ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/8 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Јов истрајал — можеме и ние!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Јов го возвишувал името на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Примерен човек кој прифатил исправање
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Избрани стихови од книгата Јов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/8 стр. 31

Прашања од читателите

Колку траеле страдањата на Јов?

Некои луѓе мислат дека искушенијата на Јов се протегале многу години, но книгата Јов не укажува на толку долго страдање.

Првата фаза од искушенијата на Јов — загубата на членовите на семејството и материјалните добра — изгледа била прилично кратка. Читаме: „Еден ден, додека Јововите синови и ќерки јадеа и пиеја во куќата на најстариот брат“. Јов ги добил еден по друг извештаите за претрпената загуба — на воловите, ослиците, камилите и слугите што се грижеле за тие животни. Изгледа веднаш потоа Јов дознал за смртта на своите синови и ќерки, кои ‚јаделе и пиеле во куќата на најстариот брат‘. Се чини дека сево ова се случило во еден ден (Јов 1:13-19).

За следната фаза од искушенијата на Јов сигурно било потребно повеќе време. Сатана му пристапил на Јехова и тврдел дека Јов би паднал ако страдањата го погодат него лично — неговото тело. Потоа Јов бил погоден со „лути рани од стапалата до темето“. Сигурно било потребно извесно време за оваа болест да се рашири по целото негово тело. И веројатно било потребно време за вестите за „сите неволји“ да дојдат до неговите наводни тешители, кои се упатиле кон него (Јов 2:3-11).

Елифаз бил од Теман, во земјата Едом, а Софар од едно подрачје во северозападна Арабија, така што нивните родни места не биле далеку од Уз, родното место на Јов, кој веројатно се наоѓал во северна Арабија. Меѓутоа, Валдад бил од Шуах, и се подразбира дека неговиот народ живеел по должината на Еуфрат. Ако во тоа време Валдад бил во својот роден крај, можеби биле потребни седмици или месеци за да чуе за состојбата на Јов и да отпатува за Уз. Се разбира, можно е кога почнале страдањата на Јов, тие тројцата да биле во негова близина. Како и да било, кога пристигнале, тројцата другари на Јов ‚седеле покрај него на земјата и останале така седум дена и седум ноќи‘ без да проговорат (Јов 2:12, 13).

Потоа, дошла последната фаза од искушенијата на Јов, детали кои исполнуваат многу поглавја од книгата. Имало низа дебати или говори од тие наводни тешители, а Јов често одговарал. Откако завршило тоа, младиот Елиу дал укор, а Јехова од небото го исправил Јов (Јов 32:1-6; 38:1; 40:1-6; 42:1).

Според тоа, страдањата на Јов и нивното разрешување можеби се случиле во рок од неколку месеци, можеби за помалку од една година. Можеби од искуство знаеш дека тешките искушенија изгледаат како да траат вечно. Сепак, не смееме да заборавиме дека тие завршуваат, како што завршиле и Јововите. Без разлика уште колку ќе траат искушенијата со кои се соочуваме, да ја задржиме на ум Божјата поддршка, како што е запишано во инспирираните зборови: „Иако неволјата е моментална и лесна, таа ни донесува слава која сѐ повеќе и повеќе добива на тежина и е вечна“ (2. Коринќаните 4:17). Апостол Петар напишал: „Откако едно кратко време ќе страдате, Богот на секоја незаслужена љубезност, кој ве повика во својата вечна слава во заедница со Христос, самиот ќе го доврши вашето обучување, ќе ве зацврсти, ќе ве зајакне“ (1. Петрово 5:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели