ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/1 стр. 23-28
  • Зајакнување на нашата вера во Божјата Реч

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зајакнување на нашата вера во Божјата Реч
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Божјата Реч е вистина — основа на нашата вера
  • Имитирајте го ‚Усовршителот на нашата вера‘
  • Живејте преку верата
  • Покажи дека имаш вера во Јеховините ветувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Дали навистина имаш вера во добрата вест?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Покажувај вера која се темели на вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • „Дај ни уште вера!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/1 стр. 23-28

Зајакнување на нашата вера во Божјата Реч

БИБЛИЈАТА ја прочитале повеќе луѓе од која и да е друга книга. Но, колкумина покажале вера во нејзината порака? Самата Библија објаснува дека „не сите имаат вера“ (2. Солунјаните 3:2). Јасно, ние не се раѓаме со вера. Таа мора да се развие. Дури и оние кои имаат извесна мера на вера, не треба да ја земаат здраво за готово. Верата може да се расипе и да умре. Затоа, потребен е напор за да се остане ‚здрав во верата‘ (Тит 2:2).

Затоа, со добра причина Водечкото тело на Јеховините сведоци ја избра темата „Вера во Божјата Реч“ за нивната серија обласни конгреси во 1997/1998. На тој начин, милиони Сведоци и други имаа предност да се соберат за да ја зајакнат својата вера во Божјата Реч.

Божјата Реч е вистина — основа на нашата вера

Ова беше темата на првиот конгресен ден. Тој започна со зборови на пофалба до сите присутни. Присутноста на конгресот беше доказ за почит кон Библијата. Сепак, беа поставени отрезнувачки прашања во врска со квалитетот на нашата вера: ‚Дали сме кадарни да ги браниме своите верувања, користејќи ја Божјата Реч како авторитет? Дали ја цениме духовната храна, никогаш не земајќи ги здраво за готово Библијата, собраниските состаноци и публикациите темелени на Библијата? Дали растеме во љубовта, точното спознание и во проникливоста?‘ Говорникот ги охрабри сите да слушаат внимателно, забележувајќи дека „овој Обласен конгрес ‚Вера во Божјата Реч‘, е подготвен за да ни помогне детално да се прегледаме себеси и да ја испитаме мерата и квалитетот на верата што ја поседуваме како поединци“.

Клучното предавање беше насловено „Да одиме по вера, а не по гледање“ (2. Коринтјаните 5:7, NW). „Верата на оние кои стануваат Јеховини сведоци не е лековерност“ — рече говорникот. Колку само е вистинито ова! Правата вера не е слепа. Таа се темели на реалности. Евреите 11:1 (NW) вели: „Верата е загарантирано очекување на работи на кои се надеваме, очигледен доказ за стварности, иако не се гледаат“. Говорникот забележа: „Ако сакаме навистина да одиме по вера, потребна ни е вера што е добро втемелена“. Поради тоа што одиме по вера а не по гледање, нам не ни се потребни детали околу тоа како и кога Јехова ќе го исполни секој аспект од својата намера. Она што веќе го знаеме за него, ни дава апсолутна доверба во неговата моќ дека своите ветувања ќе ги исполни на начин полн со љубов и праведно.

Предавањето „Христијански младинци — витален дел од собранието“ ги потсети младите на тоа колку скапоцени се тие за Јехова. Тие беа охрабрени да растат духовно со тоа што ќе се стремат по такви цели како што е читање на целата Библија и исполнување на условите за предание и крштавање. Стремењето по дополнително образование е лична работа за која треба да се одлучи со своите родители, но ако се преземе, намерата секогаш треба да биде да се опреми за да му служи на Бог поделотворно. Световното образование може да служи како корисна цел кога ‚се уверуваме во поважните работи‘ што се поврзани со нашата вера (Филипјаните 1:9, 10, NW).

Потоа следеше еден циклус од три говора на темата „Кон чии мерила се придржуваш?“ Верата во Божјата Реч нѐ мотивира да се придржуваме кон библиските мерила. Христијаните ги слушаат Јеховините закони и начела. На пример, Писмото нѐ опоменува да не користиме вулгарен и навредлив говор (Ефесјаните 4:31, 32). Говорникот додаде: „Кога си изнервиран или иритиран, дали навредливо врескаш на својот брачен другар или на децата?“ Секако, тоа би било нехристијански. Бог има мерила и во врска со нашиот личен изглед. Христијаните треба да се облекуваат во „добро уредена облека, со скромност“ (1. Тимотеј 2:9, 10, NW). Зборот „скромност“ ја содржи мислата за самопочит, чувството за углед, трезвеност и умереност. Ние сме мотивирани од љубов кон другите и водени сме од библиските начела, како и од чувството за тоа што е прикладно.

Следните два говора вклучуваа разгледувања стих по стих на Евреите 3:7—15 и 4:1—16. Овие библиски пасуси нѐ предупредуваат на опасноста од тоа да се биде ‚отврднат преку измамничката моќ на гревот‘ (Евреите 3:13, NW). Како можеме да успееме во нашата борба против гревот? Јехова ни помага преку својата Реч. Навистина, „словото Божјо е живо и дејствува . . . и ги проценува мислите и намерите на срцето“ (Евреите 4:12).

Последниот говор од првиот конгресен ден беше „Книга за сите луѓе“. Тој ја истакна автентичноста, точноста и практичната вредност на Библијата. Колку само беше возбудливо да се чуе говорникот како го најавува излегувањето на една нова брошура од 32 страници, со наслов Книга за сите луѓе! Оваа нова публикација беше подготвена особено за луѓето кои, иако образовани, знаат малку за Библијата. Говорот заклучи со зборовите: „Луѓето треба самите да ја испитаат Божјата Реч. Ние сме уверени дека, ако направат испитување од прва рака, ќе увидат дека оваа единствена книга, Библијата, навистина е книга за сите луѓе!“

Имитирајте го ‚Усовршителот на нашата вера‘

Оваа тема на вториот конгресен ден сврте внимание на Исус Христос, ‚Усовршителот на нашата вера‘. Треба ‚тесно да ги следиме неговите стапки‘ (Евреите 12:2; 1. Петрово 2:21, обата NW). На мнозина во христијанскиот свет им се вели: ‚Верувај во Господ Исус и ќе бидеш спасен!‘ Но, дали тоа е сѐ во врска со верата? Библијата изјавува дека „верата без дела е мртва“ (Јаков 2:26). Затоа, освен да веруваме во Исус, мораме да ги вршиме и делата што тој ги вршел, особено преку проповедање на добрата вест за Божјето Царство.

Претпладневната програма се сосредоточи на евангелизаторското дело. Како Павле, треба да бидеме желни да ја објавуваме добрата вест за спасение (Римјаните 1:14—16). Исус им проповедал на луѓето насекаде. Иако нашата редовна служба од куќа до куќа донесува резултати, сѐ повеќе и повеќе луѓе не се дома кога ги посетуваме (Дела 20:20). Мнозина се в училиште, на пазарење, на работа или на пат. Затоа, треба да проповедаме и на јавните места и секаде каде што можат да се најдат луѓе.

Говорот „Станете вкоренети и стабилизирани во вистината“ нѐ потсети на големиот број нови ученици кои се крштаваат — во просек над 1.000 секој ден! Животоважно е овие нови лица да станат добро вкоренети и стабилизирани во верата (Колосјаните 2:6, 7, NW). Говорникот објасни дека дословните корења апсорбираат вода и хранливи материи, додека во исто време обезбедуваат и подлога или поддршка за растението. На сличен начин, преку добри навики за проучување и здраво друштво, новите ученици можат да станат стабилизирани во вистината.

Овој совет беше особено прикладен за кандидатите за крштавање. Да, на вториот ден од конгресот беа крстени мноштва од нови ученици, следејќи го Исусовиот пример. Говорот „Верата во Божјата Реч води до крштавање“ ги потсети кандидатите дека потполното подронување во вода е соодветен симбол на нивното умирање во поглед на нивниот поранешен себичен животен пат. Нивното кревање од водата го претставува нивното оживување за да ја вршат Божјата волја.

Говорот „Водете тешка борба за верата“ се темелеше на библиската книга Јуда. Бевме охрабрени да ја штитиме нашата вера преку спротивставување на штетните влијанија, како што е неморал, бунтовност и отпадништво. Потоа, родителите — особено татковците — добија посебно внимание во говорот „Погрижи се за своето домаќинство“. Грижењето за духовните, физичките и емоционалните потреби на семејството претставува библиска обврска (1. Тимотеј 5:8). Ова изискува време, комуникација и блискост. На Јехова Бог сигурно му е угодна сета напорна работа што ја вршат христијанските родители за да ги подигнат своите деца во вистината.

Следниот циклус предавања, „Да одиме кон домот на Јехова“, изгради ценење за христијанските состаноци. Тие обезбедуваат одмор од грижите на овој свет. На состаноците имаме прилика за измена на охрабрување и можеме да ја демонстрираме нашата љубов кон нашите соверници (Евреите 10:24, 25). Состаноците исто така ни помагаат да ги изостриме нашите вештини како учители и го продлабочуваат нашето разбирање на Божјата намера (Изреки 27:17). Никогаш да не се изолираме од собранието, и да ги запомниме Исусовите зборови: „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив“ (Матеј 18:20).

Последниот говор од денот беше „Квалитетот на твојата вера — испитан сега“. Верата која не е испитана нема докажана вредност и нејзиниот квалитет останува непознат. Таа е како еден чек што уште не е разменет. Дали навистина вреди колку сумата што се појавува на него? На сличен начин, нашата вера мора да биде испитана за да се докаже дека има срж и вистински квалитет (1. Петрово 1:6, 7). Говорникот рече: „Понекогаш, новинските медиуми и властите се измамени од страна на свештениците и отпадниците да ни прикачат лажни етикети, погрешно прикажувајќи ги нашите христијански верувања и начин на живот . . . Дали ќе им дозволиме на оние кои се заслепени од Сатана да нѐ застрашат и да нѐ обесхрабрат и да се чувствуваме посрамени од добрата вест? Дали ќе дозволиме лагите во врска со вистината да влијаат врз нашата редовна присутност на состаноците и врз нашата проповедничка активност? Или, пак, ќе стоиме цврсто и ќе бидеме храбри и поодлучни од кога и да било порано да продолжиме да ја објавуваме вистината за Јехова и за неговото Царство?“

Живејте преку верата

Темата за третиот конгресен ден се темелеше на Павловите зборови: „А дека преку Законот никој не се оправдува пред Бога, се знае, оти ‚Праведниот ќе живее преку верата‘“ (Галатјаните 3:11). Циклусот „Јоиловите пророчки зборови за нашево време“ беше една од претпладневните врвни точки. Книгата Јоил укажува на нашево време и со чувство на итност вели: „О каков ден! Оти денот Господен е близу; и ќе дојде како запустување од Сесилниот“ (Јоил 1:15). На начин сличен на оној на непопустливите скакулци, помазаните христијани не дозволиле ништо да им застане на патот на објавувањето на Царството во ова време на крајот.

Книгата Јоил исто така дава надеж, велејќи: „Секој кој го повикува името на Јехова, ќе побегне на безбедно“ (Јоил 2:32, NW). Ова значи повеќе отколку само да се употребува Јеховиното име. Потребно е каење од срце, а тоа вклучува да му свртиме грб на престапувањето (Јоил 2:12, 13). Нема време за одолговлекување, затоа што Јехова наскоро ќе изврши осуда над нациите, исто како што извршил над Моав, Амон и планинскиот регион Сеир во деновите на јудејскиот цар Јосафат (2. Летописи 20:1—30; Јоил 3:2, 12).

Сите беа охрабрени од говорот „Покажи вера со тоа што ќе чекаш на Јехова“. Сега, длабоко во времето на крајот, можеме да се осврнеме на исполнувањето на многу Јеховини ветувања, и живо сме заинтересирани за работите што допрва ќе дојдат. Јеховиниот народ мора да продолжи да има стрпливост, сеќавајќи се дека сѐ што ветил Бог ќе се случи (Тит 2:13; 2. Петрово 3:9, 10).

Претпладневната програма заврши со драмата „Задржи едноставно око“. Оваа реалистична драматизација нѐ охрабри да го испитаме својот став во поглед на материјалните тежнеења. Сеедно каде живееме, ако сакаме нашиот живот да биде слободен од тегобна загриженост, мораме да го следиме Исусовиот совет да го задржиме нашето око едноставно, јасно сосредоточено на Божјето Царство (Матеј 6:22).

Јавното предавање го имаше фасцинантниот наслов „Верата и твојата иднина“. Тоа даде доказ за неспособноста на човечките лидери да ги решат проблемите на светот (Јеремија 10:23). Човековата историја продолжува да се повторува — во поголем и поштетен обем. Што мислат Јеховините сведоци за иднината? Ние веруваме дека верното човештво има сјајна иднина под Божјето Царство (Матеј 5:5). Бог ќе ги исполни своите ветувања во полза на сите оние кои имаат вера во неговата Реч, која силно поттикнува: „Барајте го Господа, кога можете да Го најдете; викајте Го додека е близу“ (Исаија 55:6).

Исус покренал едно витално прашање во врска со нашево време. Тој прашал: „Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“ (Лука 18:8). Последниот говор ја повтори конгресната програма и покажа како таа даде огромен доказ дека верата во Божјата Реч постои, иако живееме во безверен и секуларизиран свет.

Сепак, можеме како поединци да се запрашаме: ‚Дали сум јас меѓу оние со непоколеблива вера во Бог и во неговата Реч?‘ Обласниот конгрес „Вера во Божјата Реч“ треба да ни помогне да одговориме со „да“ на тоа прашање. И колку само сме му благодарни на Јехова што ја зајакнува нашата вера во него и во неговата вдахновена Реч, Библијата!

[Слики на страница 24]

Многу доброволци весело работеа за да сместат илјадници делегати

[Слики на страница 25]

Л. А. Свингл од Водечкото тело ја објавува новата брошура

[Слика на страница 25]

Огромни стадиони како овој беа употребени ширум светот

[Слика на страница 26]

Мнозина беа крстени како симбол на нивното предание на Јехова

[Слики на страница 27]

Конгресните делегати радосно ги пееја песните на Царството. Вметнато: драмата „Задржи едноставно око“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели