ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/10 стр. 8-9
  • Треба ли да ги испитуваш другите религии?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли да ги испитуваш другите религии?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Препознавање на вистинското христијанство
  • Чувај се од лажни учители
  • Религија што ја одобрува Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Држи се настрана од лажната религија!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Како можеш да ја најдеш вистинската религија?
    Што бара Бог од нас?
  • За вистинската религија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/10 стр. 8-9

Треба ли да ги испитуваш другите религии?

„ГИ ПОСЕТУВАВ христијанските состаноци речиси една година, и уживав да им кажувам на другите за Божјето Царство“, вели Мигел, кој сега е Јеховин сведок во Јужна Америка. „Потоа почнав да слушам религиозни програми на радио и да гледам религиозни проповедници на телевизија. Мислев дека таквите програми ќе можат да ми помогнат подобро да ги разберам луѓето од другите религии. Сфаќав дека нивните учења не се во склад со Библијата, но бев љубопитен.“

Хорхе, во истата земја, бил ревен во поучувањето на другите за вистинското обожавање. Сепак, во текот на еден период, и тој почнал да слуша религиозни радио и телевизиски програми. „Треба да знаеш што мислат другите“, си велел. Кога ќе бил запрашан за можните опасности од таквото изложување на лажни учења, тој одговарал: „Ништо не може да му ја поткопа верата на оној кој ја знае библиската вистина“. Овие искуства поттикнуваат едно важно прашање: ‚Дали е мудро да се слуша она што го веруваат другите?‘

Препознавање на вистинското христијанство

По смртта на апостолите, вистинското обожавање било загадено од прогресивниот развој на многу облици на фалсификат христијанство. Предвидувајќи го сево ова, Исус открил еден начин на кој може да се направи разлика помеѓу овие фалсификат облици на христијанство и вистинското христијанство. Прво, тој предупредил: „Чувајте се од лажните пророци кои доаѓаат кај вас во овча облека, а однатре се грабливи волци“. Потоа додал: „По нивните плодови ќе ги препознаете“ (Матеј 7:15—23). Исусовите вистински следбеници го практикуваат она за кое поучувал тој, и лесно се препознаваат по добрите плодови. Исто како и самиот Исус, тие ги посетуваат луѓето со цел да им објаснат од Писмото за Божјето Царство. Следејќи го Исусовиот пример, се држат одвоено од политиката и социјалните полемики на светот. Ја прифаќаат Библијата како Божја реч и ја почитуваат како вистина. Тие го објавуваат Божјето име. И со оглед на тоа што настојуваат да ја практикуваат љубовта за која поучува Бог, тие не учествуваат во војни. Напротив, постапуваат еден со друг како браќа (Лука 4:43; 10:1—9; Јован 13:34, 35; 17:16, 17, 26).

Според Писмото, можно е да ‚се види разликата меѓу праведник и безбожник, меѓу оној кој Му служи на Бога и оној кој не Му служи‘ (Малахија 3:18, СП). Вистинските обожаватели денес се обединети во мислите и во постапките, исто како што биле христијаните од првиот век (Ефешаните 4:4—6). Штом веќе си го идентификувал тоа тело на вистински христијани, зошто да бидеш љубопитен во врска со верувањата на другите?

Чувај се од лажни учители

Библијата признава дека дури и откако ќе се дознае библиската вистина, постои опасност од духовно загадување од лажните учења. Апостол Павле предупредил: „Пазете, некој да не ве одведе како свој плен со помош на филозофијата и со празна измама според човечката традиција, според елементарните работи на светот, а не според Христос“ (Колошаните 2:8). Каков само сликовит опис е даден во овој стих! Како ѕверки кои сакаат да те одвлечат и проголтаат, лажните учители можат да претставуваат вистинска опасност.

Секако, Павле обрнувал внимание на она што го верувале другите. Еднаш започнал еден говор со зборовите: „Мажи атињани, гледам дека во сѐ вие некако повеќе се плашите од божествата отколку другите. На пример, минувајќи и внимателно набљудувајќи ги вашите предмети на обожавање, наидов и на олтар на кој пишуваше: ‚На Непознат Бог‘“ (Дела 17:22, 23). Меѓутоа, Павле не го хранел редовно својот ум со филозофиите на грчките оратори.

Едно е да се информираш за потеклото и верувањата на лажните религии, но нешто сосема друго е да се храниш со нив.a Јехова го наименувал „верниот и разборит роб“ да дава поука темелена на неговата Реч (Матеј 4:4; 24:45). Самиот Павле напишал: „Не можете да учествувате на ‚трпезата на Јехова‘ и на трпезата на демоните. Или ‚зарем го подбуцнуваме Јехова на љубомора‘?“ (1. Коринќаните 10:20—22).

Некои лажни учители можеби порано биле вистински христијани, но во еден момент се свртеле од вистината кон заблудата (Јуда 4, 11). Ова не треба да нѐ изненади. Откако зборувал за „верниот и разборит роб“ кој го претставува телото на помазани христијани, Исус зборувал за ‚злиот роб‘, класа која се жали што ‚нејзиниот господар доцни‘ и почнува да ги тепа своите соробови (Матеј 24:48, 49). Честопати, овие поединци и нивните следбеници немаат сопствени дефинирани учења; тие се заинтересирани само да ја уништат верата на другите. Во врска со нив апостол Јован рекол: „Ако некој дојде кај вас и не го носи тоа учење, никогаш да не го примате во својот дом, ниту да го поздравувате“ (2. Јованово 10; 2. Коринќаните 11:3, 4, 13—15).

Искрените луѓе кои трагаат по вистината прават добро ако внимателно размислат за она што го слушаат од различните религии. Со текот на времето, Бог ќе ги благослови искрените поединци кои ја бараат вистината. За побожната мудрост Библијата вели: „Ако го бараш како сребро и трагаш по него како по скриено сокровиште — тогаш . . . ќе го најдеш знаењето [спознанието, NW] за Бога“ (Пословици 2:4, 5). Откако веќе го нашле ова спознание за Бог преку Библијата и христијанското собрание и откако веќе виделе како Јехова ги благословува оние кои се водени од тоа спознание, вистинските христијани не продолжуваат да ги слушаат учењата на лажните религии (2. Тимотеј 3:14).

[Фуснота]

a Книгата Потрагата на човештвото по Бог, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc., презентира основни информации за потеклото и учењата на многу светски религии.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели