ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/12 стр. 26-29
  • Праведноста возвишува еден народ

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Праведноста возвишува еден народ
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Духовен Израел
  • Светот може да ја види разликата
  • Зошто некои се исклучени
  • Поддржување на Јеховината праведност
  • Уживај во Јеховината праведност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Секогаш прифаќај го укорот од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сакај ја праведноста со сето срце!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Ќе бидеме заштитени ако ја бараме праведноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/12 стр. 26-29

Праведноста возвишува еден народ

ПОСЛЕ дождливите денови, колкаво задоволство е да се разбудиш и да видиш како сонцето свети на небото без облаци! Земјата е освежена, а вегетацијата сега може бујно да расте. Јехова Бог еднаш употребил ваква слика за да ги илустрира благословите од праведното владеење. На цар Давид му рекол: „Оној, што господари со луѓето, нека биде праведен, да господари со страв Божји. И како што изутрина на разденување, при изгрејсонце на безоблачно небо, од греењето по дожд израснува од земјата трева“ (2. Царства 23:3, 4).

Божјите зборови се покажале вистинити во текот на праведното владеење на Давидовиот син, цар Соломон. Библијата известува: „Живееја Јудејците и Израил спокојно, секој под лозата своја, од Дан до Вирсавија, преку сите Соломонови дни“ (3. Царства 4:25).

Древниот Израел бил Божји избран народ. Бог им ги дал своите закони и им рекол дека, ако го слушаат неговиот глас, тој ќе ги стави „погоре од сите народи на земјава“ (5. Мојсеева 28:1). Она што ги возвишило не била Израеловата, туку Јеховината праведност. Заповедите што им ги дал Бог биле далеку повозвишени од законите на околните народи. Како народ, тие биле исто толку несовршени колку и сите тие народи. Затоа, заслугата за тоа што биле подигнати над народите, му припаѓа на Јеховиниот возвишен Закон и на нивното стриктно придржување за него. Кога ги слушале Јеховините закони, тие се радувале на неговата благонаклоност и благослов. Цар Соломон го доживеал тоа за време на своето владеење. Тој можел да рече: „Правдата подига народ“, предупредил тој, „а беззаконието ги срамоти племињата“ (Изреки 14:34).

За жал, поради тоа што често пати постапувал непослушно, израелскиот народ паднал многу ниско. Доживеале срам како нација. На крајот, тоа довело до нивно трајно отфрлање во полза на еден нов духовен народ (Матеј 21:43).

Духовен Израел

На еден состанок на христијанското водечко тело во Ерусалим, Јаков, роден како Евреин, под инспирација рекол дека Бог ‚ги посетил [им обрнал внимание на, НС] незнабошците, та од нив да избере народ што ќе го носи Неговото име‘ (Дела 15:14). Овој нов христијански народ апостол Павле го нарекол ‚Израил Божји‘ (Галатјаните 6:16). Во врска со целта на нивниот позив, Петар напишал: „Вие сте род избран, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени, за да ги возвестите совршенствата на Оној, Кој ве повикал од темнина во Својата чудна светлина“ (1. Петрово 2:9). Како Божји избран народ, тие требало да светлат како светила во светот. Јеховината праведност требало да ги возвиши (Филипјаните 2:15).

Избирањето на овие духовни Израелци може да се спореди со копање дијаманти. Кога некоја руда што е богата со дијаманти ќе биде извадена на површината, таа може да даде само околу 1 карат (200 милиграми) на три тони земја. Во еден метод што некогаш се користел за одделување на дијамантите, спаѓало мешање на рудата со вода и истурање на смесата врз плочи со маст. Дијамантите ја одбиваат водата и се залепуваат за маста додека несаканиот материјал се измивал. Во оваа фаза, дијамантите биле груби. Меѓутоа, кога ќе се изрежат и исполираат, тие ја рефлектираат светлината во сите правци.

Како дијаманти кои ја одбиваат водата и кои не се дел од стварите околу себе, Јеховиниот народ е одделен од светот (Јован 17:16). Кога за првпат ќе бидат изнесени на светлина, можеби им недостасува сјај. Но, Јеховината Реч и дух создаваат во нив нова личност и тие светлат како светилки во овој свет. Тие се возвишени и во сите правци ја одразуваат славната светлина на вистината за Царството поради Јеховината, а не поради нивната сопствена праведност.

Сепак, од крајот на првиот век од нашата ера, во собранијата се вовлекол отпад и извршил влијание врз многумина. Таканаречените христијани се стопиле со народите на светот и не можеле да бидат разликувани од светот околу нив.

Денес, еден верен остаток од духовни Израелци е вратен во Јеховината милост. Тие се одделиле од светот и се исчистиле од „секаква скверност на телото и на духот“ (2. Коринтјаните 7:1). Со тоа што се чисти и исправни пред Јехова, тие ја поддржуваат неговата праведност. Тоа ги подигнало на една висока положба на милост над народите од светот. Преку своето ревносно проповедање на добрата вест за Царството, едно големо меѓународно мноштво е привлечено кај Јехова и станало дел од неговиот народ (Откровение 7:9, 10).

Светот може да ја види разликата

Световните авторитети понекогаш ги пофалуваат Божјите слуги поради нивното однесување. Пред извесно време, главниот службеник за безбедност на Сајмиштето во Преторија (Јужна Африка), коментирал за однесувањето на Јеховините сведоци од сите раси, кои ги користат тие објекти за нивните годишни конгреси. Меѓу другото, тој напишал: „Секој беше и е пристоен, луѓето зборуваат љубезно еден со друг, како и ставот што го покажаа во последниве неколку дена — сето тоа сведочи за квалитетот на членовите на вашето друштво и за тоа дека сите тие живеат заедно како едно среќно семејство“.

Јеховиниот народ може да придонесе за праведноста на неговата нација не само на таквите големи собири туку и со нивниот приватен живот. На пример, јужноафриканската подружница на Друштвото Стражарска кула добила писмо од некоја госпоѓа од Јоханесбург, во кое пишувало: „Минатиот викенд кога заминав на пат, на покривот од мојот автомобил сум го заборавила паричникот. Тој паднал во Авенијата Јан Смутс каде што заедно со сета содржина го пронашол еден член на вашето собрание, г-н Р., кој ми телефонираше и ми го врати. . . . Многу ја ценам ваквата чесност која станала ретка особина во денешно време и го пофалувам вашето собрание што поставува начела за кои вашите членови се придржуваат“.

Да, придржувајќи се за Јеховините праведни начела, неговиот народ се издвојува како народ кој е поинаков од светот. Поради тоа што ја покажуваат Јеховината праведност, лицата со чесни срца се привлечени кон христијанското собрание. Природно е да се биде привлечен кон нешто што е чисто и нерасипано. На пример, во Цирих (Швајцарија), некој непознат човек дошол на состанок на Јеховините сведоци и рекол дека сака да стане член на собранието. Објаснил дека сестра му била исклучена поради неморал и затоа сака да ѝ се придружи на една таква организација која „не толерира лошо однесување“. Дури и New Catholic Encyclopedia признава дека Јеховините сведоци се познати како „една од групите во светот која има најдобро однесување“.

Додека праведноста возвишува, гревот може да донесе срам врз нечие добро име, особено ако некој сериозен престап стане познат во местото. Христијанското собрание понекогаш мора да го носи срамот што му се нанесува кога поедини членови ќе направат сериозен грев. Се разбира, верните членови на собранието можат да го бранат доброто име на собранието со тоа што ќе укажат дека престапникот бил укорен на милосрден начин, то ест во склад со библиските начела. Ако некој практицира грев и не се кае, тој ќе биде отстранет од собранието, односно исклучен (1. Коринтјаните 5:9-13).

Зошто некои се исклучени

Иако секоја година од христијанското собрание се исклучуваат по неколку илјади, тоа е само мал процент од скоро петте милиони Сведоци во светот. Зошто треба да се преземе еден таков драстичен чекор против кого и да е во христијанското собрание? Природата на престапот е еден од одлучувачките фактори. Но, многу поважен фактор е дали престапникот искрено се кае поради сериозниот престап што го направил. Ако тој од сѐ срце се покајал, се обратил до Јехова во срдечна молитва, молел за простување на гревот што го извршил против Него и побарал помош од одговорните браќа во собранието, тогаш може да му се помогне повторно да ја стекне Божјата милост и да остане дел од собранието (Изреки 28:13; Јаков 5:14, 15).

Кога едно дете кое има добар и здрав однос со својот татко, стори нешто што го ожалостува таткото, тогаш обајцата треба што побрзо да го обноват тој драгоцен однос. На сличен начин, кога ќе му го предадеме својот живот на Јехова, ние стапуваме во еден многу драгоцен однос со него. Затоа, кога ќе сториме нешто што го ожалостува, треба да дејствуваме брзо за да го обновиме тој однос со нашиот Небесен Татко.

За среќа, некои кои биле исклучени, ја зеле при срце илустрацијата за расипничкиот син. Таму, Јехова е спореден со еден љубезен Татко кој е спремен да го прими назад покајничкиот грешник, доколку овој се обрати и бара Божје простување (Лука 15:11-24). Искреното каење од срце и одвратувањето од она што е лошо е еден начин на којшто може некој да се врати во Јеховината милост и во христијанското собрание. Некои покајнички престапници кои се чувствувале притиснати под товарот на својата вина, биле поттикнати да се покајат и да преземат чекори за да се вратат во љубезната средина на христијанското собрание. На тој начин, тие почнале да ги ценат Јеховините зборови од Исаија 57:15.

За да ги спречи поединците да се вратат под Јеховината љубезна грижа, Сатана лажно тврди дека нема простување за гревовите што биле направени. Но, откупната жртва на Христос Исус е доволна за да ги покрие гревовите на секој кој се кае — да, дури и наследената грешност на „целиот свет“ (1. Јованово 2:1, 2). Единствен грев кој не се покрива со откупнината е гревот против Божјиот свет дух, кој е рамен на намерно бунтување против дејствувањето на Божјиот дух, како што е тешкиот грев на Јуда Искариотски и на многуте книжници и фарисеи (Матеј 12:24, 31, 32; 23:13, 33; Јован 17:12).

Поддржување на Јеховината праведност

Откако остатокот од духовни Израелци во 1919 година бил вратен во Јеховина милост, тој сѐ повеќе и повеќе бил воздигнуван над околниот свет. Тоа не е поради нивната доброта, туку поради нивната спремна подложност на Јеховините закони и мерила. Како резултат на тоа, милиони Христови „други овци“ се привлечени во друштвото на духовниот Израел, како лојални придружници (Јован 10:16). Овие луѓе му донесуваат слава и чест на Јехова во свет кој е далеку од Божјите праведни мерила. Токму тоа го забележало јужноафриканското списание Personality: „Се чини дека Јеховините сведоци изобилуваат со добри особини и дека скоро ги немаат лошите“.

За да ја задржат оваа возвишена положба во еден безбожен свет, секој поединечен член на христијанското собрание треба да води чист и исправен живот пред Јехова. Во Библијата, Јеховината небесна организација е опишана со чисти работи. Таа е видена како прекрасна жена која е украсена со сонце и која има месечина под своите нозе (Откровение 12:1). Новиот Ерусалим е опишан како свет град со прекрасен изглед (Откровение 21:2). На верните членови на класата на невестата им е даден ‚чист, светол висон‘ (Откровение 19:8). Оние од големото мноштво се опишани како „облечени во бели облеки“ (Откровение 7:9). Луѓето кои се склони кон праведност, се привлечени кон една чиста организација. За разлика од тоа, Сатановата организација е нечиста. Неговиот религиозен систем е опишан како блудница, а оние кои се надвор од светиот град, како валкани и нечисти (Откровение 17:1; 22:15).

На праведните им е ветен вечен живот. Оние луѓе кои се собрани и кои ја поддржуваат Јеховината праведност, имаат изглед да го преживеат крајот на овој зол систем. „Кој Мене Ме слуша, ќе живее безопасно и спокојно, не плашејќи се од злото“, ветува Бог во Изреки 1:33.

Колку ќе биде развеселувачки кога Поголемиот Соломон, Христос Исус, ќе владее над тој нов свет во праведност, во страв од Јехова! (2. Петрово 3:13). Тоа ќе биде како утринската светлост кога изгрева сонцето, утро без облаци. Сите жители на Земјата ќе живеат во безбедност и, така да се каже, секој ќе седи под својата винова лоза и под својата смоква. Праведното човечко општество ќе ја разубави Земјата и ќе го заземе своето право место во вселената, на вечна фалба на нашиот Бог, Јехова (Михеј 4:3, 4; види и Исаија 65:17-19, 25).

[Извор на слика на страница 26]

Гаро Налбандијан

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели