ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/2 стр. 3-4
  • Твојот избор на принципи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Твојот избор на принципи
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Какви принципи?
  • Побожните принципи можат да ти користат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Управувај ги своите чекори според побожните начела
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Зошто библиските начела се за наше добро?
    Добра вест од Бог!
  • Дозволи им на Божјите закони и начела да ти ја обликуваат совеста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/2 стр. 3-4

Твојот избор на принципи

ДАЛИ си човек од принцип? Или сметаш дека етиката е малку старомодна? Факт е дека секој се раководи според извесни принципи, за кои верува дека се важни. Според The New Shorter Oxford English Dictionary, принцип може да се дефинира како „личен кодекс на исправно постапување“. Принципите влијаат врз нашите одлуки и ни го одредуваат правецот во животот. Принципите можат да имаат улога на компас.

На пример, Исус ги поттикнал своите следбеници да се држат за Златното правило, што се наоѓа во Матеј 7:12: „Според тоа, сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, истото правете им го и вие“. Следбениците на Конфучие ги држат принципите на ли и јен, на кои им припишуваат особини како што се љубезност, понизност, почит и лојалност. Дури и луѓе што не се религиозни имаат свои приоритети или упатства од кои зависи нивното однесување.

Какви принципи?

Меѓутоа, би било добро да задржиме на ум дека принципите можат да бидат или добри или лоши. На пример, сѐ поголем број луѓе се мотивирани од она што, отприлика последнава деценија, е идентификувано со изразот „прво јас“. Иако многумина можеби сметаат дека не важи за нив, „прво јас“ е резервен принцип, т.е. кодекс на однесување кон кој прибегнуваат многумина додека ги напуштаат високите мерила на однесување. Сеедно дали се дефинира така или не, „прво јас“ е показател на себичност, честопати придружен со бесмислен материјализам. „Имаме само два принципа“, тврдел еден ТВ-директор во Кина. „Едниот е да се задоволат барањата. Другиот е заработувањето пари.“

„Прво јас“ може да дејствува како магнет. А како влијае магнетот врз еден компас? Кога ќе се постават еден покрај друг, иглата на компасот се врти во погрешен правец. На ист начин, „прво јас“ може да го збрка моралниот компас, односно кодексот на исправно однесување на едно лице, со тоа што ќе направи сѐ да им биде подредено на неговите желби.

Дали би се изненадил да чуеш дека „прво јас“ не е некој современ феномен? Овој пристап кон животот потекнува од градината Еден, кога нашите прародители го напуштиле мерилото на однесување што го поставил нашиот Творец. Тоа го изменило нивниот морален компас. Како потомци на Адам и Ева, луѓето се вознемирувани од истиот пристап кон животот, кој од неодамна е етикетиран како „прво јас“ (Битие 3:6—8, 12).

Ширењето на тој став е особено забележливо во она што библиското пророштво го нарекува „последните денови“ означени со „критични времиња со кои тешко ќе се излегува на крај“. Многу луѓе се „себељубиви“. Не е ни чудо што се наоѓаме под притисок да го имитираме пристапот „прво јас“ (2. Тимотеј 3:1—5).

Можеби се сложуваш со еден младинец по име Олаф, кој до една европска подружница на Јеховините сведоци го напишал следново: „Многу е тешко да се остане морално чесен, особено за нас младите. Ве молам, потсетувајте нѐ и понатаму на потребата да се држиме за библиските принципи“.

Олаф покажал едно проникливо гледиште. Побожните принципи можат да ни помогнат — на младите или на старите — да се држиме за високите мерила на однесување. Исто така, тие можат да ни овозможат да се спротивставиме на ставот „прво јас“, сеедно дали е етикетиран така или не. Ако сакаш да научиш повеќе за тоа како можат библиските принципи навистина да ти помогнат, љубезно разгледај ја следната статија.

[Слики на страница 4]

Многу луѓе денес не покажуваат обѕир кон потребите на другите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели