ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/12 стр. 28-29
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Сличен материјал
  • Почитувај го бракот како дар од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Прашања од читателите
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Кога ќе се избере развод
    Разбудете се! 1999
  • Што вели Библијата за разводот и за одвоеното живеење
    Зачувај ја Божјата љубов
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/12 стр. 28-29

Прашања од читателите

До која мера треба една верна христијанска сопруга да се спротивставува на бракоразводната парница која ја покренал нејзиниот брачен партнер?

При основањето на човечкиот брак, Бог рекол дека сопругот и сопругата треба да се ‚прилепат‘ (Битие 2:18—24). Луѓето станале несовршени, што довело до проблеми во многу бракови, но Бог има желба партнерите и покрај тоа да се прилепат. Апостол Павле напишал: „На оние кои се во брак им давам упатства, но не јас, туку Господ, жената да не си заминува од мажот; но ако сепак си замине, нека остане немажена или нека се измири со својот маж; а и мажот да не ја остава својата жена“ (1. Коринќаните 7:10, 11).

Со овие зборови се признава дека меѓу несовршените луѓе понекогаш едниот партнер решава да си замине. На пример, Павле рекол дека ако едниот партнер си замине, обете страни не треба да ‚стапуваат во брак‘. Зошто? Па, партнерот си заминал, но во Божји очи тие двајцата и понатаму се врзани еден за друг. Павле можел да го каже ова бидејќи Исус го изложил мерилото за христијанскиот брак: „Кој ќе се разведе од својата жена, освен поради блуд [грчки: порнеиа], и ќе се ожени со друга, прави прељуба“ (Матеј 19:9). Да, единствената основа за развод која библиски го окончува бракот е „блуд“, т.е. сексуален неморал. Изгледа дека во случајот на кој укажувал Павле, ниту едниот партнер не бил неморален, па затоа кога сопругот или сопругата си заминале, во Божји очи бракот не завршил.

Потоа Павле зборувал за ситуацијата во која еден вистински христијанин има партнер кој не е соверник. Разгледај ги упатствата на Павле: „Ако оној кој не е верник си заминува, нека си замине; братот или сестрата под такви околности не се ропски врзани, туку Бог ве повикал на мир“ (1. Коринќаните 7:12—16). Што би можела да стори една верна сопруга ако нејзиниот сопруг кој не е соверник ја напушти, па дури и бара законски развод од неа?

Можеби таа претпочита тој да остане со неа. Можеби сѐ уште го сака, свесна е за заемните емоционални и сексуални потреби, и знае дека на неа и на малолетните деца им е потребна материјална издршка. Можеби се надева и дека, со текот на времето, нејзиниот сопруг ќе стане верник и дека ќе се спаси. Сепак, ако тој презел чекори да го оконча бракот (врз некоја небиблиска основа) сопругата би можела да дозволи тој да „си замине“, како што напишал Павле. Истото би важело и ако некој сопруг кој е верник го игнорира Божјето гледиште за брак и инсистира да си замине.

Но, во таква ситуација можеби таа треба да се заштити себеси и децата. Како? Таа би сакала да го задржи старателството над своите сакани деца за да може и понатаму да им покажува мајчинска љубов, да им дава морална поука и да им ја всади верата која се темели на прекрасните библиски учења (2. Тимотеј 3:15). Разводот би можел да ги загрози нејзините права. Според тоа, таа би можела да преземе чекори да биде на исправен начин претставувана пред властите со цел да биде заштитено нејзиното право да има пристап до децата и да биде сигурна дека сопругот ќе биде обврзан да го издржува семејството кое го напуштил. На некои места, сопругата која го оспорува разводот може да потпише законски документи во кои се изложени подготовки за старателство над децата и финансиска поддршка, без да се сложи на разводот кој го бара нејзиниот сопруг. На други места, пак, начинот на кој се формулирани документите покажува дека таа се сложува на развод; според тоа, ако нејзиниот сопруг е виновен за прељуба, тоа што сопругата ќе ги потпише овие документи значи дека го отфрла.

Повеќето во средината и во собранието не би ги знаеле деталите како, на пример, дали е добиен развод на библиска основа. Затоа, пред работите да отидат дотаму, би било препорачливо сопругата да ги информира (подобро написмено) претседавачкиот надгледник и уште еден старешина во собранието за овие факти. На овој начин тие факти би биле достапни во случај тогаш или подоцна да се појави некакво прашање.

Да се вратиме на Исусовиот коментар: „Кој ќе се разведе од својата жена, освен поради блуд, и ќе се ожени со друга, прави прељуба“. Ако еден сопруг е навистина виновен за сексуален неморал, но сака да остане во брак со својата сопруга, таа (недолжната во Исусовиот пример) мора да избере дали ќе му прости и ќе продолжи да ја дели брачната постела со него или ќе го отфрли. Ако е спремна да му прости и да остане со својот законски сопруг, таа не е морално извалкана поради тоа (Осија 1:1—3; 3:1—3).

Во случај еден неморален сопруг да побара развод, можеби сопругата е сѐ уште спремна да му прости, надевајќи се дека ќе ѝ се врати. Од неа зависи да реши, на темел на нејзината совест и ситуација, дали да ја оспори бракоразводната парница. На некои места жената која оспорува развод можеби може да потпише некои документи кои пропишуваат старателство над децата и финансиска издршка без да укажува дека се сложува со разводот; нејзиното потпишување такви документи не би било само по себе доказ дека таа го отфрла. Меѓутоа, на други места сопругата која го оспорува разводот можеби ќе биде замолена да потпише документи кои покажуваат дека таа се сложува со разводот; потпишувањето такви документи јасно би покажало дека таа го отфрла својот виновен сопруг.

За да се избегне можноста за недоразбирање, би било препорачливо и во овој случај сопругата да им даде писмо на претставниците на собранието во кое е изложено кои чекори се преземаат и ставовите кои стојат зад нив. Би можела да наведе дека му рекла на сопругот дека е спремна да му прости и да му остане сопруга. Тоа би значело дека е добиен развод против нејзините желби; наместо да го отфрли својот сопруг, таа сѐ уште е спремна да му прости. Откако на таков начин јасно дава до знаење дека била спремна да му прости и да остане во брак, тоа што потпишува документи кои само покажуваат како да се средат финансиските работи и/или старателството не би било доказ дека го отфрла својот сопруг.a

Кога ќе се утврди нејзината спремност да му прости дури и откако се развеле, ниту таа ниту сопругот не се слободни да стапат во брак со друг. Ако таа, недолжниот партнер чија понуда за простување е одбиена, подоцна реши да го отфрли поради тоа што направил неморал, тогаш обајцата се слободни. Исус покажал дека недолжниот партнер има право да донесе таква одлука (Матеј 5:32; 19:9; Лука 16:18).

[Фуснота]

a Законските процедури и документи се разликуваат од место до место. Условите за развод изложени во законските документи треба внимателно да се разгледаат пред да се потпишат. Ако недолжниот партнер потпише документи кои покажуваат дека таа (или тој) не приговара на разводот кој го презема партнерот, тоа е еднакво на отфрлање на партнерот (Матеј 5:37).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели