ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/12 стр. 3-4
  • Златното правило — универзално учење

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Златното правило — универзално учење
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Златното правило изгубило сјај
  • Златното правило е практично
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Применувај го Златното правило во службата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Златното теле
    Мојата книга со библиски приказни
  • Одлуки што водат до среќа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/12 стр. 3-4

Златното правило — универзално учење

„Според тоа, сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, истото правете им го и вие“ (Матеј 7:12).

ОВИЕ зборови ги кажал Исус Христос пред речиси две илјади години во својата прочуена Проповед на гората. Во вековите оттогаш па наваму, многу било кажано и напишано за таа едноставна изјава. Меѓу другото, таа е возвеличана како „самата суштина на Писмото“, „резиме на должноста на христијанинот кон ближниот“ и „основно етичко начело“. Станала толку позната што често се нарекува Златно правило.

Меѓутоа, идејата на Златното правило во никој случај не е ограничена на таканаречениот христијански свет. Јудаизмот, будизмот и грчката филозофија го изложиле овој етички принцип во еден или во друг облик. Добро позната, особено за луѓето на Далечниот Исток, е една изјава на Конфучие, кој е длабоко почитуван на Ориентот како најголемиот мудрец и учител. Во Аналектите, третата од Четирите книги на Конфучие, таа мисла ја наоѓаме изразена трипати. Двапати, како одговор на прашања од учениците, Конфучие навел: „Она што не сакаш да ти се прави тебе, не прави им го ни на другите“. Во една друга прилика, кога неговиот ученик Загонг се фалел: „Она што не сакам другите да ми го прават мене, не сакам ни јас да им го правам ним“, учителот одговорил со овој отрезнувачки одговор: „Да, но ти сѐ уште не можеш да правиш така“.

Читајќи ги овие зборови, можеме да видиме дека изјавата на Конфучие е негативна верзија на она што подоцна го рекол Исус. Очигледната разлика е тоа што Златното правило кое го навел Исус бара позитивни постапки — да им се прави добро на другите. Да претпоставиме дека луѓето постапуваат во склад со Исусовата позитивна изјава, дека се грижат и преземаат чекори за да им помогнат на другите, дека секојдневно живеат според овој кодекс. Дали мислиш дека тоа би го направило денешниот свет подобар? Без сомнение.

Сеедно дали правилото е наведено во позитивна, негативна или во некаква друга форма, значајно е тоа што луѓе со различни заднини и во различни периоди и места многу верувале во идејата на Златното правило. Ова едноставно покажува дека она што Исус го кажал во Проповедта на гората е универзално учење кое го допира животот на луѓето насекаде и во секоја ера.

Прашај се: ‚Дали сакам со мене да се постапува со почит, фер, чесно? Дали сакам да живеам во свет без расни предрасуди, криминал и војна? Дали сакам да бидам во семејство во кое секој покажува грижа за чувствата и доброто на другите?‘ Всушност, кој би рекол ‚не‘ на ваквите можности? Мрачната реалност е дека малкумина ги уживаат ваквите околности. За повеќето луѓе е речиси премногу да се надеваат на такви работи.

Златното правило изгубило сјај

Низ историјата имало случаи на злосторства против човештвото во кои правата на луѓето биле целосно игнорирани. Во нив спаѓаат трговијата со робови од Африка, нацистичките логори на смртта, присилната работа на деца и бруталните геноциди од едно место во друго. Стравотниот список би можел да биде многу подолг.

Денес, нашиот свет на висока технологија е саможив. Малкумина мислат за другите кога е на коцка нивната удобност или наводните права (2. Тимотеј 3:1-5). Зошто толку многу луѓе станале себични, сурови, бесчувствителни и саможиви? Зарем не затоа што Златното правило, иако нашироко познато, се отфрла како нереалистична, морална реликвија? За жал, тоа е случај дури и меѓу многумина што тврдат дека веруваат во Бог. И, судејќи според начинот на кој се одвиваат работите, луѓето ќе станат единствено уште посаможиви.

Според тоа, битни прашања што мора да ги разгледаме се: Што вклучува живеењето според Златното правило? Дали некој сѐ уште живее според него? И дали некогаш ќе дојде време кога сето човештво ќе живее во согласност со Златното правило? За да добиеш веродостојни одговори на овие прашања, те молиме, прочитај ја следната статија.

[Слика на страница 3]

Конфучие и некои други учеле за варијации на Златното правило

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели