ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/2 стр. 14-19
  • „Го сакате, иако не сте го виделе“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Го сакате, иако не сте го виделе“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Работите што ги чуле
  • Духот што го покажувал
  • Неговото понизно ослонување на Бог
  • Да ја изразиме нашата љубов кон него
  • Дали ќе одговориш на Исусовата љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Еден голем учител појасно ни го покажува Творецот
    Постои ли Творец кој се грижи за тебе?
  • „Да ја спознаете Христовата љубов“
    Приближи му се на Јехова
  • Обучени да дадеме темелно сведоштво
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/2 стр. 14-19

„Го сакате, иако не сте го виделе“

„Кого Го сакате, иако не сте Го виделе, и во Кого верувајќи сега, а не гледајќи Го, се радувате“ (1. ПЕТРОВО 1:8).

1. Иако никој на Земјата денес не го видел Исус, како некои религиозни луѓе настојуваат да покажат оддаденост кон него?

НИКОЈ жив на Земјата денес никогаш не го видел Исуса Христа. Па сепак, милиони луѓе тврдат дека го сакаат. Секоја година на 9 јануари, во Манила (Филипини), една статуа со природна големина на Исус Христос кој носи крст, ја влечат по улиците за време на она што се опишува како најмасовна, најспектакуларна манифестација на популарната религија во земјата. Восхитеното мноштво се турка и се бутка; луѓето дури и се качуваат еден врз друг во избезумениот напор да го допрат ликот. Мнозина кои присуствуваат за да го набљудуваат ова, привлечени се главно поради свечената поворка. Сепак, некои од нив веројатно се луѓе кои се чувствуваат искрено привлечени кон Исус. Како доказ за тоа, можеби носат распетие или можеби редовно одат в црква. Меѓутоа, може ли таквото идолопоклонство да се смета за вистинско обожавање?

2, 3. а) Кој меѓу Исусовите следбеници вистински го видел и чул? б) Кои други во првиот век го сакале Исус и поверувале во него, иако никогаш не го виделе лично?

2 Во првиот век, во римските провинции Јудеја, Самарија, Переја и Галилеја имало многу илјади лица кои лично го виделе и чуле Исус Христос. Тие слушале додека тој објаснувал пријатни вистини за Божјето Царство. Биле очевидци на чудата што ги извршувал. Некои од овие станале негови оддадени ученици, уверени дека тој е „Христос, Синот на живиот Бог“ (Матеј 16:16). Меѓутоа, оние на кои апостол Петар им го напишал своето прво инспирирано писмо, не биле меѓу нив.

3 Оние на кои им се обратил Петар, се наоѓале во римските провинции Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија — сите во подрачјето на денешна Турција. Ним Петар им напишал: „Кого Го сакате, иако не сте Го виделе, и во Кого верувајќи сега, а не гледајќи Го, се радувате со неискаж и прославена радост“ (1. Петрово 1:1, 8). Како тие го запознале Исус Христос до тој степен што го засакале и практикувале вера во него?

4, 5. На кој начин тие луѓе, кои никогаш не го виделе Исус, учеле доволно за него за да го засакаат и да поверуваат во него?

4 Очигледно, некои биле во Ерусалим кога апостол Петар му сведочел на мноштвото кое присуствувало на празникот Пентакост 33 година н. е. После празникот, многу ученици останале во Ерусалим со цел да добијат натамошна поука од апостолите (Дела 2:9, 41, 42; спореди 1. Петрово 1:1). На повторните мисионерски патувања, апостол Павле извршувал една ревносна служба и меѓу луѓето кои живееле во подрачјето во кое Петар подоцна го испратил првото библиско писмо што го носи неговото име (Дела 18:23; 19:10; Галатјаните 1:1, 2).

5 Зошто тие луѓе, кои никогаш не го виделе Исус, биле толку силно привлечени кон него? Зошто во наше време, милиони други лица ширум Земјината топка длабоко го сакаат?

Работите што ги чуле

6. а) Да си го чул Петар како сведочи за Исуса на Пентакост 33 година н. е., што ќе си можел да научиш? б) На кој начин тоа влијаело врз околу 3.000 лица кои биле присутни?

6 Да си бил ти во Ерусалим кога Петар зборувал пред тоа празнично мноштво во 33 година н. е., што ќе си научел за Исус? Без никакво сомневање, чудата што ги извршувал покажале дека тој бил испратен од Бог. Дека, иако грешните луѓе го убиле Исуса, тој повеќе не бил во гробот, туку бил воскреснат и потоа воздигнат на небото оддесно на Бога. Дека Исус, всушност, бил Христос, Месијата за кого пишувале пророците. Дека преку Исус Христос бил излиен светиот дух врз неговите следбеници, така што тие веднаш биле во состојба да му посведочат на народот од многу нации во врска со величествените работи што Бог ги правел преку својот Син. Срцата на мнозина кои го чуле Петар во таа прилика, биле длабоко трогнати, така што околу 3.000 лица се крстиле како христијански ученици (Дела 2:14—42). Да си бил ти таму, дали би направил таква одлучна постапка?

7. а) Да си бил во Антиохија кога апостол Павле проповедал таму, што ќе си можел да научиш? б) Зошто некои од мноштвото станале верници и ја споделувале добрата вест со другите?

7 Да си бил меѓу оние кои биле присутни кога апостол Павле поучувал во Антиохија во римската провинција Галатија, што друго ќе си можел да научиш за Исус? Би го чул Павле како објаснува дека тоа што Исус бил осуден на смрт од страна на владетелите во Ерусалим, било проречено од пророците. Исто така, би чул за доказите од очевидци во врска со Исусовото воскресение. Секако, би бил импресиониран од Павловото објаснување дека Јехова, со тоа што го воскреснал Исуса од мртвите, потврдил дека овој навистина бил Синот Божји. И зарем твоето срце не би било загреано од тоа што си научил дека простувањето на гревовите што го овозможува верата во Исус, би можело да доведе до вечен живот? (Дела 13:16—41, 46, 47; Римјаните 1:4). Признавајќи го значењето на она што го слушале, некои во Антиохија станале ученици, активно споделувајќи ја добрата вест со другите, иако тоа значело дека ќе се соочат со жестоко прогонување (Дела 13:42, 43, 48—52; 14:1—7, 21—23).

8. Да си бил на состанокот на ефеското собрание кога било добиено Павловото писмо упатено до нив, што ќе си можел да научиш?

8 Што ако си бил поврзан со христијанското собрание во Ефес, во римската провинција Азија, кога било добиено Павловото инспирирано писмо до тамошните ученици? Што си можел да научиш од него за Исусовата улога во Божјата намера? Во тоа писмо Павле објаснил дека преку Христос сите работи на Земјата и на небото ќе бидат вратени во хармонија со Бог, дека Божјиот дар преку Христос се протега до луѓето од сите нации, дека поединци кои биле мртви во Божји очи поради своите престапи биле оживеани преку верата во Христос и дека, како резултат на оваа подготовка, повторно било возможно луѓето да станат сакани синови на Бог (Ефесјаните 1:1, 5—10; 2:4, 5, 11—13).

9. а) Што може да ти помогне да просудиш дали ти лично го сфаќаш значењето на она што Павле го напишал до ефесјаните? б) На кој начин влијаело врз нив она што браќата во римските провинции, споменати од Петар, го учеле за Исус?

9 Дали ценењето за сево ова би ја продлабочило твојата љубов кон Божјиот Син? Дали таа љубов би влијаела врз твојот секојдневен живот, како што охрабрил апостол Павле во поглавјата 4 до 6 во Ефесјаните? Дали таквото ценење би те мотивирало внимателно да ги испиташ своите приоритети во животот? Дали од љубов кон Бог и од благодарност кон неговиот Син би ги направил потребните прилагодувања така што вршењето на Божјата волја навистина би било средишна точка во твојот живот? (Ефесјаните 5:15—17). Во врска со начинот како врз христијаните во Азија, Галатија и во другите римски провинции влијаело она што го учеле, апостол Петар им напишал: „[Исус Христос] Кого Го сакате, иако не сте Го виделе, и во Кого верувајќи сега . . . се радувате со неискаж и прославена радост“ (1. Петрово 1:8).

10. а) Што несомнено придонело за љубовта на раните христијани кон Исуса? б) Како можеме и ние да извлечеме корист?

10 Имало и нешто друго кое несомнено придонело за љубовта кон Божјиот Син, што ја чувствувале тие рани христијани на кои им се обратил Петар. До времето кога Петар го напишал своето прво писмо, најмалку две од Евангелијата — Матеј и Лука — веќе биле во оптек. Христијаните од првиот век, кои никогаш не го виделе Исус, можеле да ги читаат овие евангелски извештаи. А можеме и ние. Евангелијата не се имагинарни извештаи; тие ги носат сите ознаки на најдоверлива историја. Во тие инспирирани извештаи наоѓаме многу нешто што ја продлабочува нашата љубов кон Божјиот Син.

Духот што го покажувал

11, 12. Која одлика во врска со духот што го покажувал Исус спрема останатите луѓе, те тера да го сакаш?

11 Во инспирираниот извештај за Исусовиот живот, учиме како тој постапувал со другите луѓе. Духот што го покажувал, ги трогнува срцата на луѓето дури и сега, по повеќе од 1.960 години откако умрел. Секој кој е жив е оптоварен со последиците од гревот. Многу милиони се жртви на неправда, се борат со болест или, пак, од други причини се чувствуваат поразно разочарани. На сите нив, Исус им вели: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам; земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно“ (Матеј 11:28—30).

12 Исус покажал чувствителна грижа за сиромашните, гладните и за оние кои тажат. Кога околностите ќе наложеле, тој дури и преку чудо нахранувал огромни мноштва (Лука 9:12—17). Ги ослободил од поробувачките традиции. Исто така, ја изградил нивната вера во Божјата подготовка да му стави крај на политичкото и економското угнетување. Исус не го задушил духот на оние кои веќе биле угнетени. Со нежност и со љубов, вешто ги подигал кротките. Ги освежувал оние кои биле како згмечени трски кои се превиткувале, како и оние кои биле како ленени фитили што тлеат и кои само што не згаснале. Сѐ до денешно време, неговото име влева надеж, дури и во срцата на оние кои никогаш не го виделе (Матеј 12:15—21; 15:3—10).

13. Зошто начинот на кој Исус постапувал со грешниците ги привлекува луѓето?

13 Исус не го одобрувал неисправното постапување, но сепак покажувал разбирање спрема луѓето кои имале направено грешки во животот, а покажувале каење и се обраќале кон него за помош (Лука 7:36—50). Тој седнувал и јадел со луѓе кои биле презрени во заедницата, доколку чувствувал дека тоа би дало прилика да им помогне духовно (Матеј 9:9—13). Како резултат на духот што го покажувал, милиони луѓе во слични околности кои никогаш не го виделе Исуса, биле поттикнати да го запознаат и поверувале во него.

14. Што те привлекува тебе во врска со начинот на кој Исус им помагал на луѓето кои биле болни, онеспособени или ужалени?

14 Начинот на кој Исус постапувал со луѓето кои биле болни или онеспособени, дава доказ за неговата срдечност и сочувство, како и за неговата способност да им донесе олеснување. Така, кога еден заболен човек целиот со лепра му пристапил и молел за помош, Исус не се згрозил од глетката. И, иако чувствувал сожалување кон него, не му рекол на човекот дека е во доста поодминат стадиум и дека ништо не би можело да се стори за да му се помогне. Човекот преколнувал: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш“. Без колебање, Исус се испружил и го допрел лепрозниот, велејќи: „Сакам, очисти се!“ (Матеј 8:2, 3). Во една друга прилика, една жена барала да биде излечена така што незабележливо го допрела работ од неговата облека. Исус постапил со неа на еден љубезен и смирувачки начин (Лука 8:43—48). И кога наишол на една погребна поворка, бил трогнат од жалост спрема ужалената вдовица, на која ѝ умрел единствениот син. Иако Исус одбил да ја употреби својата од Бог дадена моќ за чудотворно да обезбеди храна за себеси, тој слободно ја употребил за да го воскресне тој мртов човек и да ѝ го врати на мајка му (Лука 4:2—4; 7:11—16).

15. На кој начин врз тебе влијае читањето на извештаите за Исус и медитирањето за тоа?

15 Додека ги читаме овие извештаи и медитираме за духот што го покажувал Исус, нашата љубов е продлабочена кон него, кој го положил својот човечки живот за да можеме да живееме засекогаш. Иако ние никогаш не сме го виделе, се чувствуваме привлечени кон него и сакаме да ги следиме неговите стапки (1. Петрово 2:21).

Неговото понизно ослонување на Бог

16. На кого Исус првенствено го сосредоточувал вниманието, и што нѐ охрабрил да правиме?

16 Над сѐ друго, Исус го сосредоточил своето и нашето внимание на својот небесен Татко, Јехова Бог. Тој ја идентификувал најголемата заповед во Законот, велејќи: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум“ (Матеј 22:36, 37). Своите ученици ги советувал: „Имајте вера во Бога“ (Марко 11:22, 23). Кога биле соочени со некој сериозен испит на својата вера, тој ги поттикнал: „Молете се постојано“ (Матеј 26:41, НС).

17, 18. а) Како го покажал Исус своето понизно ослонување на Татка си? б) Зошто она што го сторил тој е толку важно за нас?

17 Исус и самиот дал пример. Молитвата била важен дел од неговиот живот (Матеј 14:23; Лука 9:28; 18:1). Кога дошло времето да ги избере своите апостоли, Исус не се ослонил едноставно на своето сопствено просудување, иако порано сите ангели на небото биле под негов надзор. Тој понизно поминал цела ноќ молејќи се на својот Татко (Лука 6:12, 13). Кога се соочил со апсење и болна смрт, Исус повторно се обратил кон својот Татко, молејќи се сериозно. Не го зазел гледиштето дека тој добро го познава Сатана и дека би можел лесно да се справи со сѐ што овој злобник би можел да измисли. Исус сфатил колку е важно да успее. Каков само срам би било за неговиот Татко да не успеал! И каква само загуба за човештвото, чиишто животни изгледи зависеле од жртвата што Исус требало да ја принесе!

18 Исус се молел секогаш одново — кога бил со своите апостоли во една горна соба во Ерусалим и уште погорливо во градината Гетсиманија (Матеј 26:36—44; Јован 17:1—26; Евреите 5:7). Кога страдал на маченичкиот столб, тој не ги укорил оние кои го исмејувале. Наместо тоа, се молел во корист на оние кои постапувале во незнаење: „Оче, прости им, оти не знаат што прават!“ (Лука 23:34). Својот ум го држел сосредоточен на Татка си, ‚потпирајќи се на Оној, Кој праведно суди‘. Последните зборови што ги изговорил на маченичкиот столб биле молитва до неговиот Татко (1. Петрово 2:23; Лука 23:46). Колку само сме благодарни што со потполно ослонување на Јехова, Исус верно ја извршил задачата што му ја доверил Татко му! Иако никогаш не сме го виделе Исуса Христа, колку само длабоко го сакаме поради она што го сторил тој!

Да ја изразиме нашата љубов кон него

19. Изразувајќи љубов кон Исус, кои обичаи ќе ги избегнуваме како потполно неприкладни?

19 Како можеме да дадеме доказ дека љубовта што ја исповедаме е повеќе од обични зборови? Поради тоа што неговиот Татко, кого Исус го сакал, забранил да се прават ликови и потоа истите да се третираат како предмети на оддаденост, ние сигурно нема да му донесеме чест на Исус ако носиме еден таков лик на ланче околу својот врат или, пак, ако го носиме по улиците (2. Мојсеева 20:4, 5; Јован 4:24). За Исус не би било никаква чест ако присуствуваме на религиозни служби, дури и ако го правиме тоа повеќе пати во седмицата, а не живееме во склад со неговите учења во остатокот од седмицата. Исус рекол: „Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец“ (Јован 14:21, 23; 15:10).

20. Кои се некои од работите што ќе покажат дали навистина го сакаме Исус?

20 Кои заповеди ни ги дал тој? Како најважно од сѐ, да го обожаваме вистинскиот Бог, Јехова, и само него (Матеј 4:10; Јован 17:3). Поради неговата улога во Божјата намера, Исус исто така поучувал дека мораме да практикуваме вера во него како Божји Син и дека мораме да ја покажуваме така што ќе избегнуваме зли дела и ќе одиме во светлината (Јован 3:16—21). Тој нѐ советувал најпрвин да го бараме Божјето Царство и неговата праведност и нив да ги ставиме пред грижата за телесните потреби (Матеј 6:31—33). Тој заповедал да се сакаме еден со друг како што нѐ сакал тој (Јован 13:34; 1. Петрово 1:22). И ни дал налог да бидеме сведоци во врска со Божјата намера, исто како што бил тој (Матеј 24:14; 28:19, 20; Откровение 3:14). Иако никогаш не го виделе Исус, околу пет милиони Сведоци на Јехова денес се мотивирани од вистинска љубов кон него да ги држат овие заповеди. Тоа што лично не го виделе Исуса, воопшто не ја ослабнува нивната решеност да бидат послушни. Тие се сеќаваат на она што нивниот Господ му го рекол на апостол Тома: „Ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“ (Јован 20:29).

21. Како извлекуваме корист од присуствувањето на Споменот на Христовата смрт, што годинава ќе се одржи в недела, 23 март?

21 Се надеваме дека и ти ќе бидеш меѓу оние кои ширум светот в недела, 23 март 1997 година, после зајдисонце ќе се соберат во Салите на Царството на Јеховините сведоци за да се сетат на најголемиот израз на Божјата љубов кон човештвото и да го прослават споменот на смртта на неговиот лојален Син, Исус Христос. Она што се кажува и прави во таа прилика, би требало да ја продлабочи љубовта кон Јехова и кон неговиот Син, и на тој начин да ја зголеми желбата да ги држиме Божјите заповеди (1. Јованово 5:3).

Како би одговорил?

◻ Како го запознале и го засакале Исус оние до кои била упатена првата Петрова книга?

◻ Кои се некои од работите што ги чуле раните христијани, а те импресионираат тебе?

◻ Која одлика во врска со духот што го покажувал Исус ја продлабочува твојата љубов кон него?

◻ Зошто Исусовото понизно ослонување на Бог е толку важно за нас?

◻ Како можеме да ја покажеме нашата љубов кон Исус Христос?

[Слики на страници 16 и 17]

Ние се чувствуваме привлечени кон Исус поради духот што го покажувал тој

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели