ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/6 стр. 4-8
  • Како Бог ја инспирирал Библијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како Бог ја инспирирал Библијата?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потребен е грижлив напор
  • Практичен совет — од кого?
  • Човечки писатели — зошто?
  • Кој е авторот на Библијата?
    Разбудете се! 2007
  • „Ги водеше светиот дух“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Мудроста од „Божјата реч“
    Приближи му се на Јехова
  • Библијата — дали навистина е книга од Бог?
    Разбудете се! 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/6 стр. 4-8

Како Бог ја инспирирал Библијата?

ДЕНЕС, комуникацијата е пофасцинантна од кое и да било друго време во историјата. Телефони, факсови, компјутери — до пред неколку години кој би си замислил време кога пораките моментално би се пренесувале скоро насекаде по светот.

Но, најфасцинантниот вид комуникација е оној што луѓето не можат да го совладаат — божествената инспирација. Јехова инспирирал околу 40 човечки писатели да ја произведат неговата пишана Реч, Светото писмо. Исто како што луѓето имаат на располагање повеќе од едно средство за комуникација, така и Јехова употребил повеќе методи на комуникација за да го инспирира Писмото.

Диктирање. Бог соопштил конкретни пораки кои подоцна биле ставени во библискиот извештај.a На пример, размисли за одредбите кои го сочинуваат Сојузот на законот. „Напиши ги за себе овие зборови“ — му рекол Јехова на Мојсеј — „зашто со тие зборови склучувам завет со тебе и со Израилот“ (2. Мојсеева 34:27). Тие „зборови“, кои биле пренесени „преку ангелите“, биле препишани од страна на Мојсеј и сега можат да се најдат во библиските книги 2. Мојсеева, 3. Мојсеева, 4. Мојсеева и 5. Мојсеева (Дела 7:53).

Многу други пророци, вклучувајќи ги Исаија, Јеремија, Језекиил, Амос, Наум и Михеј, добиле конкретни пораки од Бог преку ангели. Понекогаш, овие мажи ги започнувале своите изјави со фразата: „Вака вели Господ [Јехова, НС]“ (Исаија 37:6; Јеремија 2:2; Језекиил 11:5; Амос 1:3; Михеј 2:3; Наум 1:12). Потоа го запишале во писмена форма она што Бог го кажал.

Визии, соништа и трансови. Визија е глетка, сцена или порака наложена врз умот на лицето додека е будно, обично преку некое посебно средство. На пример, Петар, Јаков и Јован, ‚штом се разбудиле‘, виделе една визија за преобразениот Исус (Лука 9:28—36; 2. Петрово 1:16—21). Во некои случаи, некоја порака била пренесена преку сон, односно ноќна визија која била врежувана во потсвеста на примателот додека спиел. На тој начин, Даниил пишува за „виденијата [визиите, НС] на главата моја врз леглото мое“ или — како што го пренесува преведувачот Роналд А. Нокс — „додека лежев гледајќи во мојот сон“ (Даниил 4:10).

Лицето кое Јехова го ставил во транс, изгледа било задлабочено во некоја состојба на длабока концентрација, иако барем делумно било будно. (Спореди Дела 10:9—16.) Во Библијата, грчкиот збор преведен со „транс“ (е́кстасис) значи ‚отстранување или преместување‘. Тоа сугерира на идејата за исфрлање на умот надвор од неговата нормална состојба. На тој начин, едно лице кое е во транс би било несвесно за својата околина, иако е потполно приемливо за визијата. Апостол Павле веројатно бил во еден таков транс кога бил ‚однесен во рајот и чул неискажливи зборови, кои што човек не може да ги искаже‘ (2. Коринтјаните 12:2—4).

За разлика од оние кои препишувале диктирани пораки од Бог, библиските писатели кои добивале визии или соништа или, пак, кои доживувале трансови, честопати имале некаква слобода на дејствување да го опишат со свои сопствени зборови она што го виделе. На Авакум му било речено: „Запиши го видението и одбележи го на плочи јасно, та оној, што ќе чита, да може да го прочита“ (Авакум 2:2).

Дали ова значи дека овие делови од Библијата се некако помалку инспирирани отколку пасусите што биле диктирани? Воопшто не. Преку својот дух, Јехова цврсто ја фиксирал својата порака во умот на секој писател, така што биле пренесувани Божји мисли, а не човечки. Иако му дозволувал на писателот да избере соодветни зборови, Јехова ги водел умот и срцето на писателот за да не биде испуштена ниедна битна информација, и на крајот зборовите со право биле сметани како Божји (1. Солунјаните 2:13).

Божествено откровение. Библијата содржи пророштво — историја откриена и запишана однапред — што е над чисто човечката способност. Еден пример се подемот и падот на „царот на Грција“, Александар Велики, проречени околу 200 години однапред! (Даниил 8:1—8, 20—22). Библијата исто така открива настани кои никогаш не биле посведочени со човечки очи. Создавањето на небото и Земјата е еден пример за тоа (1. Мојсеева 1:1—27; 2:7, 8). Потоа, тука се разговорите што се воделе на небото, како оние за кои се известува во книгата на Јов (Јов 1:6—12; 2:1—6).

Доколку таквите настани не му биле откривани на писателот директно од Бог, Тој му ги објавувал на некој друг, така што тие станувале дел од усната или пишаната историја, пренесувана од една генерација на друга, сѐ додека не станале дел од библискиот извештај. (Види ја рамката на страница 7.) Во секој случај, можеме да бидеме сигурни дека Јехова бил Изворот на сите такви информации, и тој ги водел писателите така што нивните извештаи не биле расипувани со неточност, претерување или мит. Во врска со пророштвото, Петар напишал: „Луѓето зборуваа од Бог, како што беа носени од светиот дух“b (2. Петрово 1:21, НС).

Потребен е грижлив напор

Иако библиските писатели ‚биле носени од светиот дух‘, сепак била потребна внимателна грижа. На пример, Соломон ‚сѐ испитувал, изучувал и оставил многу мудри паримии. [Тој] се трудел да најде убави изреки и точно ги запишал зборовите на вистината‘ (Проповедник 12:9, 10).

Некои библиски писатели морале да се ангажираат во значително истражување за да го документираат својот материјал. На пример, во врска со својот евангелски извештај, Лука напишал: „Испитав сѐ од почетокот, да ти опишам точно по ред“. Се разбира, Божјиот дух ги благословил напорите на Лука, несомнено поттикнувајќи го да пронајде доверливи историски документи и да интервјуира доверливи очевидци, како што биле преживеаните ученици и веројатно Исусовата мајка, Марија. Божјиот дух потоа го водел Лука за точно да ги запише информациите (Лука 1:1—4).

За разлика од Лукиното евангелие, Јовановото претставувало извештај на очевидец, напишано околу 65 години откако умрел Исус. Јеховиниот дух несомнено го изострил Јовановото сеќавање за да не биде ослабнато со одминувањето на времето. Тоа било доследно на она што Исус им го ветил на своите следбеници: „Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он ќе ве научи на сѐ и ќе ви напомни за сѐ што сум ви зборувал“ (Јован 14:26).

Во некои случаи, библиските писатели вклучувале збирки документи на очевидци од поранешни историски писатели, од кои не сите биле инспирирани. Јеремија ги собрал Трета и Четврта Царства главно на овој начин (4. Царства 1:18). Ездра се осврнал најмалку на 14 неинспирирани извори за да собере материјал за Прва и Втора Летописи, вклучувајќи ги и „летописите на царот Давид“ и „книгата на царевите јудејски и израилски“ (1. Летописи 27:24; 2. Летописи 16:11). Мојсеј дури и цитирал од „книгата за војните Господови“ — очигледно некој доверлив извештај за војните на Божјиот народ (4. Мојсеева 21:14, 15).

Во таквите случаи, светиот дух бил активно вклучен, поттикнувајќи ги библиските писатели да изберат само доверлив материјал, кој потоа станал дел од инспирираниот библиски извештај.

Практичен совет — од кого?

Библијата содржи богатство практични совети, темелени на проникливи лични забележувања. На пример, Соломон напишал: „И не е ли добро за човекот да јаде, да пие и да ја насладува душата своја од својот труд. Но јас видов, оти и тоа е од Божјата рака“ (Проповедник 2:24). Павле изјавил дека неговиот совет во врска со бракот бил ‚според [неговото] мислење‘, иако додал: „А мислам дека и јас имам Дух Божји“ (1. Коринтјаните 7:25, 39, 40). Павле сигурно имал Божји дух, зашто како што забележал апостол Петар, она што го напишал Павле било „според дадената му мудрост“ (2. Петрово 3:15, 16). На тој начин, воден од Божјиот дух, тој го давал своето мислење.

Кога библиските писатели изразувале такви лични уверувања, тие го правеле тоа заедно со една претходна студија и примена на стиховите што им стоеле на располагање. Можеме да бидеме сигурни дека нивните списи биле во склад со Божјето мислење. Она што тие го запишале, станало дел од Божјата Реч.

Се разбира, Библијата не содржи изјави од некои чие размислување било погрешно. (Спореди Јов 15:15 со 42:7.) Таа вклучува и неколку изрази што ги пренеле измачуваните чувства на Божјите слуги, иако истите не ја пренесувале комплетната слика за работите.c Иако давал такви лични изјави, писателот сепак бил воден од Божјиот дух за да даде точен запис, кое послужило да се идентификува и разоткрие погрешното резонирање. Понатаму, во сите случаи, контекстот му објаснува на секој разумен читател дали размислувањето на писателот е важечко.

Накратко, можеме да бидеме уверени дека целата Библија претставува Божја порака. Навистина, Јехова се погрижил сѐ што таа содржи да одговара на неговата намера и обезбедил битна поука за оние кои сакаат да му служат (Римјаните 15:4).

Човечки писатели — зошто?

Тоа што Јехова користел човечки писатели за да ја пишуваат Библијата ја покажува неговата огромна мудрост. Размисли за ова: Ако Бог им ги доделил работите на ангели, дали Библијата би ја имала истата привлечност? Вистина, ние би биле восхитени да читаме за Божјите особини и постапки од гледна точка на еден ангел. Но, ако потполно би недостигал човечкиот фактор, би можело да ни биде тешко да ја сфатиме пораката на Библијата.

Да илустрираме: Библијата можела едноставно да извести дека цар Давид извршил прељуба и убиство и дека потоа се покајал. Сепак, колку многу е подобро што ги имаме Давидовите сопствени зборови кога, поради својата постапка, изразил мака што го кине срцето и преколнувал за Јеховина прошка! „Мојот грев е секогаш пред мене“ — напишал тој. „Срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш“ (Псалм 50:3, 17). Затоа, Библијата ја има топлината, разноликоста и привлечноста што ги дава човечкиот фактор.

Да, Јехова го избрал најубавиот начин за да ни ја даде својата Реч. Иако биле користени луѓе со маани и слабости, тие биле носени од светот дух за да нема никаква грешка во нивните списи. Затоа, Библијата има суперлативна вредност. Нејзиниот совет е цврст, а нејзините пророштва во врска со идниот Рај на Земјата се сигурни (Псалм 118:105; 2. Петрово 3:13).

Зошто не си стекнеш навика секој ден да читаш по еден дел од Божјата Реч? Петар напишал: „Бидете желни за вистинско и разумно млеко, та во него да пораснете за спасение“ (1. Петрово 2:2). Поради тоа што е инспирирана од Бог, ќе утврдиш дека сето Писмо е „полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен и годен за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3:16, 17).

[Фусноти]

a Најмалку во еден случај, оној со Десетте заповеди, информацијата била директно запишана „со прст Божји“. Мојсеј тогаш само ги препишал тие зборови во свитоци или на други материјали (2. Мојсеева 31:18; 5. Мојсеева 10:1—5).

b Грчкиот збор овде преведен со „беа носени“, фе́ро, е употребен во друга форма во Дела 27:15, 17 за да опише еден брод кој е носен од ветрот. На тој начин, светиот дух ‚го управувал курсот‘ на писателите на Библијата. Тој ги поттикнувал да отфрлат каква и да е информација која била вештачка и да ја вклучат само онаа која била вистинска.

c За примери, спореди 3. Царства 19:4 со стиховите 14 и 18; Јов 10:1—3; Псалм 72:12, 13, 21; Јона 4:1—3; Авакум 1:1—4, 13.

[Рамка/слики на страница 7]

Од каде ги добил Мојсеј своите информации?

БИБЛИСКАТА книга 1. Мојсеева ја напишал Мојсеј, но сѐ што запишал тој се случило многу време пред неговото раѓање. Тогаш, од каде ги добил таквите информации? Можеби му биле откриени директно од Бог или, пак, спознанието за некои од тие настани можеби било пренесувано усно од една генерација на друга. Поради тоа што во старо време луѓето имале подолг животен век, голем дел од она што Мојсеј го запишал во 1. Мојсеева можеби било пренесено од Адам до Мојсеј преку само пет човечки алки — Матусал, Сим, Исак, Левиј и Амрам.

Освен тоа, можеби Мојсеј се консултирал со пишани извештаи. Во овој поглед, значајно е тоа што Мојсеј често ја користел фразата „ова е историјата на“, пред да го именува лицето за кое ќе се дискутира (1. Мојсеева 6:9; 10:1; 11:10, 27; 25:12, 19; 36:1, 9; 37:2, сите НС). Некои научници велат дека хебрејскиот збор што овде е преведен со „историја“, толедо́хт, се однесува на еден веќе постоечки пишан историски документ што Мојсеј го користел како извор за своето пишување. Се разбира, ова не може да се каже со сигурност.

Можеби информациите содржани во книгата 1. Мојсеева биле добиени преку сите три горенаведени методи — некои преку директно откровение, некои преку усно пренесување и некои од пишани извештаи. Она што е важно е дека Јеховиниот дух го инспирирал Мојсеј. Затоа, она што тој го запишал со право се смета за реч Божја.

[Слика на страница 4]

На разни начини, Бог ги инспирирал луѓето да ја напишат Библијата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели