биде повикан на одговорност. Дури и ако се добие услугата, оној кој ја барал може да стане познат како личност со сомнителни мотиви. Одразувајќи божествена мудрост, Библијата дава опомени за таквите подароци (5. Мојсеева 16:19; Проповедник 7:7).

Дали подарокот доаѓа од сѐ срце?

Без сомнение, ако му дадеш нешто на некој кој го сакаш поради тоа што имаш желба да го сториш тоа, ќе бидеш многу порадосен отколку да подаруваш затоа што другите ти наметнуваат чувство дека треба да го сториш тоа.

Во врска со собирањето животни намирници за сохристијаните кои се наоѓале во материјална оскудица, апостол Павле изнел некои извонредни начела за божествено давање. „Ако некој има добра волја“, напишал тој, „мил е по она што го има, а не по она што го нема.“ Тој додал: „Секој да дава од сѐ срце, а не со жал или принуда; оти Бог го љуби оној што од срце дава“ (2. Коринтјаните 8:12; 9:7). Според тоа, многу зависи од тебе. Наместо да западнеш во долг кога ќе те фати лудило на давање подароци, дали трошиш во рамките на своите можности? Наместо да се чувствуваш принуден да даваш, пред сѐ, поради социјалниот или комерцијалниот притисок, го правиш ли она што си го одлучил во своето срце? Во врска со раните христијани кои ги применувале таквите божествени начела, Павле напишал: „Нѐ молеа необично многу, да го примиме нивниот дар и учеството во прислужувањето на светиите“ (2. Коринтјаните 8:4).

Спротивно на тоа, билтенот Royal Bank Letter од ноември/декември 1994 година, во врска со седмиците кои му претходат на Божиќ, навел: „На оваа празнична сезона може да се гледа како на состојба на вештачка воодушевеност која произлегува од деловните интереси да се натераат потрошувачите да купуваат предмети кои инаку не би ги купиле“. Доколку е купено на кредит, тогаш секое задоволство што доаѓа од давањето подарок може брзо да биде засенето кога ќе дојде време да се платат сметките.

Главен мотив — Пригодата или израз на љубов?

Дали забележуваш дека најмногу подароци даваш во оние прилики за кои се чини дека го налагаат тоа? Ако е така, веројатно ти недостига голем дел од радоста што може да произлезе од неприсиленото давање.

Има многу луѓе кои не се задоволни од она што произлегува кога се даваат подароци во некои посебни денови. Една мајка, која е и писател, признала дека кај нејзините деца се појавува лакомост додека се приближува денот кога очекуваат да добијат подароци. Признала дека и нејзиното лично уживање во некој убав подарок било нарушено поради тоа што очекувала да добие нешто друго. Голем број извештаи велат дека празниците кои се одбележуваат со свечености и со размена на подароци, претставуваат и време кога се доживува голема емоционална депримираност и кога се злоупотребува алкохол.

Забележувајќи дека нагласокот што се става на празничните подарувања понекогаш има неповолно влијание врз децата, еден професор по психологија, цитиран во весникот The New York Times, препорачува: „Знајте дека давањето подароци во некој друг ден е еден начин како да се намали стресот“. Мислиш ли дека тоа би имало добар ефект?

Тами, 12-годишно девојче од едно домаќинство кое не прославува Божиќ и родендени, напишала: „Поинтересно е да добиеш подарок тогаш кога најмалку очекуваш“. Таа рекла дека наместо да ѝ даваат подароци само еднаш или двапати годишно, нејзините родители ѝ подаруваат нејзе и на нејзиниот брат во текот на целата година. Но, има нешто што за неа е поважно отколку подароците. Таа вели: „Јас живеам во многу среќно семејство“.

Книгата Secrets of Strong Families (Тајните на цврстите семејства) отворено изјавува: „Повеќето од нас трошат време и пари неколкупати годишно избирајќи најубави подароци за родендени, годишнини или празници за луѓето што ги сакаме. За најдобриот од сите подароци не е потребно ништо од банковната сметка. Освен тоа, не мора ни да се завиткува. Доколку сметате, како и повеќето луѓе, дека Вашиот живот е највредниот посед што го имате, тогаш дел од Вашиот живот е најдрагоцениот подарок што можете да го дадете. Тој скапоцен подарок го подаруваме во облик на времето што го поминуваме со оние што ги сакаме“.

Можеш да дозволиш тоа давање да се прошири и надвор од твоето семејство. Неприсиленото давање за да се задоволи нечија очигледна потреба може да донесе посебно задоволство. Исус Христос нѐ поттикнал да покажуваме таква љубезна грижа за сиромашните, сакатите и слепите, додавајќи: „Ќе бидеш блажен, оти тие не можат да ти вратат“ (Лука 14:12-14).

Весникот Rockland Journal-News (САД) неодамна објавил еден пример на такво давање. Кога се срушил домот на една постара слепа жена, пријателите ѝ изградиле нова куќа. Неколку локални претпријатија дале свои прилози, а локалната владина агенција одобрила парични средства. „Меѓутоа, што е најважно“, навел весникот, „околу 150 луѓе од кои повеќето го посетуваат собранието на Јеховините сведоци — Хаверстроу, го приложија своето време за да ја изградат куќата.“

Статијата продолжила: „На местото на изградба имаше купишта материјали сѐ до масите на кои имаше храна. За два дена работниците подигнаа дом за две семејства, висок три ката. . . . Јеховините сведоци се познати по својата способност брзо да градат објекти. . . . Меѓутоа, таквата брзина е во спротивност со постојаноста на нивната мисија: со љубовта да направат нешто што ќе трае. Иако г-ѓа Блекли не може да го види својот нов дом, сепак нејзините раце можат да го почувствуваат, а само нејзиното срце знае колку длабоко било трогнато од оваа несебична постапка“.

Дух на дарежливост во текот на целата година

Оние кои навистина имаат дарежлив дух, не чекаат да дојдат некои посебни денови. Нивните животи не се насочени само кон нив лично. Кога ќе добијат нешто добро, радост им е да го поделат тоа со другите. Ова не значи дека тие се опседнати со давање. Не значи дека тие даваат до степен кој им ускратува нешто на нивните семејства. Исто така, не значи дека даваат без да помислат како ќе влијае тоа врз оној што прима. Сепак, тие се луѓе кои ‚даваат‘, а тоа е во склад со она што им рекол Исус на своите апостоли да прават (Лука 6:38).

Тие се свесни за околностите на своите пријатели и ближни кои се постари, болни или на кои им е потребно охрабрување од некои други причини. „Подарок“ може да претставува самото тоа што ќе отидат до продавница или ќе им помогнат во куќните работи. Тоа може да биде сечење дрва или ринење на снегот. Може да биде и една чинија зготвена храна или еден час време за посета или за заедничко читање. Нивните животи можеби се зафатени, но не и презафатени за да помагаат. Од искуство научиле дека навистина „поблажено е да се дава, отколку да се зема“ (Дела 20:35).

Се разбира, најголемиот Дарител во споредба со сите други е нашиот Творец, Јехова Бог. Тој „на сите им дава живот, дишење и сѐ“ (Дела 17:25). Во Библијата, тој ни дава увид и во својата намера да стави крај на злобата, болестите и на смртта, како и да направи рај од Земјата (Псалм 36:10, 11; Откровение 21:4, 5). Кога ќе го научат ова, оние кои имаат дарежлив дух не ја чуваат таа добра вест само за себе. Најголемо задоволство за нив е да ја делат со другите. Нивниот дух навистина е божествен дух на давање. Дали и ти го негуваш таквиот дух?

[Слики на страница 7]

Некои од најскапоцените подароци не се купуваат со пари

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели