ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/11 стр. 29-31
  • Онисифор — храбар утешител

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Онисифор — храбар утешител
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Второто Павлово затворање
  • Посетување на затвореникот Павле
  • Што станало со Онисифор?
  • Да бидеме лојални утешители
  • Најди го одговорот на овие прашања
    Програма за Покраинскиот собир за 2024-2025 со претставник на подружницата
  • Не дозволувај ништо да те одвои од Јехова
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Павловите соработници — кои биле тие?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • „Темелно им сведочеше“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/11 стр. 29-31

Онисифор — храбар утешител

„ПОМНЕТЕ ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што страдаат“ (Евреите 13:3). Кога апостол Павле ги напишал овие зборови околу 61 н. е., самиот веќе имал доживеано затворање во повеќе прилики и требало повторно да го стори тоа пред својата смрт како маченик (Дела 16:23, 24; 22:24; 23:35; 24:27; 2. Коринтјаните 6:5; 2. Тимотеј 2:9; Филимон 1). Како сега, и тогаш постоела итност собранијата да се грижат за соверниците кои поднесувале испити на својата вера.

Еден ученик од првиот век, кој бил особено внимателен на таа потреба, бил Онисифор. Тој го посетил Павла за време на неговото второ затворање во Рим. Во врска со него, апостолот напишал: „Господ нека му даде милост на домот на Онисифора, зашто многупати ме успокои и не се посрами од веригите мои; а, кога дојде, во Рим, ме побара со уште поголема грижа и ме најде“ (2. Тимотеј 1:16, 17). Дали некогаш си одвоил време да размислиш што навистина значат овие неколку зборови? Ако сториш така, тоа веројатно ќе го зголеми твоето ценење за Онисифор. Ќе видиш дека тој бил храбар утешител.

Второто Павлово затворање

Откако бил ослободен од неговото прво затворање, Павле повторно бил во римски затвор, но под поинакви околности. Пријателите претходно имале пристап до него во неговата изнајмена куќа, и тој изгледал уверен дека претстои ослободување. Сега кога поголем број го напуштиле, се наѕирало мачеништво (Дела 28:30; 2. Тимотеј 4:6—8, 16; Филимон 22).

Павле бил в затвор во оваа прилика околу 65 н. е. Отприлика една година порано — во јули 64 н. е. — низ Рим профучил пожар, предизвикувајќи обемна штета во 10 од 14 градски региони. Според римскиот историчар Тацит, императорот Нерон не можел да „го протера злокобното верување дека големиот пожар бил резултат на една наредба. Како последица од тоа, за да се куртули од извештајот, Нерон вината ѝ ја прикачил и ѝ ги нанел најжестоките тортури на една класа која била омразена поради своите грозоти, од населението наречена христијани . . . Нивната смрт била придружувана со исмејување од секаков вид. Покриени со кожи од ѕверови, тие биле раскинувани од кучиња и гинеле, или биле приковувани на крстови или, пак, биле осудени на пламењата и спалувани за да служат како ноќно осветление, кога дневната светлост ќе исчезнела“.

Токму во една ваква атмосфера и со слични изгледи Павле се нашол повторно в затвор. Не е ни чудо што бил толку благодарен за посетите од својот пријател Онисифор! Но, да ја погледнеме истата ситуација од гледна точка на Онисифор.

Посетување на затвореникот Павле

Очигледно, семејството на Онисифор живеело во Ефес (2. Тимотеј 1:18; 4:19). Дали Онисифор дошол во главниот град на империјата по своја работа или, пак, нарочно за да го посети Павле, не е наведено. Како и да е, апостолот забележал: ‚Кога дојде во Рим, многупати ме успокои [ми донесуваше освежување, НС]‘ (2. Тимотеј 1:16, 17). Какво освежување? Иако помошта од Онисифор веројатно вклучувала материјална помош, неговата присутност очигледно послужила како тоник за да го зајакне и охрабри Павле. Всушност, некои преводи гласат: „Тој честопати го развеселуваше мојот дух“ или „честопати ме утешуваше“.

Исполнувањето на желбата да се посети некој христијански затвореник во Рим во тоа време претставувало предизвик. За разлика од деновите на Павловото прво затворање, римските христијани очигледно го имале изгубено контактот со него. Во еден голем град како Рим, не било лесна задача да се најде еден не толку познат затвореник меѓу големиот број лица кои сигурно биле во окови од различни престапи. Според тоа, било неопходно марливо трагање. Научникот Џовани Ростањо вака ги опишува работите: „Тешкотиите можеле да бидат од различна природа. Пред сѐ, при барањето била потребна невообичаена претпазливост. Собирањето информации ваму-таму и изгледот на загриженост да се пронајде затворот каде што е држан некаков фанатичен стар затвореник вплеткан во бројни злосторства, можело да предизвика несоодветно сомневање“.

Писателот П. Н. Харисон дава една жива слика на истата ситуација, велејќи: „Изгледа дека фаќаме кратки одблесоци од едно одлучно лице среде раздвиженото мноштво, и го следиме со жив интерес овој странец од далечните брегови на Егејот како се пробива низ лавиринтот од непознати улици, тропајќи на многу врати, следејќи ја секоја трага, предупреден на ризиците што ги презема, но не се откажува од својата потрага; сѐ додека во една зафрлена куќа не го поздрави еден познат глас, и го открива Павла врзан со окови за еден римски војник“. Доколку тоа место било како и останатите римски затвори, веројатно било студено, мрачно и валкано место, каде што изобилуваат окови и мачења од секаков вид.

Да се биде препознаен како пријател на еден затвореник како Павле, било ризична работа. Уште поопасно било да се продолжи да се посетува. Отворено да се идентификуваш себеси како христијанин, значело да ризикуваш апсење и смрт од тортура. Но, Онисифор не бил задоволен да го посети само еднаш или двапати. Ниту се срамел ниту се плашел да го прави тоа „многупати“. Онисифор навистина живеел според значењето на своето име, „Носител на добивка“, обезбедувајќи храбра поддршка полна со љубов, и покрај опасностите.

Зошто Онисифор го правел сево ова? Брајан Рапски забележал: „Затворот не бил само место на физичко страдање туку и место на длабока загриженост за стресовите што тој му ги носел на затвореникот. Во еден таков контекст, физичката присутност и вербалните охрабрувања од помагачите можеле да бидат голем емоционален потстрек за затвореникот“. Онисифор очигледно го увидел тоа и храбро се држел за својот пријател. Колку само Павле сигурно ја ценел таквата помош!

Што станало со Онисифор?

Во своето второ писмо до Тимотеј, Павле испратил поздрави до домаќинството на Онисифор и за него рекол: „Господ нека му даде да најде милост во Него во оној ден“ (2. Тимотеј 1:18; 4:19). Мнозина мислат дека зборовите „во оној ден“ се однесуваат на Божјиот ден на суд и затоа заклучуваат дека Онисифор умрел. Ако тоа било случај, можеби „Онисифор еднаш бил фатен кога ризикувал во овој опасен кварт и ја платил . . . казната со својот живот“ — укажува П. Н. Харисон. Се разбира, Онисифор можеби едноставно бил заминат од дома или, пак, Павле можеби го вклучил во поздравите испратени до целото негово домаќинство.

Некои веруваат дека постои посебно значење во изјавата: „Господ нека му даде да најде милост во Него во оној ден“. Тие мислат дека овие зборови ги оправдуваат посредничките молитви во полза на заминатите души што живеат и можеби страдаат во некое духовно подрачје. Меѓутоа, една таква идеја е во конфликт со библиското учење дека мртвите не се свесни за ништо (Проповедник 9:5, 10). Дури и Онисифор да бил умрен, Павле едноставно изразил една желба неговиот пријател да најде милост кај Бога. „Дозволено ни е таа желба да ја негуваме за сите“ — вели Р. Ф. Хортон. „Но, да се молиме за мртвите и да принесуваме миси за нив, претставува мисла што е далеку од умот [на апостолот].“

Да бидеме лојални утешители

Всушност, без разлика дали Онисифор го загубил својот живот додека му помагал на Павле или не, тој сигурно го ризикувал за да го најде апостолот и да го посети во затворот. И не може да постои сомневање дека Павле многу ги ценел поддршката и охрабрувањето што ги добивал од Онисифор, а кои многу му требале.

Кога сохристијаните доживуваат испит, прогонство или затворање, можеме да бидеме во положба да ги утешиме и охрабриме. Затоа, да се молиме во нивна полза и со љубов да сториме сѐ што можеме за да им помогнеме (Јован 13:35; 1. Солунјаните 5:25). Како Онисифор, да бидеме храбри утешители.

[Слика на страница 31]

Онисифор храбро го утешувал затворениот апостол Павле

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели