ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/7 стр. 24
  • Акробати на планинските карпи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Акробати на планинските карпи
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Високите планини се за планинските кози“
  • ‚Дали знаеш кога планинските кози раѓаат‘
  • ‚Мила кошута и шармантна планинска коза‘
  • ,Повеличествен си од планините‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/7 стр. 24

Акробати на планинските карпи

ДОЛЖ западниот брег на Мртвото Море биле сместени древниот град и околната пустина, наречени Енгеди. Карпестите превои во тоа подрачје, како и провалиите, обезбедуваат идеален дом за планинската коза од Ветената земја, слична на оние што се гледаат овде.

Ова суштество со сигурни нозе спаѓа во чудата на животинската творба. Да ја отвориме Библијата и да го погледнеме одблизу ова фасцинантно животно.

„Високите планини се за планинските кози“

Така отпеал псалмистот (Псалм 104:18, НС). Планинските кози се добро опремени за живеење на возвишени места! Тие се крајно пргави, движејќи се по карпест терен со голема доверба и брзина. Тоа делумно се должи на конструкцијата на нивните копита. Процепот може да се шири под тежината на козата, давајќи му на животното цврст стисок кога стои или се движи по тесни карпести гребени.

Планинските кози имаат и извонредна рамнотежа. Можат да прескокнат големи растојанија и да слетаат на некој гребен што е едвај доволно голем за да ги стават сите четири нозе. Биологот Даглас Чедвик еднаш забележал една планинска коза од еден друг вид како држи рамнотежа за да избегне да биде фатена на еден гребен кој бил претесен за да се сврти. Тој вели: „Откако погледна на следниот гребен на околу 120 метри подолу, козата ги зацврсти своите предни нозе и со својот заден дел пополека помина преку својата глава долж површината на карпата, како да изведува ѕвезда. Додека го задржував мојот здив, козата продолжи сѐ додека нејзините задни нозе не дојдоа долу, гледајќи во правецот од каде што беше дошла“ (National Geographic). Не е ни чудо што планинските кози се наречени „акробати на планинските карпи“!

‚Дали знаеш кога планинските кози раѓаат‘

Планинските кози се многу плашливи суштества. Тие претпочитаат да живеат изолирано од човекот. Всушност, луѓето тешко можат да се доближат доволно блиску за да ги набљудуваат во нивната дива околина. На тој начин, Сопственикот на „ѕверовите на илјадници планини“ со право можел да го праша човекот Јов: „Го знаеш ли времето, кога планинските кози раѓаат по карпите?“ (Псалм 50:10, НС; Јов 39:1).

Од Бога дадениот инстинкт ѝ кажува на женската планинска коза кога ѝ е времето да роди. Таа пронаоѓа некое безбедно место и раѓа едно или две јариња, обично на крајот на мај или во јуни. Новородените јариња стекнуваат сигурност во одот за само неколку дена.

‚Мила кошута и шармантна планинска коза‘

Мудриот цар Соломон ги поттикнал сопрузите: „Утешувај се со жената на својата младост, нека ти е мила како кошута и како срна [планинска коза, НС] драга“ (Изреки 5:18, 19). Со ова не се мислело да се омаловажат жените. Очигледно, Соломон алудирал на убавината, грациозноста и другите истакнати особини на овие животни.

Планинската коза спаѓа меѓу безбројните „суштества“ кои даваат убедливо сведоштво за мудроста на Создателот (1. Мојсеева 1:24, 25). Зарем не сме среќни што Бог нѐ опкружил со толку многубројни фасцинантни суштества?

[Извор на слика на страница 24]

Со љубезна дозвола од Атинскиот универзитет

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели