ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/1 стр. 15-20
  • На Јеховините овци им треба нежна грижа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На Јеховините овци им треба нежна грижа
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Спремни пастири на стадото
  • Кога новите сакаат да проповедаат
  • Задоволување на посебните потреби
  • Ако новиот греши
  • Помогни им „да напредуваат кон зрелост“
  • Старешини, угледајте се на Најголемите Пастири
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • „Пасете го Божјето стадо кое ви е доверено“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Објавители на добрата вест
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Нежно да се пасат Јеховините скапоцени овци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/1 стр. 15-20

На Јеховините овци им треба нежна грижа

„Знајте дека [Јехова, НС] е Господ, . . . Негови сме — Негов народ и овци од Неговото пасиште“ (ПСАЛМ 99:3).

1. Како постапува Јехова со своите слуги?

ЈЕХОВА е Големиот Пастир. Ако сме ние негови слуги, тој нѐ смета за свои овци и нежно се грижи за нас. Нашиот небесен Татко нѐ теши, нѐ освежува и нѐ води „по патот на правдата заради името Свое“ (Псалм 22:1-4). Добриот Пастир, Исус Христос, толку многу нѐ сака што ја предал својата душа за нас (Јован 10:7-15).

2. Во каква состојба се наоѓа Божјиот народ?

2 Како лица кои добиваат нежна грижа, можеме да речеме со псалмистот: „Служете Му на Господа со радост; излегувајте пред Него со восклик! Знајте дека [Јехова, НС] е Господ, дека е Он бог наш, дека Он нѐ создаде нас, а не ние самите; Негови сме — негов народ и овци од Неговото пасиште“ (Псалм 99:2, 3). Да, ние сме радосни и безбедни. Тоа е исто како да сме заштитени од зли грабливци во некое трло кое има јаки камени ѕидови (4. Мојсеева 32:16, НС; 1. Царства 24:4; Софонија 2:6, НС).

Спремни пастири на стадото

3. Како постапуваат наименуваните христијански старешини со Божјето стадо?

3 Не е ни чудо што ние сме радосни како Божји овци! Наименуваните старешини преземаат водство меѓу нас. Тие не ‚изигруваат кнезови‘, не господарат со нас и не се обидуваат да бидат газди на нашата вера (4. Мојсеева 16:13, НС; Матеј 20:25-28; 2. Коринтјаните 1:24; Евреите 13:7). Наместо тоа, тие се љубезни пастири кои го применуваат советот од апостол Петар: „Пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради неправедна корист, туку од добро срце. И не како да управувате со народот, туку давајќи му пример на стадото“ (1. Петрово 5:2, 3). Апостол Павле им рекол на другите старешини: „Пазете, пак, на себе и на целото стадо, меѓу кое Духот Свети ве постави за епископи, за да ја пасете црквата на Господа и Бога, која ја придоби Он со Својата крв [со крвта на својот сопствен Син, НС]“. А колку само се благодарни овците што овие мажи, наименувани преку светиот дух, „постапуваат нежно со стадото, НС“! (Дела 20:28-30).

4. По каков однос спрема стадото бил добро познат Чарлс Т. Расел?

4 Исус му дал на собранието „дарови во облик на луѓе“ (НС), некои како „пастори“, односно овчари, кои постапуваат со Јеховиното стадо на нежен начин (Ефесјаните 4:8, 11; King James Version). Еден од тие мажи бил Чарлс Т. Расел, првиот претседател на Друштвото Стражарска кула. Тој бил наречен пастор Расел поради неговите полни со љубов и сочувствителни активности во пастирењето на стадото под Главниот Пастир, Исус Христос. Денес, христијанските старешини се наименувани од Водечкото тело на Јеховините сведоци и се води грижа да не се користат како титули изразите како што се „пастор“, „старешина“ или „учител“ (Матеј 23:8-12). Па сепак, денешните старешини вршат пастирење, односно дело на пасење, кое е во полза на овците од Јеховиното пасиште.

5. Зошто треба новите да ги запознаат наименуваните старешини во христијанското собрание?

5 Како пастири, старешините имаат значаен удел во духовниот напредок на новите лица. Затоа, новата книга Спознание кое води до вечен живот, на страница 168 вели: „Запознај се со наименуваните старешини во собранието. Тие имаат големо искуство во применувањето на спознанието за Бог, бидејќи ги исполниле условите за надгледници, што се изложени во Библијата (1. Тимотеј 3:1-7; Тит 1:5-9). Не колебај се да му пристапиш на некого од нив доколку ти треба духовна помош за да совладаш некоја навика или особина што е во спротивност со Божјите барања. Ќе утврдиш дека старешините ја следат Павловата опомена: „Утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите“ (1. Солунјаните 2:7, 8; 5:14).

Кога новите сакаат да проповедаат

6. Каква постапка се следи ако некој библиски ученик сака да стане објавител на Царството?

6 Откако еден библиски ученик стекнал поголемо спознание и извесно време ги посетувал состаноците, тој можеби сака да стане објавител на Царството, проповедник на добрата вест (Марко 13:10). Ако е така, Сведокот кој ја води библиската студија со него треба да го извести претседавачкиот надгледник кој, пак, ќе организира некој од старешините од Службениот одбор на собранието и уште еден друг старешина да се состанат со библискиот ученик и со неговиот учител. Дискусијата ќе се темели на книгата Organized to Accomplish Our Ministry (Организирано да ја извршуваме нашата служба), страници 98 и 99. Ако овие двајца старешини видат дека новиот верува во основните библиски учења и се приспособил на Божјите мерила, ќе му биде речено дека ги исполнува условите да учествува во јавната служба.a Кога ќе извести за својата служба со тоа што ќе предаде извештај од службата на подрачјето, тоа ќе биде запишано во картичката за Извештај на собраниски објавител, која гласи на негово име. Ова ново лице сега може да известува за својата активност на сведочење заедно со милионите други кои радосно ‚го проповедаат словото Божјо‘ (Дела 13:5). На собранието ќе му се даде известување дека тој е некрстен објавител.

7, 8. На кои начини може на еден некрстен објавител да му се даде потребната помош во службата?

7 На некрстениот објавител му треба помошта од старешините, како и од другите зрели христијани. На пример, неговиот духовен напредок е предмет на интерес на водителот на Собраниската студија на книга каде што тој присуствува. Новиот објавител можеби ќе увиди дека му е тешко да зборува делотворно во делото од куќа до куќа (Дела 20:20). Затоа, веројатно ќе му биде добредојдена помош, особено од оној што со него ја води библиската студија со книгата Спознание. Таквата практична помош е соодветна, бидејќи и Исус Христос ги подготвил своите ученици за службата (Марко 6:7-13; Лука 10:1-22).

8 Ако сакаме нашата служба да биде делотворна, неопходно е однапред добро да се подготвуваме. Затоа, двата објавитела би можеле првин да се состанат за да вежбаат презентации што се предложени во месечните изданија на Наша служба за Царството. Кога ќе почнат со својата служба на подрачјето, поискусниот би можел да почне на првата или на првите две врати. После љубезниот поздрав, обајцата објавители би можеле да учествуваат во давањето сведоштво. Ако соработуваат во службата неколку седмици, тоа може да доведе до извонредни повторни посети, па дури и до некоја домашна библиска студија со книгата Спознание кое води до вечен живот. Поискусниот објавител би можел некое време да ја води студијата а потоа да му ја предаде на новиот објавител на Царството. Колку само среќни ќе бидат обајцата објавители ако библискиот ученик покажува ценење за спознанието за Бог!

9. Какви подготовки се прават кога некој објавител сака да се крсти?

9 Додека еден некрстен објавител духовно напредува, тој може да му се предаде на Бог во молитва и да изрази желба да се крсти. (Спореди Марко 1:9-11.) Својата желба за крштавање треба да му ја соопшти на претседавачкиот надгледник на собранието, кој ќе организира старешините да ги разгледаат со објавителот прашањата на страници 12 до 63 од брошурата Основни библиски науки. Четирите дела на коишто се поделени прашањата, можат да се обработат на три пати со тројца различни старешини, доколку е можно. Ако тие се согласуваат со тоа дека некрстениот објавител има солидно разбирање на библиските учења и ги исполнува условите на другите подрачја, тие ќе му кажат дека може да се крсти. Како резултат на неговото предание и крштавање, тој станува ‚означен‘ за спасение (Језекиил 9:4-6).

Задоволување на посебните потреби

10. Како едно лице ќе го зголеми своето библиско спознание откако ќе го заврши своето проучување на книгата Спознание?

10 Откако еден поединец ја завршил својата библиска студија со книгата Спознание и се крстил, можеби нема да биде потребно да се води со него формална студија со втора книга, како на пример со книгата Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог.b Се разбира, неодамна крстеното лице ќе научи повеќе доколку се подготвува и редовно присуствува на христијанските состаноци. Исто така, тоа ќе стекне додатно спознание и ако неговата жед за вистината го поттикнува приватно да ги чита и да ги проучува христијанските публикации и да дискутира за библиски работи со соверниците. Но, што ако се појават посебни потреби?

11. а) На кој начин Акила и Прискила му помогнале на Аполос? б) Каква помош би можело да му се даде на едно неодамна крстено младо возрасно лице кое размислува за брак?

11 Дури и Аполос, кој бил „силен во Писмата“ и поучувал за Исуса на исправен начин, извлекол корист кога искусните христијани Прискила и Акила ‚го прибрале и му го објасниле патот Господов поточно‘ (Дела 18:24-26; спореди Дела 19:1-7). Затоа, да претпоставиме дека едно неодамна крстено младо возрасно лице размислува за додворување и женидба. Еден поискусен христијанин би можел да му помогне да најде информации за овие теми во публикациите на Стражарска кула. На пример, корисен материјал во врска со тоа се појавува во книгата Questions Young People Ask—Answers That Work (Младите прашуваат — Делотворни одговори), дел 7.c Објавителот кој ја водел библиската студија со него, би можел да го продискутира овој материјал со новиот објавител иако не треба да се води редовна студија.

12. Каква помош би можело да им се даде на новокрстените брачни партнери кои имаат проблеми?

12 Разгледај уште еден пример. Можеби новокрстените брачни партнери имаат проблеми околу тоа како да ги применат божествените начела. Тие би можеле да се консултираат со некој старешина кој би можел неколку вечери да дискутира со нив на темел на Светото писмо и да им го насочи вниманието на информациите што се наоѓаат во публикациите на Стражарска кула. Меѓутоа, старешината нема наново да воспостави редовна библиска студија со брачната двојка.

Ако новиот греши

13. Зошто треба собраниските старешини да покажат милост спрема едно новокрстено лице кое греши, но се кае?

13 Старешините го имитираат Големиот Пастир, Јехова, кој вели: „Моите овци Јас ќе ги пасам . . . ранета ќе превијам и болна ќе излекувам“ (Језекиил 34:15, 16; Ефесјаните 5:1). Во склад со тој дух, ученикот Јуда се залагал да им се покаже милост на помазаните христијани кои имале сомневања или кои западнале во грев (Јуда 22, 23). Затоа што од искусните христијани со право очекуваме многу повеќе, сигурно дека треба да се покажува милост спрема едно новокрстено лице — едно мало јагне — кое греши, но се кае (Лука 12:48; 15:1-7). Поради тоа, старешините кои ‚судат за Јехова‘, спрема таквите овци покажуваат нежна грижа и ги исправаат во дух на благост (2. Летописи 19:6, НС; Дела 20:28, 29; Галатјаните 6:1).d

14. Што треба да се стори кога еден неодамна крстен објавител ќе направи сериозен грев, и како може да му се помогне?

14 Да претпоставиме тогаш дека еден неодамна крстен објавител порано имал проблем со пиењето и во една или две прилики западнал во претерана попустливост. Или можеби ја совладал својата долгогодишна навика за пушење, но еднаш-двапати попуштил на искушението да пуши насамо. Иако нашиот нов брат се молел за Божје простување, тој треба да побара помош од некој старешина за гревот да не стане навика (Псалм 31:1-5; Јаков 5:14, 15). Кога ќе ја каже својата грешка на еден од старешините, тој старешина треба да се обиде да го исправи новиот на еден милосрден начин (Псалм 129:3). После тоа, библискиот совет може да биде доволен да му се помогне да ги исправи патеките на своите нозе (Евреите 12:12, 13). Овој старешина ќе поразговара за околностите со претседавачкиот надгледник на собранието за да одредат каква натамошна помош треба да се даде.

15. Во некои случаи, што може да биде неопходно да се преземе кога едно неодамна крстено лице ќе направи грев?

15 Во некои случаи може да е потребно и нешто повеќе. Ако се работи за ноторност, опасност за стадото или за други сериозни проблеми, старешинството ќе одреди двајца старешини да ја испитаат работата. Ако овие старешини утврдат дека работата е доволно сериозна за да се свика правен одбор, тие треба да го известат старешинството за тоа. Тогаш старешинството ќе наименува правен одбор за да му помогне на лицето кое згрешило. Правниот одбор треба да постапува со него на нежен начин. Тие треба да се трудат да го исправат со помош на Библијата. Ако тој се оѕвие на љубезните напори на правниот одбор, тогаш тие би можеле да одлучат дали би имало некаква корист тој да не биде користен за учество на подиумот на состаноците во Салата на Царството или дали треба да му биде дозволено да коментира на состаноците.

16. Што можат да сторат старешините за да му помогнат на лицето кое греши?

16 Ако лицето кое греши се оѕвива, еден или двајца старешини од правниот одбор би можеле да организираат да се прават пастирски посети со намера да ја зајакнат неговата вера и да го изградат неговото ценење за Божјите праведни мерила. Секој од нив може одвреме навреме да работи со него во службата на подрачјето. Можат да имаат неколку библиски дискусии со него, можеби користејќи соодветни статии од Стражарска кула и од Разбудете се!, но нема да воспоставуваат редовна библиска студија. Со таквата нежна грижа, лицето кое згрешило може да биде зајакнато да се спротивстави на слабоста на телото во наредниот период.

17. Кои чекори се преземаат ако некој крстен престапник не се покае и не го напушти својот грешен пат?

17 Се разбира, тоа што некој неодамна се крстил, не е никакво оправдување за непокајничко практицирање на грев (Евреите 10:26, 27; Јуда 4). Ако некој крстен престапник не се кае и не го напушти својот грешен пат, ќе биде отстранет од собранието (1. Коринтјаните 5:6, 11-13; 2. Солунјаните 2:11, 12; 2. Јованово 9-11). Кога оваа постапка се чини неопходна, старешинството ќе состави правен одбор. Ако дојде до исклучување, може да се даде следново кратко известување: „. . . е исклучен“.e

Помогни им „да напредуваат кон зрелост“

18. Зошто можеме да бидеме сигурни дека новокрстените христијани и другите секогаш ќе имаат уште да учат за Јехова и за неговата волја?

18 Големо мнозинство од Божјите слуги ќе останат во стадото. И за среќа, секој од нас ќе биде во можност сѐ повеќе да му се приближува на нашиот небесен Татко затоа што секогаш ќе можеме сѐ повеќе и повеќе да учиме за него и за неговата волја (Проповедник 3:11; Јаков 4:8). Илјадници кои се крстиле на Пентакост во 33 година н. е., сигурно требало уште да учат (Дела 2:5, 37-41; 4:4). Така било и со паганите, на кои им недостасувало библиско спознание. На пример, ова било случај со оние кои се крстиле после Павловиот говор на Ареопагот во Атина (Дела 17:33, 34). Денес, исто така, новокрстените треба уште да учат и им треба време за да ја зајакнат својата одлучност да продолжат да го прават она што е исправно во Божји очи (Галатјаните 6:9; 2. Солунјаните 3:13).

19. Како може да им се помогне на оние кои се крштаваат да ‚се стремат кон зрелост‘?

19 Секоја година, илјадници лица се крштаваат и ним им е потребна помош за да можат ‚да се стремат кон зрелост‘ (НС) (Евреите 6:1-3). Со зборови, со пример и со практична помош во службата, ти можеш да бидеш во состојба да им помогнеш на некои од нив да ја облечат новата личност и ‚да живеат во вистината‘ (3. Јованово 4; Колосјаните 3:9, 10). Ако си искусен објавител, старешините можат да те повикаат да му помогнеш на некој нов соверник во службата на подрачјето или неколку недели со него да дискутираш за извесни библиски точки со цел да ја зајакнеш неговата вера во Бог, неговото ценење за христијанските состаноци итн. Односот на пастирите со стадото во поглед на советувањето е ист како односот на еден татко, а во поглед на нежноста — како една мајка (1. Солунјаните 2:7, 8, 11, 12а). Сепак, неколкумина старешини и слуги помошници не можат да се грижат за сѐ што е потребно во едно собрание. Сите ние сме како едно семејство чиишто членови си помагаат еден на друг. Секој од нас може да стори нешто за да им помогнеме на нашите сообожаватели. Самиот ти можеш да бидеш во можност да дадеш охрабрување, да ги утешиш потиштените и да ги поддржиш слабите (1. Солунјаните 5:14, 15).

20. Што можеш да сториш ти за да го шириш спознанието за Бог и да покажуваш нежна грижа спрема овците од Јеховиното пасиште?

20 На човештвото му е потребно спознание за Бог, а како Сведок за Јехова, ти можеш да имаш радосен удел во неговото ширење. На Јеховините овци им е потребна нежна грижа, а ти можеш да имаш љубезна улога и да помогнеш да се даде истата. Нека Јехова ја благослови твојата служба и нека те награди заради твоите срдечни напори да им помагаш на овците од неговото пасиште.

[Фусноти]

a Тогаш, новиот може да добие примерок од книгата Организирано да ја извршуваме нашата служба.

b Издадена од Библиското и трактатно друштво Стражарска кула, Њујорк, Инк.

c Издадена од Библиското и трактатно друштво Стражарска кула, Њујорк, Инк.

d Една таква подготовка за некрстените објавители беше разгледана во статијата „Да им се помогне на другите да го обожаваат Бог“, што излезе во Стражарска кула од 1 април 1989 година, страници 27—32.

e Ако одлуката гласи исклучување и ако постои жалба, известувањето привремено се одложува. Види страници 147-148 во книгата Организирано да ја извршуваме нашата служба.

Како би одговорил?

◻ Како постапува Јехова со своите овци?

◻ Како се постапува кога новите сакаат да проповедаат?

◻ Како може да им се помогне на новите кои имаат посебни потреби?

◻ Каква помош можат старешините да им дадат на оние кои грешат, но се каат?

◻ Како би можел ти да му помогнеш на едно новокрстено лице да ‚се стреми кон зрелост‘?

[Слика на страница 16]

Чарлс Т. Расел бил добро познат како љубезен пастир на стадото

[Слика на страница 18]

Сочувствителните пастири постапуваат со Божјето стадо со нежност

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели