ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/5 стр. 30-31
  • Епафрас — „верен слуга Христов“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Епафрас — „верен слуга Христов“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Евангелизатор на долината Ликус
  • Извештајот на Епафрас
  • Човек кој ја ценел молитвата
  • Помагај им на другите да одат достојно на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Стојте потполни со цврсто уверување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Кога го знаете тоа, среќни сте ако го правите“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Јехова може да те зајакне
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/5 стр. 30-31

Епафрас — „верен слуга Христов“

КОЈ ги основал христијанските собранија во Коринт, Ефес и во Филипи? Можеби без никакво колебање ќе одговориш: ‚Павле, „апостолот на незнабошците“ ‘ (Римјаните 11:13). Ти би имал право.

Меѓутоа, кој ги воспоставил собранијата во Колоси, Еропол и во Лаодикија? Иако не можеме да бидеме сигурни, можеби тоа бил еден човек по име Епафрас. Во секој случај, можеби би сакал да знаеш нешто повеќе за овој евангелизатор, бидејќи е наречен „верен слуга Христов“ (Колосјаните 1:7).

Евангелизатор на долината Ликус

Името Епафрас е скратеница од Епафродит. Но, Епафрас не треба да се побрка со Епафродит од Филипи. Епафрас бил од Колоси, еден од трите центри на христијанските собранија во долината на реката Ликус, во Мала Азија. Колоси бил сместен само на 18 километри од Лаодикија и 19 километри од Еропол, во древниот регион на Фригија.

Библијата не кажува изрично на кој начин добрата вест за Божјето Царство стигнала до Фригија. Меѓутоа, на ден Пентакост 33 година н. е. во Ерусалим биле присутни Фригијци, а можеби некои од нив биле од Колоси (Дела 2:1, 5, 10). За време на Павловата ефеска служба (околу 52—55 година н. е.), сведоштвото што било дадено во тоа подрачје било толку енергично и делотворно што не само ефесјаните туку и ‚сите жители на Азија, како Јудејците, така и Елините, го чуле словото за Господа‘ (Дела 19:10). Изгледа дека Павле ја немал проповедано добрата вест по долината Ликус, бидејќи мнозина кои станале христијани во тој регион, никогаш не го имале видено (Колосјаните 2:1).

Според Павле, оној кој ги поучил колосјаните за ‚вистинската Божја благодат‘, бил Епафрас. Фактот што овој соработник Павле го нарекува „верен слуга Христов заради вас“, покажува дека Епафрас бил активен евангелизатор во подрачјето (Колосјаните 1:6, 7).

И апостол Павле и евангелизаторот Епафрас биле многу загрижени за духовната благосостојба на своите соверници во долината Ликус. Како ‚апостол на незнабошците‘, Павле сигурно се радувал што добил вести за нивниот напредок. За духовната состојба на колосјаните Павле не чул од никој друг туку од Епафрас (Колосјаните 1:4, 8).

Извештајот на Епафрас

Колосјаните се соочиле со проблеми кои биле доволно сериозни за да го наведат Епафрас на долгото патување до Рим со нарочна цел да дискутира за овие работи со Павле. Деталниот извештај што го дал Епафрас очигледно бил она што го поттикнало Павла да им напише две писма на тие браќа, инаку нему непознати. Едното било писмото до колосјаните. Другото писмо, кое очигледно не е сочувано, било испратено до лаодикијците (Колосјаните 4:16). Разумно е да се помисли дека содржината на тие писма била наменета да одговори на потребите на тие христијани, како што ги согледал Епафрас. Какви потреби видел тој? И што ни кажува тоа за неговата личност?

Изгледа писмото до колосјаните покажува дека Епафрас бил загрижен за тоа што христијаните во Колоси биле загрозени од пагански филозофии, кои вклучувале аскетизам, спиритизам и идолопоклоничко празноверие. Освен тоа, еврејското учење за воздржување од храна и држењето извесни денови можеби извршиле влијание врз некои членови на собранието (Колосјаните 2:4, 8, 16, 20—23).

Фактот што Павле пишува за овие теми ни покажува колку Епафрас бил буден и осетлив на потребите на своите сохристијани. За нивната духовна благосостојба тој покажал грижа полна со љубов, свесен за опасностите од околината во која живееле тие. Епафрас барал Павлов совет, што открива дека бил понизен. Можеби ја чувствувал потребата да добие совет од некој со поголемо искуство. Во секој случај, Епафрас постапил мудро (Изреки 15:22).

Човек кој ја ценел молитвата

Во заклучокот од писмото што го испратил до колоските христијани, Павле вели: „Ве поздравува од вашите Епафрас, служител на Исуса Христа, кој секогаш во молитвите свои се грижи, да бидете совршени и исполнети со секаква волја Божја. Сведочам за него дека тој има голема ревност и грижа за вас и за оние што се во Лаодикија и Ерапол“ (Колосјаните 4:12, 13).

Да, дури и додека бил „затвореник“ со Павле во Рим, Епафрас размислувал за своите љубени браќа во Колоси, Лаодикија и Еропол и се молел за нив (Филимон 23). Дословно, тој ‚се борел‘ за нив во молитва. Според научникот Д. Едмонд Хајберт, грчкиот термин што е употребен овде, означува „напорна и скапа активност“, нешто слично на умствената „агонија“ што ја доживеал Исус Христос додека се молел во градината Гетсиманија (Лука 22:44, НС). Епафрас горливо посакувал неговите духовни браќа и сестри да постигнат стабилност и потполна христијанска зрелост. Каков само благослов за собранијата мора да бил еден таков духовно настроен брат!

Поради тоа што Епафрас бил наречен „возљубен сотрудник“ нема место за сомнение дека тој им омилел на сохристијаните (Колосјаните 1:7). Кога околностите допуштаат, сите членови на собранието треба слободно да се даваат себеси срдечно и со љубов. На пример, може да се посвети внимание за помагање на болните, на постарите или на другите со посебни потреби. Во собранието може да има разни одговорности за кои треба да се води грижа или, пак, можеби е можно да се придонесе за теократските градежни проекти.

Молењето за другите, како што правел Епафрас, е еден облик на света служба што можат да ја извршуваат сите. Таквите молитви може да вклучуваат изрази на грижа за Јеховините обожаватели, кои мораат да се соочуваат со разни опасности или тешкотии од духовна или физичка природа. Ако силно се напрегаме во овој поглед, можеме да бидеме како Епафрас. Секој од нас може да ја има предноста и радоста да се докаже како „возљубен сотрудник“ во семејството од Јеховини верни слуги.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели