ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/8 стр. 30-31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Сличен материјал
  • Зачувај мир во своето домаќинство
    Тајната на семејната среќа
  • Вистината не носи „мир, туку меч“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Семеен живот кој му е допадлив на Бог
    Што бара Бог од нас?
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/8 стр. 30-31

Прашања од читателите

Какво водство дава Писмото во врска со воспитувањето на децата кога еден од родителите е Јеховин сведок а другиот не е?

Две клучни библиски начела го даваат водството во врска со воспитувањето на децата за родител Сведок што има брачен партнер што не е Сведок. Едното е: „Повеќе мораме да го слушаме Бог како владетел отколку луѓето“ (Дела 5:29). Другото е: „Мажот е глава на својата жена како што е и Христос глава на собранието“ (Ефешаните 5:23). Последново важи не само за сопругите што имаат сопруг Сведок туку и за оние што имаат брачен другар кој не е Сведок (1. Петрово 3:1). Како може еден родител Сведок да ги урамнотежи овие начела кога ги поучува своите деца?

Ако сопругот е Јеховин сведок, тој е одговорен да се грижи за своето семејство како духовно така и материјално (1. Тимотеј 5:8). Иако мајката неверник можеби ќе поминува повеќе време со децата, таткото Сведок треба да ги поучува своите деца така што ќе им даде духовно воспитание дома и ќе ги носи на христијанските состаноци, каде што ќе извлечат корист од моралните упатства и здравото друштво.

Но, што ако неговата сопруга неверник инсистира да ги носи децата на нејзиното место за обожавање или да ги поучува за своите верувања? Законот на таа земја можеби ѝ дава право да го стори тоа. Дали децата ќе бидат наведени на дела на обожавање на таквите места може многу да зависи од квалитетот на духовното поучување на таткото. Како што децата растат, библиското образование од нивниот татко треба да им помогне да ја следат вистината од Божјата реч. Колку само ќе биде среќен тој ако неговите деца решат да заземат став за вистината!

Ако мајката е Јеховин сведок, таа мора да го почитува начелото за поглаварство додека се грижи за вечната благосостојба на своите деца (1. Коринќаните 11:3). Во многу случаи, на нејзиниот сопруг неверник нема да му смета ако неговата сопруга Сведок им дава морално и духовно образование на нивните деца, а помош за таа цел е достапна на состаноците на Јеховиниот народ. Мајката може да му помогне на својот сопруг неверник да ги види користите од изградувачкото образование што нивните деца го добиваат преку Јеховината организација. Таа може тактично да ја нагласи вредноста на тоа да се всадат библиските морални начела во нивните деца, зашто се соочени со живот во морално расипан свет.

Меѓутоа, сопругот неверник може да инсистира децата да ја практикуваат неговата религија, носејќи ги на неговото место за обожавање и давајќи им религиозно образование во склад со неговата вера. Или, пак, еден сопруг може да се противи на секоја религија и да инсистира неговите деца да не добиваат никакво религиозно образование. Како глава на семејството, првенствено тој е одговорен за таа одлука.a

Иако како предадена христијанка го почитува поглаварството на својот сопруг, жената верник ќе го има на ум ставот на апостол Петар и на апостол Јован, кои рекле: „Што се однесува до нас, ние не можеме да престанеме да зборуваме за она што сме го виделе и чуле“ (Дела 4:19, 20). Од грижа за духовната благосостојба на своите деца, една мајка Сведок ќе најде прилики да обезбеди морално упатство за нив. Таа има одговорност пред Јехова да ги поучува другите за она што знае дека е вистина, и нејзините деца не треба да бидат исклучок (Пословици 1:8; Матеј 28:19, 20). Како може мајката Сведок да се справи со дилемата?

Да го земеме за пример прашањето за верување во Бог. Сопругата Сведок можеби не ќе може да има формална библиска студија со своите деца заради ограничувањата од нејзиниот сопруг. Дали заради ова треба да избегнува да им кажува на своите деца што и да било за Јехова? Не. Нејзините зборови и дела, нормално, ќе го одразуваат нејзиното верување во Творецот. Без сомнение, нејзините деца ќе имаат прашања на таа тема. Треба да се чувствува слободна да ја применува својата слобода на религија така што ќе зборува за своето верување во Творецот и со нејзините деца. Дури и ако не може да води библиска студија со своите деца или да ги води редовно на состаноците, може да им го пренесе спознанието за Јехова Бог (Второзаконие 6:7).

Во врска со односот меѓу еден Сведок и неговиот или нејзиниот брачен другар неверник, апостол Павле напишал: „Мажот кој не е верник, осветен е со оглед на својата жена, и жената која не е верница, осветена е поради братот; инаку вашите деца всушност би биле нечисти, а сега се свети“ (1. Коринќаните 7:14). Јехова гледа на брачната врска како света заради брачниот другар верник, и децата се сметаат за свети во Јеховини очи. Сопругата Сведок треба да даде сѐ од себе за да им помогне на своите деца да ја разберат вистината, оставајќи го конечниот исход во рацете на Јехова.

Како што децата растат ќе треба да одлучат каков став ќе заземат на темел на информациите што ги добиле од своите родители. Можеби ќе одлучат да постапуваат во склад со Исусовите зборови: „Кој има поголема наклоност кон татко или мајка отколку кон мене, не е достоен за мене“ (Матеј 10:37). Исто така, заповедано им е: „Деца, бидете им послушни на своите родители во обединетост со Господ“ (Ефешаните 6:1). Многу младинци одлучиле да ‚го слушаат Бог како владетел‘ наместо родителот што не е Сведок, и покрај тоа што трпат тешкотии од тој родител. Колку само би било наградувачки за родителот Сведок да види како децата одлучуваат да му служат на Јехова и покрај противењето!

[Фуснота]

a Законското право на сопругата слободно да практикува религија го вклучува и нејзиното право да присуствува на христијанските состаноци. Во некои случаи, сопругот не е спремен да се грижи за малите деца во тоа време, па така една мајка полна со љубов е обврзана да ги земе со себе на состаноците.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели