ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 1/10 стр. 3-4
  • Зошто толку малку време?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто толку малку време?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Време во изобилство
  • Уште помалку време
  • Не сме единствените што имаат малку време
  • Мудро да го користиме времето кое сега го имаме
  • Јехова нѐ учи да ги броиме нашите денови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Времето и вечноста — што всушност знаеме за нив?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Да одиме со Бог — со изглед за вечност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Фалете го Царот на вечноста!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 1/10 стр. 3-4

Зошто толку малку време?

ВРЕМЕ. Можеби ни е тешко прецизно да го дефинираме тој збор, но сигурно знаеме дека изгледа како никогаш да немаме доволно време. Знаеме и дека тоа поминува брзо. Всушност, честопати воздивнуваме: „Времето едноставно лета“.

Сепак, очигледно е дека англискиот поет Остин Добсон дошол поблизу до вистината кога во 1877 година забележал: „Велиш, времето оди? О, не! За жал, времето стои, ние одиме“. Од неговата смрт во 1921, Добсон е отиден речиси 80 години; времето продолжило.

Време во изобилство

За Творецот на човештвото Библијата ни кажува: „Уште пред да се појават горите, и пред создавањето на земјата и на вселената, отсекогаш и засекогаш Ти постоиш“ (Псалм 89:2). Или, како што тоа го кажува The New Jerusalem Bible, „од вечност до вечност ти си Бог“. Според тоа, времето ќе трае колку што трае и самиот Бог — засекогаш!

Во остра спротивност со Бог, кој има на располагање вечно време, за луѓето читаме: „Сите наши дни се скратуваат и од Твојот гнев исчезнуваат, па веќе нѐ нема; нашите години се трудеа како пајак. Дните на нашиот живот се седумдесет години, а ако сме крепки и до осумдесет години; и повеќе време од нив се во труд и болести, бидејќи брзо минуваат и ние летаме со нив“ (Псалм 89:9, 10).

Зошто животот денес е толку краток, со оглед на тоа што Библијата јасно учи дека Божјата намера е човекот да живее засекогаш? (1. Мојсеева 1:27, 28; Псалм 36:29). Наместо неограничен животен век како што Бог имал намера, зошто луѓето во просек имаат, во најдобра рака, помалку од 30.000 дена? Зошто луѓето имаат толку малку време? Кој или што е одговорно за оваа жалосна ситуација? Библијата дава јасни и задоволителни одговори.a

Уште помалку време

Постарите луѓе можат да посведочат дека во изминативе децении темпото на живот станало забрзано. Новинарката д-р Сибиле Фрич истакнала дека во текот на изминативе 200 години работната седмица се намалила од 80 на 38 часа, „а сепак, тоа не ставило крај на нашето жалење“. Таа разјаснила: „Нема време; времето е пари; крајната потреба од време е како крајна потреба од воздух; живот на брзаница“.

Новите изуми отворија прилики и можности за кои поранешните генерации не ни сонувале. Но, колку е поголема можноста за ангажирање во мноштво активности толку е поголема и фрустрацијата од тоа што имаме премалку време за нив. Во денешно време, во многу делови на светот луѓето живеат строго според часовникот, трчајќи од еден термин до друг. Таткото мора да замине на работа во 7.00 часот, мајката мора да ги однесе децата на училиште до 8.30, дедото има закажано на лекар во 9.40, а сите мораат да бидат спремни за еден важен состанок во 19.30 часот. Во брзањето да ги фатиме сите термини, едвај останува време за некаква релаксација. Се жалиме и на секојдневната досадна работа, на избезумената трка за престиж.

Не сме единствените што имаат малку време

Божјиот Непријател, Сатана Ѓаволот, оној чија сплетка предизвикала да се намали животниот век на човештвото, сега станал жртва на својата сопствена злоба. (Спореди Галатјаните 6:7, 8.) Зборувајќи за раѓањето на месијанското Царство на небото, Откровение 12:12 ни дава причина за надеж кога вели: „Затоа веселете се, небеса, и вие, кои живеете на нив! Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегнал при вас со голем гнев, оти знае дека му останува малку време!“ (Откровение 12:12).

Според веродостојната библиска хронологија и исполнувањето на библиските пророштва, сега живееме во завршетокот на тоа „малку време“. Колкава само радост е да се знае дека времето на Сатана наскоро сосема ќе истече! Кога тој ќе биде отстранет, послушните луѓе ќе бидат обновени до совршенство и ќе можат да го постигнат вечниот живот кој Јехова го предвидел за нив уште во почетокот (Откровение 21:1—4). Недостигот на време веќе нема да претставува проблем.

Можеш ли да замислиш што ќе значи да се има вечен живот — да се живее засекогаш? Никогаш повторно нема да се измачуваш со работи кои си морал да ги оставиш незавршени. Доколку ти треба повеќе време, ќе постои утре, или следна седмица или следна година — всушност, пред тебе ќе се протега неизмерна вечност!

Мудро да го користиме времето кое сега го имаме

Сфаќајќи дека времето за да влијае врз луѓето му е ограничено, Сатана се обидува да ги држи луѓето толку зафатени да немаат време да ја слушаат добрата вест за воспоставеното Божје Царство. Затоа, ќе биде добро ако внимаваме на божествениот совет: „Па така, гледајте, колку внимателно треба да постапувате: не како неразумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави. Затоа немојте да бидете нерасудливи, туку распознајте што е волјата Божја!“ (Ефесјаните 5:15—17).

Колку само е животоважно да го користиме времето мудро за работите кои се од најголема важност, наместо да го трошиме на бескорисни стремежи кои не донесуваат трајна корист! Треба да го негуваме истиот став кој го имал Мојсеј кога го молел Јехова со овие искрени зборови: „Покажи ни точно како да ги броиме нашите денови на таков начин за да донесеме срце полно со мудрост“ (Псалм 90:12, NW).

Точно, во денешниов свет сите се зафатени. Сепак, Јеховините сведоци силно те поттикнуваат да посветиш дел од своето скапоцено време за да научиш кои се Божјите барања за стекнување вечен живот под владеењето на неговото Царство. Посветувањето еден час седмично за систематско проучување на Библијата за да ‚распознаеш што е волјата Божја‘, може да ти овозможи лично да го доживееш исполнувањето на следниве зборови: „Клони се од зло и прави добро, па ќе живееш вечно; Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“ (Псалм 36:27, 29).

[Фуснота]

a Види ја книгата Спознание кое води до вечен живот, поглавје 6, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели