ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/8 стр. 18
  • Бог ѝ ги избришал солзите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог ѝ ги избришал солзите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Остани духовно јак додека се грижиш за болен во семејството
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Јехова ми помогна да ги надминам животните притисоци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Решенија за вообичаените проблеми
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Економски проблеми — што ќе направи Божјето Царство
    Разно
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/8 стр. 18

Објавителите на Царството известуваат

Бог ѝ ги избришал солзите

ЛУЃЕТО што го доведуваат животот во согласност со Јеховините закони и начела се многу благословени. Иако не е секогаш лесно да се направат потребните промени, помошта и охрабрувањето се лесно достапни (Псалм 84:11). Следново искуство од југоисточна Азија го илустрира ова.

Додека била на одмор, една жена Сведок од Франција разговарала со Ким,a сопственичка на една продавница, за Јеховината намера со Земјата. Исто така, на Ким ѝ ја оставила книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Прелистувајќи ја книгата, погледот ѝ паднал на зборовите „тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи“ (Откровение 21:4). „Овој стих навистина ме погоди“, се присетува Ким. „Гледајќи ме како по цел ден во продавницата се смеам и си прикажувам, кој би можел да знае дека кога ќе си појдам дома навечер заспивам плачејќи?“ Откривајќи ја причината за својата тага, таа вели: „Живеев со еден човек 18 години и бев многу несреќна бидејќи тој одбиваше да се венча со мене. Сакав да ставам крај на таквиот начин на живот, но бидејќи живеев со него толку долго, немав храброст да го сторам тоа“.

По кратко време, Ким прифатила библиска студија со Лин, Јеховин сведок. „Бев желна да го применам во пракса библиското учење“, вели Ким. „На пример, престанав да ги обожавам моите предци, иако ова водеше до противење од страна на моето семејство. Освен тоа, се обидов да ја озаконам нашата врска, но мојот партнер одби. Во тој тежок период, жената Сведок од Франција и понатаму ми испраќаше библиски публикации, а Лин ми беше големо охрабрување. Стрпливоста и љубезната поддршка на овие сестри ми помогнаа да истраам сѐ додека не видов каков е, всушност, мојот партнер. Открив дека тој веќе имал 5 ‚жени‘ и 25 деца! Ова ми даде храброст да го напуштам.

Заминувањето од една голема комфорна куќа во мало станче не беше лесно. Освен тоа, бившиот партнер ми вршеше притисок повторно да живеам со него, па дури и ми се закануваше дека, ако одбијам, со киселина ќе ми го смени личниот опис. Со Јеховина помош, можев да постапам исправно“. Ким продолжила да напредува и, на крајот, во април 1998, се крстила. Освен тоа, две нејзини сестри и нејзиниот син тинејџер почнале да ја проучуваат Библијата со Јеховините сведоци.

„Порано мислев дека мојот живот засекогаш ќе биде безнадежен“, вели Ким. „Меѓутоа, денес сум среќна, и повеќе не плачам ноќе. Јехова веќе ми ги избриша солзите од очите.“

[Фуснота]

a Имињата се сменети.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели