ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/9 стр. 15-20
  • Да чекаме во ‚желно исчекување‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да чекаме во ‚желно исчекување‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Будност во текот на Христовата присутност
  • Зошто доаѓа Исус Христос?
  • Желно чекање на Христовото откривање
  • „Желното исчекување на творештвото“
  • Јеховината стрпливост значи спасение
  • Очекувај со истрајност
  • Радувајте се во надежта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Продолжи да чекаш!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Како Исус нѐ води денес
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Секој ќе биде слободен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/9 стр. 15-20

Да чекаме во ‚желно исчекување‘

„Желното исчекување на творештвото е чекање да се откријат Божјите синови“ (РИМЈАНИТЕ 8:19, NW).

1. Каква сличност постои меѓу ситуацијата на денешните христијани и ситуацијата на христијаните од првиот век?

СИТУАЦИЈАТА на денешните вистински христијани е слична на ситуацијата на христијаните од првиот век. Едно пророштво им помогнало на Јеховините слуги од тие денови да идентификуваат кога требало да дојде Месијата (Даниил 9:24—26). Истото пророштво го претскажало уништувањето на Ерусалим, но не содржело никакви елементи кои би им овозможиле на христијаните однапред да знаат кога ќе биде уништен тој град (Даниил 9:26б, 27). На сличен начин, едно пророштво дадено со Божје провидение предизвикало искрените Библиски студенти од 19 век да бидат во исчекување. Поврзувајќи ги ‚седумте времиња‘ од Даниил 4:29 со „времињата на незнабошците“, тие очекувале Христос да ја прими моќта на Царството во 1914 (Лука 21:24; Језекиил 21:25—27). Иако книгата Даниил содржи многу пророштва, ниту едно од нив не им овозможува на денешните библиски студенти да пресметуваат кога точно ќе биде уништен целиот сатански систем на ствари (Даниил 2:31—44; 8:23—25; 11:36, 44, 45). Меѓутоа, тие знаат дека тоа ќе се случи наскоро, зашто живееме во „времето на крајот“ (Даниил 12:4, NW).a

Будност во текот на Христовата присутност

2, 3. а) Што го сочинува главниот доказ дека живееме во времето на Христовата присутност во царска моќ? б) Што покажува дека христијаните требало да бидат будни во текот на Христовата присутност?

2 Точно е тоа дека едно пророштво ги ставило христијаните во состојба на исчекување пред да му биде дадена на Христос моќта на Царството во 1914. Но, „знакот“ кој го дал Христос за својата присутност и за завршетокот на системот на ствари прикажувал настани. А повеќето од нив требало да се видат откако ќе започне неговата присутност. Таквите настани — војни, недостиг на храна, земјотреси, чуми, зголемено беззаконие, прогонство на христијаните и светско проповедање на добрата вест за Царството — служат како главен доказ дека сега живееме во времето на Христовата присутност во царска моќ (Матеј 24:3—14; Лука 21:10, 11).

3 Сепак, целата смисла на Исусовиот проштален совет до неговите ученици била: „Внимавајте . . . бидете будни“ (Марко 13:33, 37; Лука 21:36). Внимателното читање на контекстот на тие силни поттикнувања за будност покажува дека Христос не зборувал првенствено тие грижливо да внимаваат на знакот за почетокот на неговата присутност. Напротив, тој им дал налог на своите вистински ученици да бидат будни за време на неговата присутност. Но, за што требало да останат будни вистинските христијани?

4. За која цел требало да служи знакот што го дал Исус?

4 Исус го дал своето големо пророштво како одговор на прашањето: „Кога ќе бидат овие работи [настаните кои ќе водат до уништување на еврејскиот систем на ствари], и што ќе биде знакот на твојата присутност и на завршетокот на системот на ствари?“ (Матеј 24:3, NW). Претскажаниот знак требало да служи за идентификување не само на Христовата присутност туку и на настаните кои водат до крајот на сегашниот злобен систем на ствари.

5. Како Исус покажал дека, иако ќе биде духовно присутен, сепак треба да ‚дојде‘?

5 Исус покажал дека за време на неговата „присутност“ (грчки паруси́ја) тој ќе дојде со моќ и слава. Во врска со таквото „доаѓање“ (означено со облици на грчкиот збор еркомаи́), тој изјавил: „Тогаш ќе се појави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како иде [доаѓа, NW] на небеските облаци, со голема слава и сила . . . Со смоквата направете споредба: штом се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото; така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека [Христос] е близу, пред вратата . . . бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ . . . бидете и вие готови, зашто во кој час и не мислите, ќе дојде Синот Човечки“ (Матеј 24:30, 32, 33, 42, 44).

Зошто доаѓа Исус Христос?

6. Како ќе се случи уништувањето на „Големиот Вавилон“?

6 Иако е присутен како Цар од 1914, Исус Христос ќе мора допрва да им суди на системите и на поединците пред да го изврши судот врз оние кои ќе ги најде како злобни. (Спореди 2. Коринтјаните 5:10.) Наскоро Јехова ќе им стави во мислите на политичките владетели да го уништат ‚големиот Вавилон‘ — светското царство на лажната религија (Откровение 17:4, 5, 16, 17). Апостол Павле конкретно навел дека Исус Христос ќе го уништи „човекот на беззаконието“ — отпадничкото свештенство на христијанскиот свет кое е истакнат дел од ‚големиот Вавилон‘. Павле напишал: „Тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја, и преку блесокот на Своето доаѓање [присутност, NW] ќе го истреби“ (2. Солунјаните 2:3, 8).

7. Кога Синот човечки ќе дојде во својата слава, каков суд ќе изврши?

7 Во блиска иднина, Христос ќе им суди на луѓето од нациите на темел на тоа како постапувале со неговите браќа додека тие сѐ уште биле на Земјата. Читаме: „А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите; и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата . . . Тогаш Царот ќе им одговори и рече [на овците]: ‚Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле‘ . . . И тие [козите] ќе отидат во вечна мака, а праведниците — во живот вечен“ (Матеј 25:31—46).

8. Како Павле го опишува Христовото доаѓање за да изврши суд врз безбожните?

8 Како што е покажано во параболата за овците и козите, Исус ќе го изврши конечниот суд врз сите безбожни. Павле ги уверил соверниците кои страдале во „утеха заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави [открие, NW] од небото со ангелите на Својата сила, во пламенен оган да им се одмаздува на оние, кои не Го познаваат Бога, кои не се покоруваат на Благовестието на нашиот Господ Исус Христос и кои со вечна погибел ќе бидат казнети од лицето на Господа и од славата на Неговата моќ, кога ќе дојде Он за да биде прославен во оној ден среде Своите светии“ (2. Солунјаните 1:7—10). Додека сите тие возбудливи настани стојат пред нас, зарем не треба да практикуваме вера и желно да бидеме будни за Христовото доаѓање?

Желно чекање на Христовото откривање

9, 10. Зошто помазаниците кои сѐ уште се на Земјата желно го чекаат откривањето на Исус Христос?

9 ,Откривањето на Господ Исус од небото‘ нема да донесе само уништување на злобните туку и ќе ги награди праведните. Преостанатите од Христовите помазани браќа, кои сѐ уште се на Земјата, можеби уште ќе страдаат пред Христовото откривање, но тие се радуваат на нивната славна небесна надеж. На помазаните христијани апостол Петар им напишал: „Во колку учествувате во страдањата Христови, радувајте се, та кога ќе се јави [за време на откривањето на, NW] Неговата слава да се возрадувате и развеселите“ (1. Петрово 4:13).

10 Помазаниците се решени да останат верни сѐ додека Христос не ги ‚собере при Него‘ така што „испитаниот квалитет“ (NW) на нивната вера да биде „за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави [открие, NW] Исус Христос“ (2. Солунјаните 2:1; 1. Петрово 1:7). Во врска со таквите верни христијани родени со дух, може да се рече: „Откако се утврди во вас Христовото сведоштво, така што да не се лишавате од никаков дар, вие, што [желно, NW] го очекувате откровението на нашиот Господ Исус Христос“ (1. Коринтјаните 1:6, 7).

11. Што прават помазаните христијани додека го чекаат откривањето на Исус Христос?

11 Помазаниот остаток ги дели чувствата на Павле кој напишал: „Оти мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата, која ќе се јави во нас“ (Римјаните 8:18). Нивната вера не треба да се потпира на пресметувања на времето. Тие остануваат зафатени во Јеховината служба, давајќи им прекрасен пример на своите придружници, ‚другите овци‘ (Јован 10:16). Тие помазаници знаат дека крајот на овој злобен систем на ствари е близу, и внимаваат на Петровото силно поттикнување: „Опашајте го својот ум за активност, останете потполно трезни; ставете ја својата надеж на незаслужената љубезност што ќе ви биде донесена при откривањето на Исус Христос“ (1. Петрово 1:13, NW).

„Желното исчекување на творештвото“

12, 13. Како човечкото творештво било „подложно на распаѓање“, и за што копнеат другите овци?

12 Дали другите овци исто така имаат нешто за кое живеат во желно исчекување? Сосема сигурно. Откако зборувал за славната надеж на оние кои Јехова ги присвоил како свои духовно родени „синови“ и „сонаследници со Христос“ во небесното Царство, Павле рекол: „Желното исчекување на творештвото е чекање да се откријат Божјите синови. Зашто творештвото беше подложно на ништожност, не по својата волја, туку преку оној кој ја подложи, на темел на надежта дека и самото творештво ќе биде ослободено од ропството на расипаноста и ќе ја има славната слобода на Божјите деца“ (Римјаните 8:14—21, NW; 2. Тимотеј 2:10—12).

13 Преку гревот на Адам, сите негови потомци биле ‚подложни на ништожност‘ со тоа што биле родени во ропството на гревот и смртта. Тие не можеле да се ослободат од тоа ропство (Псалм 48:7; Римјаните 5:12, 21). О, колку само другите овци копнеат да бидат ‚ослободени од ропството на расипаноста‘! Но, пред да стане тоа, мора да се случат некои работи според Јеховините времиња и сезони.

14. Што ќе биде вклучено во „откривањето на Божјите синови“, и како од тоа ќе произлезе „ослободување од ропството на расипаноста“ на човештвото?

14 Првин мора да се ‚открие‘ остатокот од помазаните ‚Божји синови‘. Што ќе вклучува тоа? Во Божје одредено време, на другите овци ќе им стане очигледно дека помазаниците се конечно ‚запечатени‘ и прославени за да владеат со Христос (Откровение 7:2—4). Воскреснатите ‚Божји синови‘ ќе бидат исто така ‚откриени‘ кога ќе учествуваат со Христос во уништувањето на сатанскиот зол систем на ствари (Откровение 2:26, 27; 19:14, 15). Потоа, за време на Христовото илјадагодишно владеење, тие ќе бидат и понатаму ‚откриени‘ како свештенички канали за делење на користите од Исусовата откупна жртва на човечкото ‚творештво‘. Како резултат на тоа, човештвото ќе биде „ослободено од ропството на расипаноста“ и на крај ќе влезе во „славната слобода на Божјите деца“ (Римјаните 8:21; Откровение 20:5; 22:1, 2). Имајќи пред себе такви величествени изгледи, дали е чудно тоа што другите овци го ‚чекаат откривањето на Божјите синови‘ со ‚желно исчекување‘? (Римјаните 8:19, NW).

Јеховината стрпливост значи спасение

15. Што не би требало никогаш да заборавиме во врска со Јеховиното временско усогласување на настаните?

15 Јехова е Големиот Контролор на времето. Неговото временско усогласување на настаните ќе се покаже совршено. Можеби секогаш не изгледа дека работите се случуваат на начинот на кој ние лично сме очекувале. Меѓутоа, можеме да имаме апсолутна верба дека ќе се исполнат сите Божји ветувања (Исус Навин 23:14). Можеби тој дозволува работите да продолжат подолго отколку што многумина очекувале. Но, да настојуваме да ги разбереме неговите патишта и да ѝ се восхитуваме на неговата мудрост. Павле напишал: „О, каква длабочина на богатството, премудроста и знаењето на Бога! Колку се неиспитливи Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта! Оти, кој ја позна мислата на Господа? Или, кој Му бил советник?“ (Римјаните 11:33, 34).

16. Кој ќе биде во позиција да извлече корист од Јеховината стрпливост?

16 Петар напишал: „Затоа, возљубени, очекувајќи го тоа [уништувањето на старото „небо“ и старата „земја“ и нивното заменување со Божјето ветено „ново небо“ и „нова земја“], погрижете се пред Него [на крај, NW] да излезете во мир, неосквернети и непорочни; и долготрпеливоста на вашиот Господ сметајте ја како спасение“. Поради Јеховината стрпливост, уште на милиони други луѓе им се дава прилика да се спасат преку „Јеховиниот ден“ (NW) кој ќе дојде неочекувано „како крадец“ (2. Петрово 3:9—15). Исто така, неговата стрпливост му дозволува на секого од нас ‚со страв и со трепет да го гради своето спасение‘ (Филипјаните 2:12). Исус рекол дека мораме да ‚се пазиме‘ и да ‚бидеме будни‘ ако сакаме да бидеме одобрени и да успееме да ‚се исправиме пред Синот човечки‘ во времето кога ќе дојде да суди (Лука 21:34—36; Матеј 25:31—33).

Очекувај со истрајност

17. Кои зборови на апостол Павле треба да ги земеме при срце?

17 Павле ги поттикнал своите духовни браќа да внимаваат ‚не на видливото, туку на невидливото‘ (2. Коринтјаните 4:16—18). Тој не сакал нешто да им го замагли видикот кон небесната награда која била поставена пред нив. Без разлика на тоа дали сме помазани христијани или сме други овци, да ја задржиме во мислите прекрасната надеж која е поставена пред нас и да не се откажуваме. Да ‚очекуваме со трпение [истрајност, NW]‘, докажувајќи дека „ние, пак, не сме од оние, што се отстрануваат за погибел, туку од оние, кои веруваат за спасение на душата“ (Римјаните 8:25; Евреите 10:39).

18. Зошто можеме со доверба да ги оставиме времињата и сезоните во Јеховини раце?

18 Можеме со доверба да ги оставиме времињата и сезоните во Јеховини раце. Исполнувањето на неговите ветувања „нема да забави“ според неговиот временски распоред (Авакум 2:3). Во меѓувреме, Павловото силно поттикнување поприма дополнително значење за нас. Тој рекол: „Те заколнувам пред Бога и нашиот Господ Исус Христос, Кој ќе им суди на живите и мртвите, кога ќе дојде Он и Неговото царство: проповедај го словото, настојувај во погодно време и во невреме . . . направи дело достојно на евангелист, службата своја исполнувај ја добро!“ (2. Тимотеј 4:1—5).

19. За што сѐ уште е време за Јеховиниот народ, и зошто?

19 На коцка се животи — нашиот и животот на нашите ближни. Павле напишал: „Пази на себе и на учењето; биди постојано во тоа, оти, ако постапуваш така, ќе се спасиш и сам и оние што те слушаат“ (1. Тимотеј 4:16). Времето на овој зол систем на ствари е многу кратко. Додека со желно исчекување ги чекаме возбудливите настани кои лежат пред нас, да бидеме секогаш свесни дека сѐ уште трае Јеховиното време и сезона неговиот народ да ја проповеда добрата вест за Царството. Тоа дело мора да се изврши на негово задоволство. „И тогаш“, како што рекол Исус, „ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).

[Фуснота]

a Види ги поглавјата 10 и 11 од книгата Спознание кое води до вечен живот, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

Како повторување

◻ Во врска со пресметувањата на времето, како нашата ситуација е слична на ситуацијата на христијаните од првиот век?

◻ Зошто христијаните мора да ‚бидат будни‘ дури и за време на Христовата присутност?

◻ Зошто човечкото творештво е во желно исчекување на „откривањето на Божјите синови“?

◻ Зошто можеме со доверба да ги оставиме времињата и сезоните во Јеховини раце?

[Слика на страница 17]

Христијаните мора да бидат будни во исчекување на Христовото доаѓање

[Слика на страница 18]

Помазаниот остаток останува зафатен во Јеховината служба, не темелејќи ја својата вера на пресметувања на времето

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели