ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/8 стр. 3-4
  • Зошто криза на довербата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто криза на довербата?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Знак на времињата
  • Довербата може да се врати!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Да ја зајакнуваме нашата доверба во Божјата праведност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Јехова треба да биде наша доверба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Нашата сила, надеж и доверба
    Пеј му од срце на Јехова
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/8 стр. 3-4

Зошто криза на довербата?

‚МОЖЕШ ли денес навистина да имаш доверба во некого?‘ Можеби си чул како некој исфрустриран поединец го поставува ова прашање. Или, пак, можеби дури и самиот си го поставил тоа прашање кога си бил емоционално вознемирен поради пресвртот на настаните во твојот живот.

Непобитно, ширум светот постои недостиг на доверба во институциите и во другите луѓе. Честопати, овој недостиг на доверба е оправдан. Дали некој навистина очекува повеќето од политичарите да ги одржат своите предизборни ветувања? Една анкета на 1000 студенти во Германија од 1990, покажа дека додека 16,5 проценти од нив биле уверени дека политичарите би можеле да ги решат светските проблеми, двапати повеќе изразиле силни сомненија. А мнозинството рекло дека им недостига доверба во способноста на политичарите да ги решат проблемите, како и во нивната спремност да го сторат тоа.

Весникот Stuttgarter Nachrichten се жалел: „Премногу политичари ги имаат на ум првин сопствените интереси а потоа, ако е можно, интересите на своите гласачи“. Луѓето во другите земји се сложуваат со тоа. Весникот The European за една земја рекол: „Цинизмот на младите кон политичарите е добро утврден и е споделуван од страна на постарите“. Тој забележал дека ‚изборното тело редовно ги исфрла политичките партии од владејачката позиција‘. Понатаму весникот рекол: „Секој кој поминува време меѓу младите луѓе [таму], веднаш го забележува нивниот недостиг на доверба и чувството на препуштеност сами на себе“. Сепак, без јавна доверба, една демократска влада може малку да постигне. Поранешниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, еднаш забележал: „Основата за ефикасна влада е јавната доверба“.

Што се однесува до довербата во финансискиот свет, ненадејните економски пресврти и шемите за брзо збогатување кои тргнале наопаку, предизвикале многумина да бидат колебливи. Кога во октомври 1997 светските берзи неконтролирано се разбрануваа, едно списание говорело за „огромен и понекогаш неразумен недостиг на доверба“ и за „заразата — недоверба“. Исто така, тоа рекло дека „довербата [во една азиска земја] е толку исцрпена што се чини дека самото постоење на режимот . . . е под закана“. Во резимето, тоа го навело она што било очигледно: „Економијата се потпира на довербата“.

Религијата исто така не успева да подбуди доверба. Германскиот религиозен дневник Christ in der Gegenwart со жалење коментира: „Степенот на доверба која населението ја полагаше во Црквата, продолжува да паѓа“. Меѓу 1986 и 1992, бројот на Германците кои имаат голема — или барем добра мера — доверба во црквата, паднал од 40 на 33 проценти. Всушност, во поранешна Источна Германија, тој се спуштил на помалку од 20 проценти. И обратно, бројот на луѓето кои имале мала или никаква доверба во црквата пораснал од 56 на 66 проценти во она што порано беше Западна Германија и на 71 процент во поранешна Источна Германија.

Опаѓањето на довербата станало очигледно и на други полиња освен во политиката, финансиите и религијата — трите столбови на човечкото општество. Друг пример за тоа е спроведувањето на законот. Дупките во кривичните законици, тешкотиите во праведното применување на законот и сомнителните судски одлуки, сериозно ја разнишале довербата на луѓето. Според списанието Time, „фрустрациите на граѓаните и полицијата достигнале точка на недоверба во еден систем кој секогаш одново ги враќа опасните криминалци на улица“. Поради обвиненијата за полициската корупција и бруталност, нагло паднала довербата дури и во полицијата.

Во врска со меѓународната политика, јаловите говори за мир и прекинатите примирја уште повеќе го покажале недостигот на доверба. Бил Ричардсон, амбасадорот на САД во Обединетите нации, точно го означил главниот камен на спрепнување за да се постигне мир на Средниот Исток, едноставно велејќи: „Постои недостиг на доверба“.

Истовремено, на едно уште полично ниво, на многу луѓе им недостига доверба дури и во блиските роднини и пријатели, истите оние кон кои луѓето обично се свртуваат за разбирање и утеха кога имаат проблеми. Тоа многу личи на ситуацијата која ја опишал еврејскиот пророк Михеј: „Не верувајте му на другарот, не потпирајте се на пријателот; пред онаа, што лежи во твојата постела, не отворај ја широко устата своја“ (Михеј 7:5).

Знак на времињата

Неодамна бил цитиран германскиот психолог Артур Фишер, кој рекол: „Довербата во развојот на општеството и во личната иднина, всушност, драматично опаднала на сите фронтови. Младите луѓе се сомневаат во тоа дека институциите на општеството можат да им помогнат. Нивната доверба оди до степен на непостоење, без разлика дали е тоа политичка, религиозна или некоја друга организација“. Не е ни чудо што социологот Улрих Бек говори за „култура на сомневање“ кон долготрајните авторитети, институции и експерти.

Во една таква култура, луѓето се склони да се повлечат, да го отфрлат сиот авторитет и да живеат во склад со личните мерила, донесувајќи одлуки независно од советот или упатството на другите. Некои стануваат претерано сомничави, па можеби дури и непромислени во постапувањето со оние за кои мислат дека повеќе не можат да имаат доверба во нив. Овој став унапредува една нездрава клима, каква што е опишана во Библијата: „Во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле“ (2. Тимотеј 3:1—5; Изреки 18:1, NW). Навистина, денешната криза на довербата е знак на времињата, знак на „последните денови“.

Во свет кој поднесува криза на довербата и кој врие од луѓе како оние кои се опишани погоре, животот всушност не може да се ужива во потполност. Но, дали е реалистично да мислиме дека работите ќе се променат? Може ли да се надмине денешната криза на довербата? Ако да, како и кога?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели