ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/7 стр. 3-4
  • „Научи нѐ да се молиме“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Научи нѐ да се молиме“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ликови и „светци-заштитници“
  • Потеклото на бројниците
  • Треба ли да се молиме на светци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Треба ли да се молиме на „светци“?
    Разбудете се! 2010
  • Молитва
    Разбудете се! 2014
  • Како можат да ти помогнат вистинските светци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/7 стр. 3-4

„Научи нѐ да се молиме“

„ГОСПОДИ, научи нѐ да се молиме.“ Оваа молба ја изнел еден од учениците на Исус Христос (Лука 11:1). Неименуваниот ученик очигледно бил човек со длабоко ценење за молитвата. Вистинските обожаватели денес на сличен начин ја признаваат нејзината важност. Впрочем, молитвата е средство преку кое добиваме прием кај Највисоката Личност во универзумот! Само размисли за ова! ‚Слушателот на молитвите‘ им обрнува лично внимание на нашите грижи и немири (Псалм 65:2, НС). Што е уште поважно, преку молитвата ние му искажуваме благодарност и фалба на Бог (Филипјаните 4:6).

Меѓутоа, зборовите „научи нѐ да се молиме“ покренуваат некои сериозни прашања. Ширум светот, разни религии користат многу методи на пристапување до Бог. Но, дали постои исправен и неисправен начин на молење? Како одговор, прво да погледнеме некои од популарните религиозни обичаи кои ја вклучуваат молитвата. Ќе се сосредоточиме на оние што се практикуваат во Латинска Америка.

Ликови и „светци-заштитници“

Општо земено, латиноамериканските земји се длабоко религиозни. На пример, ширум Мексико може да се забележи популарниот обичај на молење до „светци-заштитници“. Всушност, вообичаено е мексиканските градови да имаат „светци-заштитници“ за кои на одредени денови се одржуваат празници. Мексиканските католици исто така се молат на огромна разновидност од ликови. Меѓутоа, кој „светец“ ќе биде повикан зависи од тоа каков вид молба сака обожавателот да изнесе. Ако некој бара лице за венчавка, би можел да му запали свеќа на „свети“ Антони. Некој кој се готви да тргне на патување со автомобил, би можел да му се довери на „свети“ Кристофер, заштитник на патниците, особено на автомобилистите.

Но, од каде потекнуваат таквите обичаи? Историјата покажува дека, кога Шпанците пристигнале во Мексико, затекнале едно население кое било оддадено на обожавањето пагански богови. Во својата книга Los Aztecas, Hombre y Tribu (Ацтеките, човекот и племето), Виктор Волфганг фон Хаген вели: „Постоеле лични богови, секоја билка имала свој бог, секоја функција имала свој бог или божица, па дури и самоубијците имале бог. Јакатекутли бил божество на бизнисмените. Во тој политеистички свет, сите богови имале јасно дефинирани склоности и функции“.

Сличноста на тие богови со католичките „светци“ била толку упадлива што кога шпанските освојувачи се обиделе да ги „христијанизираат“ домородците, овие едноставно ја свртиле приврзаноста од своите идоли кон црковните „светци“. Една статија во The Wall Street Journal ги признала паганските корени на католицизмот што се практикува во некои делови на Мексико. Таа забележала дека во едно подрачје, повеќето од 64-те „светци“ што ги обожава населението, соодветствуваат на „специфични мајански богови“.

New Catholic Encyclopedia аргументира дека „помеѓу светците и оние на Земјата е воспоставена врска на доверлива присност, . . . врска која не само што не го смалува односот со Христа и со Бога туку го збогатува и продлабочува“. Но, како би можела некоја врска, која е јасен остаток од паганството, да продлабочи нечиј однос со вистинскиот Бог? Дали би можеле молитвите кои им се принесуваат на таквите „светци“ навистина да му угодат на Бог?

Потеклото на бројниците

Во еден друг популарен обичај е вклучена употребата на бројниците. Diccionario Enciclopédico Hispano-Americano (Хиспано-американскиот енциклопедиски речник) ги опишува бројниците како „низа од педесет или сто и педесет зрна кои со помош на други зрна со поголема величина меѓу себе се поделени на по десет, а на краевите се поврзани со крст, пред кој сега има три зрна“.

Објаснувајќи како се користат бројниците, една католичка публикација вели: „Светите Бројници претставуваат облик на гласовна и умствена молитва за Мистериите на нашиот спас. Составена е од петнаесет декади. Секоја декада се состои од едно рецитирање на Оче наш, десет Здраво Марии и една Глориа Патри. Во текот на секоја декада се медитира за една мистерија“. Мистериите се доктрини, односно учења, што католиците треба да ги знаат, а во овој случај се однесуваат на животот, страдањето и смртта на Христос Исус.

The World Book Encyclopedia вели: „Раните облици на молење со бројници започнале во христијанството во текот на средниот век, но станале раширени дури во 1400-тите и 1500-тите години“. Дали употребата на бројниците е исклучителна за католицизмот? Не. Хиспано-американскиот енциклопедиски речник наведува: „Слични зрна се користат во исламското, ламаистичкото и будистичкото обожавање“. Всушност, Encyclopedia of Religion and Religions забележува: „Било укажувано дека мухамеданците ги добиле бројниците од будистите, а христијаните, пак, од мухамеданците во времето на крстоносните војни“.

Некои аргументираат дека бројниците служат само како помошно средство за помнење кога е потребно повторување на извесен број молитви. Но, дали на Бог му се допаѓа нивната употреба?

Нема потреба да нагаѓаме или да дебатираме околу прикладноста или полноважноста на ваквите обичаи. Исус дал авторитативен одговор на молбата да ги поучи своите следбеници како да се молат. Она што го рекол ќе просветли и можеби ќе изненади некои читатели.

[Слики на страница 3]

Католиците обично употребуваат бројници. Какво е нивното потекло?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели