ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/2 стр. 3-4
  • Зошто да се биде благодарен?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да се биде благодарен?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Варди се од неблагодарност
  • „Бидете благодарни“
  • Негувај го духот на благодарност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • „Бидете благодарни“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Ќе ја искористиш ли можноста?
    Нашата служба за Царството 2014
  • Благодарност
    Разбудете се! 2016
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/2 стр. 3-4

Зошто да се биде благодарен?

ОПЕРАЦИЈАТА на ’рбетот го присилила Харли да ја промени својата кариера од машинист на канцелариски службеник. Кога бил запрашан како се чувствува во врска со оваа промена, Харли рекол: „Ми недостига работењето со машинеријата. Но, да бидам чесен, посреќен сум со мојава сегашна работа отколку со претходната“.

Наведувајќи една причина за своето задоволство, Харли раскажува: „Се работи за ставот на луѓето со кои работам. За разлика од оние на моето претходно работно место, мојот сегашен контролор и соработниците го ценат она што го правам, и не се воздржуваат да дадат пофалба. Тоа направи една голема промена“. Чувствувајќи се корисен и потребен, Харли сега е среќен работник.

Зборовите на пофалба или на благодарност, кога се заслужени, навистина го греат срцето. Ефектот од неблагодарноста, од друга страна, може да биде исто толку студен како што забележал и Шекспир: „Дувај, дувај, зимски ветерко, ти не си толку нељубезен како неблагодарноста на луѓето“. За жал, мнозина се приматели на таква нељубезност.

Варди се од неблагодарност

Во денешниов свет, искрените изрази на благодарност се во исчезнување. На пример, еден писател го поставил прашањето: „Ако невестата нашла време да адресира 200 покани за свадба, зошто не можела да најде време да напише благодарници за 163 подарока?“ Честопати, дури и едноставниот збор „благодарам“ останува некажан. Благодарноста сѐ повеќе се заменува со ставот првин јас. Ситуацијава е едно од обележјата за распознавање на последните денови. Апостол Павле предупредил: „Морате да сфатите дека во последните денови времињата ќе бидат полни со опасност. Луѓето ќе станат сосема егоцентрични . . . Сосема ќе им недостига благодарност“ (2. Тимотеј 3:1, 2, Phillips).

Во други случаи, благодарноста се заменува со ласкање. Изразите на благодарност се даваат од срце без помисла за себична добивка. Меѓутоа, ласкањето, обично неискрено и претерано, може да потекнува од задниот мотив да се добие унапредување или да се постигнат извесни лични користи (Јуда 16). Освен што го мами примателот, таквиот измазнет говор тежнее да биде плод на гордоста и надуеноста. Според тоа, кој би сакал да биде жртва на неискрено ласкање? Но, искрената благодарност навистина е освежувачка.

Лицето кое изразува благодарност, извлекува корист од тоа. Топлината што ја доживува поради тоа што е благодарен во душа, придонесува за неговата среќа и мир. (Спореди Изреки 15:13, 15.) И бидејќи е позитивна особина, благодарноста го штити од такви негативни чувства како што се лутина, љубомора и огорченост.

„Бидете благодарни“

Библијата силно нѐ поттикнува да негуваме дух на благодарност. Павле напишал: „Благодарете за сѐ, оти таква е волјата Божја во Христа Исуса спрема вас!“ (1. Солунјаните 5:18). А Павле ги советувал колосјаните: „Мир Божји да владее во срцата ваши . . . и бидете благодарни“ (Колосјаните 3:15). Бројни Псалми содржат изрази на благодарност, кои покажуваат дека срдечната благодарност е побожна доблест (Псалм 27:4; 75:1, обата NW). Јасно дека на Јехова Бог му е угодно кога покажуваме благодарност во секојдневните работи од животот.

Но, кои фактори во овој неблагодарен свет ни отежнуваат да го негуваме духот на благодарност? Како можеме да покажуваме благодарен став во секојдневниот живот? Овие прашања ќе бидат продискутирани во следната статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели