ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/5 стр. 22-25
  • Како да се најде надеж среде очај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се најде надеж среде очај
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Надеж и покрај разни искушенија
  • Може ли од искушенијата да произлезе нешто добро?
  • Доверба во Јехова
  • „Надевај се на Јехова“
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • И покрај испити, држи се цврсто за својата вера!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Јов — истраен и непорочен човек
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Како треба да гледаме на искушенијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/5 стр. 22-25

Како да се најде надеж среде очај

ЗАМИСЛИ си да ги имаш следниве искуства: Сиот твој материјален имот е збришан, оставајќи те сиромашен. Твоите деца — радоста на твојот живот — повеќе ги нема. Твојот сопружник не ти дава морална поддршка. Твоето здравје дословно пропаднало. Секој ден претставува едно мачно премреже.

Ако тоа би било твоја ситуација во животот, дали би можел да најдеш причина да продолжиш да живееш? Или, пак, би подлегнал на очај?

Штотуку опишаната жална неволја била вистинско животно искуство на Јов, еден човек кој живеел во библиски времиња (Јов, поглавја 1 и 2). Во една многу ниска состојба, Јов се жалел: „Ѝ дотегна на душата моја мојот живот“. Тој би ѝ изразил добредојде на смртта како едно ослободување (Јов 10:1; 14:13). Меѓутоа, и покрај своето огромно страдање, Јов го задржал својот интегритет спрема Бог. Затоа, Јехова ‚ги благословил последните денови на Јова повеќе од напрешните‘. Затоа, тој умрел во мир, „стар и сит од животот“ (Јов 42:12, 17).

Јов дал пример во истрајноста што е пофалуван сѐ до денешен ден. Неговите искушенија ја прочистиле неговата личност и ги мотивирала другите на добри дела (Јаков 5:10, 11). Најважно од сѐ, Јововиот беспрекорен интегритет направил да се радува Јеховиното срце (Изреки 27:11). И така, еден кошмар од агонија на крајот станал голем триумф на побожност, вера и интегритет кои му донеле благослов на Јов и на сите оние кои биле мотивирани од неговиот пример.

Надеж и покрај разни искушенија

Можеби страдаш од искушенија слични на оние што ги доживеал Јов. Загубата на некој љубен можеби те оставила емоционално срушен. Некоја тешка болест можеби го направила твоето постоење едно болно премреже. Целиот твој начин на живот можеби изгледа како да се распаднал поради некој развод кој го кине срцето. Економските неуспеси можеби те оставиле осиромашен. Можеби си предмет на злобно прогонување од страна на омрзнати противници на вистинското обожавање. Борбата да излезеш на крај со своите искушенија можеби направила да се чувствуваш дека иднината ти е безнадежна (1. Петрово 1:6).

Наместо да попуштиш на очајот, прашај се: ‚Зошто страдам?‘ Страдаш затоа што живееш во свет кој „лежи во власта на злобниот“, Сатана Ѓаволот (1. Јованово 5:19, НС). Како последица од тоа, секој страда. На некој начин, врз сите нас влијае омразата инспирирана од Ѓаволот спрема пораката на Царството, нељубезните зборови од другите или, пак, ужасните постапки на безбожното однесување кои се толку вообичаени во овие ‚тешки времиња‘ (2. Тимотеј 3:1—5).

Ако во твојот живот се случило нешто трагично, можеби си бил жртва на ‚времето и на непредвидениот настан‘ (Проповедник 9:11, НС). Од друга страна, работите во животот понекогаш одат погрешно поради нашата сопствена наследена грешност (Римјаните 5:12). Дури и ако си згрешил сериозно но си се покајал и си барал духовна помош, немој да мислиш дека си отфрлен од Бог (Псалм 102:10—14; Јаков 5:13—15). Повеќе од кој и да било друг, тој се грижи за нас (1. Петрово 5:6, 7). Можеш да бидеш уверен дека ‚Господ е блиску до оние со скрушено срце, и смирените [здробените, НС] по дух ќе ги спаси‘ (Псалм 33:18). Без оглед на тоа колку трагично или тешко може да е твоето искушение, Јехова може да ти ја даде мудроста да се справиш со него (Јаков 1:5—8). Секогаш сеќавај се дека Јехова може да ги излечи сите рани. Кога ја имаш неговата наклоност, ништо не може да те спречи да ја постигнеш наградата на животот (Римјаните 8:38, 39).

Може ли од искушенијата да произлезе нешто добро?

Има една стара поговорка: „Секое зло за добро“. Тоа е едноставен начин да се каже дека, сеедно колку лоши стануваат работите, ти можеш секогаш да најдеш причина за надеж. Целта зад сето она што е запишано во Божјата Реч е „да имаме надеж“ (Римјаните 15:4). Сеедно колку е тешка твојата неволја, ветувањата и начелата во Библијата можат да ти донесат обновена радост и надеж.

Писмото покажува дека ‚сегашните страдања се [моментални и, НС] лесни‘ во споредба со вечните благослови што се поставени пред оние кои го љубат Бог (2. Коринтјаните 4:16—18). Библијата исто така покажува дека побожните особини развиени сред искушенија се од далеку поголема вредност отколку славата или материјалното богатство (1. Јованово 2:15—17). На тој начин, дури и страдањето може да послужи за некоја добра цел (Евреите 5:8). Всушност, ако го примениш она што си го научил за време на искушенијата, тоа може да ти донесе неочекувани благослови.

Некое искушение може да те направи поблаг. Можеби ќе признаеш дека во минатото си имал некое обележје на личноста кое ги нервирало другите, па дури и го спречувало твојот духовен напредок. Можеби тоа било претерана самоувереност. Откако си бил погоден од некоја неволја, можеби наеднаш увидуваш колку си кршлив и колку многу ти се потребни другите. Ако искушението те научило на таа лекција и си ги направил потребните промени, тоа ти донело извесна корист.

Што ако во минатото другите имале тешкотија да излезат на крај со тебе затоа што ти било тешко да го контролираш својот дух? Ова можеби ти предизвикало дури и некакво страдање во врска со твоето здравје (Изреки 14:29, 30). Меѓутоа, сега ситуацијата може да е многу подобра затоа што се ослонуваш на Божјиот дух да ти помогне да практикуваш самосовладување (Галатјаните 5:22, 23).

Како и на другите, можеби едно време и тебе ти недостигало сочувството да бидеш милосрден спрема оние кои грешат. Но, ако самиот ти си западнал во ситуација каде што си чувствувал огромна потреба од милост, веројатно сега си посклон да бидеш милосрден спрема другите. Љубезното сочувство, грижа и милост кои ти биле покажани, те натерале да увидиш дека треба да покажуваш слични особини спрема покајничките престапници. Ако твојата болка те поттикнала да ги исправиш овие слабости во твојата личност, тоа е една корист што си ја извлекол од твоето искуство. Си научил дека „милоста воскликнува триумфално над судот“ (Јаков 2:13, НС; Матеј 5:7).

Што ако стегата од страна на христијанското собрание те чинело губење на твоите ценети предности и почитта од другите? Немој да подлегнуваш на очај. Дисциплинската постапка помага собранието да се одржи чисто, но нејзините цели го вклучуваат и духовното обновување на престапникот. Додуша, „секоја казна однапред не се покажува дека е за радост, туку за жалост; но потоа на свикнатите на неа [за оние кои се поучени преку неа, НС] таа ќе им принесе мирен род на праведност“ (Евреите 12:11). Иако стегата може да биде опустошувачки удар, таа не го остава понизното покајничко лице без надеж. Царот на древниот Израел, Давид, добил тешка стега поради неисправно постапување, но се покајал и најпосле добил посебна пофалба како човек од истакната вера (2. Царства 12:7—12; Псалм 31:5; Евреите 11:32—34).

Едно искушение може да има длабоко влијание врз твоето гледиште. Во минатото, твоето внимание можеби било сосредоточено на материјалистички цели и достигања кои ти донеле признание и општествен статус во овој свет. Можеби едно искушение во врска со некој финансиски неуспех или материјални загуби ги сосредоточиле твоите мисли на поважните работи. (Спореди Филипјаните 1:10, НС.) Сега увидуваш дека духовните вредности и цели во светата служба се единствените работи кои донесуваат вистинска радост и трајно задоволство.

Доверба во Јехова

Принесувањето света служба на Јехова може да доведе до прогонување и страдање од рацете на оние кои се противат на твоите христијански верувања. Можеби се чувствуваш згазен поради ова искушение, но од него може да произлезе добро. Овој испит може да ја зајакне твојата вера. Освен тоа, другите кои трпат прогонување може да бидат охрабрени и зајакнати посматрајќи ја твојата истрајност. Очевидците на твоето добро однесување може да бидат поттикнати да го слават Бог. Дури и твоите противници може да се засрамат и да ги признаат твоите добри дела! (1. Петрово 2:12; 3:16).

За да избегнеш очај кога си прогонуван, треба да имаш доверба во Јехова. Неговата Реч покажува дека сигурно ќе дојде олеснување од искушението, но можеби нема да дојде толку брзо колку што ти би сакал. Во меѓувреме, ‚не престанувај да го правиш она што е исправно‘ (2. Солунјаните 3:13, НС). Барај и понатаму начини да излезеш на крај со искушенијата и да издржиш. Дури и кога работите се чинат безнадежни, ‚пренеси ја на Господа маката своја, и Он ќе те поткрепи. Нема да дозволи праведниот човек да пострада‘ (Псалм 54:22). Наместо да се задлабочуваш во самосожалување, помисли на тоа колку си благословен што го познаваш Јехова, што имаш место меѓу неговиот народ и што ја поседуваш надежта за бескраен живот (Јован 3:16, 36).

Држи го својот ум сосредоточен на важните работи. Пристапувај му на Јехова секој ден во молитва, молејќи го за сила да издржиш (Филипјаните 4:6, 7, 13). Отфрли ја секоја помисла за одмаздување на оние кои го предизвикуваат твоето страдање. Препушти ги работите во Јеховини раце (Римјаните 12:19). Барај и понатаму начини да ја прочистиш својата личност, негувајќи христијански особини (2. Петрово 1:5—8). Цени сѐ што направиле другите за тебе, вклучувајќи ги и старешините кои со љубов се грижат за твоите духовни потреби (Евреите 13:7, 17). Биди му верен на Бог и држи го твоето око на наградата на животот, уверен дека дури ни смртта не може да ти ја одземе (Јован 5:28, 29; 17:3).

Ако сега доживуваш голема жалост или тешки искушенија, „надевај се на Господа од сѐ срце“ и твојата жалост и тешкотија на крајот ќе бидат заменети со изобилна радост (Изреки 3:5, 6; Јован 16:20). Бедата ќе отстапи пред среќата кога Бог ќе те благослови како што го благословил Јова. Денешните страдања не се рамни на ништо во споредба со твојата награда. (Спореди Римјаните 8:18.) Твојата верна истрајност може да ги охрабри другите и да ти помогне да ги негуваш прекрасните христијански особини што доаѓаат со „новиот човек“ (Ефесјаните 4:23, 24; Колосјаните 3:10, 12—14). Затоа, црпи храброст од мудриот совет на апостол Петар: „Оние, што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро“ (1. Петрово 4:19).

[Слика на страница 23]

Биди како Јов. Никогаш не губи надеж

[Слика на страница 24]

Имај доверба во Јехова со сето свое срце

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели