ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/5 стр. 4-7
  • Како ќе исчезнат инвалидностите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како ќе исчезнат инвалидностите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Исусовите чуда — претсјај на едно глобално лекување
  • Излекувани без болка или пари
  • Најпрвин мора да дојде духовно лекување!
  • Тој ги сакал луѓето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Чуда што ќе се случат наскоро
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Близу е чудотворното лекување на човештвото
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Како може Исус да го промени твојот живот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/5 стр. 4-7

Како ќе исчезнат инвалидностите

ЗАМИСЛИ СИ очите на слепите да гледаат, ушите на глувите да го слушаат секој звук, јазикот на немите да пее од радост и нозете на сакатите да бидат цврсти и способни да одат! Не зборуваме за достигнувања во медицинската наука, туку за резултатите од Божјата интервенција во корист на човештвото. Библијата претскажува: „Очите на слепците ќе прогледаат, ушите на глувите ќе се отворат, тогаш хромиот ќе скока како елен, јазикот на немиот ќе воскликнува“ (Исаија 35:5, 6). Но, како можеме да бидеме сигурни дека ова навистина зачудувачко пророштво ќе се оствари?

Како прво, кога Исус Христос бил на Земјата, тој вистински ги лекувал луѓето од сите видови болести и инвалидности. Освен тоа, повеќето негови чуда ги виделе многу сведоци — па дури и негови непријатели. Всушност, најмалку во една прилика, скептичните противници темелно испитале едно лекување за да го оцрнат Исус. Но, на нивно големо разочарување, сѐ што постигнале го потврдувало неговото чудо (Јован 9:1, 5—34). Откако Исус направил уште едно неоспорно чудо, тие исфрустрирано рекле: „Што да правиме, бидејќи овој човек прави многу знаци?“ (Јован 11:47). Меѓутоа, обичните луѓе не биле рамнодушни, зашто многумина поверувале во Исус (Јован 2:23; 10:41, 42; 12:9—11).

Исусовите чуда — претсјај на едно глобално лекување

Исусовите чуда постигнале повеќе од тоа само да докажат дека тој бил Месија и Син Божји. Тие го обезбедиле темелот за вера во библиските ветувања дека послушното човештво во иднина ќе биде излекувано. Овие ветувања го вклучуваат пророштвото во Исаија, 35. поглавје, спомнато во уводниот пасус. Во врска со идното здравје на богобојазливите луѓе, во Исаија 33:24 се вели: „Ниеден жител нема да рече: ‚Болен сум‘“. На сличен начин, во Откровение 21:4 се ветува: „[Бог] ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка. Поранешните работи [денешните испити и страдања] поминаа“.

Луѓето редовно се молат за исполнување на овие пророштва кога ја повторуваат Исусовата пример-молитва, која делумно гласи: „Да дојде царството твое. Нека биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:10, ПСП). Да, Божјата волја ги вклучува Земјата и човештвото. На болестите и инвалидностите, иако од извесна причина се дозволени, наскоро ќе им истече времето; тие нема засекогаш да го нагрдуваат Божјето „подножје“ (Исаија 66:1).a

Излекувани без болка или пари

Сеедно од каква болест страдале луѓето, Исус ги лекувал безболно, без одложување и без пари. Неминовно, гласот за тоа се раширил како пожар, и наскоро ‚му пришле големи мноштва, доведувајќи со себе куци, сакати, слепи, неми и многу други и, така да се каже, ги фрлале пред неговите нозе, а тој ги излекувал‘. Како реагирале луѓето? Извештајот на очевидецот Матеј продолжува: „Мноштвото беше восхитено, гледајќи како немите зборуваат, куците одат и слепите гледаат, и го славеа Богот Израелов“ (Матеј 15:30, 31).

Забележи дека оние што Исус ги излекувал не биле внимателно издвоени од мноштвото — трик што го користат шарлатаните. Наместо тоа, многуте роднини и пријатели на болните ‚така да се каже, ги фрлале пред [Исусовите] нозе, а тој ги излекувал‘. Сега да разгледаме некои конкретни примери за Исусовата способност да лекува.

Слепило: Додека бил во Ерусалим, Исус му дал вид на еден човек што бил „слеп од раѓање“. Овој човек бил добро познат во градот како слеп просјак. Затоа, можеш да си ги замислиш возбудувањето и вревата кога луѓето го виделе како оди наоколу и може да гледа! Сепак, не биле сите среќни. Погодени од тоа што Исус претходно ја разоткрил нивната злоба, некои членови на една истакната и влијателна еврејска секта наречена фарисеи очајнички барале доказ за измама кај Исус (Јован 8:13, 42—44; 9:1, 6—31). Затоа, го сослушале излекуваниот човек, потоа неговите родители и повторно човекот. Но, испитувањето на фарисеите само го потврдило Исусовото чудо, што ги разлутило. Збунет од изопаченоста на тие религиозни лицемери, излекуваниот човек и самиот рекол: „Од памтивек никогаш не се чуло некој да му ги отворил очите на човек кој е слеп од раѓање. Да не беше овој човек од Бог, ништо не ќе можеше да направи“ (Јован 9:32, 33). Заради таквиот искрен и интелигентен израз на вера, фарисеите ‚го исфрлиле‘, што укажува дека го истерале од синагогата овој човек што порано бил слеп (Јован 9:22, 34).

Глувост: Додека Исус бил во Декапол, регион источно од реката Јордан, ‚луѓето му довеле еден глув човек со говорна маана‘ (Марко 7:31, 32). Исус не само што го излекувал овој човек туку покажал и длабок увид во чувствата на глувиот, кому можеби му било непријатно од мноштвата. Библијата ни кажува дека Исус го зел глувиот „од мноштвото насамо“ и го излекувал. Повторно, очевидците биле „неизмерно вчудовидени“, велејќи: „Сѐ направи добро. Дури прави глувите да слушаат и немите да зборуваат“ (Марко 7:33—37).

Парализа: Додека Исус бил во Капернаум, луѓето му пристапиле со еден парализиран човек што лежел на постела (Матеј 9:2). Стихови 6 до 8 опишуваат што се случило. „[Исус] му рече на парализираниот: ‚Стани, земи си ја постелата и оди си дома‘. И тој стана и си отиде дома. Гледајќи го тоа, мноштвата ги обзеде страв, и го славеа Бога кој им даде таква власт на луѓето.“ И ова чудо било извршено во присуство на Исусовите ученици и на неговите непријатели. Забележи дека првите, затоа што не биле заслепени од омраза и предрасуди, ‚го славеле Бог‘ заради она на кое биле сведоци.

Болест: „Дојде и еден лепрозен кај [Исус], молејќи го на колена и велејќи: ‚Само ако сакаш, можеш да ме исчистиш‘. Тогаш тој, трогнат од сожалување, ја протегна раката и го допре, и му рече: ‚Сакам. Биди чист‘. И лепрата веднаш исчезна од него“ (Марко 1:40—42). Забележи дека Исус не го излекувал овој човек нерадо, туку од вистинско сочувство. Замисли си да си бил ти лепрозниот. Како би се чувствувал да си бил веднаш и безболно излекуван од една страшна болест која постепено го изобличувала твоето тело и те направила изгнаник од општеството? Несомнено можеш да разбереш зошто еден друг лепрозен, кој бил чудесно излекуван, ‚паднал на своето лице пред Исусовите нозе и му благодарел‘ (Лука 17:12—16).

Повреда: Исусовото последно чудо пред да биде притворен и прикован било чин на лекување. Во еден избрзан потег против оние кои штотуку требало да го одведат Исус, апостол Петар ‚кој имал меч, го извлекол и го удрил робот на првосвештеникот и му го отсекол десното уво‘ (Јован 18:3—5, 10). Паралелниот извештај во Лука ни кажува дека Исус ‚го допрел увото и го излекувал‘ (Лука 22:50, 51). Повторно, овој хуман гест бил извршен пред очите на Исусовите пријатели, а и пред непријателите — во овој случај, пред оние што го уапсиле.

Да, колку од поблизу ги испитуваме Исусовите чуда толку повеќе увидуваме карактеристични знаци на автентичност (2. Тимотеј 3:16). И, како што беше спомнато претходно, таквото проучување треба да ја зајакне нашата вера во Божјето ветување да ги излекува послушните луѓе. Библијата ја дефинира христијанската вера како ‚осигурено очекување на она на кое човек се надева, јасно докажување на стварности иако не се гледаат‘ (Евреите 11:1). Јасно, Бог не охрабрува на слепа лековерност или на пусти желби, туку на цврста вера изградена врз докази (1. Јованово 4:1). Додека стекнуваме таква вера, постепено увидуваме дека стануваме духовно појаки, поздрави и посреќни (Матеј 5:3; Римјаните 10:17).

Најпрвин мора да дојде духовно лекување!

Многумина физички здрави луѓе се несреќни. Некои дури се обидуваат да извршат самоубиство бидејќи немаат надеж за иднината или затоа што се чувствуваат преплавени од проблеми. Тие, всушност, се духовни инвалиди — што во Божји очи е многу посериозна состојба од физичката инвалидност (Јован 9:41). Од друга страна, пак, многумина кои се физички инвалиди, како Кристијан и Џуниор спомнати во претходната статија, водат среќен, исполнет живот. Зошто? Затоа што се духовно здрави и добиваат енергија од една сигурна надеж темелена на Библијата.

Укажувајќи на нашата посебна потреба како луѓе, Исус рекол: „Нема да живее човек само од леб туку и од секоја изјава што излегува од Јеховината уста“ (Матеј 4:4). Да, за разлика од животинското творештво, на луѓето им е потребно повеќе од материјалната прехрана. Затоа што сме создадени според Божјиот „лик“, нам ни е потребна духовна храна — спознание за Бог и за тоа како се вклопуваме во неговата намера, како и вршењето на неговата волја (Битие 1:27; Јован 4:34). Спознанието за Бог ги исполнува нашите животи со смисла и духовна енергија. Тоа го положува и темелот за вечниот живот на рајска Земја. „Ова значи вечен живот“, рекол Исус, „да примаат спознание за тебе, единствениот вистински Бог, и за оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

Вредно е да се забележи дека современиците не му се обраќале на Исус со „Исцелителе“ туку со „Учителе“ (Лука 3:12; 7:40). Зошто? Затоа што Исус ги поучувал луѓето за трајното решение на проблемите на човештвото — Божјето Царство (Лука 4:43; Јован 6:26, 27). Оваа небесна влада во рацете на Исус Христос ќе владее со целата Земја и ќе ги исполни сите библиски ветувања во врска со потполната и трајна рехабилитација на праведните луѓе и на нивниот земен дом (Откровение 11:15). Затоа Исус, во својата пример-молитва, го поврзал доаѓањето на Царството со вршењето на Божјата волја на Земјата (Матеј 6:10).

Кога многумина инвалиди дознаваат за оваа инспирирачка надеж, нивните солзи на тага се претвораат во солзи радосници (Лука 6:21). Всушност, Бог нема само да ги отстрани болеста и инвалидноста; тој ќе ја избрише дури и причината за човечките страдања — самиот грев. Навистина, Исаија 33:24 и Матеј 9:2—7, цитирани претходно, ја поврзуваат болеста со нашата грешна состојба (Римјаните 5:12). Затоа, кога гревот ќе биде победен, човештвото конечно ќе ја ужива „славната слобода на Божјите деца“, слобода што вклучува совршенство на умот и телото (Римјаните 8:21).

Оние што уживаат прилично добро здравје можат лесно да гледаат на својата ситуација како на нешто само по себе разбирливо. Но, тоа не е случај со оние што ја доживуваат траумата од инвалидностите. Тие точно знаат колку се скапоцени здравјето и животот и колку ненадејно и неочекувано работите можат да се сменат (Проповедник 9:11, NW). Според тоа, наша желба е оние наши читатели што се инвалиди да обрнат посебно внимание на Божјите прекрасни ветувања запишани во Библијата. Исус го дал својот живот за да го осигура нивното исполнување. Каква подобра гаранција би можеле да имаме? (Матеј 8:16, 17; Јован 3:16).

[Фуснота]

a За детална дискусија во врска со тоа зошто Бог ги дозволува страдањата, види ја брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас?, издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели