ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/11 стр. 5-7
  • Еден праведен свет не е сон!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еден праведен свет не е сон!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто човекот потфрлил?
  • Праведниот свет реалност — како?
  • Живот во еден праведен свет
  • Јехова ја сака правдата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • „Има ли кај Бог неправда?“
    Приближи му се на Јехова
  • „Сите негови патишта се правда“
    Приближи му се на Јехова
  • Кога повеќе нема да има грев
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/11 стр. 5-7

Еден праведен свет не е сон!

„ПРАВДАТА е големиот човеков интерес на Земјата“ — забележал американскиот државник Даниел Вебстер. А Библијата наведува: „Господ ја сака правдата“ (Псалм 36:28). Направена според Божја сличност, првата човечка двојка имала побожни својства, вклучувајќи и чувство за правда (1. Мојсеева 1:26, 27).

Писмото исто така зборува за ‚незнабошците кои, немајќи Закон, сами од себе вршат сѐ по законот‘. На тој начин, тие покажуваат дека ‚делото на Законот е напишано во нивните срца, бидејќи нивната совест им сведочи за тоа, и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат‘ (Римјаните 2:14, 15). Да, луѓето се обдарени со способноста совест — едно внатрешно чувство за исправно и погрешно. Јасно, потребата од правда му е вродена на човекот.

Тесно поврзана со потребата од правда е човековата потрага по среќа, бидејќи Псалм 106:3 (НС) изјавува: „Среќни се оние кои ја држат правдата, вршејќи праведност сето време“. Па тогаш, зошто човекот не бил способен да постигне еден праведен свет?

Зошто човекот потфрлил?

Една основна причина за неуспехот да се постигне праведен свет е мааната што сме ја наследиле од нашите прародители, Адам и Ева. Библијата објаснува: „Гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот — смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија“ (Римјаните 5:12). Мааната е гревот. Иако создадени безгрешни, Адам и Ева одлучиле да се побунат против Бог и така себеси се направиле грешници (1. Мојсеева 2:16, 17; 3:1—6). Поради ова, тие им оставиле на своите деца наследство од грешни, неисправни склоности.

Зарем таквите обележја на личноста, како алчност и предрасуда, не се последици на грешните склоности? И зарем овие обележја не придонесуваат за неправдите во светот? Па, алчноста е во коренот на намерната злоупотреба на околината и на економското угнетување! Зад етничката кавга и расните неправди секако стои предрасудата. Таквите обележја исто така ги наведуваат луѓето да пљачкаат, да мамат и да постапуваат на начин кој им штети на другите.

Дури и напорите од најдобри мотиви да се спроведува правда и да се прави добро, честопати не успеваат поради нашите грешни склоности. Самиот апостол Павле признал: „Не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам“. Понатаму тој ја објаснува борбата, велејќи: „Со својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји, но во органите свои гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме прави заробеник на гревовниот закон, кој е во моите органи“ (Римјаните 7:19—23). Веројатно, ние денес го имаме истиот конфликт. Ете, затоа неправдите се случуваат толку често.

Човечкиот начин на владеење исто така придонел за неправдата во светот. Во секоја земја постојат закони, како и оние кои ги спроведуваат. И секако, постојат судии и судови. Се разбира, некои принципиелни луѓе се обидувале да ги поддржат човековите права и да се погрижат да има еднаква правда за сите. Сепак, повеќето од нивните напори потфрлиле. Зошто? Резимирајќи ги различните фактори што се вклучени во нивното потфрлување, Јеремија 10:23 истакнува: „Знам, Господи, дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои“. Отуѓен од Бог, човекот едноставно е неспособен да воспостави еден праведен и правдољубив свет (Изреки 14:12; Проповедник 8:9).

Една голема бариера за човековиот напор да изгради праведен свет е Сатана Ѓаволот. Библијата јасно наведува дека бунтовниот ангел Сатана е првобитниот „човекоубиец“ и „лажец“, и дека „целиот свет лежи во власта на злобниот“ (Јован 8:44; 1. Јованово 5:19, НС). Апостол Павле го идентификува како „богот од овој свет“ (2. Коринтјаните 4:3, 4). Поради тоа што е мразител на праведноста, Сатана прави сѐ што е можно за да унапредува злоба. Сѐ додека тој го контролира светот, неправдите од сите видови и лелеците кои резултираат од нив, ќе го поробуваат човештвото.

Дали сево ова значи дека неправдата е неизбежна во човечкото општество? Дали еден праведен свет претставува невозможен сон?

Праведниот свет реалност — како?

За надежта во еден праведен свет да стане реалност, човештвото мора да се обрати кон некој извор кој може да ги избрише причините за неправдата. Но, кој може да го искорени гревот и да го елиминира Сатана и неговото владетелство? Јасно, ниеден човек ниту, пак, некое човечко застапништво може да исполни една таква тешка задача. Само Јехова Бог може! Во врска со него, Библијата наведува: „Он е тврдина; делата Божји се вистина, а сите патишта Негови се праведни [правда, НС]; Бог е верен и неправда нема (во Него); Он е праведен и вистинит“ (5. Мојсеева 32:4). И бидејќи „ја сака правдата“, Јехова бара човештвото да се радува на животот во еден праведен свет (Псалм 36:28).

Говорејќи за Божјата подготовка да донесе еден праведен свет, апостол Петар напишал: „Ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се настани правда“ (2. Петрово 3:13). Ова „ново небо“ не се нови физички небеса. Бог ги направил нашите физички небеса совршени и тие му донесуваат слава (Псалм 8:3; 18:1, 2). ‚Новото небо‘ претставува ново владетелство над Земјата. Сегашното „небо“ се состои од влади направени од човек. Многу скоро, во Божјата војна Армагедон, овие ќе му отстапат место на ‚новото небо‘ — неговото небесно Царство, односно влада (Откровение 16:14—16). Царот на тоа Царство е Исус Христос. Донесувајќи му траен крај на човечкото владетелство, оваа влада ќе владее до недогледно време (Даниил 2:44).

Тогаш, што претставува ‚новата земја‘? Тоа не е некоја нова планета, бидејќи Бог ја направил Земјата таман за човечко живеење, и негова волја е таа да остане засекогаш (Псалм 103:5). ‚Новата земја‘ се однесува на едно ново општество од луѓе (1. Мојсеева 11:1; Псалм 95:1). ‚Земјата‘ што ќе биде уништена, се состои од луѓе кои се прават себеси дел од овој зол систем на ствари (2. Петрово 3:7). ‚Новата земја‘ која ги заменува, ќе биде составена од вистински слуги на Бог, кои ја мразат злобата и ги љубат праведноста и правдата (Псалм 36:10, 11). На тој начин, Сатановиот свет ќе го нема повеќе.

Но, што го чека Сатана? Апостол Јован претскажал: „[Христос Исус] го фати змевот, древната змија, која што е ѓаволот и сатаната — и го врза за илјада години; потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите“ (Откровение 20:1—3). Влијанието на окованиот Сатана врз човештвото нема да биде ништо поголемо од влијанието на еден затвореник во длабока темница. Колкаво само олеснување ќе биде тоа за човештвото, доаѓајќи како предвесник на еден праведен свет! А на крајот од илјадата години, Сатана ќе биде избришан од постоење (Откровение 20:7—10).

Но, што е со наследениот грев? Јехова веќе го обезбедил темелот за искоренување на гревот. „Синот човечки [Исус Христос] . . . дојде . . . да ја даде душата Своја за откуп на мнозина“ (Матеј 20:28). Зборот „откуп“ ја означува цената што се барала за откупување на заробеници. Исус ја платил цената на својот совршен човечки живот како откупнина за да го избави човештвото (2. Коринтјаните 5:14; 1. Петрово 1:18, 19).

Исусовата откупна жртва може да ни користи уште сега. Со практикување вера во неа, можеме да се радуваме на чиста положба пред Бог (Дела 10:43; 1. Коринтјаните 6:11). Под владеењето на Божјето Царство, откупнината ќе му овозможи на човештвото потполно опоравување од гревот. Последната книга од Библијата опишува како од Божјиот престол истекува една симболична „река со вода на животот“ и долж нејзините брегови се наоѓаат симболични овошни дрвја со лисја „за исцелување на народите“ (Откровение 22:1, 2). Она што Библијата го опишува, ја претставува прекрасната подготовка на Творецот за опоравување на човештвото од гревот на темел на Исусовата откупна жртва. Целосната примена на оваа подготовка ќе го ослободи послушното човештво од грев и смрт.

Живот во еден праведен свет

Помисли само каков ќе биде животот под владеењето на Царството. Криминалот и насилството ќе бидат работи на минатото (Изреки 2:21, 22). Ќе нема повеќе економска неправда (Псалм 36:6; 71:12, 13; Исаија 65:21—23). Сите траги од социјална, расна, племенска и етничка дискриминација ќе бидат избришани (Дела 10:34, 35). Војните и оружјето за војување повеќе нема да ги има (Псалм 45:9). Милиони умрени ќе бидат вратени во живот во еден свет слободен од неправда (Дела 24:15). Секој ќе се радува на совршено и сјајно здравје (Јов 33:25; Откровение 21:3, 4). „Во вистинитоста“ — нѐ уверува Библијата — „[Исус Христос] ќе ја изнесе правдата“ (Исаија 42:3, НС).

Во меѓувреме, може да нѐ снајде неправда, но никогаш да не бидеме неправедни за возврат (Михеј 6:8). Дури и кога мора да поднесеме неправда, да задржиме позитивно гледиште. Ветениот нов свет наскоро ќе стане реалност (2. Тимотеј 3:1—5; 2. Петрово 3:11—13). Семоќниот Бог ја дал својата реч, и таа „ќе се покаже“ (Исаија 55:10, 11, НС). Сега е времето да се подготвиме за животот во тој праведен свет, со тоа што ќе научиме што бара Бог од нас (Јован 17:3, НС; 2. Тимотеј 3:16, 17).

[Слика на страница 7]

Сите траги од неправда ќе бидат избришани во Божјиот ветен нов свет

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели