ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/3 стр. 12-17
  • Радост за оние кои одат во светлината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Радост за оние кои одат во светлината
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Мрачни времиња во Израел
  • Мрачни времиња денес
  • „Го славам Твоето Име“
  • Уништен е еден град
  • „Заштита на сиромашниот“
  • Јеховината рака е подигната
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
  • Спасение за оние кои ја избираат светлината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Божествената светлина ја растерува темнината!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Следи ја светлината на светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/3 стр. 12-17

Радост за оние кои одат во светлината

„Дојдете, да одиме во Господовата светлина“ (ИСАИЈА 2:5).

1, 2. а) Колку е важна светлината? б) Зошто е толку сериозно предупредувањето дека темнина ќе ја покрие Земјата?

ЈЕХОВА е Извор на светлината. Библијата го нарекува Оној „Кој дава сонцето да свети дење, а месечината и ѕвездите ноќе“ (Еремија 31:35; Псалм 8:3). Тој е Оној што го создал нашето Сонце, кое, всушност, е една огромна нуклеарна печка што во вселената испушта огромно количество енергија, од која дел е во облик на светлина и топлина. Еден многу мал процент од таа енергија доаѓа до нас како сончева светлина која го поддржува животот на Земјата. Без сончева светлина, не би можеле да постоиме. Земјата би била безживотна планета.

2 Имајќи го ова на ум, можеме да ја разбереме сериозноста на една ситуација која ја опишал пророкот Исаија. Тој рекол: „Еве, темнината ја покрива земјата, и мракот народите!“ (Исаија 60:2). Секако, ова не укажува на темнина во физичка смисла. Исаија не мислел дека еден ден Сонцето, Месечината и ѕвездите ќе престанат да светат (Псалм 89:36, 37; 136:7-9). Наместо тоа, зборувал за духовна темнина. Но, духовната темнина е смртоносна. Всушност, не можеме да живееме без духовна светлина исто како што не можеме ни без физичката светлина (Лука 1:79).

3. Со оглед на зборовите на Исаија, што треба да прават христијаните?

3 Со оглед на ова, од сериозен интерес е да забележиме дека, иако се исполниле на древната Јуда, зборовите на Исаија имаат поголемо исполнување денес. Да, во нашево време светот е обвиткан во духовна темнина. Во една толку опасна ситуација, духовната светлина е од најголема важност. Затоа христијаните прават добро ако внимаваат на Исусовиот поттик: „Нека свети вашата светлина пред луѓето“ (Матеј 5:16). Верните христијани можат да им ја осветлат темнината на кротките, давајќи им на тој начин прилика да добијат живот (Јован 8:12).

Мрачни времиња во Израел

4. Кога првпат се исполниле пророчките зборови на Исаија, но каква ситуација постоела веќе во негово време?

4 Зборовите на Исаија дека темнина ќе ја покрие Земјата првпат се исполниле кога Јуда лежела опустошена и кога нејзиниот народ бил во изгнанство во Вавилон. Меѓутоа, дури и пред тоа, во времето на Исаија, голем дел од нацијата веќе била обвиткана во духовна темнина, факт кој го натерал да ги поттикне своите земјаци: „Јаковов доме, дојдете, да одиме во Господовата светлина!“ (Исаија 2:5; 5:20).

5, 6. Кои фактори придонеле за мракот во времето на Исаија?

5 Исаија пророкувал во Јуда „во деновите на Озиј, Јоатан, Ахаз и Езекија, јудејски цареви“ (Исаија 1:1). Тоа било едно бурно време на политички немир, религиозно лицемерство, судска корупција и угнетување на сиромашните. Дури и за време на владеењето на верните цареви каков што бил Јотам, на врвовите на многу ридови можеле да се видат олтари на лажни богови. Под владеењето на неверните цареви, ситуацијата била уште полоша. Злобниот цар Ахаз, на пример, отишол дотаму што го принесувал своето потомство во ритуална жртва на богот Молох. Тоа навистина било мрак! (2. Цареви 15:32-34; 16:2-4).

6 Меѓународната ситуација исто така била мрачна. Моав, Едом и Филистеја стоеле заканувачки на границите на Јуда. Северното царство Израел, иако во крвно сродство со неа, било отворен непријател. Понасевер, на мирот на Јуда му се заканувала Сирија. Уште поопасна била суровата Асирија, која отсекогаш барала прилики да ја прошири својата моќ. Во времето кога пророкувал Исаија, Асирија во целост ја избришала од карта нацијата Израел и речиси ја уништила Јуда. Во еден период, сите утврдени градови во Јуда, освен Ерусалим, биле во рацете на Асирија (Исаија 1:7, 8; 36:1).

7. Кој пат го избрале Израел и Јуда, и како реагирал Јехова?

7 Божјиот народ на сојузот ги доживеал тие катастрофи бидејќи Израел и Јуда му биле нелојални. Слично на оние спомнати во книгата Пословици, тие ‚ги оставиле патеките на чесноста, па оделе по мрачни патишта‘ (Пословици 2:13). Сепак, иако бил гневен на својот народ, Јехова не го напуштил во целост. Наместо тоа, го подигнал Исаија и други пророци за да обезбеди духовна светлина за секого во нацијата кој сѐ уште верно настојувал да му служи на Јехова. Светлината која ја давал преку овие пророци навистина била скапоцена! Таа била животодајна!

Мрачни времиња денес

8, 9. Кои фактори придонесуваат за темнината на светот денес?

8 Ситуацијата во времето на Исаија била многу слична на денешната состојба. Во наше време, човечките водачи му свртеле грб на Јехова и на неговиот востоличен цар, Исус Христос (Псалм 2:2, 3). Религиозните водачи на христијанскиот свет ги мамат своите стада. Тие водачи тврдат дека му служат на Бог, но всушност, повеќето од нив ги унапредуваат боговите на овој свет — национализмот, милитаризмот, богатството и истакнатите поединци — а да не зборуваме за тоа дека поучуваат пагански доктрини.

9 Од едно место во друго, религиите на христијанскиот свет се вмешани во војни и во цивилни борби кои се карактеризираат со етничко чистење и со други ужаси. Освен тоа, наместо да заземат став за библиски темелениот морал, многу цркви или замижуваат пред неморалните практики, како што се блуд и хомосексуалност, или активно ги поддржуваат. Како резултат на тоа отфрлање на библиските мерила, стадата на христијанскиот свет се како оние мажи за кои зборувал древниот псалмист: „Не сфаќаат ниту разбираат, одат во темнина“ (Псалм 82:5). Навистина, христијанскиот свет, како што била и древната Јуда, се наоѓа во длабока темнина (Откровение 8:12).

10. Како светлината свети во темнината денес, и како кротките извлекуваат корист?

10 Среде една ваква темнина, Јехова предизвикува да свети светлината заради кротките. За тоа ги користи своите помазани слуги на Земјата, „верниот и разборит роб“, и тие ‚светлат како светила во светот“ (Матеј 24:45; Филипјаните 2:15). Таа класа на робот, поддржана од милиони придружници, „други овци“, ја одразува духовната светлина темелена на Божјата реч, Библијата (Јован 10:16). Во овој мрачен свет, таа светлина им дава надеж на кротките, им помага да стекнат однос со Бог и да ги избегнуваат духовните замки. Таа е скапоцена, животодајна.

„Го славам Твоето Име“

11. Кои информации ги ставил Јехова на располагање во времето на Исаија?

11 Во мрачните денови во кои живеел Исаија и во уште помрачните денови потоа, кога Вавилонците ја одвеле Јеховината нација во изгнанство, какво водство давал Јехова? Освен што давал морално водство, тој јасно изложувал однапред како ќе ги исполни своите намери во врска со својот народ. На пример, разгледај ги прекрасните пророштва кои се наоѓаат во Исаија, поглавје 25 до 27. Зборовите во овие поглавја покажуваат како Јехова се справил со работите во тоа време и како го прави тоа денес.

12. Каква искрена изјава дал Исаија?

12 Прво, Исаија изјавува: „Господи, Ти си мој Бог, Те величам, го славам Твоето Име“. Колку само искрен израз на фалба! Но, што го поттикнало пророкот да каже една ваква молитва? Главниот фактор е откриен во втората половина од стихот, каде што читаме: „Зашто [ти, Јехова] спроведе чудесен наум [чудесни дела, NW], смислен од дамнина, вистински и верен“ (Исаија 25:1).

13. а) Кое спознание го зајакнало ценењето на Исаија за Јехова? б) На кој начин можеме да учиме од примерот на Исаија?

13 До времето на Исаија, Јехова имал извршено многу чудесни дела за Израел, и тие биле запишани. Очигледно на Исаија му биле познати тие записи. На пример, тој знаел дека Јехова го извел својот народ од ропството во Египет и го спасил од гневот на фараоновата војска во Црвеното Море. Знаел дека Јехова го водел својот народ низ пустелијата и го вовел во Ветената земја (Псалм 136:1, 10-26). Тие историски извештаи покажале дека Јехова Бог е верен и вистински. Неговиот „наум“ — сѐ што е негова намера — се обистинува. Божествено даденото точно спознание го зајакнало Исаија да продолжи да оди во светлината. Во овој поглед тој е прекрасен пример за нас. Ако грижливо ја проучуваме Божјата пишана Реч и ја применуваме во нашиот живот, и ние ќе останеме во светлината (Псалм 119:105; 2. Коринќаните 4:6).

Уништен е еден град

14. Што е проречено за еден град, и кој бил веројатно тој град?

14 Пример за Божјиот наум се наоѓа во Исаија 25:2 каде што читаме: „Градот го претвори во куп камења, а утврденото место во урнатина. Непријателската тврдина веќе не е град, не ќе биде обновена довека“. Кој е тој град? Исаија веројатно зборувал пророчки за Вавилон. Навистина, дошло време кога Вавилон станал само куп камења.

15. Кој „голем град“ постои денес, и што ќе се случи со него?

15 Дали градот кој го спомнал Исаија има свој еквивалент денес? Да. Книгата Откровение зборува за „големиот град кој има царство над земните цареви“ (Откровение 17:18). Тој голем град е „Големиот Вавилон“, светската империја на лажната религија (Откровение 17:5). Денес, главен дел на Големиот Вавилон е христијанскиот свет, чие свештенство презема водство во противењето на делото на проповедање на Царството кое го врши Јеховиниот народ (Матеј 24:14). Меѓутоа, слично на древниот Вавилон, наскоро Големиот Вавилон ќе биде уништен, за никогаш повторно да не се подигне.

16, 17. Како непријателите на Јехова го славеле во древни времиња и како го слават денес?

16 Што друго пророкува Исаија за ‚утврдениот град‘? Обраќајќи му се на Јехова, Исаија вели: „Те слави силен народ, градот на силните племиња [тиранските нации, NW] се бои од Тебе“ (Исаија 25:3). Како овој непријателски град, „градот на тиранските нации“, ќе го слави Јехова? Па, сети се што му се случило на најмоќниот вавилонски цар Навуходоносор. По едно отрезнувачко искуство кое ја покажало неговата слабост, бил принуден да ја признае величината на Јехова и Неговата семоќна сила (Даниел 4:34, 35). Кога Јехова ја спроведува својата моќ, дури и неговите непријатели се принудени да ги признаат, иако неволно, неговите моќни дела.

17 Дали Големиот Вавилон некогаш бил принуден да ги признае Јеховините моќни дела? Да. За време на Првата светска војна, Јеховините помазани слуги проповедале под неволја. Во 1918 отишле во духовно заробеништво кога биле затворени водечките службеници на Watch Tower Society. Организираното дело на проповедање практично престанало. Потоа, во 1919, Јехова ги обновил и ги заживеал со својот дух, при што почнале да го исполнуваат налогот да ја проповедаат добрата вест по целата населена Земја (Марко 13:10). Сево ова, како и ефектот врз нивните противници, било проречено во книгата Откровение. Тие ‚се исплашиле и му оддале слава на Богот на небото‘ (Откровение 11:3, 7, 11-13). Тоа не значи дека сите биле преобратени туку дека биле принудени да го признаат моќното дело на Јехова во таа прилика, токму како што претскажал Исаија.

„Заштита на сиромашниот“

18, 19. а) Зошто противниците не успеале да го скршат интегритетот на Јеховиниот народ? б) Како ќе биде прекратена ‚победничката песна на насилниците‘?

18 Свртувајќи се сега кон Јеховините љубезни постапки со оние кои одат во светлина, Исаија му вели на Јехова: „Ти си му заштита на сиромашниот; прибежиште на бедниот во неволја; прибежиште од пороен дожд и засолниште од припек, зашто силничкиот гнев е како зимски пороен дожд; како жега над сувата земја, Ти ја задушуваш вревата на непријателот, како припекот со сенката на облак, им прекрати на насилниците победничката песна“ (Исаија 25:4, 5).

19 Од 1919 година насилниците пробуваат сѐ за да го скршат интегритетот на вистинските обожаватели, но не успеваат. Зошто? Бидејќи Јехова е заштита и прибежиште на својот народ. Тој обезбедува свежа сенка од жешката топлина на прогонство и стои како јак ѕид против поројниот дожд на противењето. Ние кои одиме во Божјата светлина со доверба го очекуваме времето кога ‚ќе биде прекратена победничката песна на насилниците‘. Да, желно го чекаме денот кога Јеховините непријатели ќе исчезнат.

20, 21. Каква гозба обезбедува Јехова, и што ќе вклучува тој банкет во новиот свет?

20 Јехова прави и повеќе отколку само да ги заштитува своите слуги. Се грижи за нив како нивни Татко полн со љубов. Откако го ослободил својот народ од Големиот Вавилон во 1919, тој им приредил една победничка гозба, духовна храна во изобилство. Тоа било претскажано во Исаија 25:6 каде што читаме: „Господ над Воинствата ќе им приготви на сите народи на оваа гора гозба од мрсно месо, гозба со чисто вино, од сочна згуснетост, од стаено вино“. Колку само сме благословени што имаме удел во таа гозба! (Матеј 4:4). „Трпезата на Јехова“ е навистина преполна со добри работи за јадење (1. Коринќаните 10:21). Преку „верниот и разборит роб“ ни се дава сѐ што би можело да ни биде потребно во духовна смисла.

21 А во оваа божествено обезбедена гозба спаѓа и нешто повеќе. Духовната гозба што ние сега ја уживаме нѐ потсетува на изобилството физичка храна која ќе биде на располагање во Божјиот ветен нов свет. Тогаш, ‚гозбата од мрсно месо‘ ќе вклучува физичка храна во изобилство. Никој нема да биде гладен во физичка или во духовна смисла. Колкаво само олеснување ќе биде тоа за оние драги верни поединци кои сега трпат поради претскажаниот „недостиг на храна“ што е дел од „знакот“ на Христовата присутност! (Матеј 24:3, 7). За нив се навистина утешителни зборовите на псалмистот. Тој рекол: „Нека има изобилство на жито во земјата, класјето по врвовите нека шуми“ (Псалм 72:16).

22, 23. а) Која ‚покривка‘ или ‚завеса‘ ќе биде отстранета, и како? б) Како ќе биде отстранет ‚срамот од Јеховиниот народ‘?

22 Сега слушни едно уште почудесно ветување. Споредувајќи ги гревот и смртта со ‚покривка‘ т.е. ‚завеса‘, Исаија вели: „На оваа гора [Јехова] ќе ја скине завесата која ги покриваше сите народи, покривката што ги покриваше сите племиња“ (Исаија 25:7). Замисли си само! Гревот и смртта, кои му тежат на човештвото како едно задушливо ќебе, ќе ги нема повеќе. Колку само копнееме по денот кога користите од Исусовата откупна жртва во целост ќе се применат на послушното и верно човештво! (Откровение 21:3, 4).

23 Укажувајќи на тоа славно време, инспирираниот пророк нѐ уверува: „[Бог] ќе ја уништи смртта засекогаш, И Господ Бог ќе ја избрише солзата од секое лице — ќе го симне срамот на Својот народ од целата земја: Господ рече така“ (Исаија 25:8). Никој нема да умира од природна смрт или да плаче поради загубата на некој сакан. Каква само благословена промена! Освен тоа, никаде на Земјата нема веќе да се слуша срамот и лажната пропаганда кои Бог и неговите слуги толку долго ги трпеле. Зошто не? Бидејќи Јехова ќе го отстрани нивниот извор — таткото на лагата, Сатана Ѓаволот, заедно со целокупното семе на Сатана (Јован 8:44).

24. Како оние кои одат во светлината реагираат на Јеховините моќни дела во нивна корист?

24 Откако ќе размислат за таквите манифестации на Јеховината моќ, оние кои одат во светлината се поттикнати да извикнат: „Ете, Овој е нашиот Бог, во Него се надеваме, Тој нѐ спаси; Тој е Господ во Кого се надеваме! Да Му воскликнуваме и да се веселиме на Неговото спасение“ (Исаија 25:9). Наскоро, праведното човештво ќе ја има секоја причина да се радува. Темнината целосно ќе биде растерана, а верните ќе се капат во Јеховината светлина за сета вечност. Може ли некоја друга надеж да биде пославна? Никако!

Можеш ли да објасниш?

• Зошто денес е животоважно да одиме во светлината?

• Зошто Исаија го славел Јеховиното име?

• Зошто непријателите нема никогаш да го скршат интегритетот на Божјиот народ?

• Кои богати благослови ги очекуваат оние кои одат во светлината?

[Слика на страници 12 и 13]

Жителите на Јуда му жртвувале деца на Молох

[Слики на страница 15]

Спознанието за Јеховините моќни дела го поттикнало Исаија да го слави Јеховиното име

[Слика на страница 16]

Праведните ќе се капат во Јеховината светлина засекогаш

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели