ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/4 стр. 20-23
  • Дали имаш чувство дека си погрешно разбран?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали имаш чувство дека си погрешно разбран?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Неизбежна реалност
  • Негативни последици
  • Да се расчистат работите во дух на љубов
  • „Јехова прави проценка на срцата“
  • Можеш ли сам да ја разбереш Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Зошто пријателот ме повреди?
    Разбудете се! 2000
  • Што е вистински пријател?
    Разбудете се! 2014
  • Зошто пријателот ме повреди?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/4 стр. 20-23

Дали имаш чувство дека си погрешно разбран?

АНТОНИО се чувствувал вознемирен. Одеднаш и од необјасниви причини, неговиот добар пријател Леонардо станал некако ладен кон него.a Во различни прилики тој не реагирал на поздравите на Антонио, а кога биле заедно, се чинело како сега да има ѕид меѓу нив. Антонио почнал да стравува дека сигурно сторил или рекол нешто што неговиот пријател погрешно го разбрал. Но, што?

Недоразбирањата се вообичаени. Многу од нив се ситни и лесно се расчистуваат. Други може да бидат многу фрустрирачки, особено кога погрешните впечатоци остануваат и покрај сите напори да се растераат. Зошто доаѓа до недоразбирања? Како влијаат тие врз поединците кои се вклучени? Што можеш да сториш ако другите погрешно разбираат нешто што правиш ти? Дали воопшто е битно што мислат другите за тебе?

Неизбежна реалност

Со оглед на тоа што другите луѓе не можат да ги читаат нашите мисли и намери, порано или подоцна некој погрешно ќе ги протолкува нашите зборови или постапки. Можности за недоразбирања има во изобилство. Понекогаш, едноставно не успеваме да ги изразиме своите мисли со саканата јасност и точност. Вревата наоколу и други пречки може да им отежнат на другите да ни обрнат целосно внимание.

Извесни начини на постапување и манири се исто така подложни на погрешно толкување. На пример, едно срамежливо лице може да биде погрешно просудено како ладно, рамнодушно или гордо. Личните искуства од минатото може да имаат за последица емоционални наместо разумни реакции на извесни ситуации. Природно е поради културните и јазичните разлики луѓето да не се разбираат меѓу себе како што се очекува. Згора на ова, има и неточно известување и озборување, и не треба да нѐ изненади тоа што значењата кои му се припишуваат на она што е кажано или сторено понекогаш се разликуваат од неговата првобитна намера. Сево ова, се разбира, им нуди малку утеха на оние кои имаат чувство дека нивните намери се погрешно сфатени.

На пример, Ана дала една невина забелешка за популарноста на една пријателка која не била присутна. Забелешката била повторена надвор од контекст, и тогаш, на изненадување и жалост на Ана, таа пријателка гневно ја обвинила пред неколку набљудувачи дека е љубоморна на вниманието што пријателката го добила од некој колега. Забелешката на Ана била сосема погрешно протолкувана, и сите нејзини обиди да ја увери својата пријателка дека немала намера да ја повреди се покажале неуспешни. Таа ситуација предизвикала голема болка, и поминало многу време додека Ана можела целосно да го расчисти недоразбирањето.

Како те проценуваат другите честопати зависи од нивното согледување на твоите намери. Затоа е сосема природно да се чувствуваш лошо кога луѓето неточно го толкуваат твојот мотив. Можеби ќе бидеш огорчен, мислејќи дека нема причина некој погрешно да те разбере. За тебе, таквите проценки се пристрасни, критизерски или сосема погрешни, и можат длабоко да те повредат — особено ако високо го цениш мислењето на оние кои направиле неправедна проценка.

Иако можеби ќе бидеш изнервиран поради начинот на кој луѓето те просудуваат, сепак, во ред е да се почитува мислењето на другите. Не е христијански да се игнорира она што го мислат другите, и ние никогаш не би сакале нашите зборови или постапки да им наштетат на другите луѓе (Матеј 7:12; 1. Коринќаните 8:12). Значи, можеби повремено ќе треба да вложиш напор да исправиш нечие погрешно мислење за тебе. Меѓутоа, претераната грижа да се добие одобрување има спротивен ефект, води до губење на самопочитувањето или до чувство на отфрленост. Впрочем, твојата вистинска вредност не зависи од тоа што мислат другите.

Од друга страна, пак, можеби признаваш дека критиката кон тебе е оправдана. И тоа може да боли, но ако спремно и чесно ги признаеш своите несовршености, таквите искуства може да бидат позитивни, да те поттикнат да ги направиш потребните промени.

Негативни последици

Недоразбирањата можеби ќе водат или можеби нема да водат до сериозни последици. На пример, ако чуеш како некој човек зборува гласно во ресторан, би можел да заклучиш дека тој е или екстровертен или сака да се фали. Можеби грешиш. Можеби лицето со кое тој зборува има проблем со слушањето. Или, пак, можеби некоја продавачка изгледа непријатна, но можеби не се чувствува добро. Иако таквите недоразбирања водат до негативни впечатоци, веројатно нема да донесат сериозни или трајни последици. Но, понекогаш недоразбирањата можат да предизвикаат катастрофа. Разгледај две епизоди од историјата на древниот Израел.

Кога умрел Нас, цар на Амон, Давид испратил гласници за да го утешат неговиот син Анун кој почнал да владее на местото на својот татко. Меѓутоа, посетата на гласниците била погрешно протолкувана како непријателско шпионирање на амонска територија, што го натерало Анун најпрвин да ги понижи гласниците, а потоа да стапи во војна со Израел. Како последица од тоа, умреле најмалку 47.000 луѓе — сето тоа бидејќи добрите намери биле погрешно разбрани (1. Летописи 19:1-19).

Пред тоа во историјата на Израел, едно друго недоразбирање било решено сосема поинаку. Племињата на Рувим и Гад и половина од племето на Манасија изградиле еден впечатлив олтар покрај реката Јордан. Останатиот дел од Израел гледал на тоа како на чин на неверност, побуна против Јехова. Затоа се собрале за воена акција. Пред да направат нешто драстично, овие други Израелци испратиле гласници за да ја изразат својата огорченост кон наводниот чин на неверност. Било добро што постапиле така, зашто градителите на олтарот одговориле дека тие немале намера да скршнат од вистинското обожавање. Напротив, олтарот требало да служи како споменик на нивната верност на Јехова. Ова недоразбирање можело да предизвика крвопролевање, но мудроста ги спречила таквите страшни последици (Исус Навин 22:10-34).

Да се расчистат работите во дух на љубов

Поучно е да се споредат овие извештаи. Очигледно, најмудрото нешто е да се расчисти спорното прашање. Кој знае колку животи биле поштедени во вторава епизода за која дискутиравме, само затоа што двете страни разговарале? Во повеќето случаи, ако не сфатиш нечии вистински намери веројатно нема да бидат на коцка животи, но можеби ќе бидат пријателства. Затоа, ако имаш чувство дека некој неисправно постапува кон тебе, дали си сигурен дека ги разбираш работите такви какви што навистина се, или ги толкуваш погрешно? Какви биле мотивите на другото лице? Прашај го. Дали имаш чувство дека си погрешно разбран? Разговарај за тоа. Не дозволувај гордоста да ти застане на патот.

Исус дал одличен поттик за решавање на недоразбирањата: „Ако, значи, го носиш својот дар на олтарот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, остави го својот дар таму пред олтарот и оди си; прво помири се со брат ти, а потоа, кога ќе се вратиш, принеси го својот дар“ (Матеј 5:23, 24). Затоа, исправно е да му пристапиш на лицето насамо, без да вклучуваш други. Нема да биде од помош ако страната која те навредила најпрвин го чуе твоето жалење од некој трет (Пословици 17:9). Целта треба да ти биде да склопиш мир во духот на љубов. Смирено изнеси го проблемот со јасни, едноставни зборови кои не обвинуваат. Објасни како се чувствуваш поради ситуацијата. Потоа, објективно сослушај го гледиштето на другиот. Немој да бидеш брз да припишуваш мотиви. Биди спремен да веруваш во мотивите на другиот. Запомни, љубовта „сѐ верува“ (1. Коринќаните 13:7).

Се разбира, дури и кога недоразбирањата ќе се расчистат, можеби сѐ уште ќе има повредени чувства или ќе продолжат негативните последици. Што може да се стори? Таму каде што е потребно, секако е пригодно искрено извинување, како и каква и да е друга постапка која ќе може разумно да се преземе за да се исправат работите. Во сите такви ситуации, ќе биде добро ако повредената страна го следи инспирираниот совет: „Поднесувајте се еден со друг и простувајте си спремно еден на друг, ако некој има причина за поплака против друг. Токму како што Јехова доброволно ви прости вам, така правете и вие. Но, освен сево ова, облечете се во љубов зашто таа е совршена врска на единство“ (Колошаните 3:13, 14; 1. Петрово 4:8).

Сѐ додека сме несовршени, ќе има недоразбирања и повредени чувства. Секој може да направи грешка или да зборува на начин кој звучи бесчувствително и нељубезно. Библијата истакнува: „Сите ние се спрепнуваме многу пати. Ако некој не се спрепнува во збор, тој е совршен човек, способен да го заузда и целото свое тело“ (Јаков 3:2). Со оглед на тоа што Јехова Бог добро го знае тоа, тој ни ги дава овие упатства: „Не брзај со гнев, зашто гневот почива во срцето на глупиот. И уште едно: не обрнувај внимание на озборувањето; можеби ќе чуеш дека твојот слуга те колнел; а твоето срце знае како и ти често ги колнеше другите“ (Проповедник 7:9, 21, 22).

„Јехова прави проценка на срцата“

Што ако изгледа невозможно да исправиш нечиј лош впечаток за тебе? Не очајувај. Продолжи да ги негуваш и покажуваш христијанските особини најдобро што можеш. Барај од Јехова помош да се подобриш таму каде што има потреба. Твојата вистинска вредност како личност на крајот на краиштата не ја одредуваат другите луѓе. Само Јехова може да направи точна „проценка на срцата“ (Пословици 21:2, NW). Дури и Исус бил малку почитуван и бил презрен од луѓето, но тоа не влијаело врз начинот на кој Јехова гледал на него (Исаија 53:3). Иако некои можеби ќе дадат погрешна оцена за тебе, можеш да му го ‚излееш срцето‘ на Јехова, и да бидеш уверен дека тој те разбира, зашто „Бог не гледа како што гледа човекот: човекот гледа на лице, а Господ гледа што е во срцето“ (Псалм 62:8; 1. Самоил 16:7). Ако истраеш во правењето на она што е добро, можеби, со текот на времето, оние кои стекнале лош впечаток за тебе ќе ја сфатат својата грешка и ќе го променат мислењето (Галатите 6:9; 2. Тимотеј 2:15).

Се сеќаваш ли на Антонио, спомнат во почетокот на статијава? Тој собрал храброст да го следи библискиот совет, и разговарал со својот пријател Леонардо, прашувајќи го што сторил за да го вознемири. Каков бил резултатот? Леонардо ги искокорил очите од зачуденост. Одговорил дека Антонио не сторил воопшто ништо за да го вознемири и го уверил дека немал некаква намера да постапува поинаку кон него. Ако изгледал ладен, можеби бил само длабоко замислен. Леонардо се извинил што несвесно ги повредил чувствата на својот пријател и му се заблагодарил што му свртел внимание кон таа работа. Додал дека во иднина ќе биде повнимателен за да не остави ист впечаток и кај другите. Целата напнатост едноставно исчезнала, и двајцата пријатели останале блиски како и секогаш.

Никогаш не е пријатно да се чувствуваш погрешно разбран. Меѓутоа, ако ги преземеш сите можни чекори за да ги расчистиш работите и ги примениш библиските начела на љубов и простување, најверојатно и ти ќе ги постигнеш истите добри резултати.

[Фуснота]

a Во оваа статија некои имиња се изменети.

[Слики на страница 23]

Расчистувањето на работите во дух на љубов и простување може да води до среќни резултати

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели