ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/1 стр. 29
  • Нови членови на Водечкото тело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нови членови на Водечкото тело
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Сличен материјал
  • Нови членови на Водечкото тело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Тој ,го знаеше патот‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Нов член на Водечкото тело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Нов член на Водечкото тело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/1 стр. 29

Нови членови на Водечкото тело

ВО сабота, на 2 октомври 1999 година, Годишниот состанок на Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania заврши со едно изненадувачко известување. Оние 10.594 кои беа присутни или телефонски поврзани беа трогнати кога слушнаа дека во Водечкото тело на Јеховините сведоци се додадени четири нови членови. Новите членови, сите помазани христијани, се: Семјуел Ф. Херд; М. Стивен Лет; Гај Х. Пирс и Дејвид Х. Сплејн.

• Семјуел Херд почна да пионери во 1958, а од 1965 до 1997 беше во покраинското и во обласното дело. После тоа, тој и неговата сопруга Глорија станаа дел од бетелската фамилија во Соединетите Држави каде што брат Херд работи во Службениот оддел. Служеше и како помошник во Службениот одбор.

• Стивен Лет почна да пионери во декември 1966, а од 1967 до 1971 служеше во Бетелот во Соединетите Држави. Во октомври 1971 се ожени со Сузан, и почнаа со специјална пионерска служба. Од 1979 до 1998 служеше како покраински надгледник. Од април 1998 тој и Сузан станаа дел од бетелската фамилија во Соединетите Држави. Таму тој работеше во Службениот оддел и беше помошник во Одборот за поучување.

• Гај Пирс подигал семејство и потоа, во април 1982, со својата сопруга започнаа да пионерат. Служеше како покраински надгледник од 1986 до 1997, кога тој и неговата сопруга Пени станаа дел од бетелската фамилија во Соединетите Држави. Брат Пирс служеше како помошник во Одборот за персонал.

• Дејвид Сплејн почна да пионери во септември 1963 година. Како дипломец на 42 клас на Гилеад служеше како мисионер во Сенегал (Африка), а потоа 19 години во покраинското дело во Канада. Тој и неговата сопруга Линда се во Бетелот во Соединетите Држави од 1990 година, каде што брат Сплејн работеше во Службениот оддел и во Одделот за пишување. Во 1998 стана помошник во Одборот за пишување.

Покрај овие четири нови членови, сега Водечкото тело го сочинуваат К. В. Барбер, Џ. Е. Бар, М. Џ. Хеншел, Г. Леш, Т. Џерес, К. Ф. Клајн, А. Д. Шредер, Л. А. Свингл и Д. Сидлик. Сите ние се молиме Јехова и понатаму да го благословува и зајакнува сега проширеното Водечко тело додека продолжува да ги надгледува активностите на Божјиот народ ширум светот и да служи за неговите духовни интереси.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели