ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/8 стр. 4-6
  • Како да ја школуваш својата совест

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ја школуваш својата совест
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Умот, срцето и твојата совест
  • Кога ќе погрешиме
  • ‚Имај добра совест‘
  • Како да задржиш чиста совест?
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Задржи чиста совест пред Бог
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Дали совеста ти е добро изострена?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Дали совеста ти дава исправно водство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/8 стр. 4-6

Како да ја школуваш својата совест

„МИРНАТА совест е најдобрата перница.“ Оваа стара изрека истакнува еден важен факт: Кога внимаваме на својата совест, уживаме внатрешен мир и хармонија.

Меѓутоа, сите не избираат да го прават тоа. Адолф Хитлер изјавил дека е во мисија да го ослободи човекот од деградирачкото привидение, односно илузија, познато како совест. Неговото владетелство на терор дава еден обесхрабрувачки поглед во тоа колку свирепи можат да бидат луѓето кога ја негираат својата совест. Но, не помалку сурови се и многу денешни насилнички криминалци — оние кои силуваат и убиваат без каење. Сѐ поголемиот број вакви извршители се на млади години. Затоа, една книга која го проучува овој феномен го носи поднасловот Children Without a Conscience (Деца без совест).

Иако повеќето луѓе никогаш не би помислиле да извршат насилнички криминал, мнозина немаат никаква грижа на совеста да се впуштат во сексуален неморал, лажење или мамење. Моралот се наоѓа во глобален пад. Осврнувајќи се на големиот отпад од вистинското обожавање, апостол Павле напишал дека некои христијани ќе се предадат на светското влијание и така ќе станат со „жигосана совест“ (1. Тимотеј 4:2). Денес, заканата од расипаност е уште поголема во овие ‚последни денови‘ (2. Тимотеј 3:1). Затоа, христијаните мораат силно да се напрегаат да ја чуваат својата совест. Ова можеме да го сториме со нејзино школување и развивање.

Умот, срцето и твојата совест

Апостол Павле рекол: „Ви зборувам вистина во името на Христа, не лажам — тоа го сведочи мојата совест преку светиот дух“ (Римјаните 9:1). Според тоа, совеста може да биде сведок. Таа може да испита некој начин на однесување и може или да го одобрува или да го осудува. Голем дел од нашиот осет за исправно и погрешно го сместил во нас нашиот Создател. Па сепак, нашата совест може да биде обликувана и школувана. Како? Така што ќе примаме точно спознание од Божјата Реч. „Преобразете се преку вашиот обновен ум, за да можете да познавате, која е добрата, угодна и совршена волја Божја“ — вели апостол Павле (Римјаните 12:2). Додека ги всадуваш Божјите мисли и волја во својот ум, твојата совест почнува да функционира на еден попобожен начин.

Јеховините сведоци им помогнале на милиони лица ширум светот да го ‚примат спознанието за Јехова Бог и за Исус Христос‘ (Јован 17:3, НС). Преку нивната подготовка за бесплатна домашна библиска студија, тие ги поучуваат лицата со чесни срца за мерилата на Јехова Бог во врска со сексот, алкохолните пијалаци, бракот, деловните постапки и мноштво други темиa (Изреки 11:1; Марко 10:6—12; 1. Коринтјаните 6:9, 10; Ефесјаните 5:28—33). Примањето на ова „точно спознание“ претставува еден важен чекор во развивањето божествена совест (Филипјаните 1:9, НС). Се разбира, дури и откако еден христијанин ќе постигне зрело разбирање на Библијата, тој мора да продолжи редовно да го храни својот ум со Божјата Реч за неговата совест да остане здрава (Псалм 1:1—3).

Библијата исто така ја поврзува совеста со симболичното срце кое ги вклучува нашите чувства и емоции (Римјаните 2:15). Умот и срцето мораат да соработуваат хармонично за совеста да функционира исправно. Тоа значи да правиш повеќе отколку само да ставиш извесна информација во својот ум. Ти мораш да го обликуваш и своето срце — своите внатрешни чувства, желби и копнежи. Затоа, книгата Изреки користи такви изрази како што се ‚да го приклониш своето срце‘, ‚да го управуваш своето срце‘ и ‚да го приковаш своето срце‘ (Изреки 2:2; 23:19; 27:23, НС). Еден начин да се прави тоа е преку медитирање и размислување за Писмото. „Јас сигурно ќе медитирам за сета твоја активност, и ќе се бавам со твоите постапки“ — вели Псалм 77:12 (НС). Медитирањето ни помага да дојдеме до своите најдлабоки чувства и мотиви.

На пример, да претпоставиме дека имаш некоја нечиста навика, како што е оддаденоста на тутунот. Како и повеќето луѓе, ти несомнено си сосема свесен за здравствените ризици од него. Па сепак, и покрај ургирањата на пријателите и семејството, тебе ти е тешко да прекинеш. Како би можело медитирањето за библиската порака да ја зајакне твојата совест во овој поглед?

На пример, обиди се да медитираш за зборовите на апостол Павле што се наоѓаат во 2. Коринтјаните 7:1: „И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји“. Сфати ја смислата на овие зборови. Запрашај се: ‚Што точно претставуваат ‚ваквите ветувања‘ на кои се осврнува Павле? Читајќи го контекстот, ќе забележиш дека претходните стихови велат: „ ,Излезете од нивната средина и одделете се!‘ Вели Господ, и ‚Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам! И Јас ќе ви бидам Отец, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки,‘ вели Господ Седржителот“ (2. Коринтјаните 6:17, 18).

Павловата заповед да ‚се очистиме од скверност‘ сега има додатна силина! Како силен потстрек да го правиме тоа, Бог ветува дека ќе ‚нѐ прими‘, то ест ќе нѐ стави под својата заштитничка грижа. ‚Дали јас би уживал близок однос со него, како однос на син или ќерка со татко?‘ — би можел да се запрашаш. Зарем не е многу привлечна помислата да се биде ‚примен‘, односно љубен од еден мудар Бог полн со љубов? Ако таа мисла ти се чини туѓа, набљудувај го начинот на кој татковците полни со љубов изразуваат љубов и наклоност кон своите деца. А сега, замисли си дека една таква врска постои помеѓу тебе и Јехова! Колку повеќе медитираш за тоа толку повеќе расте желбата за еден таков однос.

Но, забележи: Блискоста со Бог е можна само ако ‚не се допираш до нечисто‘. Запрашај се: ‚Дали оддаденоста на тутунот спаѓа во „нечистото“ кое Бог го осудува? Дали неговото користење би било „скверност на телото“, изложувајќи се себеси на секакви видови здравствени опасности? Поради тоа што Јехова е чист, односно „свет“ Бог, дали тој би можел да го одобри моето намерно валкање на ваков начин? (1. Петрово 1:15, 16). Забележи дека Павле исто така предупредува на ‚скверноста на духот‘, односно умствената наклоност. Запрашај се: ‚Дали оваа оддаденост господари со моето размислување? Дали ќе правам сѐ што можам за да го задоволам својот копнеж, можеби по цена на здравјето, семејството или, пак, дури и по цена на мојот углед кај Бог? До која мера сум допуштил мојата оддаденост на тутунот да му наштети на мојот живот?‘ Соочувањето со овие мачни прашања веројатно ќе ти ја даде храброста да прекинеш!

Секако, можеби ти е потребна помош и поддршка од другите за да ја постигнеш победата над тутунот. Сепак, медитирањето за Библијата може многу да придонесе во школувањето и зајакнувањето на твојата совест за да се ослободиш од таквата оддаденост.

Кога ќе погрешиме

И покрај нашите најдобри напори да го правиме она што е исправно, повремено нашите несовршености нѐ надвладуваат и ние грешиме. Совеста тогаш ќе нѐ мачи, но искушувачки е да се обидуваме да ја игнорираме. Или, пак, би можеле да станеме толку обесхрабрени што сакаме да се откажеме од сите напори да му служиме на Бог. Меѓутоа, сети се на случајот со цар Давид. Откако направил прељуба со Вирсавија, совеста го погодила. Тој го опишува измачувањето што го чувствувал: „И дење и ноќе тежеше над мене раката Твоја, копнеев како на летен припек“ (Псалм 31:4). Болно? Навистина болно! Сепак, оваа побожна жалост го поттикнала Давид да се покае и да се помири со Бог. (Спореди 2. Коринтјаните 7:10.) Давидовото агониско преколнување за прошка дава обилен доказ за неговото искрено каење. Поради тоа што се оѕвал на својата совест, на Давид му било помогнато да се промени и на крајот повторно да ја постигне својата радост (Псалм 50).

Истото може да се случи и денес. Некои ја проучувале Библијата со Јеховините сведоци во минатото, но престанале кога дознале дека нивниот живот не е во склад со Божјите високи мерила. Можеби живееле со некој припадник на спротивниот пол без да се венчани или, пак, биле робови на нечисти навики. Совеста ги измачувала!

Ако ти се наоѓаш во таква ситуација, размисли за зборовите на апостол Петар на ден Пентакост. Кога ги изложил гревовите на своите еврејски земјаци, ‚тие биле прободени в срце‘ (НС). Наместо да се предадат, тие му обрнале внимание на Петровиот совет да се покајат, и постигнале Божја милост (Дела 2:37—41). Ти можеш да го сториш истото! Место да се откажеш од вистината затоа што совеста те мачи, дозволи твојата совест да те поттикне да ‚се покаеш и се обратиш‘ (Дела 3:19). Со одлучност и со напор ти можеш да ги направиш потребните промени за да постигнеш Божја милост.

‚Имај добра совест‘

Сеедно дали штотуку почнуваш да ги учиш Јеховините патишта или, пак, имаш многу години искуство како зрел христијанин, соодветна е Петровата опомена: „Имајте добра совест“ (1. Петрово 3:16). Таа е предност, а не бреме. Школувај ја на тој начин што ќе ги храниш својот ум и срце со мудроста која е содржана во Божјата Реч, Библијата. Внимавај на својата совест кога таа те предупредува. Уживај во внатрешниот душевен мир што може да го донесе послушноста спрема твојата совест.

Како што е познато, школувањето и обликувањето на совеста не е лесна задача. Меѓутоа, ти можеш да му се молиш на Јехова Бог да ти помогне. Со негова помош, ќе бидеш во состојба да му служиш на Бог ‚од добра совест и нелицемерна вера‘ (1. Тимотеј 1:5).

[Фуснота]

a Слободно контактирај со локалното собрание на Јеховините сведоци или пиши им на издавачите на ова списание доколку би бил заинтересиран да имаш бесплатна домашна библиска студија.

[Слика на страница 6]

Читањето и медитирањето за Божјата Реч ни помага да ја школуваме својата совест

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели