ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/3 стр. 4-7
  • „Господ навистина е подигнат!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Господ навистина е подигнат!“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто да се разгледаат доказите?
  • Исус навистина умрел на столбот
  • Гробот бил најден празен
  • Многумина го виделе воскреснатиот Исус
  • Живиот Исус има ефект врз луѓето
  • Бог не го заборава својот Син
    Учи од Големиот Учител
  • Воскресението на Исус — од какво значење е тоа за нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Исус е жив
    Мојата книга со библиски приказни
  • Воскресение — за кого и каде?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/3 стр. 4-7

„Господ навистина е подигнат!“

Замисли си само колку се вознемириле Исусовите ученици кога бил погубен нивниот Господ. Нивната надеж изгледала безживотна исто како телото кое Јосиф од Ариматеја го положил во гробот. Згаснале сите очекувања дека Исус ќе ги ослободи Евреите од римскиот јарем.

АКО тоа било крајот на работите, Исусовите ученици веројатно ќе исчезнеле исто како следбениците на многуте самонаречени Месии. Но, Исус бил жив! Според Писмото, кратко по својата смрт, тој во неколку прилики им се појавил на своите следбеници. Затоа некои од нив биле поттикнати да извикнат: „Господ навистина е подигнат!“ (Лука 24:34).

Од учениците се барало да ја бранат својата вера во Исус како Месија. Притоа, тие особено укажувале на неговото воскресение од мртвите како на цврст доказ за неговото месијанство. Всушност, „апостолите со голема сила продолжија да даваат сведоштво за воскресението на Господ Исус“ (Дела 4:33).

Ако некој некогаш докажал дека ова воскресение било измама — можеби наведувајќи некој од учениците да признае дека навистина било измама или покажувајќи дека Исусовото тело останало во гробот — христијанството ќе пропаднело уште во самиот почеток. Но, не пропаднало. Знаејќи дека Христос бил жив, Исусовите следбеници оделе насекаде објавувајќи го неговото воскресение, и мноштва почнале да веруваат во подигнатиот Христос.

Зошто можеш и ти да веруваш во воскресението на Исус? Какви докази постојат дека тоа било вистински настан?

Зошто да се разгледаат доказите?

Сите четири евангелски извештаи известуваат за Исусовото воскресение (Матеј 28:1-10; Марко 16:1-8; Лука 24:1-12; Јован 20:1-29).a Други делови од Христијанските грчки списи со сигурност зборуваат за подигнувањето на Христос од смрт.

Не е ни чудо што следбениците на Исус го објавувале неговото воскресение! Ако навистина Бог го подигнал во живот, тоа е најфасцинантната вест што светот некогаш ја чул. Тоа значи дека Бог постои. Освен тоа, значи дека во овој момент Исус е жив.

Како тоа влијае врз нас? Па, Исус се молел: „Ова значи вечен живот, да примаат спознание за тебе, единствениот вистински Бог, и за оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Да, можеме да стекнеме животодајно спознание за Исус и за неговиот Татко. Применувајќи го тоа спознание, дури и ако умреме, можеме да бидеме воскреснати, бидејќи и Исус бил воскреснат (Јован 5:28, 29). Можеме да имаме надеж за вечен живот на рајска Земја под Божјето небесно Царство во рацете на неговиот прославен Син, Исус Христос, Царот над царевите (Исаија 9:6, 7; Лука 23:43; Откровение 17:14).

Значи, прашањето за тоа дали Исус навистина бил подигнат од мртвите е пресудно. Тоа влијае врз нашиот живот сега и врз нашите изгледи за иднината. Затоа, те покануваме да преиспиташ четири видови докази дека Исус умрел и бил воскреснат.

Исус навистина умрел на столбот

Некои скептици тврдат дека, иако бил прикован, Исус всушност не умрел на столбот. Тие сметаат дека тој само бил близу до смртта и дека бил оживеан од студенилото на гробот. Сепак, сите расположливи извори покажуваат дека во гробот било ставено безживотното тело на Исус.

Со оглед на тоа што Исус бил јавно погубен, имало сведоци на фактот дека тој навистина умрел на столбот. Неговата смрт ја потврдил стотникот кој бил одговорен за погубувањето. Тој воен офицер бил професионалец чија работа вклучувала да одреди дали настапила смрт. Освен тоа, дури откако било потврдено дека Исус умрел, римскиот управител Понтиј Пилат му одобрил на Јосиф од Ариматеја да го земе Исусовото тело за погреб (Марко 15:39-46).

Гробот бил најден празен

Празниот гроб им го дал на учениците првиот доказ за Исусовото воскресение, а овој доказ останува неоспорен. Исус бил погребан во нов гроб, кој никогаш не бил користен. Тој се наоѓал во близина на местото каде што бил прикован и во тоа време можел непогрешливо многу лесно да се пронајде (Јован 19:41, 42). Сите евангелски извештаи се сложуваат дека кога пријателите на Исус пристигнале кај гробот второто утро по неговата смрт, телото го немало (Матеј 28:1-7; Марко 16:1-7; Лука 24:1-3; Јован 20:1-10).

Празниот гроб ги зачудил Исусовите непријатели, како и неговите пријатели. Непријателите долго време работеле на тоа да го видат мртов и погребан. Откако ја постигнале целта, многу се труделе да постават стража и да се запечати гробот. Сепак, утрото првиот ден од седмицата, тој бил празен.

Дали Исусовите пријатели го зеле телото од гробот? Веројатно не, бидејќи евангелијата покажуваат дека тие биле многу вознемирени по неговото погубување. Освен тоа, тешко дека неговите ученици би биле спремни да трпат прогонство и смрт за нешто што знаеле дека е измама.

Кој го испразнил гробот? Најмала е веројатноста дека Исусовите непријатели би го зеле телото. Дури и да го стореле тоа, сигурно би го дале подоцна за да ги побијат тврдењата на учениците дека Исус бил воскреснат и дека е жив. Но, такво нешто не се случило, зашто Бог бил тој кој презел акција.

Неколку седмици потоа, Исусовите непријатели не реагирале со некое убедливо побивање кога Петар посведочил: „Луѓе Израелци, чујте ги овие зборови: Исус Назареќанецот, човекот кого Бог јавно ви го покажа преку моќни дела и предзнаци и знаци, кои Бог преку него ги направи меѓу вас, како што и сами знаете, овој човек, предаден по одреден совет и предзнаење Божје, вие го приковавте на столб со раката на беззакониците и го убивте. Но, Бог го воскресна, ослободувајќи го од болките на смртта, бидејќи не беше можно таа и понатаму да го држи цврсто. Зашто Давид за него вели: ‚Јехова постојано ми беше пред очите . . . Освен тоа, и моето тело ќе почива во надеж; зашто ти нема да ја оставиш мојата душа во Хадес, ниту ќе дозволиш твојот лојален да види распаѓање‘“ (Дела 2:22-27).

Многумина го виделе воскреснатиот Исус

Во книгата Дела, евангелскиот писател Лука навел: „На [апостолите], откако пострада, [Исус] со многубројни неоспорни докази им се покажа жив, и го гледаа во текот на четириесет дена и зборуваше за работите во врска со Божјето царство“ (Дела 1:2, 3). Извесен број ученици го виделе воскреснатиот Исус во различни прилики — во градина, на пат, за време на оброк, покрај Тиверијадското Море (Матеј 28:8-10; Лука 24:13-43; Јован 21:1-23).

Критичарите ја доведуваат во прашање веродостојноста на овие појавувања. Тие велат дека писателите ги измислиле извештаите, или наведуваат наводни несогласувања меѓу нив. Всушност, ситните варијации во евангелските извештаи докажуваат дека не се работи за некој таен договор. Нашето спознание за Исус се проширува кога еден писател додава детали кои ги надополнуваат другите извештаи за извесни настани во земниот живот на Христос.

Дали Исусовите појавувања по воскресението биле халуцинации? Кој и да било аргумент во тој правец е неуверлив, бидејќи го виделе многу луѓе. Меѓу нив имало рибари, жени, еден државен службеник, па дури и сомничавиот апостол Тома кој се уверил дури откако го видел несоборливиот доказ дека Исус бил подигнат од мртвите (Јован 20:24-29). Во неколку прилики учениците на Исус не го препознале веднаш својот воскреснат Господ. Еднаш го виделе повеќе од 500 луѓе, од кои повеќето биле уште живи кога апостол Павле го употребил тој настан како доказ во својата одбрана на воскресението (1. Коринќаните 15:6).

Живиот Исус има ефект врз луѓето

Воскресението на Исус не е само работа на љубопитност или дебата. Фактот дека тој е жив влијае врз луѓето насекаде на позитивен начин. Од првиот век, безброј поединци се преобратиле, од рамнодушност или потполно противење на христијанството до апсолутна увереност дека тоа е вистинската религија. Што ги изменило? Проучувањето на Писмото им покажало дека Бог го воскреснал Исус во живот како славно духовно суштество на небото (Филипјаните 2:8-11). Тие практикуваат вера во Исус и во подготовката на Јехова Бог за спасение преку откупната жртва на Христос (Римјаните 5:8). Таквите поединци нашле вистинска среќа во тоа што ја вршат Божјата волја и живеат во склад со Исусовите учења.

Размисли што значело да се биде христијанин во првиот век. Немало добивка во поглед на престиж, моќ или богатство. Сосема спротивно, многу рани христијани ‚радосно го прифатиле разграбувањето на нивниот имот‘ заради нивната вера (Евреите 10:34). Христијанството барало живот на жртви и прогонство кое во многу случаи завршувало со маченичка смрт.

Пред да станат Христови следбеници, некои имале добри изгледи што се однесува до престижот и богатството. Савле од Тарс студирал кај Гамалиел, прочуен учител по Законот, и почнал да се истакнува во очите на Евреите (Дела 9:1, 2; 22:3; Галатите 1:14). Сепак, Савле станал апостол Павле. Тој и многу други им го свртеле грбот на престижот и моќта кои им ги нудел овој свет. Зошто? За да ја шират пораката за вистинската надеж темелена на Божјите ветувања и на фактот дека Исус Христос бил воскреснат од мртвите (Колошаните 1:28). Тие биле спремни да страдаат заради една кауза за која знаеле дека се темели на вистина.

Истото е случај и со милиони луѓе денес. Нив можеш да ги најдеш во собранијата на Јеховините сведоци по целиот свет. Сведоците срдечно те покануваат на годишното одбележување на Христовата смрт, што ќе се одржи по зајдисонце в недела, на 8 април 2001. Ќе им биде драго да бидеш присутен во таа прилика и на сите нивни состаноци за проучување на Библијата кои се одржуваат во нивните Сали на Царството.

Зошто да не научиш повеќе, не само за смртта и воскресението на Исус туку и за неговиот живот и за неговите учења? Тој те поканува да дојдеш кај него (Матеј 11:28-30). Дејствувај сега за да стекнеш точно спознание за Јехова Бог и за Исус Христос. Тоа може да значи вечен живот под Божјето Царство во рацете на неговиот драг Син.

[Фуснота]

a За доказ во врска со автентичноста на евангелските извештаи, види „Евангелијата — историја или мит?“ во Стражарска кула од 15 мај 2000.

[Слики на страница 7]

Милиони наоѓаат вистинска среќа како следбеници на Исус Христос

[Извор на слика на страница 7]

Од Self-Pronouncing Edition of the Holy Bible, која ги содржи Кинг Џејмс и Ревидираната верзија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели