ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/10 стр. 4-7
  • Вечна среќа — на небото или на Земјата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вечна среќа — на небото или на Земјата?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Бунтовници на небото
  • Исчистена Земја
  • Дали Земјата ќе остане во мир?
  • Зошто некои одат на небото
  • Земјата — вечен дом на човештвото
  • Наш избор — живот или смрт
  • Што има на небото?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Кој оди на небото и зошто?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Патот дома до рајот
    Разбудете се! 1997
  • Што е Божјето Царство?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/10 стр. 4-7

Вечна среќа — на небото или на Земјата?

ДАЛИ твојата среќа зависи првенствено од тоа каде живееш? Повеќето луѓе без проблем би признале дека среќата зависи повеќе од фактори како што се добро здравје, смисла во животот и добри односи со другите. Една библиска изрека го изразува ова вака: „Подобар е оброк со зеленчук каде што е љубовта, отколку згоен вол каде што е омразата“ (Пословици 15:17).

Меѓутоа, за жал, нашиот земен дом има долга историја на омраза, насилство и други облици на злоба. Но, што е со небото, или духовното подрачје, каде што се надеваат да одат многу луѓе после својата смрт? Дали тоа отсекогаш било место на блажен мир и спокојство, без никакво вознемирување, како што обично се мисли?

Библијата учи дека Бог живее на небото заедно со милиони духовни суштества наречени ангели (Матеј 18:10; Откровение 5:11). Тие се опишани како духовни „Божји синови“ (Јов 38:4, 7, СП). Исто како луѓето, и ангелите имаат слободна волја; тие не се роботи. Според тоа, и тие можат да изберат да прават добро или лошо. Дали ангели би избрале да прават лошо? Можеби некои ќе се изненадат кога ќе дознаат дека, всушност, пред неколку илјади години приличен број ангели згрешиле против Бог — се побуниле против него! (Јуда 6).

Бунтовници на небото

Во духовното подрачје се појавил грев поради побуната на еден ангел, кој потоа бил наречен Сатана (оној кој се спротивставува) и Ѓавол (клеветник). Овој некогаш послушен ангел избрал да постапува лошо по своја сопствена волја. После тоа станал расипувачко влијание за другите духовни суштества, така што до времето на Ное, пред Потопот, голем број од нив му се придружиле на Сатана во побуната против Бог (Битие 6:2, фуснота NW; 2. Петрово 2:4).

Овие отпаднати ангели не биле веднаш протерани од небото. Наместо тоа, нивниот пристап бил толериран — изгледа со извесни ограничувања — неколку илјади години.a Меѓутоа, кога Божјето толерирање на овие злодејци завршило, тие биле ‚исфрлени‘ од небото за конечно да бидат уништени. Тогаш еден глас на небото рекол: „Затоа веселете се небеса и вие кои престојувате на нив!“ (Откровение 12:7—12). Очигледно верните ангели многу се радувале што, најпосле, небесата биле ослободени од овие пакосни предизвикувачи на проблеми!

Од разгледувањето на овие, општо непознати, детали, изгледа дека секогаш кога интелигентните суштества ги игнорираат Божјите закони и начела не може да постои вистински мир (Исаија 57:20, 21; Еремија 14:19, 20). Од друга страна, пак, кога сите му се послушни на Божјиот закон, преовладуваат мир и спокојство (Псалми 119:165; Исаија 48:17, 18). Значи, ако сите луѓе би го љубеле, би му биле послушни на Бог и би се љубеле меѓу себе, зарем Земјата не би била навистина едно прекрасно, среќно живеалиште? Библијата одговара — ‚да‘!

Но, што е со оние кои себично одбиваат да ги променат своите злобни патишта? Дали тие засекогаш ќе им го нарушуваат мирот на оние кои вистински сакаат да ја вршат Божјата волја? Не, Бог се справил со злобните ангели на небото, и ќе се справи и со злобните луѓе овде на Земјата.

Исчистена Земја

„Небесата се Мој престол, а земјата подножје на нозете!“, рекол Бог (Исаија 66:1). Бидејќи Бог е самиот зенит на светоста, тој нема да дозволи неговото „подножје“ да биде бескрајно валкано со зло (Исаија 6:1—3; Откровение 4:8). Исто како што ги исчистил небесата од злите духови така ќе ја ослободи и Земјата од сите зли луѓе, како што покажуваат и следниве стихови:

„Зашто злосторниците ќе бидат сотрени, а кои се надеваат на Бога, ќе ја наследат земјата“ (Псалми 37:9).

„Зашто само праведните ќе ја населат земјата и непорочните ќе останат на неа; а беззакониците ќе бидат збришани од земјата, и богохулниците ќе бидат искоренети од неа“ (Пословици 2:21, 22).

„Праведно е од Божја страна да им возврати со неволја на оние кои вам ви нанесуваат неволја, а вам кои трпите неволја, олеснување заедно со нас при откровението на Господ Исус од небото со своите моќни ангели во пламенен оган, кога ќе донесе одмазда над оние кои не го познаваат Бог и над оние кои не се послушни на добрата вест за нашиот Господ Исус. Токму тие ќе претрпат судска казна на вечно уништување од пред лицето на Господ и од славата на неговата сила“ (2. Солуњаните 1:6—9).

„Светот [злобното човештво] поминува, а и неговата желба, но оној кој ја врши Божјата волја останува засекогаш“ (1. Јованово 2:17).

Дали Земјата ќе остане во мир?

Иако Писмото јасно покажува дека Божјето толерирање на злобните има свои граници, како можеме да бидеме сигурни дека злото, кога еднаш ќе биде отстрането, нема повторно да се врати? Впрочем, после Потопот од времето на Ное, тоа набрзо пак се појавило во толкава мера што Бог морал да ги осуети злобните сплетки на човештвото на тој начин што им го измешал јазикот (Битие 11:1—8).

Нашата главна причина за доверба дека злото нема повторно да се појави е тоа што над Земјата нема повеќе да владеат луѓе, како што било случај набрзо после Потопот. Наместо тоа, над неа ќе владее Божјето Царство. Владеејќи од небото, ова Царство ќе биде единствена влада на Земјата (Даниел 2:44; 7:13, 14). Тоа веднаш ќе дејствува против секој кој ќе се обиде повторно да воведе зло (Исаија 65:20). Всушност, на крај ќе го уништи самиот зачетник на злобата — Сатана Ѓаволот — заедно со демоните, злите ангели кои го следеле (Римјаните 16:20).

Освен тоа, човештвото повеќе нема да има причини тегобно да се грижи за храна, облека, покрив над главата и вработување — недостиг кој денес наведува некои луѓе на живот на криминал. Да, целата Земја ќе биде преобразена во плоден рај со изобилство за сите (Исаија 65:21—23; Лука 23:43).

Што е уште поважно, Царството ќе ги школува своите поданици на мирољубив начин на живот додека истовремено ќе ги издига до самиот врв на човечко совршенство (Јован 17:3; Римјаните 8:21). После тоа, човештвото повеќе нема да се бори со слабостите и со грешните тенденции, а тоа ќе ја направи послушноста кон Бог и можна и пријатна, како што било случај со совршениот човек Исус (Исаија 11:3, NW). Всушност, Исус му останал лојален на Бог наспроти големи искушенија и мачење — работи кои ќе бидат потполно непознати за животот во Рајот (Евреите 7:26).

Зошто некои одат на небото

Меѓутоа, на многу читатели на Библијата им се познати Исусовите зборови: „Во куќата на мојот татко има многу живеалишта . . . одам да ви приготвам место“ (Јован 14:2, 3). Зарем ова не противречи на идејата за вечен живот на рајска Земја?

Овие учења не се контрадикторни. Всушност, едното го поддржува другото. Како прво, Библијата наведува дека само еден ограничен број верни христијани — имено 144.000 од нив — се подигнати како духовни суштества за да живеат на небото. Зошто им е дадена оваа прекрасна награда? Бидејќи ја сочинуваат групата што ја видел Јован во визија, чии членови ‚оживеале и владееле со Христос илјада години‘ (Откровение 14:1, 3; 20:4—6). Во споредба со милијардите на Земјата, тие 144.000 се навистина „мало стадо“ (Лука 12:32). Освен тоа, бидејќи ги доживеале проблемите кои се својствени за човештвото, тие како и Исус ќе ‚сочувствуваат со нашите слабости‘ додека ја надгледуваат рехабилитацијата на човештвото и на Земјата (Евреите 4:15).

Земјата — вечен дом на човештвото

Со обезбедувањето на откупната жртва на Исус Христос, Бог почнал да ги собира 144.000-те пред речиси 2.000 години, и постојат показатели дека оваа група сега е пополнета (Дела 2:1—4; Галатите 4:4—7). Меѓутоа, Исусовата жртва не била само за гревовите на 144.000-те туку „и за гревовите на целиот свет“ (1. Јованово 2:2). Според тоа, сите кои практикуваат вера во Исус имаат изглед за вечен живот (Јован 3:16). Оние кои спијат во гробот, но се во Божјето сеќавање, ќе бидат воскреснати, не за на небото туку за живот на исчистената Земја (Проповедник 9:5; Јован 11:11—13, 25; Дела 24:15). Што ќе ги чека таму?

Откровение 21:1—4 одговара со зборовите: „Гледај, Божјиот шатор е со луѓето . . . И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка. Поранешните работи поминаа“. Замисли си — луѓето ослободени од смрт, а болката и пискотот што ги предизвикува таа исчезнуваат засекогаш! Конечно, Јеховината првобитна намера со Земјата и човештвото ќе го има своето славно исполнување (Битие 1:27, 28).

Наш избор — живот или смрт

На Адам и Ева никогаш не им била дадена можност да одат на небото. Нивниот избор бил или да му бидат послушни на Бог и да живеат вечно на рајска Земја или да му бидат непослушни и да умрат. За жал, тие избрале непослушност и затоа се вратиле во „прав“ во земјата (Битие 2:16, 17; 3:2—5, 19). Никогаш не била Јеховина намера човечкото семејство, општо земено, да умира и со посредство на гробот да го насели небото. Бог создал миријади ангели да живеат на небото; овие духовни суштества не се луѓе кои умреле и кои биле воскреснати за живот на небото (Псалми 104:1, 4; Даниел 7:10).

Што мораме да правиме за да го добиеме благословот да живееме засекогаш во Рајот на Земјата? Прв чекор е да ја проучуваме Божјата реч, Светото писмо. „Ова значи вечен живот, да примаат спознание за тебе, единствениот вистински Бог, и за оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

Спроведувањето на тоа спознание во пракса е уште еден чекор за вечна среќа во Рајот (Јаков 1:22—24). Оние кои живеат според Божјата реч имаат изглед со свои сопствени очи да го видат исполнувањето на возбудливите пророштва како она што е запишано во Исаија 11:9, каде се вели: „[Човештвото] не ќе прави повеќе зло, не ќе се опустува на сета Моја света гора; земјата ќе се исполни со знаење за Господа, како што морињата се полнат со вода“.

[Фуснота]

a За дискусија зошто Бог го толерирал злото на небото и на Земјата, види во книгата Спознание кое води до вечен живот, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc., страници 70—79.

[Слики на страница 7]

„Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат довека на неа“ (Псалми 37:29)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели