ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/8 стр. 4-7
  • Кому треба да му бидеш лојален?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кому треба да му бидеш лојален?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Испит на лојалноста
  • Вистинската лојалност — израз на љубов
  • Лојалноста кон Бог — сила на добро
  • Лојалност обликувана од точното спознание
  • Зошто да се биде лојален?
  • „Само ти си лојален“
    Приближи му се на Јехова
  • Гледај на лојалните!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Положување на испитот на лојалноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Да се служи лојално со Јеховината организација
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/8 стр. 4-7

Кому треба да му бидеш лојален?

„Нашата земја . . . Нека таа секогаш биде во право; но, во право или не — нека секогаш биде наша земја“ (Стивен Дикејтур, поморски офицер на САД, 1779—1820).

МНОЗИНА гледаат на безусловната лојалност кон сопствената земја како на своја најголема обврска. Други, пак, би ги кажале зборовите на Стивен Дикејтур малку поинаку: ‚Мојата религија, нека таа секогаш биде во право; но, во право или не — нека секогаш биде моја религија‘.

Реално гледано, земјата или религијата што бараат да им бидеме лојални честопати се одредени од местото на нашето раѓање, но одлуката за тоа кому треба да му бидеме лојални е премногу важна за да ѝ ја препуштиме на случајноста. Меѓутоа, да се доведе во прашање лојалноста на која некој е воспитан бара храброст и носи предизвици.

Испит на лојалноста

Една жена која пораснала во Замбија вели: „Уште од рана возраст бев религиозно настроена. Секојдневната молитва во семејната соба со олтар, славењето религиозни празници и редовното присуство во храмот беа дел од моето воспитание. Мојата религија и обожавање беа тесно испреплетени со мојата култура, средина и семејство“.

Сепак, во своите доцни тинејџерски години, таа почнала да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци и набрзо потоа решила да ја смени својата религија. Дали тоа било чин на нелојалност?

Златко пораснал во Босна, и некое време се борел во конфликтот што ја зафатил неговата земја. И тој почнал да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Сега одбива да се бори против кого и да било. Дали е нелојален?

Како ќе одговориш на овие прашања зависи од твоето гледиште. Жената спомната погоре, вели: „Во мојата средина, тоа што некој ја менува својата религија донесува непростлив срам; се смета за чин на нелојалност, предавство на семејството и средината“. На сличен начин, поранешните војнички другари на Златко гледале како на предавници на сите оние што ќе одбиеле да се борат на нивна страна. Но, и таа жена и Златко чувствуваат дека нивните постапки ги мотивира еден повисок облик на лојалност — лојалност кон Бог. И што е уште поважно, како гледа Бог на оние што сакаат да му бидат лојални нему?

Вистинската лојалност — израз на љубов

Цар Давид му рекол на Јехова Бог: „Со оној што е лојален ти ќе постапуваш лојално“ (2. Самоил 22:26, NW). Овде, хебрејскиот збор преведен со „лојалност“ ја пренесува идејата за љубезност што со љубов се приврзува кон нешто или кон некого додека не се оствари нејзината намера во врска со тоа. Со став што го има една мајка кон доенче, Јехова со љубов се приврзува кон оние што му се лојални. На своите лојални слуги во древниот Израел, Јехова им рекол: „Може ли жена да го заборави своето доенче, да не му се смилува на чедото на својата утроба? Па кога некоја и би заборавила, Јас нема да те заборавам тебе“ (Исаија 49:15). Оние што се спремни лојалноста кон Јехова да ја стават пред сѐ друго се уверени во неговата грижа полна со љубов.

Лојалноста кон Јехова се темели на љубов. Таа го мотивира лицето да го сака она што Јехова го сака и да ги мрази злобните работи што Јехова ги мрази (Псалм 97:10). Бидејќи доминантна особина на Јехова е љубовта, лојалноста кон Бог помага да се спречи лицето да постапува на нељубезен начин со другите (1. Јованово 4:8). Затоа, ако од лојалност кон Бог некој ги смени своите религиозни верувања, не значи дека тој повеќе не го сака своето семејство.

Лојалноста кон Бог — сила на добро

Жената спомната претходно вака ги објаснува своите постапки: „Преку проучувањето на Библијата го запознав Јехова како вистински Бог и развив личен однос со него. Јехова не е како ниеден од боговите што пред тоа ги обожавав; кај него постои совршена рамнотежа на љубов, правда, мудрост и моќ. Бидејќи Јехова бара исклучителна оддаденост, морав да ги оставам другите богови.

Моите родители постојано ми велеа дека се многу разочарани од мене и дека сум ги изневерила. Ова беше навистина тешко за мене зашто нивното одобрување многу ми значи. Но, како што напредував во спознанието за библиската вистина, за мене изборот стана јасен. Не можев да му свртам грб на Јехова.

Тоа што избрав да му бидам лојална на Јехова наместо на религиозните традиции не значи дека сум нелојална кон моето семејство. И со збор и со дело се трудам да им покажам дека разбирам како се чувствуваат. Но, ако не сум му лојална на Јехова, тогаш може да го спречам моето семејство да го запознае, а тоа би бил вистински чин на нелојалност“.

На сличен начин, едно лице не е предавник кога лојалноста кон Бог бара од него да остане политички неутрално и да се воздржува да крене оружје против другите. Златко вака ги објаснува своите постапки: „Иако бев воспитан како номинален христијанин, се оженив со девојка што не беше христијанка. Кога почна војната, и двете страни бараа да им бидам лојален. Бев присилен да изберам на чија страна ќе се борам. Учествував во војната три и пол години. На крај, јас и мојата сопруга побегнавме во Хрватска каде што се сретнавме со Јеховините сведоци.

Од проучувањето на Библијата сфативме дека треба да му бидеме лојални првенствено на Јехова и дека тој сака да го љубиме својот ближен без разлика на која религија или раса ѝ припаѓа тој. Сега јас и мојата сопруга сме обединети во нашето обожавање на Јехова, и сфатив дека не можам да му бидам лојален на Јехова а да војувам против мојот ближен“.

Лојалност обликувана од точното спознание

Бидејќи Јехова е наш Творец, лојалноста кон него со право има предност над сите други што бараат да им бидеме лојални (Откровение 4:11). Меѓутоа, за да спречиме лојалноста кон Бог да премине во фанатичка и погубна сила, таа мора да биде обликувана од точно спознание. Библијата нѐ поттикнува: „Да се обновите во силата која го задвижува вашиот ум, и да ја облечете новата личност која е создадена по Божја волја во вистинска . . . лојалност“ (Ефешаните 4:23, 24). Прочуениот човек што ги напишал овие инспирирани зборови имал храброст да ја доведе во прашање лојалноста на која бил воспитан. Неговото истражување довело до корисна преобразба.

Да, Савле се соочил со испит на лојалноста, исто како што се соочиле и мнозина во наше време. Савле бил воспитан според строгите традиции на своето семејство, и станал исклучително лојален на религијата во која се родил. Лојалноста кон неговата кауза дури го мотивирала да врши насилство над оние што не се согласувале со неговото гледиште. Савле бил познат по тоа што ги напаѓал домовите на христијаните и ги одвлекувал да бидат казнети, дури и ги убивал (Дела 22:3—5; Филипјаните 3:4—6).

Сепак, штом го добил точното спознание од Библијата, Савле го направил она што многумина од неговата класа го сметале за незамисливо. Ја сменил религијата. Савле, кој подоцна станал познат како апостол Павле, избрал да му биде лојален на Бог наместо на традицијата. Лојалноста кон Бог темелена на точното спознание го мотивирала Савле да биде толерантен, полн со љубов и охрабрувачки, што било спротивно на неговото поранешно погубно, фанатично однесување.

Зошто да се биде лојален?

Тоа што дозволуваме нашето чувство на лојалност да биде обликувано од Божјите мерила донесува видливи благослови. На пример, еден извештај на Австралискиот институт за проучување на семејството од 1999, изјавува дека меѓу основните работи за долг и задоволувачки брак се „довербата и верноста . . . [и] чувството за духовност“. Истата таа студија открила дека „стабилните и задоволувачки бракови“ придонесуваат мажите и жените да бидат посреќни, поздрави и да живеат подолго, и дека стабилните бракови им даваат на децата подобри шанси да уживаат во среќен живот.

Во денешниов несигурен свет, лојалноста е како јаже за спасување што го држи врзан за чамецот за спасување пливачот кој се бори со водата. Ако „пливачот“ нема чувство на лојалност, ќе се најде фрлан наоколу како од бранови и ветар. Ако, пак, неговата лојалност е погрешно насочена, тоа е како јажето за спасување да е врзано за брод што тоне. Како Савле, може да се најде вовлечен во погубен начин на постапување. Меѓутоа, лојалноста кон Јехова, темелена на точното спознание, е јаже за спасување што ни дава стабилност и нѐ води до спасение (Ефешаните 4:13—15).

Јехова им ветува на оние што му се лојални: „Зашто Господ ја љуби правдата и Своите свети [лојални, NW] не ги остава. Засекогаш ќе бидат сочувани“ (Псалм 37:28). Наскоро, сите оние што му се лојални на Јехова ќе бидат воведени во рајска Земја, каде што ќе уживаат во живот без тага и болка, и ќе се радуваат на трајни врски ослободени од религиозни и политички поделби (Откровение 7:9, 14; 21:3, 4).

Уште сега, милиони поединци низ целиот свет откриле дека вистинската среќа доаѓа единствено од лојалноста кон Јехова. Зошто не дозволиш Јеховините сведоци да ти помогнат да го испиташ своето гледиште за лојалноста во светло на библиската вистина? Библијата ни вели: „Испитувајте дали сте во верата, проверувајте се самите себе“ (2. Коринќаните 13:5).

Потребна е храброст за да ја доведеме во прашање својата вера — како и зошто сме ѝ лојални — но наградите се вредни за напорот што го вложуваме штом како резултат на тоа ќе се приближиме кон Јехова Бог. Жената што е цитирана претходно ги изразува чувствата на мнозина кога вели: „Сфатив дека лојалноста кон Јехова и кон неговите мерила ни помага да бидеме урамнотежени во односите во семејството и да станеме подобри членови на општеството. Без разлика колку се тешки испитите, ако сме му лојални на Јехова, тој секогаш ќе се покаже лојален кон нас“.

[Слики на страница 6]

Точното спознание го мотивирало Савле да го смени она на што бил лојален

[Слика на страница 7]

Зошто не ги испиташ своите чувства на лојалност во светло на библиската вистина?

[Извори на слики на страница 4]

Черчил, горе лево: фотографија на U.S. National Archives; Јозеф Гебелс, сосема десно: Library of Congress

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели