ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/4 стр. 30
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Сличен материјал
  • Положување на испитот на лојалноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Образование — користи го за да го фалиш Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • „Само ти си лојален“
    Приближи му се на Јехова
  • Гледај на лојалните!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/4 стр. 30

Се сеќаваш ли?

Дали си открил дека неодамнешните изданија на Стражарска кула имаа практична вредност за тебе? Тогаш, зошто не го испиташ своето сеќавање со следниве прашања:

◻ Каква поука можеме да извлечеме од падот на Амонитите? (Софонија 2:9, 10).

Кога на Јеховината љубезност се возвраќа со непријателство, тој не го смета тоа за неважно, туку во свое одредено време ќе преземе акција, исто како што сторил и во старо време. (Спореди Псалм 2:6-12; 15.12., страница 10.)

◻ На кои начини христијаните имаат мир?

Прво, тие ‚имаат мир со Бога, преку [нивниот] Господ, Исуса Христа‘ (Римјаните 5:1). Второ, имаат мир меѓу себе, негувајќи ја „мудроста, што иде одозгора“, која е „најнапред чиста, а потоа мирна“ (Јаков 3:17; 1.1., страница 11).

◻ Кои се некои од работите со кои е споредена Божјата Реч, и на кој начин тоа ни помага?

Божјата Реч е споредена со хранливо млеко, со цврста храна, со освежувачка и прочистувачка вода, со огледало и со остар меч. Ако еден слуга разбере што подразбираат овие изрази, тоа ќе му помогне вешто да ја користи Библијата (1.1., страница 29).

◻ Во што треба да ни помогне урамнотеженото световно образование?

Добро да читаме, читливо да пишуваме, да се развиеме ментално и морално и да добиеме практична обука која е потребна за секојдневниот живот и за делотворна света служба (1.2., страница 10).

◻ Каква важна поука во поглед на образованието можеме да научиме од Исус?

Образованието не треба да го користиме за да се величаме себеси, туку за да му донесеме фалба на најголемиот Воспитувач, Јехова Бог (Јован 7:18; 1.2., страница 10).

◻ Што е Божјето Царство?

Царството е божествено воспоставена небесна влада која ја остварува Божјата волја да ги отстрани последиците од гревот и смртта и да ги обнови праведните услови на Земјата (Даниил 2:44; Откровение 11:15; 12:10; 1.2., страница 16).

◻ На кој начин Библијата ни го дава потребното образование за да му се стави траен крај на насилството?

Преку својата Реч, Библијата, Јехова ги поучува луѓето да бидат мирољубиви и праведни (Исаија 48:17, 18). Божјата Реч има моќ да го достигне и да го допре срцето на човекот и да го промени неговото размислување и однесување (Евреите 4:12; 15.2., страница 6).

◻ Во која смисла може да се рече дека пророштвото од Исаија 35. поглавје има три исполнувања?

Исаииното пророштво имало прво исполнување кога Евреите се вратиле од вавилонското ропство во 537 пр. н. е. Тоа има и едно духовно исполнување што се случува денес, откако духовниот Израел бил ослободен од ропството на Големиот Вавилон. А ќе има и трето исполнување кое е поврзано со библиската гаранција за дословни рајски услови на Земјата (Псалм 36:10, 11; Откровение 21:4, 5; 15.2., страница 17).

◻ На кој начин Божјиот личен интерес за луѓето е прикажан преку чудата што ги извршувал неговиот Син Исус?

Бидејќи Исус „не може да прави ништо Сам од Себе, ако не Го види Отецот да прави“, неговото сочувство на еден сликовит начин дава трогателна претстава за Јеховината загриженост за секој негов слуга (Јован 5:19; 1.3., страница 5).

◻ Што се подразбира под Исусовиот израз ‚спомен-гробови‘ (НС) што е употребен во Јован 5:28, 29?

Грчкиот збор мнемеи́он (спомен-гроб) што е употребен овде, укажува на тоа дека Јехова се сеќава на извештајот за личноста што умрела, вклучувајќи ги и неговите или нејзините наследни особини и целосната меморија. Ова дава еден цврст доказ дека Бог се грижи за луѓето како поединци! (1.3., страница 6).

◻ Која предупредувачка порака од пророштвото на Софонија има практична вредност за нас?

Денес не е време да дозволиме сомневањата да пуштат корен во нашето срце и во своите мисли да го одложуваме доаѓањето на Јеховиниот ден. Исто така, треба да се пазиме од ослабувачките последици на рамнодушноста (Софонија 1:12, 13; 3:8; 1.3., страница 17).

◻ Зошто лојалноста кон Бог претставува предизвик?

Затоа што лојалноста е во судир со себичните склоности што сме ги наследиле од нашите родители (1. Мојсеева 8:21; Римјаните 7:19). Што е уште поважно, Сатана и неговите демони се решени да нѐ направат нелојални на Бог (Ефесјаните 6:12; 1. Петрово 5:8; 15.3., страница 10).

◻ На кои четири подрачја мора да го положиме испитот на лојалноста, и што ќе ни помогне во тоа?

Четирите подрачја се лојалноста кон Јехова, кон неговата организација, кон собранието и кон својот брачен другар. Една помош за да ги положиме овие испити на лојалноста е да увидиме дека испитот на лојалноста е поврзан со оправдувањето на Јеховината сувереност (15.3., страница 20).

◻ Каква поука можеме да научиме од Давидовото искуство кога се обидел да го однесе заветниот ковчег во Ерусалим? (2. Царства 6:2-7).

Давид ги запоставил упатствата што ги дал Јехова во врска со носењето на ковчегот, и тоа довело до неволја. Поуката е во тоа дека ние никогаш не треба да го обвинуваме Јехова за проблемите до кои доаѓа кога ги игнорираме неговите јасни упатства (Изреки 19:3; 1.4., страници 28, 29).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели