ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/2 стр. 29-31
  • Дали тоа е пофалба или ласкање?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали тоа е пофалба или ласкање?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дефинирање на пофалбата и ласкањето
  • Библиското гледиште
  • Ласкањето — стапица
  • Заштита од ласкањето
  • Пофалба таму каде што е заслужена
  • Славен е Јехова Бог!
    Пејте му на Јехова
  • Славен е Јехова Бог
    Пеј му од срце на Јехова
  • Како да ги пофалуваш децата
    Разбудете се! 2015
  • Млади, фалете го Јехова!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/2 стр. 29-31

Дали тоа е пофалба или ласкање?

НЕКОЈ ти вели: „Твојата нова фризура изгледа супер!“ Дали тоа е пофалба или ласкање? „Тој костим супер ти стои!“ Пофалба или ласкање? „Ова е највкусното јадење што некогаш сум го пробал!“ Дали тоа е пофалба или ласкање? Кога ќе добиеме такви комплименти, можеби се прашуваме дали тие се навистина искрени или, пак, се наменети само да ни угодат без да мора говорникот да им верува.

Како можеме да знаеме дали она што едно лице го вели е пофалба или ласкање? Зарем не можеме да го прифатиме како такво она што е речено и да уживаме во задоволството што ни го дава тоа? Како е кога ние им даваме пофалба на другите? Дали некогаш сме ги испитале своите мотиви? Размислувањето за овие прашања може да ни помогне да бидеме проникливи и да го употребуваме својот јазик на начин кој му донесува фалба на Јехова Бог.

Дефинирање на пофалбата и ласкањето

Според Webster’s Dictionary, пофалбата се дефинира како израз на одобрување или фалење, а зборот може да означува и обожавање или оддавање слава. Јасно дека последниве две значења се однесуваат само на пофалбата што му е упатена на Јехова Бог. Ова е составен дел на вистинското обожавање, како што советува вдахновениот псалмист: „Зашто е добро . . . Му прилега похвала“. „Сѐ што дише — нека Го фали Господа!“ (Псалм 146:1; 150:6).

Меѓутоа, ова не значи дека не може да им се даде пофалба на луѓето. Таа може да се даде во смисла на пофалување, одобрување или поволно мнение. Во една парабола што ја дал Исус, еден господар на својот слуга му вели: „Убаво, добри и верни слуго!“ (Матеј 25:21).

Од друга страна, ласкањето се дефинира како лажна, неискрена или претерана пофалба, каде што ласкавецот обично има мотиви на себичност. Се дава лукава пофалба или претерано восхитување за да се постигне наклоност или материјални користи од некој друг или, пак, за да се создаде чувство на обврска спрема ласкавецот. Значи, ласкавците се мотивирани од себичност. Според Јуда 16, тие се „спремни за ласкање на другите луѓе кога ќе видат некаква корист во тоа“ (The Jerusalem Bible).

Библиското гледиште

Какво е библиското гледиште за пофалувањето на другите луѓе? Јехова ни дава пример за следење во овој поглед. Во Библијата ни е речено дека ќе бидеме пофалени ако ја вршиме Јеховината волја. Апостол Павле вели дека „пофалбата на секого ќе му биде од Бога“. Петар ни кажува дека испитаниот квалитет на нашата вера ‚ќе излезе за пофалба‘. Според тоа, фактот дека Јехова ќе ги пофали луѓето, ни покажува дека давањето искрена пофалба претставува љубезен и корисен чин полн со љубов што не треба да се превиди (1. Коринтјаните 4:5; 1. Петрово 1:7).

Според Библијата, еден друг извор од кој може да ни дојде пофалба се државните власти кои го набљудуваат нашето добро однесување и чесно нѐ пофалуваат. „Прави добри дела“ — речено ни е — „па ќе добиеш и пофалба од неа“ (Римјаните 13:3). Исто така, можеме да добиеме пофалба и од луѓето кои искрено веруваат во она што го велат и кои немаат скриени мотиви кога нѐ пофалуваат. Вдахновеното Писмо во Изреки 27:2 вели: „Нека те фали друг, а не устата твоја“. Ова покажува дека е исправно да се прифати пофалба од луѓето.

Со давањето или примањето ласкање не е така. Зошто ласкавиот говор му е толку неугоден на Јехова? Како прво, тоа е неискрено, а Јехова ја осудува неискреноста. (Спореди Изреки 23:6, 7.) Понатаму, тоа не е чесно. Опишувајќи ги луѓето кои го заслужуваат Божјето неодобрување, псалмистот вели: „Сѐ што прават тие е да се лажат еден со друг, ласкави усни, говор од двојно срце. Нека Јахве ја одреже секоја ласкава усна“ (Псалм 12:2, 3, JB).

Над сѐ, ласкањето е без љубов. Тоа е мотивирано од себичност. Откако зборува за ласкавците, псалмистот Давид ги цитира како велат: „Со нашиот јазик ќе надвладееме. Нашите усни се со нас. Кој ќе ни биде господар?“ Таквите себични лица Јехова ги опишува како ‚ограбувачи на измачените‘. Нивните ласкави јазици се употребени не за да ги изградат другите, туку за да ги ограбат и измачат (Псалм 12:4, 5, NW).

Ласкањето — стапица

„Човек кој му ласка на пријателот, поставува стапица за нозете негови.“ Така вели мудриот цар Соломон, и колку само тоа е точно! (Изреки 29:5). Фарисеите се обидувале да му постават на Исус клопка со ласкање. Рекле: „Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се боиш ни од кого, зашто не гледаш кој е кој“. Колку само освојувачки звучело тоа! Но, Исус не бил заведен од нивниот измазнет говор. Знаел дека тие не веруваат во неговото вистинито учење, туку само се обидуваат да го фатат во стапица во неговиот говор по прашањето за плаќањето данок на цезарот (Матеј 22:15—22).

Во остар контраст со Исус бил цар Ирод од првиот век. Кога држел еден јавен говор во градот Ќесарија, луѓето одговориле: „Ова е глас Божји, а не човечки“. Наместо да ги укори луѓето поради таквата блатантна, лажна пофалба, Ирод го прифатил ласкањето. Јеховиниот ангел донел брза казна кога Ирод бил удрен со една навала од црви што довела до негова смрт (Дела 12:21—23).

Еден зрел христијанин ќе биде буден да го препознае ласкањето онакво какво што е. Собраниските старешини треба да бидат особено претпазливи кога некој, кој е вклучен во некоја правна работа, изобилува со восхитување, можеби дури до таа мера што споредува еден старешина со друг и вели колку пољубезен и посочувствителен е тој со кого зборува.

Библијата јасно покажува и една друга стапица што може да ја постави ласкањето, кога опишува како една заводничка намамува еден младич на неморал (Изреки 7:5, 21). Ова предупредување одговара на денешнава ситуација. Меѓу оние кои секоја година се исклучувани од христијанското собрание, мнозина се отстранети поради неморално однесување. Дали можел еден таков пад во тежок грев да започне со ласкање? Поради тоа што луѓето толку многу се желни за комплименти и да се зборува добро за нив, измазнетиот говор од ласкавите усни може да ја намали отпорноста на еден христијанин на неисправно однесување. Ако не се чуваме, тоа може да доведе до сериозни последици.

Заштита од ласкањето

Ласкањето ѝ угодува на себељубивоста или самобендисаноста на оној на кого му се ласка. Тоа е склоно на лицето да му даде надуено гледиште за неговата сопствена вредност, правејќи го на некој начин да се чувствува понадмоќно од другите. Филозофот Франсоа де ла Рошфуко ласкањето го споредил со фалсификувани пари „кои имаат некаква вредност само поради нашата суета“. Значи, патот да се чуваме себеси е да обрнеме внимание на реалистичната опомена од апостол Павле: „На секого од вас му кажувам да не мисли повеќе, отколку што треба да мисли; туку мислете скромно според делот на верата, што Бог на секого му го одмерил“ (Римјаните 12:3).

Иако нашата природна склоност е да сакаме да го чуеме она што им е угодно на нашите уши, сепак она што навистина најчесто ни е потребно се совет и стега темелени на Библијата (Изреки 16:25). Царот Ахав сакал да го чуе само она што му било угодно; неговите слуги дури побарале од пророкот Михеј да дозволи неговиот збор да стане како ‚зборот на секој од нив [Ахавовите ласкави пророци]; и тој да искаже добро‘ (3. Царства 22:13). Да бил Ахав спремен да го слуша отворениот говор и да ги промени своите бунтовни патишта, можел да ги спречи ужасните борбени загуби за Израел, како и својата сопствена смрт. Заради наше духовно добро, треба да бидеме брзи да се оѕвиеме на цврстиот, а сепак полн со љубов совет од наименуваните христијански старешини, кои сакаат да ни помогнат да останеме на правата патека на вистината наместо да бараме луѓе кои ќе ни кажуваат колку сме прекрасни, скокоткајќи ни ги ушите со ласкав говор! (Спореди 2. Тимотеј 4:3, NW.)

Христијаните нема никогаш, од која и да е причина, да сакаат да прибегнат кон ласкање. Како верниот Елијуј, тие одлучно се молат: „Не давај ми да бидам пристрасен спрема никого, ниту да му ласкам на кој и да е човек; зашто, не знам да ласкам, инаку мојот Создател брзо би ме отстранил“. Затоа, како Павле, тие би биле способни да речат: „Никогаш со примамливи зборови не се однесовме кон вас . . . ниту со помисли за корист“ (Јов 32:21, 22, An American Translation; 1. Солунјаните 2:5, 6).

Пофалба таму каде што е заслужена

Вдахновената изрека покажува дека пофалбата може да делува како критериум, велејќи: „Топилницата е за сребро и печката за злато, а пофалбата е испит на карактерот“ (Изреки 27:21, The New English Bible). Да, пофалбата може да потхранува чувства на надмоќност или гордост, доведувајќи до пад на едно лице. Од друга страна, таа може да ја открие неговата скромност и понизност ако тој ја признава својата задолженост кон Јехова поради сѐ она што го сторил и што му донело пофалба.

Искрената пофалба за достоинствено однесување или постигнувања ги изградува и дарителот и примателот. Таа придонесува за срдечно и здраво меѓусебно ценење. Таа охрабрува на тежнеење по пофални цели. Заслужената пофалба до младите може да ги поттикне да сакаат да работат уште понапорно. Таа може да помогне да се обликува нивниот карактер додека се стремат да живеат според мерилата што се очекуваат од нив.

Затоа, да избегнуваме ласкање — сеедно дали го даваме или го примаме. Да бидеме понизни кога примаме пофалба. И да бидеме дарежливи и со сета душа кога даваме пофалба — редовно до Јехова во нашето обожавање и искрено до другите во вид на здрава пофалба и ценење, имајќи на ум дека „збор во право време, о колку е добар!“ (Изреки 15:23, NW).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели