ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/1 стр. 18-22
  • Што бара Бог од нас?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што бара Бог од нас?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ‚Неговите заповеди не се мачни‘
  • Примај спознание за Бог
  • Да се исполнат Божјите мерила
  • Покажувај почит кон животот и крвта
  • Да се служи заедно со Јеховиниот организиран народ
  • Што значи љубовта кон Бог
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Божјата љубов ќе трае засекогаш
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Божјето гледиште за животот
    Што навистина учи Библијата?
  • Дали го цениш животот како што го цени Бог?
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/1 стр. 18-22

Што бара Бог од нас?

„Љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки [мачни, НС]“ (1. ЈОВАНОВО 5:3).

1, 2. Зошто не е изненадувачко тоа што Бог има барања за оние кои сакаат да го обожаваат на прифатлив начин?

„МОЈАТА религија е доволно добра за мене!“ Зарем луѓето честопати не го кажуваат тоа? Но, прашањето всушност треба да биде: „Дали мојата религија му е допадлива на Бог?“ Да, Бог има барања за оние кои сакаат да го обожаваат на прифатлив начин. Дали тоа треба да нѐ изненадува? Всушност, не. Да претпоставиме дека поседуваш еден прекрасен дом, кој неодамна си го реновирал со големи трошоци. Ќе дозволиш ли кој било да живее таму? Се разбира, не! Секој потенцијален станар би морал да ги задоволи твоите барања.

2 На сличен начин, Јехова го обезбедил овој земски дом за човечкото семејство. Наскоро, под владеењето на неговото Царство, Земјата ќе биде „реновирана“ — претворена во прекрасен рај. Јехова ќе го постигне ова. По голема цена за него самиот, тој го дал својот единороден Син за да го овозможи тоа. Секако, Бог мора да има барања за оние кои ќе живеат таму! (Псалм 113:24; Матеј 6:9, 10; Јован 3:16).

3. Како Соломон го сумирал она што Бог го очекува од нас?

3 Како можеме да дознаеме кои се Божјите барања? Јехова го инспирирал мудриот цар Соломон да резимира што Тој очекува од нас. Откако размислувал за сѐ кон што се стремел — вклучувајќи богатство, градежни објекти, интереси за музиката и романтична љубов — Соломон дошол до следново сфаќање: „А суштината на сѐ е: бој се од Бога и пази ги неговите заповеди, зашто сето тоа е за човекот“ (Проповедник 12:13).

‚Неговите заповеди не се мачни‘

4-6. а) Кое е дословното значење на грчкиот збор преведен со „тежок“? б) Зошто можеме да речеме дека Божјите барања не се тешки?

4 „Пази ги неговите заповеди.“ Во основа, тоа е она што Бог го очекува од нас. Дали тој премногу бара? Воопшто не. Апостол Јован ни кажува нешто многу смирувачко во врска со Божјите заповеди, односно барања. Тој напишал: „Љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки [мачни, НС] (1. Јованово 5:3).

5 Грчкиот збор преведен со „мачни“ дословно значи „тешки“. Може да се однесува на нешто според кое тешко се живее или нешто што е тешко да се исполни. Во Матеј 23:4 е употребен за да се опишат ‚тешките бремиња‘, човечките правила и традиции што книжевниците и фарисеите ги ставиле врз луѓето. Дали ја сфаќаш смислата на она што го заклучува остарениот апостол Јован? Божјите заповеди не се тежок товар ниту, пак, се претешки да ги држиме. (Спореди 5. Мојсеева 30:11.) Напротив, кога го сакаме Бог, исполнувањето на неговите барања нѐ прави среќни. Тоа ни дава скапоцена прилика да ја покажеме нашата љубов кон Јехова.

6 За да ја покажеме својата љубов кон Бог, треба јасно да знаеме што очекува тој од нас. Да подискутираме сега за пет Божји барања. Додека го правиме тоа, задржи го на ум она што го напишал Јован: ‚Божјите заповеди не се тешки‘.

Примај спознание за Бог

7. Од што зависи нашето спасение?

7 Првото барање е да примаме спознание за Бог. Размисли за Исусовите зборови запишани во Јован, поглавје 17. Амбиентот бил последната ноќ од Исусовиот живот како човек. Исус поминал голем дел од вечерта во подготвување на своите апостоли за неговото заминување. Бил загрижен за нивната иднина, за нивната вечна иднина. Кревајќи ги своите очи кон небото, тој се молел за нив. Во стих 3 читаме: „А животот вечен е тоа, да Те познаат [да примаат спознание за, НС] Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа“. Да, нивното спасение зависело од тоа да „примаат спознание“ и за Бог и за Христа. Тоа се однесува и на нас. За да постигнеме спасение, мораме да примаме такво спознание.

8. Што значи да се ‚прима спознание‘ за Бог?

8 Што значи да се ‚прима спознание‘ за Бог? Грчкиот збор овде преведен со ‚да се прима спознание‘, означува „да се запознае, да се сфати“ или „во потполност да се разбере“. Забележи го и тоа дека преводот „примаат спознание“ подразбира дека тоа е траен процес. Според тоа, да се прима спознание за Бог значи да го запознаеме не површно, туку присно, развивајќи со него едно пријателство полно со разбирање. Еден непрекинат однос со Бог донесува спознание за него кое постојано расте. Овој процес може да трае засекогаш, бидејќи ние никогаш нема да научиме сѐ за Јехова (Римјаните 11:33).

9. Што можеме да научиме за Јехова од книгата на создавањето?

9 Како примаме спознание за Бог? Постојат две книги кои можат да ни помогнат. Едната е книгата на создавањето. Работите што ги создал Јехова — и живите и неживите — ни даваат некаков увид во тоа каква личност е тој (Римјаните 1:20). Разгледај некои примери. Грмењето на некој величествен водопад, удирањето на брановите за време на бура, погледот на ѕвезденото небо во јасна ноќ — зарем таквите работи не нѐ учат за тоа дека Јехова е Бог со ‚голема сила‘? (Исаија 40:26). Детето кое се смее додека гледа како кученцето си го брка опавчето, или како маченцето си игра со клопче волна — зарем тоа не укажува дека Јехова, „среќниот Бог“, има смисла за хумор? (1. Тимотеј 1:11, НС). Вкусот на еден прекрасен оброк, пријатниот мирис на цвеќиња во ливада, живите бои на нежна пеперутка, звукот на птиците што пеат во пролет, топлата прегратка на некој што го сакаш — зарем по таквите работи не препознаваме дека нашиот Творец е Бог на љубовта, кој сака да му се радуваме на животот? (1. Јованово 4:8).

10, 11. а) Кои работи за Јехова и за неговите намери не можеме да ги научиме од книгата на создавањето? б) Одговорите на кои прашања се наоѓаат само во Библијата?

10 Меѓутоа, постои граница во однос на тоа што можеме да научиме за Јехова од книгата на создавањето. Да илустрираме: Кое е Божјето име? Зошто ја создал Земјата и го поставил човештвото на неа? Зошто го допушта злото? Што ни носи иднината? За одговори на таквите прашања мораме да одиме кај другата книга што дава спознание за Бог — Библијата. На нејзините страници Јехова открива работи за себеси, вклучувајќи го своето име, својата личност и своите намери — информации што не можеме да ги добиеме од ниеден друг извор (2. Мојсеева 34:6, 7; Псалм 83:18, НС; Амос 3:7).

11 Во Писмото, Јехова исто така дава животоважно спознание во врска со други личности за кои треба да знаеме. На пример, кој е Исус Христос и каква улога игра тој во извршувањето на Јеховините намери? (Дела 4:12). Кој е Сатана Ѓаволот? На кој начин ги заведува луѓето? Како можеме да избегнеме да бидеме заведени од него? (1. Петрово 5:8). Животоспасувачките одговори на овие прашања се наоѓаат само во Библијата.

12. Како би објаснил зошто не е товар да се прима спознание за Бог и за неговите намери?

12 Дали е товар да се прима такво спознание за Бог и за неговите намери? Никако! Можеш ли да се сетиш како си се чувствувал кога првпат си дознал дека Божјето име е Јехова, дека неговото Царство ќе го обнови Рајот на Земјава, дека го дал својот сакан Син како откупнина за нашите гревови, како и за други скапоцени вистини? Зарем не било како да се тргнал велот на незнаењето и за првпат јасно се виделе работите? Примањето спознание за Бог не е товар. Тоа е наслада! (Псалм 1:1—3; 118:97).

Да се исполнат Божјите мерила

13, 14. а) Кои промени треба да ги правиме во својот живот додека примаме спознание за Бог? б) Од кои нечисти постапки Бог бара да се воздржуваме?

13 Додека примаме спознание за Бог, увидуваме дека треба да правиме промени во својот живот. Тоа нѐ доведува до второто барање: Мораме да ги исполниме Божјите мерила за исправно однесување и да ја прифатиме неговата вистина. Што е вистината? Дали на Бог навистина му е важно во што веруваме и што правиме? Многу луѓе денес очигледно не мислат така. Еден извештај издаден од Англиканската црква во 1995 година, укажал на тоа дека на заедничкото живеење без венчавка не треба да се гледа како на грев. „Фразата ‚живеење во грев‘ жигосува и не е корисна“, навел еден црковен бискуп.

14 Тогаш, дали „живеењето во грев“ повеќе не е грев? Јехова ни кажува со јасни изрази како се чувствува тој во врска со таквото однесување. Неговата Реч, Библијата, наведува: „Бракот на сите треба да е чесен, и брачното легло — чисто; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог“ (Евреите 13:4). Од гледна точка на либералното свештенство и посетителите на црквите, предбрачниот секс може да не е грев, но во Божји очи тоа е сериозен грев! А така е и со прељубата, инцестот и хомосексуалноста (3. Мојсеева 18:6; 1. Коринтјаните 6:9, 10). Бог бара да се воздржуваме од таквите постапки кои тој ги смета за нечисти.

15. На кој начин Божјите барања го вклучуваат и начинот на кој постапуваме со другите и она што го веруваме?

15 Меѓутоа, не е доволно само да се воздржуваме од постапки кои Бог ги смета за грешни. Во Божјите барања спаѓа и начинот на кој постапуваме со другите. Во семејството, тој очекува сопругот и сопругата да имаат љубов и почит еден кон друг. Бог бара родителите да се грижат за материјалните, духовните и емоционалните потреби на своите деца. Тој им вели на децата да им бидат послушни на своите родители (Изреки 22:6; Колосјаните 3:18—21). А како е со нашите верувања? Јехова Бог сака да избегнуваме верувања и обичаи кои потекнуваат од лажното обожавање или кои се спротивни на чистата вистина за која се учи во Библијата (5. Мојсеева 18:9—13; 2. Коринтјаните 6:14—17).

16. Објасни зошто не е товар да се исполнат Божјите мерила за исправно однесување и да се прифати неговата вистина.

16 Дали ни е товар да ги исполнуваме Божјите мерила за исправно однесување и да ја прифатиме неговата вистина? Не, кога ќе размислиме за користите — бракови во кои сопругот и сопругата се сакаат и имаат доверба еден во друг, наместо бракови кои се растргнати поради неверност; домови во кои децата се чувствуваат сакани и пожелни од своите родители, наместо семејства во кои децата се чувствуваат несакани, запоставени и непожелни; чиста совест и добро здравје наместо чувства на вина и тело разорено од СИДА или некоја друга сексуално пренослива болест. Секако, Јеховините барања не нѐ лишуваат од ништо што ни е потребно за да му се радуваме на животот! (5. Мојсеева 10:12, 13).

Покажувај почит кон животот и крвта

17. Како гледа Јехова на животот и на крвта?

17 Додека својот живот го доведуваш во склад со Божјите мерила, увидуваш колку навистина е скапоцен животот. Сега да подискутираме за третото барање од Бог. Мораме да покажуваме почит кон животот и крвта. Животот е свет за Јехова. И би требало затоа што тој е Изворот на животот (Псалм 35:9). Па, дури и животот на едно неродено дете внатре во мајката е скапоцен за Јехова! (2. Мојсеева 21:22, 23, НС). Крвта претставува живот. Затоа, и крвта е света во Божји очи (3. Мојсеева 17:14). Според тоа, не треба да нѐ изненадува фактот што Бог очекува на животот и на крвта да гледаме онака како што гледа самиот тој.

18. Што бара од нас Божјето гледиште за животот и за крвта?

18 Што бара од нас почитта кон животот и кон крвта? Како христијани, ние не преземаме непотребни ризици со својот живот само заради возбудување. Загрижени сме за безбедноста и затоа проверуваме дали нашите автомобили и домови се безбедни (5. Мојсеева 22:8). Не користиме тутун, не џвакаме бетелов орев ниту, пак, земаме дрога што предизвикува зависност или изобличување на умот заради задоволство (2. Коринтјаните 7:1). Поради тоа што го слушаме Бог кога тој вели да ‚се воздржуваме од крв‘, ние не дозволуваме во нашето тело да се трансфундира крв (Дела 15:28, 29). Иако го сакаме животот, нема да се обидуваме да го спасиме нашиот сегашен живот со прекршување на Божјиот закон и на тој начин да го загрозиме нашиот изглед за вечен живот! (Матеј 16:25).

19. Објасни како извлекуваме корист од покажувањето почит кон животот и крвта.

19 Дали ни е товар животот и крвта да ги сметаме свети? Никако! Размисли за тоа. Дали е товар да се биде ослободен од рак на белите дробови предизвикан од пушење тутун? Дали е товар да се избегне ментална и физичка зависност од штетна дрога? Дали е товар да се чуваме од добивање СИДА, хепатитис или некоја друга болест од трансфузија на крв? Јасно, избегнувањето такви штетни навики и постапки е во наш најдобар интерес (Исаија 48:17).

20. На кој начин едно семејство извлекло корист од тоа што го имало Божјето гледиште за животот?

20 Разгледај го следново искуство. Пред неколку години, една жена Сведок која била околу три и пол месеци бремена, една вечер почнала да крвави и брзо била префрлена в болница. Откако ја прегледал еден лекар, таа наслушнала како тој ѝ вели на една од медицинските сестри дека ќе мораат да ја прекинат бременоста. Знаејќи како Јехова гледа на животот на нероденото, таа цврсто одбила абортус, кажувајќи му на лекарот: „Ако е живо, оставете го таму!“ Таа и понатаму страдала од мали повремени крвавења, но по неколку месеци предвремено родила здраво машко бебе, кое сега има 17 години. Таа објаснила: „Сето ова му беше кажано на нашиот син и тој рече дека му е драго што не бил фрлен во ѓубрето. Тој знае дека единствената причина поради која денеска е жив е тоа што му служиме на Јехова“. Секако, за ова семејство не било товар да го има Божјето гледиште за животот!

Да се служи заедно со Јеховиниот организиран народ

21, 22. а) Со кого очекува Јехова ние да му служиме? б) Како може да се идентификува Божјиот организиран народ?

21 Ние не сме единствените кои ги правиме потребните промени за да го доведеме својот живот во склад со Божјите мерила. Јехова има народ на Земјава и тој очекува да му служиме заедно со него. Тоа нѐ доведува до четвртото барање. Мораме да му служиме на Јехова со неговата организација управувана со дух.

22 Но, како може да се идентификува Божјиот организиран народ? Според мерилата што се изложени во Писмото, тие имаат вистинска љубов меѓу себе, имаат длабока почит кон Библијата, му оддаваат чест на Божјето име, проповедаат за неговото Царство и не се дел од овој злобен свет (Матеј 6:9; 24:14; Јован 13:34, 35; 17:16, 17, НС). Постои само една религиозна организација на Земјава која ги има сите овие обележја на вистинското христијанство — Јеховините сведоци!

23, 24. Како можеме да илустрираме дека не е товар да му се служи на Јехова заедно со неговиот организиран народ?

23 Дали е товар да му се служи на Јехова заедно со неговиот организиран народ? Навистина не е! Напротив, скапоцена предност е да се има љубовта и поддршката од светското семејство од христијански браќа и сестри! (1. Петрово 2:17, НС). Замисли си дека си преживеал бродолом и се наоѓаш во вода, борејќи се да останеш над водата. Кога чувствуваш дека повеќе не можеш да издржиш, кон тебе се протега една рака од еден чамец за спасување. Да, има и други преживеани! Ти и другите во чамецот за спасување наизменично веслате до брегот, земајќи и други преживеани по патот.

24 Зарем ние не сме во слична ситуација? Извлечени сме од опасните „води“ на овој злобен свет во „спасувачкиот чамец“ на Јеховината земна организација. Во него, ние служиме рамо до рамо додека се упатуваме кон „бреговите“ на еден праведен нов свет. Ако притисоците на животот би предизвикале да се умориме по патот, колку само сме благодарни за помошта и утехата од вистинските христијански другари! (Изреки 17:17).

25. а) Каква обврска имаме спрема оние кои сѐ уште се во „водите“ на овој злобен свет? б) За кое Божје барање ќе се дискутира во следната статија?

25 Но, што е со другите — искрени луѓе кои сѐ уште се во „водата“? Имаме обврска да им помогнеме да дојдат во Јеховината организација, зарем не? (1. Тимотеј 2:3, 4). Им треба помош да научат што бара Бог. Тоа нѐ доведува до петтото барање од Бог. Мораме да бидеме лојални објавители на Божјето Царство. Што е вклучено во тоа, ќе биде дискутирано во следната статија.

Дали се сеќаваш?

◻ Зошто Божјите барања не се мачни?

◻ Како примаме спознание за Бог?

◻ Зошто не е товар да се исполнат Божјите мерила за исправно однесување и да се прифати неговата вистина?

◻ Што бара од нас Божјето гледиште за животот и за крвта?

◻ Со кого Бог очекува ние да му служиме, и како можат тие да се идентификуваат?

[Слики на страница 18]

Ние учиме за Јехова од книгата на создавањето и од Библијата

[Извори на слики]

Крокодил: Со љубезна дозвола од Australian International Public Relations; мечка: Сафари—Зоо на Рамат-Ган (Тел Авив)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели