ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/1 стр. 17-21
  • Оди во чекор со Јеховината организација

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Оди во чекор со Јеховината организација
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се оди постојано напред
  • Благодарни за духовното просветлување
  • Одење напред во нашата служба
  • Одење напред со организациски прочистувања
  • Исусовото активно водство
  • Оди во чекор!
  • Да одиме по патеката на сѐ посилна светлина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Божјата видлива организација
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Дали одиш во чекор со Јеховината организација?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Остани безбеден како дел од Божјата организација
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/1 стр. 17-21

Оди во чекор со Јеховината организација

„Богот на мирот . . . нека ве опреми со секое добро за да ја вршите неговата волја“ (ЕВРЕИТЕ 13:20, 21).

1. Колкаво е светското население, и колкав е бројот на членовите на некои религии?

ВО 1999 година, населението на Земјата достигна шест милијарди! The World Almanac (Светскиот алманах) покажува дека од овој број околу 1.165.000.000 се муслимани; 1.030.000.000 се римокатолици; 762.000.000 се хиндуси; 354.000.000 се будисти; 316.000.000 се протестанти и 214.000.000 се православни.

2. Што може да се каже за религиозната ситуација што постои денес?

2 Со оглед на религиозната поделба и збрка што постои денес, можно ли е сите овие милиони да постапуваат во склад со Божјата волја? Не, „зашто Бог не е Бог на неред, туку на мир“ (1. Коринќаните 14:33). Од друга страна, пак, што е со меѓународното братство на Јеховини слуги? (1. Петрово 2:17). Грижливото испитување покажува дека ‚Богот на мирот ги опремува со секое добро за да ја вршат неговата волја‘ (Евреите 13:20, 21).

3. Што се случило во Ерусалим на Пентекост 33 н.е., и зошто?

3 Се разбира, бројот на оние кои се поврзани со Јеховините сведоци не е критериум за да се одреди дали тие уживаат божествена наклоност; ниту, пак, статистиките го импресионираат Бог. Тој не ги избрал Израелците бидејќи биле „побројни“ од народите. Тие, всушност, биле „најмалубројни“ (Второзаконие 7:7). Но, бидејќи Израел се покажал неверен, на Пентекост 33 н.е. Јехова ја пренел својата наклоност на новото собрание кое се состоело од следбениците на Исус Христос. Тие биле помазани со Јеховиниот свет дух и ревносно се упатиле да им ја објавуваат на другите вистината за Бог и за Христос (Дела 2:41, 42).

Да се оди постојано напред

4. Зошто би рекол дека раното христијанско собрание постојано одело напред?

4 Христијанското собрание во првиот век постојано одело напред, отворајќи нови подрачја, правејќи ученици и стекнувајќи сѐ поголемо разбирање на Божјите намери. Раните христијани оделе во чекор со духовното просветлување давано преку божествено инспирираните писма. Поттикнати од посетите на апостолите и други, тие ја извршиле својата служба. Ова е добро документирано во Христијанските грчки списи (Дела 10:21, 22; 13:46, 47; 2. Тимотеј 1:13; 4:5; Евреите 6:1-3; 2. Петрово 3:17, 18).

5. Зошто Божјата организација напредува денес, и зошто треба да одиме во чекор со неа?

5 Слично на раните христијани, Јеховините денешни Сведоци се развија од скромни почетоци (Захарија 4:8-10). Од крајот на 19 век, постои јасен доказ дека Божјиот дух почива врз неговата организација. Бидејќи ние не се потпираме на човечка сила туку на водството од светиот дух, и понатаму напредуваме во нашето разбирање на Писмото и во вршењето на Божјата волја (Захарија 4:6). Сега, кога сме во „последните денови“, витално е да одиме во чекор со Јеховината прогресивна организација (2. Тимотеј 3:1-5). Тоа ни овозможува да ја одржиме жива нашата надеж и да учествуваме во давањето сведоштво за Божјето воспоставено Царство пред да дојде конечниот крај на овој систем на работи (Матеј 24:3-14).

6, 7. Кои три подрачја ќе ги разгледаме на кои Јеховината организација отишла напред?

6 Во нашите редови има лица кои се поврзале со Јеховината организација уште во 1920-тите, 1930-тите и 1940-тите. Во текот на тие рани години, кој од нас можеше да го замисли извонредниот раст и прогресивниот развој на организацијата сѐ до нашево време? Помисли само на пресвртниците кои ги доживеавме во нашата современа историја! Навистина е духовно наградувачки да се размислува за она што го постигнал Јехова преку својот теократски организиран народ.

7 Давид од старо време бил длабоко импресиониран кога размислувал за Јеховините чудесни дела. „Сакам да ги кажувам и да ги објавувам“, рекол тој, „но премногу се за да можат да бидат преброени“ (Псалм 40:5). Ние се соочуваме со истите ограничувања бидејќи не можеме да ги раскажеме големите и достојни за фалба дела на Јехова во нашево време. Сепак, да разгледаме три подрачја на кои Јеховината организација отишла напред: 1) прогресивно духовно просветлување, 2) подобрена и проширена служба и 3) навремени преиначувања во организациските процедури.

Благодарни за духовното просветлување

8. Во склад со Пословици 4:18, во што можеме да проникнеме во врска со Царството благодарение на духовното просветлување?

8 Во врска со прогресивното духовно просветлување се обистинил стихот од Пословици 4:18. Таму се вели: „Праведничката патека е како светлината на разденувањето, што е сѐ појасна до полниот ден“. Колку сме само благодарни за прогресивното духовно просветлување што го доживуваме! На конгресот во Седар Поинт (Охајо) во 1919, беше истакнато Божјето Царство. Јехова го користи Царството за да го посвети своето име и да го оправда својот суверенитет. Всушност, духовното просветлување ни овозможува да проникнеме дека од Битие па сѐ до Откровение, Библијата сведочи за Јеховината намера да го посвети своето име преку Царството под владеењето на својот Син. Во тоа лежи величествената надеж на сите љубители на праведноста (Матеј 12:18, 21).

9, 10. Во 1920-тите, што беше научено за Царството и за двете спротивставени организации, и како ова се покажа од корист?

9 На конгресот во Седар Поинт во 1922, главниот говорник Џ. Ф. Ратерфорд го поттикна Божјиот народ да го ‚објавува, објавува, објавува Царот и неговото царство‘. Во статијата „Раѓање на нацијата“, објавена во Стражарска кула од 1 март 1925, беше свртено вниманието кон духовниот увид во врска со пророштвата кои укажуваат на воспоставувањето на Божјето Царство во 1914 година. Исто така, во 1920-тите беше сфатено дека постојат две спротивставени организации — Јеховината и Сатановата. Борбата меѓу нив продолжува, а ние ќе бидеме на победничката страна само ако одиме во чекор со Јеховината организација.

10 Како ни помага ваквото духовно просветлување? Со оглед на тоа што Божјето Царство и царот Исус Христос не се дел од светот, и ние не можеме да бидеме дел од него. Држејќи се одвоени од светот, покажуваме дека сме на страната на вистината (Јован 17:16; 18:37). Кога ги набљудуваме сложените проблеми кои го измачуваат овој зол систем, колку сме само благодарни што не сме дел од Сатановата организација! И колку сме повластени што имаме духовна сигурност во Јеховината организација!

11. Кое библиско име го усвои Божјиот народ во 1931?

11 На конгресот во Колумбо (Охајо) во 1931, беше објаснета точната примена на Исаија 43:10-12. Библиските студенти го усвоија името Јеховини сведоци со кое јасно се распознаваат. Колкава само величествена предност е да се објавува Божјето име така што другите можат да го повикуваат за да се спасат! (Псалм 83:18, NW; Римјаните 10:13).

12. Какво духовно просветлување во врска со големото мноштво беше дадено во 1935?

12 Пред 1930-тите, многумина од Божјиот народ биле некако несигурни во врска со својата надеж за животот во иднина. Некои размислувале за небесен живот, но биле фасцинирани од библиските учења за рајска Земја. На конгресот во Вашингтон (Д.К.), во 1935, беше возбудливо да се дознае дека големото множество, или големото мноштво, од Откровение, поглавје 7, е класа со земна надеж. Оттогаш, собирањето на големото мноштво одеше напред со сѐ поголем замав. Зарем не сме благодарни што идентитетот на големото мноштво за нас не е мистерија? Реалноста на тоа што во голем број се собираат луѓе од сите нации, племиња и јазици нѐ мотивира да го забрзаме нашето темпо додека одиме во чекор со Јеховината организација.

13. Кое крупно спорно прашање беше истакнато на конгресот во Сент Луис во 1941 година?

13 На конгресот во Сент Луис (Мисури) во 1941 беше истакнато крупното спорно прашање кое треба да биде од интерес за човечкото општество. Тоа е универзалната доминација, односно сувереност. Ова е спорното прашање кое наскоро мора да се реши, а големиот ден што влева страв и во кој тоа ќе се постигне доаѓа бргу! Исто така, во 1941 беше ставено во прв план сродното спорно прашање за интегритетот, кое ни овозможува да покажеме каде стоиме ние лично во врска со Божјата сувереност.

14. Што беше научено на меѓународниот конгрес во 1950 во врска со кнезовите спомнати во Исаија 32:1, 2?

14 На меѓународниот конгрес во Њујорк Сити во 1950 беа прецизно идентификувани кнезовите од Исаија 32:1, 2. Беше возбудлив момент кога брат Фредерик Франц зборуваше на оваа тема и објасни дека кнезовите на новата Земја се меѓу нас. На тој конгрес, како и на подоцнежните, имаше бројни искри духовна светлина (Псалм 97:11). Колку сме само благодарни што нашата патека „е како светлината на разденување, што е сѐ појасна“!

Одење напред во нашата служба

15, 16. а) Како одевме напред во нашата служба во текот на 1920-тите и 1930-тите? б) Кои публикации ѝ дадоа поттик на христијанската служба во последниве децении?

15 Вториот начин на кој Јеховината организација оди напред е поврзан со нашето главно дело — проповедањето на Царството и правењето ученици (Матеј 28:19, 20; Марко 13:10). За да се изврши ова дело, организацијата постојано ни нагласува колку е важно да ја прошириме нашата служба. Во 1922 сите христијани беа поттикнати да учествуваат во делото на проповедање. Секој поединец требаше да дозволи неговата светлина да свети и на тој начин да има личен удел во давањето сведоштво за вистината (Матеј 5:14-16). Во 1927 беа преземени чекори недела да се одвои како ден за служба на теренот. Почнувајќи од февруари 1940, стана вообичаено на улиците во деловните подрачја да се видат Сведоци како нудат Стражарска кула и Утеха (сега Разбудете се!).

16 Во 1937 година беше издадена брошурката Model Study (Модел на проучување), која ја нагласи потребата да се прават повторни посети за да се поучат другите за библиската вистина. Во годините потоа, беше ставен голем нагласок на активноста на водење библиски студии. Поттик за оваа гранка на службата беше даден со објавувањето на книгата “Let God Be True” („Нека биде Бог вистинит“) во 1946 и Вистина која води до вечен живот во 1968. Моментално ја користиме книгата Спознание кое води до вечен живот. Со обработувањето на овој материјал се полага цврст библиски темел за правење ученици.

Одење напред со организациски прочистувања

17. Во склад со Исаија 60:17, како одеше напред Јеховината организација?

17 Третиот начин на кој Јеховината организација оди напред е поврзан со организациските прочистувања. Според Исаија 60:17, Јехова ветил: „Место бакар, ќе донесам злато, место железо, ќе донесам сребро; место дрва, бакар, место камен, железо. Мирот ќе го поставам за твој главатар, Правдата за владетел“. Во склад со ова пророштво, преземени се чекори за да се подобри надгледувањето на делото на проповедање на Царството и пастирењето на стадото.

18, 19. До кои организациски прочистувања дојде низ годините?

18 Во 1919 во секое собрание кое ќе замолело да биде организирано за служба на теренот беше наименуван управник за служба. Ова ѝ даде поттик на нашата служба на теренот. Во 1932 се прекина со гласањето на старешини и ѓакони, што значеше напуштање на демократските методи. До друга пресвртница дојде во 1938 кога наименувањето на сите слуги во собранието уште потесно беше доведено во склад со подготовките за теократско наименување во раното христијанско собрание (Дела 14:23; 1. Тимотеј 4:14). Во 1972 беа наименувани да служат надгледници и слуги помошници, како што служеле мажите меѓу раните христијани. Наместо само еден маж да служи како надгледник на собранието, Филипјаните 1:1 и други стихови покажуваат дека оние кои ги исполнуваат библиските барања за надгледници сочинуваат старешинско тело (Дела 20:28, Ефешаните 4:11, 12).

19 Во 1975 стапи на сила една подготовка — одбори на Водечкото тело на Јеховините сведоци да ги надгледуваат светските активности на Божјата организација. Беа наименувани Одбори на подружници за да го надгледуваат делото на своите територии. Оттогаш се посветува внимание на поедноставување на работата во светското седиште и во подружниците на Watch Tower Society со цел да ‚се биде уверен во поважните работи‘ (Филипјаните 1:9, 10). Одговорностите кои лежат на плеќите на Христовите потпастири вклучуваат преземање водство во делото на евангелизирање, поучување во собранието и соодветно пастирење на Божјето стадо (1. Тимотеј 4:16; Евреите 13:7, 17; 1. Петрово 5:2, 3).

Исусовото активно водство

20. Што бара да признаеме одењето во чекор со Јеховината организација во врска со положбата на Исус?

20 Одењето во чекор со Јеховината прогресивна организација бара да ја признаеме улогата на „глава на собранието“ што на Исус Христос му ја дал Бог (Ефешаните 5:22, 23). Вредно е да се забележи и стихот во Исаија 55:4 каде што ни е кажано: „Еве, [јас Јехова] те направив сведок на племињата, кнез и заповедник на народите“. Исус сигурно знае како да води. Исто така, тој ги знае своите овци и нивните дела. Всушност, кога ги испитувал седумте собранија во Мала Азија, петпати рекол: „Ги знам делата твои“ (Откровение 2:2, 19; 3:1, 8, 15). Исто така, Исус ги знае нашите потреби, како и неговиот Татко, Јехова. Пред да ја каже пример-молитвата, Исус рекол: „Бог, вашиот Татко, знае што ви треба уште пред да го замолите“ (Матеј 6:8-13).

21. Како се манифестира Исусовото водство во христијанското собрание?

21 Како се манифестира Исусовото водство? Еден начин е преку христијанските надгледници, ‚даровите во облик на луѓе“ (Ефешаните 4:8). Откровение 1:16 прикажува како помазаните надгледници се во десната рака на Христос, под негова контрола. Денес, Исус ја води подготовката за старешини, сеедно дали тие мажи имаат небесна или земна надеж. Како што беше објаснето во претходната статија, тие се наименувани од светиот дух во согласност со библиските барања (1. Тимотеј 3:1-7; Тит 1:5-9). Во првиот век, група постари мажи во Ерусалим го сочинувале водечкото тело кое ги надгледувало собранијата и активноста на проповедање на Царството во глобала. Истиот образец се следи и во Јеховината организација денес.

Оди во чекор!

22. Каква помош обезбедува Водечкото тело?

22 Интересите на Царството на Земјата му се доверени на „верниот и разборит роб“ чиј претставник е Водечкото тело на Јеховините сведоци (Матеј 24:45-47). Водечкото тело е првенствено заинтересирано да му даде духовна поука и водство на христијанското собрание (Дела 6:1-6). Меѓутоа, кога сообожавателите се погодени од природни катастрофи, Водечкото тело замолува еден или повеќе законски ентитети да обезбедат помош и да ги поправат или обноват оштетените домови и Салите на Царството. Ако со некои христијани се постапува грубо или се прогонувани, се преземаат чекори тие да бидат духовно изградени. А „во тешко време“ се вложуваат секакви напори да се продолжи со делото на проповедање (2. Тимотеј 4:1, 2).

23, 24. Сеедно на што наидува неговиот народ, со што постојано го снабдува Јехова, и на што треба да бидеме решени?

23 Сеедно на што наидува неговиот народ, Јехова постојано го снабдува со духовна храна и со потребното водство. Исто така, Бог им дава проникливост и увид на одговорните браќа за да се подготват за понатамошен напредок и за прочистувања во теократската организација (Второзаконие 34:9; Ефешаните 1:16, 17). Јехова, без промашување, го обезбедува она што е потребно за да го исполниме налогот да правиме ученици и да ја извршиме нашата служба по целиот свет (2. Тимотеј 4:5).

24 Имаме апсолутна доверба дека Јехова никогаш нема да го напушти својот верен народ; тој ќе ги избави во претстојната „голема неволја“ (Откровение 7:9-14; Псалм 94:14; 2. Петрово 2:9). Ја имаме секоја причина да се држиме за довербата што ја имавме во почетокот, непоколебливо сѐ до крај (Евреите 3:14). Затоа, да бидеме решени да одиме во чекор со Јеховината организација.

Како би одговорил?

• Зошто можеме да кажеме дека Јеховината организација продолжува да оди напред?

• Каков доказ постои дека Божјиот народ доживува прогресивно духовно просветлување?

• Какви подобрувања имаше во христијанската служба?

• Кои навремени преиначувања се направени во организациските процедури кај Јеховините слуги?

[Слика на страница 17]

Слично на Давид, не можеме да ги преброиме сите Јеховини чудесни дела

[Слика на страница 18]

Божјето стадо извлекува корист од навремените преиначувања во организациските процедури

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели