ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/8 стр. 8-11
  • Како дошла Библијата до нас — дел еден

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како дошла Библијата до нас — дел еден
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Рано препишување и преведување на Библијата
  • Првите христијански издавачи на книги
  • Латински и старословенски Библии
  • Хебрејската Библија преживува
  • Преведувањето на Библијата наидува на противење
  • Зошто има толку многу Библии?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Хронолошки преглед
    Библијата — која е нејзината порака?
  • Ероним — полемичен пионер во преведувањето на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • „Септуагинтата“ — корисна во минатото и сега
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/8 стр. 8-11

Како дошла Библијата до нас — дел еденa

ВО ЕДЕН мал дуќан, еден печатар и неговите млади чираци ритмички ја опслужуваат нивната преса од дрвена рамка, внимателно ставајќи бели листови хартија врз буквите. Додека ги вадат, го проверуваат отпечатениот текст. На жици затегнати од ѕид до ѕид, ги обесуваат свитканите страници за да се сушат. Ненадејно, жестоко тропање на вратата. Возбуден, печатарот ја отвора вратата и упаѓа банда вооружени војници. Почнуваат да го бараат најосудувачкиот вид илегална литература — Библијата на јазикот на обичните луѓе!

Тие дошле предоцна. Предупреден на опасноста, преведувачот и еден помошник веќе отрчале кон дуќанот, зграбиле нарамници со страници и сега бегаат угоре по реката Рајна. Спасиле барем дел од својата работа.

Преведувачот во овој случај бил Вилијам Тиндејл, кој во 1525 во Келн (Германија) се обидувал да го произведе својот забранет англиски „Нов завет“. Неговото искуство испаднало далеку од уникатно. Во текот на скоро 1.900 години од завршувањето на пишувањето на Библијата, многу мажи и жени рискирале сѐ за да ја преведат и дистрибуираат Божјата Реч. Ние денес сѐ уште извлекуваме корист од нивното дело. Што сториле тие? Како дошле до нас Библиите што сега ги држиме во нашите раце?

Рано препишување и преведување на Библијата

Вистинските Божји слуги секогаш најдлабоко ја почитувале неговата Реч. New Catholic Encyclopedia признава: „Како нивните еврејски претци, раните христијани го ценеле читањето на Светите Книги. Следејќи го примерот на Исус (Мт 4.4; 5.18; Лк 24.44; Јн 5.39), Апостолите уживале запознаеност со С[тариот] З[авет], кое подразбира долготрајно и внимателно читање и проучување, и ги поттикнувале своите ученици на тоа (Рим 15.4; 2 Тм 3.15—17)“.

За таа цел, морало да се изработат примероци на Библијата. Во претхристијански времиња, голем дел од ова дело го вршеле високо професионални ‚вешти препишувачи‘, кои на грешките гледале со ужас (1. Ездра 7:6, 11, 12, НС). Тежнеејќи по перфекција, тие поставиле високо мерило за сите подоцнежни препишувачи на Библијата.

Меѓутоа, во текот на четвртиот век пр. н. е., се појавил еден предизвик. Александар Велики сакал сите луѓе на светот да бидат воспитувани за грчката култура. Неговите освојувања го потврдиле општиот грчки, односно коине, како универзален јазик ширум Средниот Исток. Како последица од тоа, многу Евреи пораснале без никогаш да научат да читаат хебрејски и затоа биле неспособни да го читаат Писмото. Затоа, околу 280 пр. н. е., една група еврејски научници биле собрани во Александрија (Египет) за да ја преведат хебрејската Библија на популарниот коине. Нивниот превод станал познат како Септуагинта, латински назив за „Седумдесет“, кој се однесува на приближниот број преведувачи за кои се верува дека биле вклучени. Таа била завршена околу 150 пр. н. е.

Во времето на Исус, хебрејскиот сѐ уште бил во употреба во Палестина. Сепак, таму, како и во останатиот дел од распространетите провинции од римскиот свет, доминирал коине. Затоа, христијанските писатели на Библијата го користеле овој општ облик на грчкиот за да достигнат колку што е можно повеќе луѓе од нациите. Исто така, тие слободно цитирале од Септуагинтата и користеле многу од неговите термини.

Поради тоа што раните христијани биле ревносни мисионери, тие брзо станале вешти во користењето на Септуагинтата за да докажат дека Исус бил долгоочекуваниот Месија. Ова ги вознемирило Евреите и ги подбуцнало да создадат извесни нови преводи на грчки, наменети да ги лишат христијаните од нивните аргументи, така што ги ревидирале нивните омилени доказни стихови. На пример, во Исаија 7:14, Септуагинтата користи еден грчки збор што значи „девица“, кој пророчки се однесува на мајката на Месијата. Новите преводи употребиле еден поинаков грчки збор, кој значи „млада жена“. Континуираната употреба на Септуагинтата од страна на христијаните на крајот ги навела Евреите сосема да ја отфрлат својата тактика и да унапредуваат враќање кон хебрејскиот. На крајот, оваа постапка се покажала како благослов за подоцнежното преведување на Библијата, бидејќи тоа помогнало да се сочува во живот хебрејскиот јазик.

Првите христијански издавачи на книги

Ревносните рани христијани се зафатиле со произведување колку што е можно повеќе примероци на Библијата, сите препишани на рака. Исто така, предводеле во употребата на кодекс, кој имал страници како некоја современа книга, наместо да продолжат да употребуваат свитоци. Освен што бил позгоден за брзо наоѓање на стиховите, еден кодекс можел да собере повеќе во еден единечен том отколку што можело да се запише во еден единечен свиток — на пример, сите Грчки списи или дури и целата Библија.

Канонот на Христијанските грчки списи бил завршен околу 98 година н. е. со книгите од последниот преживеан апостол — Јован. Постои еден фрагмент на еден примерок од Јовановото евангелие, наречен Рајлендз Папирус 457 (P52), кој датира не подоцна од 125 н. е. Уште во 150 до 170 н. е., Татијан, еден ученик на Јустин Маченик, го произвел Диатесаронот, еден сложен извештај за Исусовиот живот, составен од истите четири евангелија што се наоѓаат во денешниве наши Библии.b Тоа покажало дека тој ги сметал за автентични само тие евангелија и дека тие веќе биле во оптек. Околу 170 н. е. бил создаден најраниот познат каталог на „новозаветни“ книги, наречен Мураториев фрагмент. Тој ги наведува повеќето книги од Христијанските грчки списи.

Ширењето на христијанските верувања наскоро поставило барање за преводи на Христијанските грчки списи, како и на Хебрејските списи. Конечно биле направени бројни верзии на такви јазици како што се ерменски, грузиски, коптски и сириски. Честопати, морало да се измислуваат азбуки само за таа цел. На пример, за Улфила, еден бискуп на Римокатоличката црква од четвртиот век, се вели дека го измислил готското писмо за да ја преведе Библијата. Но, тој ги изоставил книгите Царства бидејќи мислел дека тие би ги поттикнале воените тенденции на Готите. Сепак, оваа постапка не ги спречила „христијанизираните“ Готи да го опљачкаат Рим во 410 н. е.!

Латински и старословенски Библии

Во меѓувреме, латинскиот стекнал важност, па се појавиле неколку старолатински верзии. Но, тие варирале во стилот и точноста. Така, во 382 н. е., папата Дамас му дал налог на својот секретар Ероним да изготви една авторитетна латинска Библија.

Ероним почнал со ревидирање на латинските верзии на Христијанските грчки списи. Меѓутоа, инсистирал Хебрејските списи да ги преведува од оригиналниот хебрејски. Така, во 386 н. е. се преселил во Витлеем за да го проучува хебрејскиот и за да побара помош од некој рабин. Поради ова, предизвикал значителна контроверза во црквените кругови. Некои, вклучувајќи го и Еронимовиот современик Августин, верувале дека Септуагинтата е инспирирана и го обвиниле Ероним дека „преминал кај Евреите“. Пробивајќи се напред, Ероним го завршил своето дело околу 400-тата н. е. Приближувајќи се до изворот на оригиналните јазици и документи и преведувајќи ги нив на живиот јазик од тоа време, Ероним ги испреварил за илјада години современите преведувачки методи. Неговото дело станало познато како Вулгата, односно Општа верзија, кое со векови им користело на луѓето.

Во источниот христијански свет, мнозина сѐ уште можеле да ја читаат Септуагинтата и Христијанските грчки списи. Меѓутоа, јазиците и дијалектите на старословенското, односно словенското семејство, на крајот влегле во општа употреба во источните делови на Европа. Во 863 н. е., двајца браќа кои зборувале грчки, Кирил и Методиј, заминале во Моравија, сега Република Чешка. Почнале да ја преведуваат Библијата на старословенски јазик. За да го сторат тоа, ја измислиле глаголицата која подоцна била истисната од кирилската азбука, наречена според Кирил. Таа била изворот на денешното руско, украинско, српско, бугарско и македонско писмо. Библијата на старословенскиот јазик со генерации им служела на луѓето од тоа подрачје. Сепак, со текот на времето, како што јазиците се менувале, тој станал несфатлив за просечниот човек.

Хебрејската Библија преживува

Во текот на овој период, од отприлика шести до десетти век н. е., една група Евреи, позната како Масорети, развила систематски методи на препишување за да се сочува текстот на Хебрејските списи. Тие отишле дури дотаму што ги броеле сите редови, па дури и секоја поединечна буква, забележувајќи ги варијациите меѓу манускриптите, сето тоа во обидот да се сочува автентичен текст. Нивните напори не биле залудни. Да наведеме еден пример, споредбата помеѓу современиот Масоретски текст со свитоците од Мртво Море, напишани помеѓу 250 пр. н. е. и 50 н. е., не покажува никаква доктринарна промена во период од преку 1.000 години.c

Во Европа, средниот век нашироко бил синоним за мрачниот век. Читањето и учењето биле на ниска точка меѓу населението. Најпосле, дури и свештенството, во најголем дел, станало неспособно да го чита црковниот латински, а честопати не можело да го чита дури ни својот јазик. Исто така, тоа било време кога Евреите во Европа биле набивани во гета. Делумно поради оваа изолираност, знаењето на библискиот хебрејски било сочувано. Меѓутоа, поради предрасуди и недоверба, знаењето на Евреите честопати не било достапно надвор од гетото. Во западна Европа, знаењето на грчкиот исто така било во опаѓање. Ситуацијата понатаму била влошена поради обожавањето на Еронимовата латинска Вулгата од страна на Западната црква. Општо земено, таа била сметана за единствената овластена верзија, иако до крајот на масоретскиот период латинскиот јазик постепено станувал мртов јазик. На тој начин, кога полека почнала да се развива желба да се знае Библијата, била подготвена сцената за еден голем конфликт.

Преведувањето на Библијата наидува на противење

Во 1079, папата Григориј VII го издал првиот од многуте средновековни црквени укази со кои го забранил производството, а понекогаш дури и поседувањето домашни преводи. Тој ја повлекол дозволата мисата да биде водена на старословенски од таа причина што тоа би изискувало делови од Светото писмо да бидат преведени. Сосема спротивно на положбата на раните христијани, тој напишал: „На Семоќниот Бог му [беше] угодно светото писмо на извесни места да биде тајна“. Со ваквата официјална позиција на црквата, поборниците за читање на Библијата сѐ повеќе биле сметани за опасни.

И покрај неповолната клима, препишувањето и преведувањето на Библијата на обичните јазици продолжило. Во Европа, тајно циркулирале верзии на многу јазици. Сиве овие биле рачно препишувани, бидејќи печатењето со подвижни букви не било пронајдено во Европа сѐ до средината на 1400-тите. Но, поради тоа што копиите биле скапи и ограничени на број, просечниот граѓанин можел да се смета себеси за среќен доколку поседува само дел од некоја книга од Библијата или, пак, само неколку страници. Некои учеле напамет огромни делови, па дури и целите Христијански грчки списи!

Меѓутоа, со текот на времето, имало поттикнувања на широки движења за реформа на црквата. Делумно, тие биле мотивирани од обновената свесност за важноста на Божјата Реч во секојдневниот живот. На кој начин овие движења и развитокот на печатењето би влијаеле врз Библијата? И што станало со Вилијам Тиндејл и со неговиот превод, споменат на почетокот? Во идните изданија, оваа фасцинантна приказна ќе ја проследиме сѐ до нашево време.

[Фусноти]

a Деловите 2 и 3 ќе се појават во изданијата од 15 септември, односно 15 октомври.

b Книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc., претставува современ пример за хармонија на четирите евангелија.

c Види Insight on the Scriptures, том 2, страница 315, издаден од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Табела на страници 8 и 9]

Клучни датуми во пренесувањето на Библијата

(Види во публикацијата)

ПРЕД НАШАТА ЕРА (ПР. Н. Е.)

Хебрејските списи завршени о. 443 пр. н. е.

400 пр. н. е.

Александар Велики (умрел 323 пр. н. е.)

300 пр. н. е.

Септуагинтата започната о. 280 пр. н. е.

200 пр. н. е.

100 пр. н. е. Повеќето свитоци од Мртво Море о. 100 пр. н. е. до 68 н. е.

НАШАТА ЕРА (Н. Е.)

Ерусалим уништен 70 н. е.

Грчките списи завршени 98 н. е.

100 н. е.

Рајлендз папирусот на Јован (пред 125 н. е.)

200 н. е.

300 н. е.

400 н. е. Еронимовата латинска Вулгата о. 400 н. е.

500 н. е.

600 н. е.

Подготвен Масоретскиот текст

700 н. е.

800 н. е.

Кирил во Моравија 863 н. е.

900 н. е.

1000 н. е.

Указ против домашна Библија 1079 н. е.

1100 н. е.

1200 н. е.

1300 н. е.

[Слика на страница 9]

Раните христијани го отвориле патот за употребата на кодексот

[Слика на страница 10]

Ероним отишол во Витлеем за да го проучува хебрејскиот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели