ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/10 стр. 10-15
  • Речта Божја истрајува засекогаш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Речта Божја истрајува засекогаш
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кога била соочена со обиди да се потисне
  • Сочувување на Речта од расипување
  • Пораката стигнува ширум Земјината топка
  • Јехова е Бог што комуницира
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Дали Библијата навистина потекнува од Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Зошто има толку многу Библии?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Како Библијата опстанала до ден-денес
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/10 стр. 10-15

Речта Божја истрајува засекогаш

„А словото на нашиот Бог останува вечно“ (ИСАИЈА 40:8).

1. а) Што е мислено овде со „словото на нашиот Бог“? б) На кој начин ветувањата на луѓето се споредуваат со Божјата реч?

ЛУЃЕТО се склони својата доверба да ја ставаат во ветувањата на угледни мажи и жени. Но, без разлика колку пожелни може овие ветувања да им изгледаат на луѓето кои копнеат по подобрување на својата животна ситуација, тие се како цвеќиња што венеат кога ќе се споредат со речта на нашиот Бог (Псалм 145:3, 4). Пред повеќе од 2.700 години, Јехова Бог го инспирирал пророкот Исаија да напише: „Секоја плот е трева, сета убавина нејзина е како полско цвеќе . . . Тревата се суши, цвеќето свенува, а словото на нашиот Бог останува вечно“ (Исаија 40:6, 8). Што претставува тоа „слово“ кое истрајува? Тоа е Божјата изјава во врска со неговата намера. Денес, тоа „слово“ го имаме во пишан облик во Библијата (1. Петрово 1:24, 25).

2. Наспроти кои ставови и постапки Јехова ја исполнил својата реч во врска со древните Израел и Јуда?

2 Луѓето кои живееле во деновите на древниот Израел, ја доживеале вистинитоста на она што го запишал Исаија. Преку своите пророци Јехова претскажал дека, поради тешката неверност спрема него, првин десетплеменското царство Израел а потоа и двоплеменското царство Јуда ќе бидат одведени во егзил (Јеремија 20:4; Амос 5:2, 27). Иако тие ги прогонувале, дури и ги убивале Јеховините пророци, изгореле еден свиток што ја содржел Божјата порака на предупредување и се повикале на Египет за воена помош за да го спречат исполнувањето на пророштвото, Јеховината реч не потфрлила (Јеремија 36:1, 2, 21—24; 37:5—10; Лука 13:34). Понатаму, Божјето ветување дека ќе врати еден покајнички еврејски остаток во нивната земја, имало забележително исполнување (Исаија, поглавје 35).

3. а) Кои ветувања, запишани од Исаија, се од посебен интерес за нас? б) Зошто си уверен дека овие работи навистина ќе се случат?

3 Преку Исаија, Јехова исто така прорекол праведно владетелство над човештвото преку Месијата, избавување од грев и смрт, како и преобразување на Земјата во рај (Исаија 9:6, 7; 11:1—9; 25:6—8; 35:5—7; 65:17—25). Дали и овие работи ќе се исполнат? Без трошка сомневање! „Бог . . . не лаже.“ Тој дал да се запише неговата пророчка реч за наша полза, и се погрижил таа да биде сочувана (Тит 1:2; Римјаните 15:4).

4. Иако оригиналните библиски манускрипти не биле сочувани, како е точно тоа дека Божјата реч е „жива“?

4 Јехова не ги сочувал оригиналните манускрипти на кои неговите древни писари ги запишале тие пророштва. Но, неговото „слово“, неговата објавена намера, се докажала како жива реч. Таа намера незадржливо се движи напред и, додека го прави тоа, се манифестираат внатрешните мисли и мотивации на луѓето чиишто животи се засегнати од неа (Евреите 4:12). Понатаму, историскиот запис покажува дека сочувувањето и преведувањето на самото инспирирано Писмо било преку божествено провидение.

Кога била соочена со обиди да се потисне

5. а) Каков обид направил еден сириски цар за да ги уништи инспирираните Хебрејски списи? б) Зошто не успеал?

5 Во повеќе од една прилика, владетелите настојувале да ги уништат инспирираните списи. Во 168 пр. н. е., сирискиот цар Антиох Епифан (насликан на страница 10) му подигнал олтар на Зевс во храмот што му бил посветен на Јехова. Исто така, ги барал ‚книгите на Законот‘, ги запалил и изјавил дека секој кој поседува такви Писма ќе биде убиен. Без оглед на тоа колку примероци запалил во Ерусалим и во Јудеја, тој не можел сосема да го потисне Писмото. Колониите од Евреи во тоа време биле раштркани во многу земји, а секоја синагога си имала своја збирка свитоци. (Спореди Дела 13:14, 15.)

6. а) Каков жесток напор бил направен за да се уништи Писмото што го користеле раните христијани? б) Каков бил исходот?

6 Во 303 н. е., римскиот император Диоклецијан на сличен начин издал налог христијанските места за состанување да се разорат, а нивните ‚Писма да бидат изгорени во оган‘. Таквото уништување потрајало една деценија. Иако прогонувањето било ужасно, Диоклецијан не успеал да го затре христијанството ниту, пак, Бог им дозволил на застапниците на императорот да ги уништат сите примероци од ниту еден дел од Неговата инспирирана Реч. Но, со својата реакција на дистрибуирањето и проповедањето на Божјата Реч, противниците покажале што имало во нивните срца. Тие се идентификувале како луѓе ослепени од Сатана и дека ја извршуваат неговата волја (Јован 8:44; 1. Јованово 3:10—12).

7. а) Какви обиди биле направени за да се задуши ширењето на библиското спознание во западна Европа? б) Што било постигнато со преведувањето и издавањето на Библијата?

7 Напорите да се задуши ширењето на библиското спознание попримило и други облици. Кога латинскиот изумрел како секојдневен јазик, не паганските владетели туку лицата кои се изјаснувале како христијани — папата Григориј VII (1073—1085) и папата Инокентиј III (1198—1216) — биле тие кои активно се спротивставувале на преведувањето на Библијата на јазиците што ги користел обичниот народ. Во обидот да се згази спротивното мислење против авторитетот на црквата, римокатоличкиот концил во Тулуз (Франција) во 1229 донел одлука според која еден лаик не може да поседува книги од Библијата на обичниот јазик. Инквизицијата била агресивно користена за да ја спроведе одлуката. Сепак, после 400 години инквизиција, љубителите на Божјата Реч ја имале преведено комплетната Библија и ставале во оптек печатени изданија од неа на 20-тина јазици, плус додатни дијалекти, како и големи делови од неа на други 16 јазици.

8. Што се случувало на полето на преведувањето и дистрибуирањето на Библијата во Русија во текот на 19 век?

8 Не била само Римокатоличката црква таа која настојувала да му ја ускрати Библијата на обичниот народ. На почетокот од 19 век, Павски, професор од Богословската академија во Санкт Петерсбург, го превел Евангелието по Матеј од грчки на руски. На руски биле преведени и други книги од Христијанските грчки списи, па така Павски послужил како уредник. Овие биле обемно дистрибуирани сѐ додека, со црквено маневрирање, во 1826 царот не бил наведен да даде Руското библиско друштво да се стави под управа на „Светиот синод“ на Руската православна црква, кој тогаш делотворно ги потиснувал неговите дејствувања. Подоцна, Павски ги превел Хебрејските списи од хебрејски на руски. Отприлика во истото време, Макариос, еден архимандрит на Православната црква, исто така ги превел Хебрејските списи од хебрејски на руски. Обајцата биле казнети поради своите обиди, а нивните преводи биле ставени во црковните архиви. Црквата била решена да ја сочува Библијата на старословенски јазик, кој во тоа време не бил ниту читан ниту разбиран од страна на обичниот народ. Дури кога обидите на народот да добие библиско спознание повеќе не можеле да бидат потиснувани, „Светиот синод“ во 1856 се нафатил со еден свој „синодален“ превод, правејќи го тоа со упатства што биле грижливо измајсторисани за да се осигури употребените изрази да се прилагодат на црковните гледишта. На тој начин, во врска со расејувањето на Божјата Реч настанувала една поделба помеѓу надворешниот изглед на верските водачи и нивниот дух, како што бил откриен преку нивните зборови и постапки (2. Солунјаните 2:3, 4).

Сочувување на Речта од расипување

9. Како некои библиски преведувачи ја покажале својата љубов кон Божјата Реч?

9 Меѓу оние кои го преведувале и препишувале Писмото, имало мажи кои навистина ја љубеле Божјата Реч и кои вложувале сериозни напори за да ја направат достапна секому. Вилијам Тиндејл бил убиен како маченик (во 1536) поради она што го сторил за да ја направи Библијата достапна на англиски. Франтиско де Ентинас бил затворен од католичката инквизиција (после 1544) поради тоа што ги превел и ги објавил Христијанските грчки списи на шпански. По цена на својот живот, Роберт Морисон (од 1807 до 1818) ја превел Библијата на кинески.

10. Кои примери покажуваат дека имало преведувачи кои биле мотивирани од друго влијание освен од љубов кон Божјата Реч?

10 Меѓутоа, повремено врз работата на преведувачите и препишувачите влијаеле и други размислувања освен љубовта кон Божјата Реч. Разгледај четири примери: 1) Самарјаните изградиле храм на гората Гаризим како соперник на храмот во Ерусалим. Како поддршка на тоа, во самарјанскиот Пентатеух било направено едно вметнување во 2. Мојсеева 20:17. Била додадена заповедта, како дел од Декалогот, на гората Гаризим да се изгради олтар од камен и таму да се принесуваат жртви. 2) Лицето кое прво ја превело книгата Даниил за грчката Септуагинта, си зело слобода во своите преведувања. Додало изјави за кои мислело дека ќе го објаснат или засилат она што било во хебрејскиот текст. Испуштило детали за кои мислело дека ќе бидат неприфатливи за читателите. Кога го преведувало пророштвото во врска со времето на појавувањето на Месијата, што се наоѓа во Даниил 9:24—27, го фалсификувало наведениот временски период и додало, изменило и преместило зборови, очигледно со намера да го направи пророштвото да изгледа дека ја поддржува борбата на Макабејците. 3) Во четвртиот век н. е., во една латинска студија, некој претерано ревносен поборник на тринитаријанизмот очигледно ги вклучил зборовите „на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Троица се едно“, како да се цитат од 1. Јованово 5:7. Подоцна, тој пасус бил ставен директно во текстот на еден латински библиски манускрипт. 4) Луј XIII (1610—1643), во Франција, го овластил Жак Корбен да ја преведе Библијата на француски, како противтежа на обидите на протестантите. Со таа цел на ум, Корбен вклучил некои текстуални вметнувања, вклучувајќи и осврнување на „светата жртва на мисата“ во Дела 13:2.

11. а) На кој начин Божјата Реч истрајала и покрај нечесноста на некои преведувачи? б) Колкав древен манускриптски доказ постои за да го докаже она што Библијата првобитно го рекла? (Види ја рамката.)

11 Јехова не го спречил таквото мешање во неговата Реч ниту, пак, тоа ја променило неговата намера. Какви последици имало тоа? Додавањето осврнувања на гората Гаризим не предизвикало самарјанската религија да стане Божје посредништво за благослов на човештвото. Напротив, тоа дало доказ дека, иако самарјанската религија тврдела дека верува во Пентатеухот, на неа не можела да се смета дека поучува за вистината (Јован 4:20—24). Искривувањето на начинот на изразување во Септуагинтата не го спречило Месијата да дојде во времето што било проречено преку пророкот Даниил. Понатаму, иако Септуагинтата била во употреба во првиот век, Евреите очигледно биле навикнати да го слушаат читањето на Писмото на хебрејски во своите синагоги. Како резултат од тоа, ‚луѓето чекале‘ кога се приближило времето за исполнување на пророштвото (Лука 3:15). Во врска со вметнувањата во 1. Јованово 5:7 заради поддршка на тројството, како и во Дела 13:2 за оправдување на мисата, тие не го смениле она што е вистина. А со текот на времето, измамниците биле потполно разоткриени. Огромниот резервоар со манускрипти на Библијата на оригинален јазик дава можност за проверка на полноважноста на кој и да е превод.

12. а) Какви сериозни промени направиле некои преведувачи на Библијата? б) Колку далекосежни биле тие?

12 Другите обиди да се промени Писмото вклучувале повеќе отколку само преиначување на значењето на неколку стиха. Овие сочинувале напад врз идентитетот на самиот вистинит Бог. Самата природа и обемот на промените дале јасен доказ за влијанието од еден извор кој е помоќен од кој и да е индивидуален човек или човечка организација — да, влијанието на Јеховиниот најголем непријател, Сатана Ѓаволот. Попуштајќи на тоа влијание, преведувачите и препишувачите — некои желно, други колебливо — почнале да го отстрануваат Божјето лично име, Јехова, од неговата инспирирана Реч на илјадниците места каде што тоа се појавувало. Уште рано, некои преводи од хебрејски на грчки, латински, германски, англиски, италијански и холандски, меѓу другите, сосема го испуштиле божественото име или го задржале само на неколку места. Исто така, тоа било извадено и од примероците на Христијанските грчки списи.

13. Зошто широко распространетиот обид да се измени Библијата не резултирал со бришење на Божјето име од човечкото сеќавање?

13 Па сепак, тоа славно име не било избришано од човечкото сеќавање. Преводите на Хебрејските списи на шпански, португалски, германски, англиски, француски и многу други, чесно го вклучувале Божјето лично име. До 16 век, личното име на Бог повторно почнало да се појавува и во различни хебрејски преводи на Христијанските грчки списи; до 18 век, на германски; до 19 век, на хрватски и на англиски. Иако луѓето можеби се обидувале да го истиснат Божјето име в ќош, кога ќе пристигне „Јеховиниот ден“, тогаш, како што изјавува Бог, ‚нациите ќе мораат да знаат дека јас сум Јехова‘. Таа објавена намера на Бог нема да потфрли (2. Петрово 3:10, НС; Језекиил 38:23, НС; Исаија 11:9; 55:11).

Пораката стигнува ширум Земјината топка

14. а) На колку европски јазици била отпечатена Библијата до 20 век, и со каков ефект? б) На колку јазици од Африка била достапна Библијата до крајот на 1914?

14 До самнувањето на 20 век, Библијата веќе се печатела на 94 европски јазици. Таа ги предупредила Библиските студенти во тој дел од светот на фактот дека со крајот на Времињата на не⁠-​Евреите во 1914 ќе дојдат настаните кои ќе го потресат светот, и тие навистина дошле! (Лука 21:24). Пред да заврши епохалната 1914 година, Библијата — или целата или некои нејзини книги — била издадена на 157 јазици од Африка, покрај широко употребуваниот англиски, француски и португалски јазик. На тој начин, бил поставен темелот за поучување на понизните лица од многуте племиња и национални групи кои живееле таму за духовно ослободувачките библиски вистини.

15. Кога почнале последните денови, до кој обем Библијата била достапна на јазиците на луѓето во Америките?

15 Додека светот навлегувал во проречените последни денови, Библијата била нашироко достапна во Америките. Имигрантите од Европа ја донесувале со себе на сите нивни разновидни јазици. Во тек била една обемна програма за библиско образование, со предавања за јавност и интензивно дистрибуирање на библиска литература, издадена од Меѓународните библиски студенти, како што тогаш биле познати Јеховините сведоци. Освен тоа, печатењето на Библијата од страна на библиските друштва веќе се извршувало на 57 други јазици за да се пополнат потребите на домородечките жители на Западната хемисфера.

16, 17. а) До кој обем Библијата станала достапна кога дошло времето за глобално проповедање? б) Како Библијата навистина се докажала како истрајна и многу влијателна книга?

16 Кога дошло времето за глобално проповедање на добрата вест пред ‚да дојде крајот‘, Библијата не била нешто ново за Азија и за островите на Пацификот (Матеј 24:14). Таа веќе се издава на 232 јазика, карактеристични за тој дел од Земјината топка. Некои биле комплетни Библии; голем број биле преводи на Христијанските грчки списи; трети, пак, биле една единечна книга од Светото писмо.

17 Јасно е дека Библијата не истрајувала како обичен музејски експонат. Од сите книги што постојат, таа била најпреведуваната и најобемно дистрибуираната книга. Доследно на тој доказ за божествена наклоност, она што било запишано во таа книга се исполнувало. Нејзините учења, како и духот што стои зад неа, исто така имале трајно дејство врз животите на луѓето во многу земји (1. Петрово 1:24, 25). Но, требало да дојде уште — многу повеќе.

Дали се сеќаваш?

◻ Што е „словото на нашиот Бог“ кое истрајува засекогаш?

◻ Какви обиди биле правени за да се потисне Библијата, и со какви резултати?

◻ На кој начин бил сочуван интегритетот на Библијата?

◻ На кој начин Божјата изјава за намерата се докажала како жива реч?

[Рамка на страница 12]

Дали навистина знаеме што рекла Библијата првобитно?

Околу 6.000 рачно пишувани хебрејски манускрипти сведочат за содржината на Хебрејските списи. Неколку од нив датираат од претхристијанската ера. Најмалку 19 постоечки манускрипти од комплетните Хебрејски списи датираат од периодот пред пронаоѓањето на печатењето со подвижни букви. Освен тоа, од истиот тој период постојат преводи кои биле направени на 28 други јазици.

За Христијанските грчки списи каталогизирани се околу 5.000 манускрипти на грчки. Еден од нив е датиран пред 125 н. е., значи само неколку години после времето на оригиналното пишување. А за некои фрагменти се мисли дека датираат значително порано. За 22 од 27-те инспирирани книги, постојат од 10 до 19 комплетни унцијални манускрипти. Најмалиот број комплетни унцијални манускрипти за која и да е од книгите во овој дел од Библијата е три — за Откровението. Еден манускрипт на комплетните Христијански грчки списи датира од четвртиот век н. е.

Ниедна друга древна литература не е потврдена со таква поплава од древни документарни докази.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели