ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/3 стр. 29-31
  • Да се бара Јехова со подготвено срце

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се бара Јехова со подготвено срце
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да го подготвиме нашето срце
  • Фактори кои ја збогатуваат „почвата“ на нашето срце
  • Понизноста го омекнува срцето
  • Чесност и побожен страв
  • Подготвеното срце е богато со вера
  • Љубовта — најголемата особина
  • Стекни срце кое му е угодно на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Чувај го своето срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Научи како да најдеш радост во стравот од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Служи му на Јехова со потполно оддадено срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/3 стр. 29-31

Да се бара Јехова со подготвено срце

ИЗРАЕЛСКИОТ свештеник Ездра бил извонреден истражувач, изучувач, препишувач и учител на Законот. За христијаните денес тој е и добар пример за служба со цела душа. Во кој поглед? Со тоа што ја зачувал својата побожна оддаденост дури и кога живеел во Вавилон, град исполнет со лажни богови и демонско обожавање.

Побожната оддаденост на Ездра не дошла туку така. Тој работел на неа. Навистина, тој ни кажува дека „го беше управил (подготвил, NW) срцето свое да го изучува законот Господов и да го извршува“ (1. Ездра 7:10).

Како и Ездра, Јеховиниот народ денес сака да прави сѐ што Јехова бара од него додека живее во еден свет кој е непријателски настроен кон вистинското обожавање. Затоа, ајде да испитаме некои начини на кои и ние можеме да ги подготвиме нашите срца, внатрешната личност — вклучувајќи ги нашите мисли, ставови, желби и мотивација — за да го ‚изучуваме законот Господов и да го извршуваме‘.

Да го подготвиме нашето срце

„Да подготви“ значи „претходно да спреми за некоја цел: да се доведе нешто во состојба за посебна намена, примена или одредба“. Се разбира, ако си дошол до точно спознание за Божјата реч и си му го предал животот на Јехова, тогаш твоето срце секако се покажало во подготвена состојба и може да се спореди со ‚добрата земја‘ за која зборувал Исус во својата парабола за сејачот (Матеј 13:18—23).

Сепак, на нашето срце му е потребно постојано внимание и прочистување. Зошто? Од две причини. Прво, затоа што штетните склоности, како какол во градина, можат лесно да фатат корен, особено во текот на овие ‚последни денови‘ кога „воздухот“ на Сатановиот систем е повеќе од кога и да е порано исполнет со штетни семиња на телесно размислување (2. Тимотеј 3:1—5; Ефесјаните 2:2, NW). Втората причина се однесува на самата почва. Ако се остави така, почвата може бргу да се исуши, да се стврдне и да стане неплодна. Или, пак, премногу луѓе можат невнимателно да минуваат низ градината и да ја згмечат почвата и да ја стврднат. Фигуративната почва на нашето срце е слична. Таа може да стане неплодна ако се запостави или ако е гмечена од луѓе кои немаат никаков интерес за нашата духовна благосостојба.

Затоа, колку е важно сите ние да ја применуваме библиската опомена: „Од сѐ, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот“ (Изреки 4:23).

Фактори кои ја збогатуваат „почвата“ на нашето срце

Ајде да разгледаме некои фактори, или особини, кои ќе ја збогатат „почвата“ на нашето срце за да го потпомогнат здравиот раст. Се разбира, постојат многу работи кои ќе го подобрат нашето срце, но овде ќе разгледаме шест: признавање на нашите духовни потреби, понизност, чесност, побожен страв, вера и љубов.

„Среќни се оние кои се свесни за своите духовни потреби“, рекол Исус (Матеј 5:3, NW). Како што телесниот глад нѐ потсетува на нашата потреба да јадеме, свесноста за нашите духовни потреби нѐ прави гладни за духовна храна. По природа, луѓето се желни за таква храна бидејќи таа му дава смисла и цел на животот. Притисоците од Сатановиот систем на ствари или едноставно мрзливоста кога станува збор за проучување можат да ја затапат нашата свесност за оваа потреба. И покрај тоа, Исус рекол: „Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бога“ (Матеј 4:4).

Во дословна смисла, редовните, урамнотежени и здрави оброци го унапредуваат телесното здравје и исто така го поттикнуваат организмот да развие апетит за следниот оброк кога ќе дојде време за него. Истото е случај и во духовна смисла. Можеби не се сметаш себеси за студиозна личност, но ако ти стане навика секојдневно да ја читаш Божјата реч и ако ги проучуваш публикациите темелени на Библијата на редовна основа, ќе откриеш дека твојот апетит ќе се зголеми. Всушност, горливо ќе го очекуваш времето за библиска студија. Затоа не предавај се лесно; работи напорно да развиеш здрав духовен апетит.

Понизноста го омекнува срцето

Понизноста е битен фактор за да се има подготвено срце бидејќи нѐ прави поучливи и ни помага поспремно да прифаќаме љубезен совет и исправање. Размисли за добриот пример на цар Јосија. За време на неговото владеење бил пронајден еден документ кој го содржел Божјиот закон даден преку Мојсеј. Кога Јосија ги чул зборовите на Законот и сфатил во колку голема мера неговите прататковци се отстраниле од чистото обожавање, ја раскинал својата облека и заплакал пред Јехова. Зошто Божјата реч допрела толку длабоко до срцето на царот? Извештајот вели дека неговото срце било ‚меко‘ така што се понизил кога ги чул Јеховините зборови. Јехова го забележал понизното и приемчиво срце на Јосија и го благословил во склад со тоа (4. Царства 22:11, 18—20).

Понизноста им овозможила на Исусовите „неуки и обични“ ученици да ги сфатат и да ги применат духовните вистини кои ги заобиколиле оние кои биле ‚мудри и разумни‘, но само „по тело“ (Дела 4:13, NW; Лука 10:21; 1. Коринтјаните 1:26). Последниве не биле подготвени да ја прифатат Јеховината реч поради тоа што нивните срца биле стврднати од гордост. Зарем зачудува тоа што Јехова ја мрази гордоста? (Изреки 8:13; Даниил 5:20).

Чесност и побожен страв

Пророкот Јеремија напишал дека „е лукаво човечкото срце повеќе од сѐ и е наполно расипано; кој ќе го разбере?“ (Јеремија 17:9). Оваа лукавост се манифестира на различни начини, како, на пример, кога се изговараме кога ќе згрешиме. Таа, исто така, е присутна кога наоѓаме оправдување за сериозните маани во карактерот. Меѓутоа, чесноста ќе ни помогне да го победиме лукавото срце така што ќе ни овозможи да се соочиме со вистината за себеси за да можеме да се подобриме. Псалмистот покажал таква чесност кога се молел: „Искушај ме, Господи, испитај ме; отвори ги утробата моја и моето срце“. Јасно, псалмистот го подготвил своето срце да прифати прочистување и испитување од Јехова, иако тоа би можело да значи да признае дека има лоши особини кои треба да се совладаат (Псалм 16:3; 25:2).

Побожниот страв, кој вклучува „да се мрази злото“ е моќно помошно средство во тој процес на прочистување (Изреки 8:13, NW). Иако ја цени Јеховината срдечна љубезност и доброта, оној кој вистински се плаши од Јехова секогаш е свесен дека Јехова ја има моќта да им досуди казна, дури и смрт, на оние кои му се непослушни. Јехова покажал дека оние кои се плашат од него исто така ќе му бидат послушни кога за Израел рекол: „О, да имаа тие такво срце, та да се плашеа од Мене и да ги слушаа сите заповеди Мои во сите денови, тогаш ќе им беше добро ним и на синовите нивни во веки!‘“ (5. Мојсеева 5:29).

Јасно, целта на побожниот страв не е да нѐ држи во состојба на престрашена подложност, туку да нѐ поттикне да му бидеме послушни на нашиот Татко полн со љубов, за кого знаеме дека ги има при срце нашите најдобри интереси. Всушност, таквиот побожен страв возвишува и дури побудува радост што во голема мера било прикажано од страна на самиот Исус Христос (Исаија 11:3; Лука 12:5).

Подготвеното срце е богато со вера

Срце со силна вера знае дека сѐ што Јехова бара или на што упатува преку неговата Реч секогаш е исправно и во наш најдобар интерес (Исаија 48:17, 18). Човек со такво срце се здобива со длабоко задоволство применувајќи го поттикнувањето од Изреки 3:5, 6, кое вели: „Надевај се на Господа од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ќе ти ги покаже твоите патеки“. Меѓутоа, срце на кое му недостига вера не би било склоно да има доверба во Јехова, особено ако тоа вклучува жртви, како што е да го поедностави животот за да се сосредоточи на интересите на Царството (Матеј 6:33). Со добра причина, Јехова гледа на неверното срце како на „злобно“ (Евреите 3:12, NW).

Нашата вера во Јехова се одразува на многу подрачја, вклучувајќи ги и работите што ги правиме во приватноста на сопствениот дом. Земи го, на пример, начелото во Галатјаните 6:7: „Не лажете се: Бог не позволува да биде поруган. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее“. Нашата вера во ова начело ќе се одрази во такви работи како што се филмовите што ги гледаме, книгите што ги читаме, во тоа колку ја проучуваме Библијата и во нашите молитви. Да, силната вера која нѐ поттикнува да сееме „во поглед на духот“ е клучен фактор да се има срце кое е подготвено да ја прифати Јеховината реч и да ја слуша (Галатјаните 6:8, NW).

Љубовта — најголемата особина

Повеќе од сите други особини, љубовта навистина ја прави почвата на нашето срце приемчива на Јеховината реч. Затоа, кога ја споредил со верата и надежта, апостол Павле ја опишал љубовта како особина која е „најголема меѓу нив“ (1. Коринтјаните 13:13). Срце исполнето со љубов кон Бог наоѓа големо задоволство и радост во послушноста кон него; тоа во никој случај не се раздразнува на Божјите барања. Апостол Јован рекол: „Љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки“ (1. Јованово 5:3). Во истата смисла, Исус рекол: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби“ (Јован 14:23). Забележи дека таквата љубов е взаемна. Да, Јехова силно ги љуби оние кои од љубов се привлечени кон него.

Јехова знае дека сме несовршени и дека секогаш одново му грешиме. И покрај тоа, тој не се држи на дистанца од нас. Она што Јехова го бара во неговите слуги е „целосно срце“ кое нѐ поттикнува да му служиме спремно со „восхитена душа“ (1. Летописи 28:9, NW). Се разбира, Јехова знае дека ни се потребни време и напор за да ги негуваме добрите особини во нашето срце и така да ги развиеме плодовите на духот (Галатјаните 5:22, 23). Според тоа, тој е стрплив со нас, „зашто Он го знае нашиот состав, помни дека ние сме земја“ (Псалм 102:14). Одразувајќи го истиот став, Исус никогаш строго не ги критикувал своите ученици поради нивните слабости, туку стрпливо им помагал и ги охрабрувал. Зарем таквата љубов, милосрдност и стрпливост од Јехова и од Исус не те поттикнуваат да ги сакаш уште повеќе? (Лука 7:47; 2. Петрово 3:9).

Ако понекогаш ти е тешко да се бориш да престанеш со длабоко вкоренетите навики кои се слични на коров, или да ги скршиш особините кои се тврди како глина, немој да бидеш потиштен или обесхрабрен. Напротив, работи на тоа да се подобриш додека ‚истрајуваш во молитва‘, често преколнувајќи го Јехова за неговиот дух (Римјаните 12:12, NW). Со неговата спремна помош, ќе успееш, како Ездра, да имаш срце потполно подготвено „да го изучува законот Господов и да го извршува“.

[Слика на страница 31]

Ездра ја задржал својата побожна оддаденост дури и во Вавилон

[Извор на слика на страница 29]

Garo Nalbandian

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели