ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/6 стр. 6-8
  • Земјата — зошто е тука?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Земјата — зошто е тука?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата?
  • Божјата намера прекината, а не променета
  • Дали Земјата ќе биде уништена?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Животот има величествена смисла
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Земен Рај кој наскоро ќе дојде
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Која е Божјата намера со Земјата?
    Што бара Бог од нас?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/6 стр. 6-8

Земјата — зошто е тука?

Постои едно прашање кое треба да го разгледаш: Дали нашата убава планета ја создал интелигентен Творец кој има некоја намера со Земјата и со луѓето на неа? Решавањето на тоа спорно прашање на твое задоволство ќе ти помогне да увидиш што донесува иднината за нашата планета.

МНОГУ научници кои темелно го проучиле универзумот и нашата планета, виделе докази кои укажуваат на постоење на Творец, дека зад тоа стои Бог. Разгледај ги коментарите само на еден од нив:

Во The Mind of God, професор Пол Дејвис пишува: „Постоењето на еден уреден, кохерентен универзум кој содржи стабилни, организирани, комплексни структури, бара закони и околности од многу посебен вид“.

Откако дискутирал за бројни „коинциденции“ кои ги забележале астрофизичарите и други, професор Дејвис додава: „Земени сите заедно, тие обезбедуваат еден импресивен доказ дека животот, онаков каков што го знаеме, многу прецизно зависи од обликот на физичките закони и од некои навидум случајни згоди со вистински вредности кои природата ги избрала за различните маси честички, за степените на сила итн. . . Доволно е ако се каже дека, доколку ние би можеле да глумиме Бог и импулсивно ги избереме вредностите за овие квантитети вртејќи еден сет копчиња, би увиделе дека речиси сите комбинации од копчиња би го направиле универзумот неповолен за живеење. Во некои случаи, се чини дека различните копчиња мораат да се наштимуваат до огромна прецизност за универзумот да биде таков што би цветал живот . . . Фактот што дури и најкревките промени во начинот на кој се поставени работите би можел да го направи универзумот невидлив, сигурно дека е факт од длабоко значење“.

Тоа за многумина значи дека нашата Земја, заедно со остатокот од универзумот, била произведена од еден Творец со намера. Ако тоа е така, треба да откриеме зошто тој, пред сѐ, ја создал Земјата. Исто така, доколку можеме, треба да утврдиме која е неговата намера со Земјата. Во врска со тоа, се појавува една чудна аномалија. И покрај широко распространетата популарност на атеизмот, изненадувачки број луѓе сѐ уште застапува верување во еден интелигентен Творец. Повеќето цркви на христијанскиот свет номинално зборуваат за семоќен Бог и Творец на нашиот универзум. Сепак, ретко некоја од овие религии со доверба и уверување зборува за иднината на Земјата според Божјата намера.

Што вели Библијата?

Логично е да се побара извор на информации кој е нашироко прифатен дека доаѓа од Творецот. Тој извор е Библијата. Една од наједноставните и најјасни изјави во неа во врска со иднината на нашата Земја, се наоѓа во Проповедник 1:4. Читаме: „Род еден си заминува, и род друг доаѓа, а земјата си постои секогаш“. Библијата е отворена во објаснувањето зошто Јехова Бог ја создал Земјата. Исто така, таа покажува дека тој ја поставил токму во исправната положба во универзумот и во однос на нашето Сонце за да се поддржува животот на неа. Семоќниот Бог го инспирирал древниот пророк Исаија да напише: „Зашто вака вели Господ, Кој го создаде небото, Он, Бог, Кој ѝ даде облик на земјата и Кој ја создаде; Он ја зацврсти, не ненадејно ја создаде; Он ја создаде за живеење. Он вели: Јас сум Господ, и нема друг“ (Исаија 45:18).

Но, што е со човековото развивање на средствата за да го уништи сиот живот на Земјата? Во својата неспоредлива мудрост, Бог изјавува дека тој ќе се вмеша пред да може човештвото да го уништи сиот живот на нашава планета. Забележи го ова уверувачко ветување во последната библиска книга, Откровение: „И се разгневија народите, и дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите и да дадеш награда за слугите Твои — на пророците, на светиите и на оние, кои се плашат од името Твое, мали и големи, и да ги погубиш губителите на земјата!“ (Откровение 11:18).

Јехова ни открива која била неговата првобитна намера при создавањето на Земјата, на овој скапоцен камен во вселената, како што ја опишал еден астронаут обиколувајќи ја Земјата. Бог имал намера таа да биде еден глобален рај, удобно населен со луѓе — мажи и жени — сите да живеат во мир и хармонија. Тој уредил постепено да се населува планетата, дозволувајќи ѝ на првата човечка двојка да произведе потомство. На задоволство и за уживање на првата човечка двојка, Јехова довел едно мало парче од Земјата во рајска состојба. Како што би продолжило обновувањето на родот на човечките семејства низ годините и вековите, градината Едем постепено би се проширувала сѐ додека не се исполнела 1. Мојсеева 1:28: ‚Бог им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа“‘.

Додека сега ја гледаме жалосната состојба на Земјата и на нејзините жители, дали тоа значи дека Божјата првобитна намера со Земјата се изјаловила? Или, пак, тој ја сменил својата намера и одлучил — поради своеглавоста на човештвото — да дозволи планетата во потполност да биде руинирана и повторно да започне како што и била? Не, можеме да бидеме сигурни дека ниедна од овие ситуации не е точна. Библијата ни кажува дека што и да намеравал Јехова, тоа на крај мора да се случи, дека што и да одлучува тој, не може да биде спречено од кој и да било поединец или дури и од некој неочекуван развој. Тој нѐ уверува: „Така и Моето слово, што излегува од устата Моја, не се враќа кон Мене празно, туку го исполнува она, што Ми е угодно, и го прави она за што сум го испратил Јас“ (Исаија 55:11).

Божјата намера прекината, а не променета

Поради дезертерството на Адам и Ева и нивното протерување од градината Едем, било очигледно дека Божјата намера за една рајска Земја би била исполнета без нив. Меѓутоа, Јехова на лице место покажал дека некои од нивното потомство ќе го спроведат неговиот првобитен налог. Точно, тоа би барало време, па дури и многу векови, но нема показател колку време би било вклучено во спроведувањето на првобитниот налог дури и ако Адам и Ева продолжеле да живеат во совршенство. Факт е дека до крајот на Илјадагодишното владеење на Христос Исус — малку повеќе од илјада години од сега па натаму — рајските околности од Едем ќе се прошират ширум Земјата и планетата Земја ќе биде населена со мирољубиви и среќни потомци на првата човечка двојка. Навистина, Јеховината способност како непогрешлив Наумител засекогаш ќе биде оправдана!

Тогаш ќе се исполнат возбудливите пророштва кои ги инспирирал Бог уште одамна. Ќе бидат славно исполнети стиховите, како што е Исаија 11:6—9: „Тогаш волк ќе живее со јагне, леопардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води. Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно; лавот ќе јаде слама како волот. Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протега рака кон змиино гнездо. Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господа, како што водите го полнат морето“.

Слабото здравје и смртоносните болести ќе бидат работи од минатото, како што ќе биде и самата смрт. Дали би можело нешто друго да биде појасно од овие едноставни зборови кои се наоѓаат во последната книга од Библијата? „Ете ја скинијата на Бога меѓу луѓето, и Он ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив — нивни Бог. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 21:3, 4).

Да, можеме да се охрабриме — нашата прекрасна планета Земја е тука за да остане. Нека биде и твоја привилегија да го преживееш крајот на овој злобен систем на ствари, со сите негови практики кои ја руинираат Земјата. Чистиот нов свет на Божјето создавање сега е на дофат. И многу љубени ќе се разбудат од смртта преку чудото на воскресение (Јован 5:28, 29). Навистина, нашата Земја е тука за да остане, а ние можеме да останеме со неа и да уживаме на неа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели