ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/6 стр. 28
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сличен материјал
  • Време за будност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Спасени од една ‚пакосна генерација‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Што значи за тебе Христовата присутност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/6 стр. 28

Прашања од читателите

„Стражарска кула“ од 1 ноември 1995 година се сосредоточи на она што Исус го рекол во врска со „оваа генерација“, како што читаме во Матеј 24:34 (НС). Дали тоа значи дека постои некакво прашање околу тоа дали Божјето Царство било воспоставено на небото во 1914 година?

Таа дискусија во Стражарска кула не понуди воопшто никаква промена во нашето фундаментално учење во врска со 1914 година. Исус го изложил знакот кој ќе ја означува неговата присутност во моќта на Царството. Имаме обилни докази дека овој знак се исполнувал од 1914 година наваму. Фактите во врска со гладот, чумите, земјотресите и другите докази потврдуваат дека од 1914 година наваму, Исус е активен како Цар на Божјето Царство. Ова покажува дека оттогаш па наваму, ние сме во заклучокот на системот на ствари.

Тогаш, што разјаснуваше Стражарска кула? Па, клучот беше во смислата во која Исус го употребил зборот „генерација“ во Матеј 24:34 (НС). Тој пасус гласи: „Навистина ви велам дека оваа генерација никако нема да помине додека не се случат сите овие работи“. Што мислел Исус со изразот „генерација“, како во своето време така и во нашево?

Многу стихови потврдуваат дека Исус не го употребил изразот „генерација“ во врска со некоја мала или карактеристична група, мислејќи само на еврејските водачи или, пак, само на своите лојални ученици. Наместо тоа, тој го употребил изразот „генерација“ за да ја осуди масата Евреи која го отфрлила. Но, за среќа, поединци можеле да го сторат она на што поттикнал апостол Петар на ден Пентакост — да се покајат и да ‚се спасат од таа изопачена генерација‘ (Дела 2:40, НС).

Во таа изјава, Петар очигледно не бил прецизен во поглед на некаква фиксна возраст или должина на време ниту, пак, ја поврзувал ‚генерацијата‘ со некој извесен датум. Тој не рекол дека луѓето требало да се спасат од генерацијата која била родена истата година во која бил роден и Исус или, пак, од генерацијата што била родена во 29 година н. е. Петар зборувал за Евреите од тој период кои не верувале — некои можеби биле прилично млади, други постари — кои биле изложени на Исусовото учење, ги виделе или чуле за неговите чуда, а не го прифатиле како Месија.

Очигледно, Петар така ја разбрал Исусовата употреба на изразот „генерација“ кога тој и тројца други апостоли биле со Исус на Елеонската Гора. Според Исусовата пророчка изјава, Евреите од тој период — во основа, Исусовите современици — требало да доживеат или да чујат за војни, земјотреси, глад и други докази дека крајот на еврејскиот систем бил близу. Всушност, таа генерација не поминала додека не дошол крајот во 70-тата година н. е. (Матеј 24:3—14, 34).

Мора да се признае дека секогаш не сме ги земале Исусовите зборови во таа смисла. Постои тенденција несовршените луѓе да сакаат да бидат конкретни во поглед на датумот кога ќе дојде крајот. Сети се дека дури и апостолите барале повеќе конкретни детали, прашувајќи: „Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево?“ (Дела 1:6).

Со слични искрени намери, Божјите слуги во денешно време се обидувале, од она што Исус го кажал во врска со ‚генерацијата‘, да извлечат некаков јасен временски елемент, пресметан од 1914 година. На пример, еден правец на резонирање беше тој дека една генерација може да има 70 или 80 години, составена од луѓе доволно стари за да го сфатат значењето на Првата светска војна и на другите настани; на тој начин, можеме да пресметаме отприлика колку е близу крајот.

Меѓутоа, колку и да било добронамерно таквото размислување, дали тоа се сообразува со советот што Исус понатаму го дал? Исус рекол: „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец . . . Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ“ (Матеј 24:36—42).

Според тоа, неодамнешната информација во Стражарска кула во врска со „оваа генерација“ не го промени нашето разбирање за она што се случило во 1914 година. Но, таа ни даде едно појасно сфаќање на Исусовата употреба на терминот „генерација“, помагајќи ни да видиме дека неговата употреба не била темел за пресметување — сметајќи од 1914 година — колку блиску сме до крајот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели