ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/4 стр. 6-8
  • Слави го Споменот достојно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Слави го Споменот достојно
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Достојно — Како?
  • Потребна е способност за разликување
  • Зошто ја одбележуваме Господаровата вечера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Што значи за тебе Господовата вечера?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Зошто Господовата Вечера има значење за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Господовата вечера — како се одбележува?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/4 стр. 6-8

Слави го Споменот достојно

НА 14 НИЗАН 33 година н. е., Исус го воспоставил Споменот.a Тој штотуку го завршил славењето на прославата Пасха со своите 12 апостоли и затоа можеме да бидеме сигурни во датумот. Откако го отпуштил издајникот Јуда, Исус ‚зел леб, кажал благослов, го прекршил, им го дал и рекол: „Примете, јадете; тоа е [ова значи, НС] Моето тело“‘. И земајќи ја чашата, изрекол благодарност и им ја дал, и сите пиеле од неа. А тој им рекол: „Ова е [Ова значи, НС] Мојата крв на Новиот завет [сојуз, НС], која се пролива за мнозина“ (Марко 14:22-24).

Исус им заповедал на своите ученици да го слават споменот на Неговата смрт поради важноста што ја има (Лука 22:19; 1. Коринтјаните 11:23-26). Неговата жртва била единствената што можела да го откупи човештвото од проклетството на наследениот грев и смрт (Римјаните 5:12; 6:23). Лебот и виното што ги употребил, биле симболи за неговото совршено тело и за неговата крв. Знаејќи го првобитниот датум, ние можеме да ја славиме приликата на соодветниот ден секоја година, како што се правело со еврејската Пасха. Но, тоа мораме да го правиме достојно. Зошто?

Апостол Павле рекол дека оние кои земаат од симболите на лебот и виното, ‚ќе ја објавуваат смртта на Господа, додека Он не дојде‘ (1. Коринтјаните 11:26). Според тоа, средиште на прославата би била Исусовата смрт и нејзиното значење за човештвото. Приликата би била сериозна, време за размислување за Божјата доброта и за ценењето што треба да го имаме кон Јехова и кон неговиот Син (Римјаните 5:8; Тит 2:14; 1. Јованово 4:9, 10). Поради тоа, Павле предупредил: „Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа“ (1. Коринтјаните 11:27).

Достојно — Како?

Очигледно, Бог не би бил задоволен ако би ја сквернавеле приликата со впуштање во сомнителни постапки или со присвојување на пагански обичаи (Јаков 1:27; 4:3, 4). Тоа би ги исклучило популарните настани од времето на Велигден. Ако го следиме Исусовото упатство да ‚го правиме тоа за [Негов] спомен‘, ние ќе сакаме да го славиме Споменот исто онака како што тој го воспоставил (Лука 22:19; 1. Коринтјаните 11:24, 25). Тоа би ја исклучувало помпезноста што на прославата ѝ ја придаваат црквите на христијанскиот свет. New Catholic Encyclopedia признава дека „денешната Миса во голема мера се разликува од многу едноставната церемонија за која се држеле Христос и Неговите Апостоли“. А со честото, па дури и секојдневно славење на Мисата, христијанскиот свет скршнал од она што Исус го намеравал и од тоа направил обичен настан.

Павле им пишал на коринтските христијани за недостојното земање кога се појавил еден проблем во собранието во врска со Господовата вечера. Некои не ја почитувале нејзината светост. Тие си носеле вечера со себе и ја јаделе пред или за време на состанокот. Честопати, прекумерно јаделе и пиеле. Тоа ги направило дремливи и им ги затапило чувствата. Поради тоа што не биле умствено и духовно будни, тие не можеле да ‚го разликуваат телото‘ и со тоа станале ‚виновни спрема телото и крвта на Господа‘. Во меѓувреме, оние кои немале вечера не само што биле гладни туку им било одвраќано и вниманието. Всушност, ниеден од нив не бил во состојба да земе од симболите со ценење и со потполно сфаќање на сериозноста на приликата — дека прославата била за сеќавање на Господовата смрт. Тоа предизвикало да бидат осудени, бидејќи покажувале непочитување, па дури и презир кон неа (1. Коринтјаните 11:27-34).

Потребна е способност за разликување

Некои земале од симболите на Споменот, иако подоцна сфатиле дека не требало. Оние кои имаат право да земат од симболите на Споменот се избрани од Бог и за тоа имаат сведоштво од Божјиот дух (Римјаните 8:15-17; 2. Коринтјаните 1:21, 22). Нивната лична одлука или решеност не е тоа што ги прави достојни. Бројот на оние кои ќе владеат со Христос на небесата, Бог го ограничил на 144.000 — релативно мал број во споредба со сите оние кои извлекуваат корист од Христовата откупнина (Откровение 14:1, 3). Селекцијата почнала во времето на Исус, па разбирливо е дека денес има само неколкумина кои земаат. Но штом смртта ќе стигне некого од нив, тој број треба да се намали.

Зошто некој би можел неисправно да зема од симболите? Тоа може да се должи на поранешните верски гледишта — дека сите верни одат на небо. Или може да е поради амбиција или од себичност — од чувството дека некој е позаслужен од другите — како и од желбата за истакнување. Можеби тоа е последица на силни емоции кои потекнуваат од тешки проблеми или од некоја трагедија која предизвикува некој да го изгуби интересот за живот на Земјата. Исто така, тоа може да е поради блиското дружење со некој кој има небесен позив. Сите ние треба да запомниме дека одлуката е исклучително Божја, а не наша (Римјаните 9:16). Според тоа, ако некој „после испитување“ увиди дека навистина не би требало да зема од симболите, тој треба сега да се воздржува (1. Коринтјаните 11:28, НС).

Пред поголемиот дел од човештвото, Бог ја поставил надежта за вечен живот на рајска Земја. Тоа е еден величествен благослов што можеме да го очекуваме и што лесно можеме да го прифатиме (1. Мојсеева 1:28; Псалм 36:9, 11). На Земјата, верните повторно ќе се обединат со своите драги воскреснати и ќе се запознаат со праведниците од старо време, како Авраам, Сара, Мојсеј, Раав, Давид и Јован Крстител — кои умреле уште пред Исус да го отвори патот за небесен живот (Матеј 11:11; спореди 1. Коринтјаните 15:20-23).

Оние кои имаат земна надеж достојно ја прославуваат Господовата вечера со својата присутност и со внимание полно со почит, иако не земаат од лебот и од виното. И тие извлекуваат корист од Христовата жртва која им овозможува да имаат поволна положба пред Бог (Откровение 7:14, 15). Додека го слушаат говорот што се одржува, се зајакнува нивното ценење за светите работи и расте нивната желба да останат во единство со Божјиот народ насекаде.

Годинава, после зајдисонце во вторник на 2 април, Споменот ќе се прослави во преку 78.000 собранија на Јеховините сведоци ширум светот. Дали ќе бидеш присутен и ти?

[Фуснота]

a Еврејскиот ден почнувал навечер. Според нашиот календар, 14 низан траел од почнувањето на вечерта во четврток, 31 март, па до зајдисонце во петок навечер, 1 април. Споменот бил воспоставен во четврток навечер, а Исусовата смрт се случила во петок попладне на истиот еврејски ден. Тој воскреснал на третиот ден, рано изутрина во недела.

[Слика на страница 8]

Јеховините сведоци го прославуваат Споменот еднаш годишно

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели