ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/8 стр. 30-31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Сличен материјал
  • „Ќе одиме со вас“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Што значи за тебе Господовата вечера?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • „Ќе одиме со вас“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • „Тој дух сведочи“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/8 стр. 30-31

Прашања од читателите

Извештаите за некои години покажуваат дека бројот на оние кои земаат од симболите на Споменот незначително се зголемил. Дали ова укажува дека мнозина нови се помазани со свет дух?

Постои добра причина да веруваме дека бројот од 144.000 помазани христијани бил пополнет со децении порано.

Во Дела 2:1—4 читаме за првите од таа ограничена група: „Кога се навршија дните на Педесетницата, сите апостоли беа заедно и еднодушни. И ненадејно се чу шум од небото, како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. И им се јавија разделени јазици, како огнени, и застанаа по еден над секого од нив. И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат“.

По тоа, Јехова избрал други и ги помазал со својот свет дух. Илјадници биле додадени уште во првите години од христијанството. На прославата на Споменот во наше време, говорникот честопати свртува внимание на зборовите на апостол Павле во Римјаните 8:15—17, кои споменуваат дека помазаниците ‚примиле дух на посинување‘. Павле додал дека светиот дух што тие го добиваат, ‚му сведочи на нивниот дух, дека тие се чеда Божји, Христови наследници‘. Оние кои навистина го имаат ова помазување со дух, го знаат тоа со сигурност. Тоа не е само желба или одраз на некое емоционално и нереалистично гледиште за себеси.

Разбираме дека овој небесен позив продолжил низ вековите, иако во текот на таканаречениот среден век можеби имало времиња кога бројот на помазаниците бил многу мал.a Со повторното воведување на вистинското христијанство кон крајот на минатиот век, биле повикани и избрани повеќе. Но, се чини дека кон средината на 1930-тите години, полниот број на 144-те илјади во основа бил пополнет. На тој начин почнала да се појавува една група од лојални христијани со земна надеж. Исус таквите ги нарекол „други овци“, кои се обединуваат во обожавањето со помазаниците како едно одобрено стадо (Јован 10:14—16).

Фактите во изминатите децении го одразуваат и завршувањето на повикувањето на помазаниците и Јеховиниот благослов врз растечкото „големо мноштво“, кое се надева да ги преживее ‚големите маки [големата неволја, НС]‘ (Откровение 7:9, 14). На пример, на прославата на Споменот во 1935 година, на која присуствувале 63.146 лица, оние кои зеле од симболите како доказ за нивното исповедување дека се помазани, броеле 52.465. По триесет години, односно во 1965 година, присутни биле 1.933.089, додека учесниците се намалиле на 11.550. По 30 години, во 1995 година, присутноста скокнала на 13.147.201, но само 8.645 зеле од лебот и виното (1. Коринтјаните 11:23—26). Јасно, како што одминувале децениите, бројот на оние кои се исповедуваат дека се од остатокот, многу се намалил — околу 52.400 во 1935 година; 11.500 во 1965 година; 8.600 во 1995 година. Меѓутоа, оние со земна надеж биле благословени и нивниот број изобилно пораснал.

Најновиот објавен извештај е за 1995 година и тој покажува 28 учесници повеќе отколку во претходната година, иако просекот на учесниците во однос на оние кои присуствуваат, всушност опаднал. Сѐ на сѐ, тоа што малку повеќе избрале да земат од симболите не е причина за загриженост. Низ годините, некои, па дури и новокрстени, ненадејно почнале да земаат. Во извесен број случаи, по некое време тие признале дека тоа било грешка. Некои сфатиле дека земале од нив како емоционална реакција на можеби физички или умствен притисок. Но, увиделе дека всушност не биле повикани за небесен живот. Тие молеле за Божје милосрдно разбирање. И продолжуваат да му служат како добри, лојални христијани кои ја имаат надежта за вечен живот на Земјата.

Нема потреба кој било од нас да биде загрижен доколку некое лице почне да зема од симболите или, пак, престане да го прави тоа. Навистина, не е наша работа дали некој навистина бил помазан со свет дух и е повикан за небесен живот или, пак, не. Сети се на Исусовото цврсто уверување: „Јас сум добриот Пастир: и ги знам Моите“. Исто толку сигурно Јехова ги знае оние кои Тој ги избрал како духовни синови. Постои секоја причина да се верува дека бројот на помазаниците ќе продолжи да опаѓа додека длабоката старост и непредвидените настани не го окончаат нивниот живот на Земјата. Сепак, исто како што овие вистински помазани се докажуваат верни до смрт, очекувајќи ја круната на животот, така и другите овци, кои ги испрале своите облеки во крвта на Јагнето, можат радосно да очекуваат да ја преживеат претстојната голема неволја (2. Тимотеј 4:6—8; Откровение 2:10).

[Фуснота]

a Види Стражарска кула од 15 март 1965 година, страници 191, 192 (англ.).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели