ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/3 стр. 12-17
  • Преданието и слободата на избор

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Преданието и слободата на избор
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Предание на ‚Богот Израилев‘
  • Предание на „Израилот Божји“
  • Мудро практикување на слободата дадена од Бог
  • Избирање да се биде роб — чиј?
  • Да учиме да извлекуваме корист
  • Тие биле родени во Божјиот избран народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Дали живееш во склад со своето предание?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Да се живее според нашето предание „секој ден“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Зошто да му се заветуваш на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/3 стр. 12-17

Преданието и слободата на избор

„За таква слобода нѐ ослободи Христос“ (ГАЛАТЈАНИТЕ 5:1, NW).

1. На што воглавно се применуваат хебрејските и грчките зборови преведени со „предание“, „инаугурација“ или „посветување“?

БИБЛИСКИТЕ писатели употребиле неколку хебрејски и грчки зборови за да ја пренесат идејата да се биде одвоен, или издвоен, за да се служи за една света цел. Во англиските Библии овие зборови се преведени со зборови како што се: „предание“, „инаугурација“ или „посветување“. Понекогаш, овие термини се употребени во врска со градби — обично со Божјиот храм во древниот Ерусалим и со обожавањето кое се вршело таму. Овие зборови ретко се употребени во врска со световните работи.

Предание на ‚Богот Израилев‘

2. Зошто Јехова со право можел да се нарече „Бог Израилев“?

2 Во 1513 пр. н. е. Бог ги избавил Израелците од египетското ропство. Кратко после тоа, тој ги издвоил како негов посебен народ, земајќи ги во еден заветен однос со себе. Ним им било кажано: „Па сега, ако [строго, NW] го слушате гласот Мој и го пазите заветот мој, ќе ми бидете народ избран [посебна своина, NW] меѓу сите народи, зашто Моја е земјата цела“ (2. Мојсеева 19:5; Псалм 134:4). Со тоа што ги направил Израелците своја посебна своина, Јехова со право можел да биде наречен „Бог Израилев“ (Исус Навин 24:23).

3. Зошто Јехова не покажувал пристрасност избирајќи го Израел како свој народ?

3 Со тоа што ги направил Израелците свој предаден народ, Јехова не бил пристрасен, зашто тој со љубов мислел и на не-Израелците. Својот народ го поучил: „Кога придојден ќе се насели во земјата ваша, не жалостете го; придојдениот меѓу вас нека ви биде исто како тукашен; сакајте го како себеси, затоа што и вие бевте придојдени во Египетската земја. Јас сум Господ, Бог ваш“ (3. Мојсеева 19:33, 34). Со векови подоцна, Божјето гледиште оставило силен впечаток врз апостол Петар, кој признал: „Навистина признавам дека Бог не гледа на лице; туку, кај секој народ оној, кој се бои од Него, и постапува правично, мил Му е“ (Дела 10:34, 35).

4. Кои биле условите за односот меѓу Бог и Израел, и дали Израелците живееле според нив?

4 Исто така, забележи дека самото тоа да се биде Божји предаден народ било условено. Само ако строго го слушале Божјиот глас и го држеле неговиот завет тие би биле негова „посебна своина“. За жал, Израелците пропуштиле да ги исполнат овие барања. Откако го отфрлиле Месијата испратен од Бог во првиот век н. е., тие ја изгубиле својата привилегирана позиција. Јехова повеќе не бил „Бог Израилев“. А природните Израелци повеќе не биле Божји предаден народ. (Спореди Матеј 23:23.)

Предание на „Израилот Божји“

5, 6. а) Што мислел Исус со своите пророчки зборови запишани во Матеј 21:42, 43? б) Кога и како „Израилот Божји“ почнал да постои?

5 Дали ова значело дека сега Јехова требало да биде без предаден народ? Не. Цитирајќи го псалмистот, Исус Христос претскажал: „Зар не сте читале во Книгите: ‚Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: Тоа е од Господа и чудесно е во очите наши.‘ Затоа ви велам дека царството Божјо ќе се земе од вас и ќе се даде на народ, што ги принесува неговите плодови“ (Матеј 21:42, 43).

6 Се докажало дека ‚народот што ги принесува неговите плодови‘ е христијанското собрание. Во текот на својот привремен земен престој, Исус ги избрал неговите први потенцијални членови. Но, на ден Педесетница 33 н. е. самиот Јехова Бог го основал христијанското собрание излевајќи го својот свет дух врз неговите први членови, кои броеле околу 120 (Дела 1:15, 16; 2:1—4). Како што подоцна напишал апостол Петар, тогаш тоа новоформирано собрание станало „род избран, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени [за посебна своина, NW]“. Избрани — од која причина? Тоа што тие требало да ‚ги возвестат совршенствата на Оној, Кој ги повикал од темнината во Својата чудна светлина‘ (1. Петрово 2:9). Сега Христовите следбеници, помазани со Божјиот дух, биле една предадена нација, „Израилот Божји“ (Галатјаните 6:16).

7. Што требало да уживаат членовите на Израилот Божји, и затоа што им било кажано да избегнуваат?

7 Иако членовите на светата нација биле „народ за посебна своина“, тие не требало да бидат поробени. Напротив, тие требало да уживаат поголема слобода отколку онаа што ја поседувала предадената нација — природниот Израел. На потенцијалните членови на таа нова нација, Исус им ветил: „Ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32). Апостол Павле истакнал дека христијаните биле ослободени од барањата на заветот на Законот. Во врска со тоа тој силно ги опоменал соверниците во Галатија: „За таква слобода Исус нѐ ослободил. Затоа, стојте цврсто, и не давајте повторно да бидете затворени во јарем на ропство“ (Галатјаните 5:1, NW).

8. Во кој поглед христијанското уредување им нуди на поединците поголема слобода од онаа што ја доживувале под заветот на Законот?

8 За разлика од природниот Израел од дамнина, до ден денес Израилот Божји строго ги слушал барањата за своето предание. Тоа не би требало да биде изненадувачки бидејќи неговите членови доброволно избираат да слушаат. Додека членовите на природниот Израел станувале предадени заради раѓањето, членовите на Израилот Божји станувале такви преку избор. На тој начин, христијанското уредување било во контраст со еврејскиот завет на Законот, кој наметнувал предание врз поединците, без да им дозволи слобода на избор.

9, 10. а) Како Јеремија покажал дека ќе има промена во поглед на преданието? б) Зошто ти би рекол дека сите предадени христијани денес не се членови на Израилот Божји?

9 Пророкот Јеремија претскажал една промена во врска со преданието, кога напишал: „Еве настапуваат дни, вели Господ, и ќе склучам со домот Израилев и со домот на Јуда нов завет. Не онаков завет, каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за раце, за да ги изведам од Египетската земја; тој Мој завет тие го нарушија, иако останав во сојуз со нив, вели Господ. Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израилев по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон во утробата нивна и ќе го напишам во срцата нивни, па Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ“ (Јеремија 31:31—33).

10 Имајќи го Божјиот закон напишан „во утробата нивна“, така да се каже, „во срцата нивни“, членовите на Израилот Божји се поттикнати да живеат според своето предание. Нивната мотивација е посилна од онаа на природните Израелци, кои биле предадени преку раѓањето, а не преку избор. Денес, силната мотивација да ја вршат Божјата волја, каква што покажал Израилот Божји, ја споделуваат над пет милиони сообожаватели ширум светот. Исто така, тие го предале својот живот на Јехова Бог за да ја вршат неговата волја. Иако тие поединци ја немаат надежта за небесен живот како оние кои го сочинуваат Израилот Божји, тие се радуваат со изглед засекогаш да живеат на Земјата под владата на Божјето небесно Царство. Тие покажуваат ценење кон духовниот Израил со тоа што активно ги поддржуваат малкумината негови преостанати членови во исполнувањето на нивната доделба, да „ги возвестат совршенствата на Оној, Кој ги повикал од темнината во Својата чудна светлина“.

Мудро практикување на слободата дадена од Бог

11. Со каква способност бил создаден човекот, и како би требало да се користи?

11 Бог ги создал луѓето за високо да ја ценат слободата. Тој им дал способност на слободна волја. Првата човечка двојка ја искористила својата слобода на избор. Меѓутоа, таа немудро и без љубов направила избор кој водел до катастрофа, како за неа така и за нејзиното потомство. Сепак, ова јасно покажува дека Јехова никогаш не ги присилува интелигентните суштества да заземат правец кој е спротивен на нивните внатрешни мотиви или желби. И бидејќи „Бог го љуби оној што од срце дава [радосниот дарител, NW]“, единственото предание кое нему му е прифатливо е преданието темелено на љубов, она кое е спремно направено со радост, она кое е темелено на слободата на избор (2. Коринтјаните 9:7). Кој и да било друг вид е неприфатлив.

12, 13. На кој начин Тимотеј служи како образец за исправно воспитување на децата, и кон што неговиот пример водел многу млади луѓе?

12 Во знак на целосно признание на ова барање, Јеховините сведоци го застапуваат преданието на Бог, но тие никогаш не присилуваат некого да изврши такво предание, па дури ни сопствените деца. За разлика од многу цркви, Сведоците не ги крштаваат своите потомци како доенчиња, како да е можно да ги присилат на предание без да го користат личниот избор. Библискиот образец кој треба да се следи е оној кој го следел младичот Тимотеј. Кога бил возрасен, апостол Павле му рекол: „Остани во тоа, што си го научил, и што ти е поверено [во кое си убеден да веруваш, NW], знаејќи од кого си го научил, бидејќи уште како мал [од периодот на доење, NW] ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса“ (2. Тимотеј 3:14, 15).

13 Вредно е да се забележи дека Тимотеј ги знаел светите списи бидејќи бил поучен за нив од периодот на доење. Тој бил убеден — не присилен — да верува во христијанските учења, од страна на мајка му и баба му (2. Тимотеј 1:5). Како резултат на тоа, Тимотеј ја увидел мудроста од тоа да се стане следбеник на Христос и така направил личен избор на христијанско предание. Во современи времиња, десетици илјади млади мажи и жени чии родители се Јеховини сведоци, го следат тој пример (Псалм 110:3, NW). Други, пак, не го следат. Тоа е работа на личен избор.

Избирање да се биде роб — чиј?

14. Што ни кажува Римјаните 6:16 за тоталната слобода?

14 Ниеден човек не е тотално слободен. Секој е ограничен во својата слобода од физичките закони, како што е законот за гравитација, кој не може да биде игнориран без казна. Исто и во духовна смисла, никој не е тотално слободен. Павле резонирал: „Не знаете ли дека, кому му се предавате како робови за послушност, робови сте му на оној, кому му се покорувате: или робови на гревот, за смрт, или — на послушност за оправдание?“ (Римјаните 6:16).

15. а) Што мислат луѓето во врска со тоа да бидат робови, но што на крајот прават повеќето од нив? б) Кои соодветни прашања би можеле да си ги поставиме?

15 Идејата да се биде нечиј роб остава неповолен впечаток кај повеќето луѓе. Сепак, во денешниов свет реалност е дека луѓето честопати дозволуваат да се манипулира со нив и да бидат под влијание на толку многу суптилни начини, што на крајот неволно го прават она што другите сакаат. На пример, рекламната индустрија и светот на забавата настојуваат да ги притиснат луѓето во еден калап, поставувајќи мерила кои треба да ги следат. Политичките и религиозните организации ги наведуваат луѓето да ги поддржуваат нивните идеи и цели, не секогаш преку убедливи аргументи, туку честопати апелирајќи на чувството на солидарност или лојалност. Со оглед на тоа што Павле забележал дека ‚ние сме робови на оној кому му се покоруваме‘, секој од нас прави добро ако се запраша: ‚Чиј роб сум јас? Кој врши најголемо влијание врз моите одлуки и врз мојот начин на живот? Дали религиозното свештенство, политичките водачи, финансиските магнати или личностите од забавата? Кого јас го слушам — Бог или луѓето?‘

16. Во која смисла христијаните се робови на Бог, и кое е исправното гледиште за таквото ропство?

16 Христијаните не гледаат на послушноста кон Бог како на неосновано нарушување на личната слобода. Тие спремно ја применуваат својата слобода на начинот на кој тоа го правел нивниот Пример, Исус Христос, доведувајќи ги личните желби и приоритети во склад со Божјата волја (Јован 5:30; 6:38). Тие развиле „ум Христов“, подложувајќи му се како на Глава на собранието (1. Коринтјаните 2:14—16; Колосјаните 1:15—18). Ова е како жена која се мажи и спремно соработува со човекот кого го љуби. Всушност, за телото на помазани христијани е речено дека е чиста девица која е ветена да стапи во брак со Христос (2. Коринтјаните 11:2; Ефесјаните 5:23, 24; Откровение 19:7, 8).

17. Што избрале да станат сите Јеховини сведоци?

17 Секој Јеховин сведок, без разлика дали има небесна или земна надеж, извршил лично предание на Бог за да ја врши неговата волја и да го слуша како Владетел. За секој Сведок, преданието било личен избор поскоро да стане роб на Бог отколку да остане роб на луѓето. Тоа е во склад со советот на апостол Павле: „Вие сте скапо платени: не станувајте робови на луѓе“ (1. Коринтјаните 7:23).

Да учиме да извлекуваме корист

18. Кога еден потенцијален Сведок се квалификува за крштавање?

18 Пред некое лице да може да се квалификува да стане Јеховин сведок, тоа мора да ги исполни квалификациите од Писмото. Старешините водат сметка при одредувањето дали некој потенцијален Сведок навистина ги разбира импликациите на христијанското предание. Дали навистина сака да биде Јеховин сведок? Дали е спремен да живее според она што го наложува тоа? Ако не, тој не е подобен за крштавање.

19. Зошто не постои причина да се критикува некој кој одлучил да стане предаден слуга на Бог?

19 Меѓутоа, доколку некој поединец ги исполнува сите барања, зошто би требало да биде критикуван заради тоа што доброволно донел лична одлука да дозволи да биде под влијание на Бог и на Неговата инспирирана Реч? Дали е помалку прифатливо некој да дозволи да биде под влијание на Бог отколку на луѓе? Или, дали тоа е од некоја помала корист? Јеховините сведоци не мислат така. Тие со цело срце се сложуваат со Божјите зборови што ги напишал Исаија: „Јас сум Господ, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш“ (Исаија 48:17).

20. Во кои погледи луѓето се ослободени преку библиската вистина?

20 Библиската вистина ги ослободува луѓето од верувањето во лажни религиозни доктрини, како што се вечните маки во огнен пекол (Проповедник 9:5, 10). Наместо тоа, таа ги исполнува нивните срца со благодарност за вистинската надеж за мртвите — воскресението овозможено на темел на откупната жртва на Исус Христос (Матеј 20:28; Дела 24:15; Римјаните 6:23). Библиската вистина ги ослободува луѓето од фрустрациите од ослонувањето на политичките ветувања кои постојано потфрлуваат. Наместо тоа, таа предизвикува нивните срца да се прелеваат од радост знаејќи дека Јеховиното Царство веќе владее на небото и за кратко време ќе владее над целата Земја. Библиската вистина ги ослободува луѓето од практики кои, иако се привлечни за паднатото тело, го обесчестуваат Бог и изискуваат огромен цех во облик на пропаднати односи, болест и прерана смрт. Накусо, да се биде роб на Бог е крајно покорисно отколку да се биде роб на луѓето. Всушност, преданието на Бог ветува користи „во ова време . . . а во идниот век — и живот вечен“ (Марко 10:29, 30).

21. Како Јеховините сведоци гледаат на преданието на Бог, и која е нивната желба?

21 Јеховините сведоци денес не станале дел од некоја предадена нација преку раѓање, како што станувале Израелците од дамнина. Сведоците се дел од едно собрание на предадени христијани. Секој крстен Сведок станал таков со тоа што поединечно ја употребил слободата на избор за да изврши предание. Навистина, за Јеховините сведоци преданието резултира во еден срдечен личен однос со Бог, обележан со спремна служба за него. Тие со цело срце сакаат да го задржат овој радосен однос, засекогаш држејќи се цврсто за слободата за која Исус Христос ги ослободил.

Како би одговорил?

◻ Зошто Бог не бил пристрасен кога го избрал Израел да стане негова „посебна своина“?

◻ Зошто би рекол дека христијанското предание не наметнува губење на слободата?

◻ Кои се користите од преданието на Јехова Бог?

◻ Зошто е подобро да се биде слуга на Јехова отколку роб на луѓето?

[Слика на страница 15]

Во древниот Израел, преданието на Бог било работа на раѓањето

[Слика на страница 16]

Христијанското предание е работа на избор

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели