ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/12 стр. 2-4
  • Кога погодуваат природни катастрофи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога погодуваат природни катастрофи
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата за природните катастрофи?
    Одговор на библиски прашања
  • Зошто има толку природни катастрофи?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Природните катастрофи — дали е виновен Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Природните катастрофи — знак на времето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/12 стр. 2-4

Кога погодуваат природни катастрофи

Акра (Гана), 4 јули 1995: Најпоројните дождови во изминатите речиси 60 години предизвикаа голема поплава. Околу 200.000 луѓе изгубија сѐ, 500.000 изгубија пристап кон своите домови, а 22 ги изгубија своите животи.

Сан Анџело (Тексас, САД), 28 мај 1995: Торнадо и град го опустошија овој град со 90.000 жители, предизвикувајќи штета проценета на 120 милиони (американски) долари.

Кобе (Јапонија), 17 јануари 1995: Земјотрес кој траеше само 20 секунди остави илјадници мртви, десетици илјади повредени и стотици илјади без домови.

ЖИВЕЕМЕ во она што би можело да се нарече ера на катастрофи. Еден извештај на Обединетите нации открива дека за период од 30 години, од 1963—1992, бројот на луѓето кои се загинати, повредени или раселени поради катастрофи пораснал просечно на 6 проценти секоја година. Тмурната ситуација предизвикала ОН да ги означат 1990-тите како „Меѓународна деценија за редукција на природните катастрофи“.

Се разбира, природна сила — како што е бура, вулканска ерупција или земјотрес — не донесува секогаш катастрофа. Стотици се случуваат секоја година без да им нанесат штета на луѓето. Но, кога е вклучена тешка загуба на животи и имоти, тоа со право се нарекува катастрофа.

Изгледа дека порастот на природни катастрофи е неизбежен. Книгата Natural Disasters—Acts of God or Acts of Man? (Природни катастрофи — дела Божји или дела човечки?) забележува: „Луѓето ја менуваат својата околина за да ја направат посклона кон некои катастрофи и се однесуваат така за да се направат себеси поранливи на овие опасности“. Книгата изнесува еден хипотетичен пример: „Еден благ земјотрес во едно гето со тешки куќи од цигли од кал, на страната на еден стрмен теснец, може навистина да се докаже како катастрофа во смисла на човечка смрт и страдање. Но, дали катастрофата повеќе е резултат на потреси на Земјата или на фактот што луѓето живеат во такви опасни куќи на таква опасна почва?“

За оние кои ја проучуваат Библијата, постои уште една причина зошто не изненадува порастот на природни катастрофи. Пред речиси 2.000 години, Исус Христос прорекол дека „завршетокот на системот на ствари“ ќе биде обележан, помеѓу другото, со „оскудица на храна и земјотреси од едно место во друго“ (Матеј 24:3, 6—8, НС). Исто така, Библијата прорекла дека во текот на „последните денови“, луѓето ќе бидат љубители на себеси, љубители на пари, без природна наклоност и без љубов кон добротатаa (2. Тимотеј 3:1—5). Овие обележја честопати предизвикуваат човекот да работи против својата околина, правејќи ги луѓето поранливи на природните сили. Катастрофите предизвикани од човек се исто така една нова гранка на општеството кое е без љубов, во кое мораат да живеат повеќето.

Додека нашата планета станува сѐ погусто населена, додека човечкото однесување ги става луѓето на поголем ризик и додека со ресурсите на Земјата сѐ полошо се стопанисува, катастрофите ќе продолжат да го измачуваат човекот. Да се обезбеди помош претставува предизвик, како што ќе покаже следната статија.

[Фуснота]

a За повеќе информации за знакот на последните денови, види ја книгата Спознание кое води до вечен живот, страници 98—107, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Извор на слика на страница 3]

Горе: Information Services Department, Гана; десно: Сан Анџело, Standard-Times

[Извор на слика на страница 2]

НАСЛОВНА СТРАНИЦА: Макси Робертс/Со љубезна дозвола од THE STATE

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели