ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/7 стр. 20-22
  • Дали твоето поучување е делотворно?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали твоето поучување е делотворно?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се учи од примерот на Езра
  • „Самиот Езра го подготвил своето срце“
  • „Да се советува со законот Јеховин“
  • ‚Советувајте се со законот Јеховин‘ како семејство
  • ‚Да го извршуваш‘
  • „Да поучува во Израел за пропис и правда“
  • Езра поучувал за Божјиот закон
    Поуки од Библијата
  • Избрани стихови од книгата Езра
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Имај доверба дека Јехова ќе ти помогне во тешки времиња
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Езра му носел слава на Јехова со своите постапки
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/7 стр. 20-22

Дали твоето поучување е делотворно?

РОДИТЕЛИ, старешини, објавители на добрата вест — од сите нив се бара да бидат учители. Родителите ги поучуваат своите деца, старешините ги поучуваат членовите на христијанското собрание, а објавителите ги поучуваат новозаинтересираните лица (Второзаконие 6:6, 7; Матеј 28:19, 20; 1. Тимотеј 4:13, 16). Што можеш да сториш за да го направиш своето поучување поделотворно? Една работа е тоа што можеш да го имитираш примерот и методот на способните учители што се спомнати во Божјата реч. Таков учител бил Езра.

Да се учи од примерот на Езра

Езра бил аронски свештеник кој живеел пред околу 2.500 години во Вавилон. Во 468 пр.н.е., отишол во Ерусалим за да го унапреди чистото обожавање меѓу Евреите што живееле таму (Езра 7:1, 6, 12, 13). Оваа задача барала од него да ги поучи луѓето за Божјиот закон. Што сторил Езра за да осигура дека неговото поучување ќе биде делотворно? Презел неколку неопходни чекори. Обрни внимание на овие чекори запишани во Езра 7:10 (NW):

„Самиот Езра 1) го подготвил своето срце 2) да се советува со законот Јеховин и 3) да го извршува и 4) да поучува во Израел за пропис и правда“. Да го разгледаме накратко секој од овие чекори и да видиме што можеме да научиме од нив.

„Самиот Езра го подготвил своето срце“

Исто како што земјоделецот најпрво ја подготвува почвата орајќи ја пред да го посее семето, Езра во молитва го подготвил срцето за да ја прими речта од Бог (Езра 10:1). Со други зборови, ‚го обратил своето срце‘ кон Јеховините учења (Пословици 2:2).

На сличен начин, Библијата наведува дека цар Јосафат ‚го подготвил своето срце да го бара вистинскиот Бог‘ (2. Летописи 19:3, NW). Наспроти тоа, една генерација Израелци ‚што не ги подготвиле своите срца‘ се опишани како „тврдоглави и бунтовни“ (Псалм 78:8, NW). Јехова ја гледа „тајната личност на срцето“ (1. Петрово 3:4). Да, „ги научува кротките на Својот пат“ (Псалм 25:9). Затоа, колку само е важно учителите денес да го следат примерот на Езра така што најпрво во молитва ќе ги доведат своите срца во исправна состојба!

„Да се советува со законот Јеховин“

За да биде способен учител, Езра се советувал со Божјата реч. Ако треба да се советуваш со лекар, зарем не би слушал внимателно и зарем не би се осигурал дека си разбрал сѐ што ти кажал и што ти препишал? Без сомнение би слушал, зашто во прашање ти е здравјето. Тогаш, колку само повеќе треба да обрнеме продлабочено внимание на работите што Јехова ни ги кажува, или препишува, преку неговата Реч, Библијата и преку „верниот и разборит роб“. На крајот на краиштата, од неговиот совет ни зависи животот! (Матеј 4:4; 24:45—47). Се разбира, лекарот може да згреши, но „Господовиот Закон е совршен“ (Псалм 19:7). Никогаш нема да ни треба друго мислење.

Библиските книги Летописи (што Езра првобитно ги напишал како еден том) покажуваат дека Езра навистина темелно проучувал. За да ги напише тие книги се осврнал на бројни извори.a На Евреите, кои штотуку биле вратени од Вавилон, им бил потребен преглед на историјата на нивната нација. Тие немале доволно спознание за обичаите на нивната религија, за службата во храмот и задачите на Левитите. Генеалошките извештаи биле од голема важност за нив. Езра обрнал посебно внимание на тие работи. До доаѓањето на Месијата, Евреите требало да останат како нација со своја земја, храм, свештенство и управител. Благодарение на информациите што Езра ги собрал, можеле да бидат зачувани единството и вистинското обожавање.

Какви се твоите навики на проучување во споредба со оние на Езра? Марливото проучување на Библијата ќе ти помогне делотворно да поучуваш за неа.

‚Советувајте се со законот Јеховин‘ како семејство

Советувањето со законот Јеховин не е ограничено само на личната студија. Семејната студија, исто така, е извонредна можност за тоа.

Јан и Јулија, брачен пар од Холандија, им читале наглас на своите два сина уште од денот кога се родиле. Денес, Иво има 15, а Едо 14 години. Тие сѐ уште еднаш неделно имаат семејна студија. Јан објаснува: „Наша главна цел не е да поминеме многу материјал за време на студијата туку момчињата да го сфатат она за што се дискутира“. Тој додава: „Момчињата многу истражуваат. Ги проверуваат непознатите зборови и библиските ликови — кога живееле, кои биле тие, што било нивното занимање итн. Откако научија да читаат, се советуваат со книги како што се Увид во писмото, речници и енциклопедии. Ова ја прави семејната студија многу попријатна. Момчињата секогаш со радост спремно ја чекаат студијата“. Додатна корист е тоа што сега и двете момчиња се најдобри на часовите по јазик.

Јон и Тини, друг пар од Холандија, проучувале со својот син, Если (сега има 24 години и е пионер во друго собрание) и со својата ќерка, Линда (сега има 20 години и е мажена за еден фин млад брат). Меѓутоа, наместо да проучуваат одредена публикација со вообичаениот метод со прашања и одговори, тие ја приспособиле семејната студија на возраста и потребите на нивните деца. Каков метод користеле тие?

Јон објаснува дека синот и ќерката избирале интересна тема од „Прашања од читателите“ (од Стражарска кула) и од „Гледиште на Библијата“ (од Разбудете се!). Потоа, го изнесувале тоа што го подготвиле, како резултат на што секогаш имале интересни семејни дискусии. На тој начин младите стекнале искуство во истражувањето и во дискутирањето за резултатите од нивното проучување. Дали се ‚советуваш со законот Јеховин‘ со твоите деца? Ова не само што ќе ја подобри твојата лична способност да поучуваш туку ќе им помогне и на твоите деца да станат поделотворни учители.

‚Да го извршуваш‘

Езра го применувал она што го учел. На пример, додека живеел во Вавилон, можеби имал среден живот. Сепак, кога сфатил дека може да му помогне на својот народ, ги заменил удобностите на Вавилон со далечниот град Ерусалим, заедно со сите негови непријатности, проблеми и опасности. Јасно, Езра не само што собирал библиско спознание туку и бил спремен да постапува според она што го научил (1. Тимотеј 3:13).

Подоцна, додека живеел во Ерусалим, Езра повторно покажал дека го применува она што го учел и за што поучувал. Ова станало очигледно кога чул за браковите на Израелците со жени паганки. Библискиот извештај ни кажува дека тој ‚ги искинал својата облека и наметка, ги корнел својата коса и брада и седел нерасположен‘. Дури и чувствувал ‚срам и се плашел да го подигне своето лице‘ кон Јехова (Езра 9:1—6).

Колку само влијаело на него тоа што го проучувал Божјиот закон! Езра јасно ги гледал ужасните последици од непослушноста на народот. Бројот на еврејските повратници бил мал. Ако склопеле мешани бракови, на крај можеби ќе се претопеле во околните, пагански нации, и чистото обожавање можело лесно да го снема од лицето на Земјата!

За среќа, примерот на Езра за оддаден страв и ревност ги поттикнал Израелците да ги исправат своите патишта. Се ослободиле од своите жени туѓинки. За три месеци сите се исправиле. Личната лојалност на Езра кон Јехова многу придонела неговото поучување да биде делотворно.

Истото важи и денес. Еден христијански татко рекол: „Децата не прават како што им зборуваш; прават како што правиш!“ Истото начело се применува и во христијанското собрание. Старешините што оставаат добар пример можат да очекуваат собранието да се оѕвие на нивното поучување.

„Да поучува во Израел за пропис и правда“

Има уште една причина зошто поучувањето на Езра било делотворно. Тој не поучувал за свои идеи туку поучувал „за пропис и правда“, односно за прописите, или законите, на Јехова. Тоа била негова свештеничка одговорност (Малахија 2:7). Исто така, поучувал за правда и дал пример за она за кое поучувал придржувајќи се за тоа што е исправно и праведно на непристрасен начин, според мерилата. Кога оние што имаат авторитет покажуваат правда, се гради стабилност и има трајни резултати (Пословици 29:4). На сличен начин, христијанските старешини, родители и објавители на Царството што добро ја познаваат Божјата реч ќе изградат духовна стабилност кога поучуваат за Јеховините одредби и правда во собранието, во нивните семејства и кај заинтересираните лица.

Зарем не се согласуваш дека твоето поучување може да стане поделотворно ако во целост го имитираш примерот на верниот Езра? Затоа, ‚подготви го своето срце, советувај се со законот Јеховин, извршувај го и поучувај за Јеховиниот пропис и правда‘ (Езра 7:10).

[Фуснота]

a Список со 20 извори се наоѓа во Insight on the Scriptures (Увид во Писмото), том 1, страници 444 и 445, издаден од Јеховините сведоци.

[Рамка/слика на страница 22]

ШТО ГО НАПРАВИЛО ПОУЧУВАЊЕТО НА ЕЗРА ДЕЛОТВОРНО?

1. Го довел своето срце во исправна состојба

2. Се советувал со законот Јеховин

3. Дал добар пример во применување на она што го учел

4. Се посветил на поучување за библиското гледиште

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели