ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/9 стр. 8-9
  • Млади што се како освежувачки капки роса

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Млади што се како освежувачки капки роса
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Место за младите да цветаат
  • ‚Лекување и освежување‘
  • Јеховините „капки роса“ меѓу многу народи
    Пејте му фалби на Јехова
  • Дали ги освежуваш духовно другите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Млади, фалете го Јехова!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Млади што ја сакаат вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/9 стр. 8-9

„Дојдете кај мене . . . и јас ќе ве освежам“

Млади што се како освежувачки капки роса

ИСУС ХРИСТОС несомнено ги вклучил и своите помлади следбеници кога рекол: „Дојдете кај мене . . . и јас ќе ве освежам“ (Матеј 11:28). Кога луѓето почнале да ги носат своите деца кај него, учениците се обиделе да ги запрат. Но, Исус рекол: „Пуштете ги дечињата да доаѓаат кај мене: не обидувајте се да ги запрете“. Исус дури ‚ги зел децата в прегратка и почнал да ги благословува‘ (Марко 10:14—16). Без сомнение, Исус ги сметал овие млади за скапоцени.

Библијата зборува за верни млади мажи и жени, како и за младинци и мали деца што оставиле извонредни примери во служењето на Бог. „Друштвото на млади мажи“ што е исто толку освежувачко колку и капките роса е претскажано во книгата Псалми. Таа, исто така, зборува и за „момчиња“ и „девици“ што го фалат името на Јехова (Псалм 110:3, NW; 148:12, 13).

Место за младите да цветаат

Споредбата со капки роса е соодветна зашто росата се поврзува со изобилство и благослов (Битие 27:28). Капките роса се нежни и освежувачки. Во ова време на Христовата присутност, младите христијани во голем број спремно и желно се нудат себеси. Исто како освежувачките капки роса, многу млади мажи и жени радосно му служат на Бог и им помагаат на своите соверници (Псалм 71:17).

Христијанските младинци не се освежување само за другите; и самите тие наоѓаат освежување во својата служба. Божјата организација обезбедува средина во која можат да цветаат. Задржувајќи висок морал, младите мажи и жени уживаат близок однос со Бог (Псалм 119:9). Исто така учествуваат во корисни активности во собранието, и наоѓаат добри пријатели — фактори што придонесуваат за еден задоволувачки и смисловен живот.

‚Лекување и освежување‘

Дали христијанските младинци и самите се чувствуваат како „капки роса“? Запознај ја Тања, млада жена што е активно вклучена во собранието и која со радост посветува повеќе од 70 часа месечно во службата. Како се чувствува таа? „Се чувствувам освежена и изградена“, вели. „Тоа што ги имам Јехова и неговата организација во мојот живот е ‚лекување и освежување‘ за мене“ (Пословици 3:8, NW).

Ариел, друга млада полновремена министерка, ја цени духовната храна што ја добива во собранието. „Кога одам на христијанските состаноци, конгреси и собири и кога можам да се гоштевам на Јеховината духовна трпеза, тоа навистина духовно ме освежува“, забележува таа. „И, ме изградува тоа што знам дека имам соработници низ целиот свет.“ Опишувајќи го крајниот извор на освежување, таа вели: „Толку е освежувачки што го имам Јехова како пријател, особено кога слушам или кога ги гледам ужасните ефекти што овој систем ги има врз луѓето“ (Јаков 2:23).

На 20-годишна возраст, Абишаи служи како полновремен евангелизатор и како слуга помошник во своето собрание. Тој го опишува своето искуство со следниве зборови: „Се чувствувам освежен затоа што знам како да се справам со многуте проблеми со кои младите се соочуваат денес. Вистината од Библијата ми помогна да останам сосредоточен на она што треба да го правам за да му служам на Јехова со сета душа“.

Во своите рани тинејџерски години, Антоан бил лесно избувлив. Еднаш удрил еден соученик со стол, и го употребил моливот за да прободи друг соученик. Тешко дека Антоан бил освежувачка личност! Но, упатствата од Библијата го смениле неговото однесување. Сега има 19 години и служи како слуга помошник и полновремен министер во собранието, и вели: „Му благодарам на Јехова што ми дозволи да стекнам спознание за него и што ми помогна да ја увидам потребата да вежбам самоконтрола и да го променам мојот животен пат. Така избегнав многу проблеми“.

И други го забележуваат освежувачкиот став на младите христијани. Матео е млад Сведок од Италија. Неговиот наставник одлучил дека секој што во одделението ќе употреби непристоен збор ќе мора да плати мала казна. По некое време, децата побарале правилото да биде укинато зашто, како што рекле тие, „невозможно е да не користиш валкан јазик“. „Но“, објаснува Матео, „наставничката рече дека тоа не е точно и ме зеде мене, Јеховин сведок, како пример, пофалувајќи ме пред целото одделение заради мојот чист јазик.“

Во една бучна училница во Тајланд, наставничката го викнала 11-годишниот Рача да застане пред одделението и го пофалила за неговото однесување велејќи: „Зошто не го земете него како пример? Тој е марлив во учењето и добро се однесува“. Потоа им рекла на учениците: „Претпоставувам дека за да го подобрите своето однесување ќе мора да станете Јеховини сведоци како Рача“.

Прекрасно е да се видат илјадници христијански младинци како подобро го запознаваат Јехова и ја вршат неговата волја. Тие фини млади луѓе покажуваат мудрост што не е својствена за нивните години. Бог може да им помогне да го направат успешен својот сегашен живот и да им даде прекрасна иднина во претстојниот нов свет (1. Тимотеј 4:8). Во духовната пустош на овој систем на работи, преполн со незадоволни и исфрустрирани младинци, тие претставуваат освежувачка спротивност!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели