ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/11 стр. 21-23
  • Како се справуваш со лицемерството?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како се справуваш со лицемерството?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Тешко вам . . . лицемери!“
  • „Држете ги очите отворени“
  • „Престанете да судите“
  • „Вашата љубов нека биде без лицемерство“
  • Ќе му дојде ли крај на лицемерството?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Да се сакаме со дела и со вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Довршена е службата во храмот
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Продолжи да правиш добро
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/11 стр. 21-23

Како се справуваш со лицемерството?

ВО ГРАДИНАТА Гетсиманија, Јуда Искариот дошол до Исус и ‚го бакнал многу нежно‘. Ова било вообичаен израз на срдечна наклоност. Но, гестот на Јуда бил само преправање за да им го открие Исус на оние што дошле ноќта да го уапсат (Матеј 26:48, 49). Јуда бил лицемер — човек што се преправа дека е нешто што не е, некој што ги крие своите лоши мотиви зад маска на искреност. Грчкиот збор преведен со „лицемер“ значи „оној што одговара“, а означува и сценски актер. Со текот на времето, зборот почнал да се однесува на кој и да било што едноставно се преправал за да ги измами другите.

Како реагираш на лицемерство? Дали се разлутуваш, на пример, кога гледаш како производителите на цигари го унапредуваат пушењето и покрај медицинските докази дека нивниот производ е штетен? Дали се разбеснуваш на лицемерството на старателите, кога ги малтретираат оние што им се доверени? Дали си повреден кога некој пријател, за кого си мислел дека е вистински, испаднал неверен? Како влијае врз тебе религиозното лицемерство?

„Тешко вам . . . лицемери!“

Размисли за религиозната клима што постоела кога Исус бил на Земјата. Книжниците и фарисеите се преправале дека се лојални учители на Божјиот закон но, всушност, ги полнеле умовите на луѓето со човечки учења кои им го одвраќале вниманието од Бог. Книжниците и фарисеите строго инсистирале на словото на Законот, но ги игнорирале фундаменталните начела што одразувале љубов и сочувство. Тие во јавноста се преправале дека му се оддадени на Бог, но насамо биле полни со злоба. Делата никогаш не им биле во согласност со зборовите. Нивна цел кога правеле нешто била „да ги видат луѓето“. Тие личеле на „варосани гробови кои однадвор навистина изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаков вид нечистота“. Смело разоткривајќи го нивното лицемерство, Исус честопати им велел: „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери!“ (Матеј 23:5, 13-31).

Да си живеел во тие денови, како и на другите искрени луѓе, би можело навистина да ти се гади од таквото религиозно лицемерство (Римјаните 2:21-24; 2. Петрово 2:1-3). Но, дали ќе си дозволел лицемерството на книжниците и фарисеите да те огорчи до таа мера што ќе си ја отфрлел целокупната религија, вклучувајќи ја и онаа за која учеле Исус Христос и неговите ученици и ја практикувале? Зарем не ќе било тоа на твоја штета?

Лицемерното однесување на религиозните луѓе може со одбивност да нѐ одврати од религијата. Меѓутоа, ваквата реакција исто така ќе нѐ заслепи за искреноста на вистинските обожаватели. Самите бариери што ги градиме за да се заштитиме од лицемерството можат, всушност, да нѐ одвратат од вистинските пријатели. Според тоа, нашата реакција на лицемерството треба да биде разумна и урамнотежена.

„Држете ги очите отворени“

Прво, мораме да научиме да ги препознаеме лицемерите. Ова не е секогаш лесно. Едно семејство го научило тоа по голема лична цена. Мајката паднала во кома. Подигајќи судска парница заради професионална небрежност против болницата каде што се случило ова, семејството најмило еден адвокат што бил и проповедник во некоја локална црква. Иако болницата платила отштета од 3,4 милиони американски долари, семејната трагедија се усложнила. Мајката умрела сиромашна, и немало пари да се плати нејзиниот погреб. Зошто? Бидејќи адвокатот си ги ставил в џеб повеќето од парите. Во врска со овој адвокат, еден правен журнал навел: „Да го проповедаше однесувањето што го практикуваше . . . неговата порака ќе беше: ајде да пљачкаме“. Како можеме да се заштитиме од такви луѓе?

„Држете ги очите отворени“, бил советот што Исус им го дал на луѓето во негово време што се соочиле со религиозното лицемерство (Матеј 16:6; Лука 12:1). Да, мораме да бидеме претпазливи. Можеби луѓето тврдат дека имаат најблагородни цели и се топат од искреност, но ние треба да покажуваме разумна претпазливост и да не го прифаќаме веднаш на прв поглед секого. Зарем нема внимателно да ги провериме своите банкноти ако знаеме дека се пуштени во промет фалсифкувани пари?

Лицемери се појавиле дури и во вистинското христијанско собрание. Ученикот Јуда предупредил на нив, велејќи: „Тие се карпи скриени под вода на вашите гозби на љубовта додека се гоштаваат со вас, пастири кои се хранат себеси без страв; безводни облаци што ветровите ги носат ваму-таму; дрвја во доцна есен но бесплодни“ (Јуда 12).

Да ‚ги држиме очите отворени‘ значи да избегнуваме да нѐ измами некој што се преправа дека е љубезен, а всушност е себичен и унапредува мислења што не се темелат на Божјата реч. Како една шилеста карпа што се наоѓа токму под површината на мирни води, таквото лице може да предизвика духовен бродолом кај невнимателните (1. Тимотеј 1:19). Лицемерот може да ветува многу во смисла на духовно освежување, но испаѓа дека е ‚безводен облак‘ — не донесува ништо. Слично на едно бесплодно дрво, еден измамник не ги донесува вистинските христијански плодови (Матеј 7:15-20; Галатите 5:19-21). Да, треба да се чуваме од таквите измамници. Сепак, тоа мораме да го правиме без да бидеме сомничави во сечии мотиви.

„Престанете да судите“

Колку е само лесно несовршените луѓе да укажуваат на недостатоците на другите додека ги игнорираат сопствените! Но, оваа склоност нѐ прави ранливи на лицемерство. „Лицемеру!“ рекол Исус. „Прво извади ја гредата од сопственото око, и тогаш јасно ќе видиш како да ја извадиш сламката од окото на брата си.“ Добро е ако внимаваме на неговиот совет: „Престанете да судите за да не бидете судени; зашто со каков суд судите со таков ќе ви се суди . . . Тогаш, зошто ја гледаш сламката во окото на својот брат, а не ја земаш во обѕир гредата во сопственото око?“ (Матеј 7:1-5).

Кога понекогаш другите прават нешто што изгледа лицемерно, мораме да внимаваме да не ги етикетираме набрзина како лицемери. На пример, апостол Петар ‚почнал да се повлекува и да се одвојува‘ од нееврејските соверници во Антиохија за да им угоди на посетителите од Ерусалим што имале еврејско потекло. Варнава ‚бил вовлечен заедно со Петар и другите во нивното преправање‘. Петар го сторил тоа и покрај фактот што бил привилегиран да го отвори патот за не-Евреите да бидат прифатени во христијанското собрание (Галатите 2:11-14; Дела 10:24-28, 34, 35). Но, овој пропуст на Варнава и Петар сигурно не ги вброил во истата категорија со книжниците и фарисеите или со Јуда Искариот.

„Вашата љубов нека биде без лицемерство“

„Кога им правите добро на другите“, опоменал Исус, „не изнајмувајте трубач да оди пред вас — како тие актери во синагогите и улиците кои сакаат да бидат уверени дека луѓето им се восхитуваат“ (Матеј 6:2, Филипс). „Вашата љубов нека биде без лицемерство“, напишал апостол Павле (Римјаните 12:9). Тој го охрабрил младиот Тимотеј да има „љубов од чисто срце . . . и нелицемерна вера“ (1. Тимотеј 1:5). Ако нашата љубов и вера се вистински — неизвалкани од себичност и измама — другите ќе имаат доверба во нас. Ќе бидеме извор на вистинска сила и охрабрување за оние што се околу нас (Филипјаните 2:4; 1. Јованово 3:17, 18; 4:20, 21). И пред сѐ, ќе имаме Јеховино одобрување.

Лицемерството пак, од своја страна, конечно ќе се покаже смртоносно за оние што го практикуваат. На крајот, лицемерството ќе биде отворено разоткриено. „Нема ништо покриено што не ќе се открие“, рекол Исус Христос, „и тајно што не ќе се дознае“ (Матеј 10:26; Лука 12:2). Мудриот цар Соломон изјавил: „Зашто сите скриени дела, било добри или зли, Бог ќе ги изведе на суд“ (Проповедник 12:14).

Во меѓувреме, зошто да дозволиме лицемерството на другите да влијае врз нас до тој степен што ќе бидеме лишени од вистинската љубов на правите пријатели? Можеме да бидеме претпазливи без да станеме претерано сомничави. И во секој поглед, нека нашата љубов и вера останат без лицемерство (Јаков 3:17; 1. Петрово 1:22).

[Слики на страници 22 и 23]

Дали ќе си дозволел лицемерството на книжниците и фарисеите да те одврати од Исус Христос и од неговите ученици?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели