ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/3 стр. 8-11
  • Што е духовниот рај?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е духовниот рај?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Пронаоѓање на духовниот рај
  • Народ за Божјето име
  • Што е духовниот рај?
  • Виталната улога на љубовта
  • Рај меѓу оние кои ја вршат Божјата волја
  • Придонесување кон духовниот рај
  • Никогаш не го напуштај духовниот рај
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • „Се гледаме во рајот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Рај — за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Дај сѐ од себе за да го разубавиш духовниот рај!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/3 стр. 8-11

Што е духовниот рај?

ГУСТАВО израснал во едно гратче во Бразил.a Уште од детството бил поучуван дека добрите луѓе по смртта одат на небо. Не знаел ништо за Божјата намера дека еден ден верното човештвото ќе ужива во совршен живот во земен рај (Откровение 21:3, 4). А не знаел и уште нешто. Не сфаќал дека уште сега би можел да биде во еден духовен рај.

Дали некогаш си чул за тој духовен рај? Знаеш ли што е тоа и што се бара за да се биде дел од него? Секој кој сака да биде вистински среќен треба да знае за тој рај.

Пронаоѓање на духовниот рај

Да се каже дека уште денес човек може да живее во рај може да звучи нереалистично. Овој свет ни оддалеку не е рај. Премногу луѓе го доживуваат она што го опишал еден древен еврејски цар: „Ете, солзи на угнетуваните, и никој нема да ги избрише; и насилствата на угнетувачката рака, а и утешител нема за нив“ (Проповедник 4:1). Стотици милиони луѓе страдаат под корумпираните политички, религиозни и економски системи, и немаат олеснување, немаат „утешител“. Многу други се борат да ги платат своите сметки, да ги подигнат децата и да прават уште стотици други работи кои се потребни за да се преживее. Веројатно и тие радо би примиле утешител, некој кој барем малку би им го олеснил товарот. За сите нив, животот е далеку од рајски.

Тогаш, каде се наоѓа духовниот рај? Грчкиот и хебрејскиот збор преведени со „рај“ ја пренесуваат мислата за парк или градина, мирољубиво место за релаксирање и обновување на духот. Библијата ветува дека еден ден Земјата ќе биде физички рај, дом како градина за безгрешниот човечки род (Псалм 37:10, 11). Имајќи го ова на ум, гледаме дека духовен рај е околина која е угодна за очите и ги смирува нервите, овозможувајќи да се ужива во мир со својот ближен и со Бог. Денес, како што открил Густаво, постои таков рај, и опфаќа сѐ поголем број луѓе.

На 12-годишна возраст, Густаво решил да биде римокатолички свештеник. Со одобрување на родителите, се запишал на една религиозна семинарија. Таму почнал да се занимава со музика, театар и политика, кои ги унапредувала црквата за да ги привлече младите. Знаел дека свештеникот треба да им се посвети на луѓето и дека не смее да се жени. Сепак, некои свештеници и семинаристи кои Густаво ги знаел биле вмешани во неморални практики. Во една таква атмосфера, набрзо почнал многу да пие. Јасно, сѐ уште го немал најдено духовниот рај.

Еден ден, Густаво прочитал еден библиски трактат кој зборувал за некаков земен рај. Тоа го натерало да размислува за смислата на животот. Тој вели: „Почнав често да ја читам Библијата, но не ја разбирав. Дури и не сфаќав дека Бог има име“. Ја напуштил семинаријата и им пристапил на Јеховините сведоци, барајќи помош да ја разбере Библијата. Потоа, брзо напредувал и наскоро му го предал својот живот на Бог. Густаво учел за духовниот рај.

Народ за Божјето име

Густаво дознал дека Божјето име, Јехова, не е само интересен податок за еден библиски студент (Излез 6:3, NW). Тоа е витален дел од вистинското обожавање. Исус ги поучил своите следбеници да се молат: „Татко наш, кој си на небесата, нека се свети името твое“ (Матеј 6:9). Говорејќи за не-Евреите кои станале христијани, ученикот Јаков рекол: „Бог . . . им обрна внимание на нациите за од нив да земе народ за своето име“ (Дела 15:14). Во првиот век, ‚народот за неговото име‘ бил христијанското собрание. Постои ли народ за Божјето име денес? Да, и Густаво сфатил дека Јеховините сведоци се тој народ.

Јеховините сведоци се активни во 235 земји и подрачја. Бројат повеќе од шест милиони министри, а уште осум милиони заинтересирани лица ги посетуваат нивните состаноци. Нашироко познати по својата јавна служба, тие ги исполнуваат Исусовите зборови: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целата населена земја за сведоштво на сите нации“ (Матеј 24:14). Но, зошто Густаво сметал дека нашол духовен рај кога се поврзал со Јеховините сведоци? Тој вели: „Го споредив она што го имав видено во светот, а особено во семинаријата, со она што го најдов меѓу Јеховините сведоци. Големата разлика е во љубовта меѓу Сведоците“.

Други дале слични коментари во врска со Јеховините сведоци. Мирјам, млада Бразилка, рекла: „Не знаев како да бидам среќна, дури ни во моето семејство. Првпат видов љубов на дело меѓу Јеховините сведоци“. Еден човек по име Кристијан вели: „Повремено се плеткав со спиритизам, но религијата не ми значеше многу. Повеќе ја ценев мојата општествена положба и работата како инженер. Сепак, кога сопругата почна да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци, видов разлика кај неа. Исто така, бев импресиониран од радоста и ревноста на христијанките кои ја посетуваа“. Зошто луѓето го велат тоа за Јеховините сведоци?

Што е духовниот рај?

Една работа што ги издвојува Јеховините сведоци е нивното ценење за библиското спознание. Тие веруваат дека Библијата е вистинита и дека е Божја реч. Оттука, не се задоволни само со тоа да ги знаат основните работи за својата религија. Тие имаат напредна програма на лично проучување и читање на Библијата. Колку повеќе некој се дружи со Јеховините сведоци толку повеќе учи за Бог и за Неговата волја откриена во Библијата.

Таквото спознание ги ослободува Јеховините сведоци од работите кои им ја одземаат среќата на луѓето, како што се суеверија и штетни идеи. Исус рекол: „Вистината ќе ве ослободи“, и кај Јеховините сведоци е така (Јован 8:32). Фернанду, кој едно време практикувал спиритизам, вели: „Тоа што дознав за вечен живот беше огромно олеснување. Се плашев дека или моите родители или јас би можеле да умреме“. Вистината го ослободила Фернанду од стравот од духовниот свет и од таканаречениот задгробен живот.

Во Библијата, спознанието за Бог е тесно поврзано со рајот. Пророкот Исаија рекол: „Не ќе се прави повеќе зло, не ќе се опустува на сета Моја света гора: земјата ќе се исполни со знаење за Господа, како што морињата се полнат со вода“ (Исаија 11:9).

Се разбира, спознанието само по себе не е доволно за да се донесе мирот што го претскажал Исаија. Човек мора да постапува во склад со она што го учи. Фернанду го дај овој коментар: „Кога некој ги негува плодовите на духот, тој придонесува за духовниот рај“. Фернанду укажувал на зборовите на апостол Павле, кој добрите особини што треба да ги негува христијанинот ги нарекол ‚плодови на духот‘. Ги набројал како „љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност, доброта, вера, благост, самосовладување“ (Галатите 5:22, 23).

Можеш ли да увидиш зошто поврзувањето со една заедница на поединци кои настојуваат да негуваат такви особини навистина би било како да си во рај? Духовниот рај кој го претскажал пророкот Софонија ќе постои меѓу тие луѓе. Тој рекол: ‚[Тие] веќе нема да прават неправда, не ќе зборуваат веќе лаги; во нивните усти не ќе се најде веќе измамлив јазик. Ќе можат да пасат и да се одмараат и никој не ќе им пречи“ (Софонија 3:13).

Виталната улога на љубовта

Можеби си забележал дека прв од плодовите на духот кои ги спомнал Павле е љубовта. Ова е особина за која Библијата многу зборува. Исус рекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ (Јован 13:35). Точно, Јеховините сведоци не се совршени. Тие понекогаш имаат лични проблеми меѓу себе токму како што имале и Исусовите апостоли. Но, тие вистински се љубат еден со друг, и се молат за поддршката од светиот дух додека ја негуваат оваа особина.

Како резултат на тоа, нивното другарство е единствено. Меѓу нив нема чувство на племенска припадност или раздорен национализам. Всушност, многу Сведоци кои се нашле среде етничко чистење и расен геноцид во последните години на 20 век се штителе еден со друг по цена на сопствениот живот. Иако доаѓаат од „сите нации и племиња и народи и јазици“, тие уживаат единство кое не може да се сфати сѐ додека не се доживее (Откровение 7:9).

Рај меѓу оние кои ја вршат Божјата волја

Во духовниот рај нема место за алчност, неморал и себичност. На христијаните им е речено: „Престанете да се обликувате според овој систем на работи, туку преобразете се со обновувањето на својот ум за самите да се уверите која е добра и прифатлива и совршена волја Божја“ (Римјаните 12:2). Кога живееме чист, морален живот и ја вршиме Божјата волја на други начини, помагаме да се гради духовниот рај и придонесуваме за сопствената среќа. Тоа било случај со Карла. Таа вели: „Татко ми ме учеше напорно да работам за да станам финансиски независна. Но, иако моите универзитетски студии ми даваа чувство на сигурност, ми недостигаше семејното единство и сигурноста кои може да ни ги даде само спознанието од Божјата реч“.

Се разбира, уживањето во духовниот рај не ги отстранува физичките проблеми во животот. Христијаните сепак се разболуваат. Нацијата во која живеат би можела да се заплетка во граѓанска војна. Многумина поднесуваат сиромаштија. Сепак, да се има близок однос со Јехова Бог — што е пресуден дел од духовниот рај — значи дека можеме да се потпреме на него за поддршка. Навистина, тој нѐ поканува да ‚му ја довериме сета своја грижа‘, и многумина можат да посведочат за прекрасниот начин на кој тој ги поддржувал во најтешките ситуации (Псалм 55:22; 86:16, 17). Бог ветува дека ќе биде со своите обожаватели дури и во „долината на смртната сенка“ (Псалм 23:4). Довербата во Божјата спремност да нѐ поддржува ни помага да го сочуваме својот ‚мир Божји, кој ја надминува секоја мисла‘, а тој е клуч за духовниот рај (Филипјаните 4:7).

Придонесување кон духовниот рај

Повеќето луѓе уживаат да посетат некој парк или градина. Сакаат да се шетаат низ него или можеби да седат на клупа и да уживаат во околината. На сличен начин, многумина уживаат да се дружат со Јеховините сведоци. Тоа дружење ги освежува, смирува и закрепнува. Меѓутоа, една прекрасна градина треба да се негува за да биде и понатаму рајска. На сличен начин, во овој свет кој воопшто не личи на рај, духовниот рај постои само затоа што Јеховините сведоци го негуваат, и Бог ги благословува нивните напори. Значи, како може да се даде еден смисловен придонес за тој рај?

Прво, треба да се поврзеш со некое собрание на Јеховините сведоци, да ја проучуваш Библијата со нив и да стекнеш библиско спознание кое е темелот за духовниот рај. Карла забележала: „Не постои духовен рај без духовна храна“. Ова го вклучува редовното читање на Божјата реч и размислувањето за она што се чита. Спознанието што го стекнуваш ќе те приближи кон Јехова Бог, и ќе го засакаш. Исто така, ќе научиш да разговараш со него во молитва и ќе го бараш неговото водство и неговиот дух за да те поддржува додека ја вршиш неговата волја. Исус ни рекол да истраеме во молитва (Лука 11:9-13). Апостол Павле рекол: „Молете се непрестајно“ (1. Солуњаните 5:17). Предноста да се разговара со Бог во молитва со апсолутна доверба дека те слуша е важен дел од духовниот рај.

Како што времето одминува, твојот живот ќе се промени на подобро со она што го учиш, и на крај ќе сакаш да зборуваш со другите за тоа. Тогаш ќе можеш да бидеш послушен на Исусовата заповед: „Нека свети вашата светлина пред луѓето за да ги видат вашите добри дела и да му дадат слава на вашиот Татко кој е на небесата“ (Матеј 5:16). Споделувањето на спознанието за Јехова Бог и за Исус Христос со другите и величањето на големата љубов што ја покажале тие кон човештвото донесува голема среќа.

Доаѓа време кога целата Земја ќе биде физички рај — место слично на градина, ослободено од загадување и пригоден дом за верното човештво. Постоењето на духовниот рај во овие „критични времиња со кои тешко ќе се излегува на крај“ е доказ за Божјата моќ и само предвкус на она што тој може и ќе го постигне во иднина (2. Тимотеј 3:1).

Уште сега, оние кои уживаат во духовниот рај доживуваат духовно исполнување на Исаија 49:10: „Веќе нема да гладуваат и да жеднеат, не ќе ги мачат жегата ни сонцето, зашто ќе ги води Оној, Кој им се смилува, ќе ги доведе при водните извори“. Жузе ќе посведочи дека ова е вистина. Сонувал да стане прочуен музичар, но нашол поголемо задоволство во служењето на Бог со христијанското собрание. Тој вели: „Сега уживам смисловен живот. Се чувствувам безбеден во кругот на христијанското братство, и го познавам Јехова како Татко полн со љубов во кого можеме да имам доверба“. Така, среќата на Жузе — и на милиони други како него — е добро опишана во Псалм 64:10: „Праведникот се весели во Господа, на Него се надева“. Колку само убав опис на духовниот рај!

[Фуснота]

a Спомнатите поединци се реални личности, но некои имиња се изменети.

[Слика на страница 10]

Додека уживаш во духовниот рај, помагај тој да се шири!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели