ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 15/1 стр. 8-9
  • Пред и потоа — Божјата реч на дело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пред и потоа — Божјата реч на дело
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Сличен материјал
  • Не сакав да умрам!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Си определил ли време за проучување на Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Јехова ги благословува оние што простуваат
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Само уште една чашка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 15/1 стр. 8-9

„Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“

Пред и потоа — Божјата реч на дело

ДА СИ го сретнел Тони во неговите рани тинејџерски години, ќе си наишол на едно грубо и агресивно момче што често се движело низ озлогласените делови на Сиднеј (Австралија). Некои негови пријатели биле членови на банди. Тие честопати биле вмешани во кражби, војни меѓу банди и улични престрелки.

Тони почнал да пуши на девет години. На 14 веќе бил редовен корисник на марихуана и водел неморален живот. Кога наполнил 16 години веќе бил зависник од хероин, а ова довело до тоа да почне да користи кокаин, ЛСД — „всушност, сѐ што можеше да ме направи да се чувствувам ‚хај‘“, како што вели Тони. Потоа, со две озлогласени криминални здруженија воспоставил контакти за продажба на дрога. Набрзо Тони станал познат како еден од најдоверливите снабдувачи со дрога на источниот брег на Австралија.

Зависноста од хероин и марихуана го чинела помеѓу 160 и 320 американски долари на ден. Но, неговото семејство го чинела многу повеќе. „Во неколку прилики, криминалци што бараа дрога и пари во нашиот дом ни ставија пиштоли и ножеви под грлото мене и на жена ми“, вели тој. Откако трипати бил в затвор, Тони се почувствувал принуден да се преиспита каде води неговиот живот.

Иако одел в црква, Тони се почувствувал отуѓен од Бог, кој наводно за казна вечно ги горел грешниците во пекол. Меѓутоа, кога го посетиле двајца Јеховини сведоци, Тони бил изненаден што дознал дека Бог не е таков. И, му било мило што можел навистина да си го среди животот и да добие благослови од Бог. Тони бил поттикнат од изјавата на Исус Христос: „За Бог сѐ е можно“ (Марко 10:27). Особено бил трогнат од охрабрувачките зборови: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8).

Тони сега се соочил со предизвикот да го доведе својот живот во согласност со Божјите мерила. Тој вели: „Првото нешто од што се откажав беше пушењето, нешто што никогаш порано не можев да го направам, иако пробав многу пати. Со сила од Јехова, можев да се откажам од хероинот и марихуаната, зависности што ме држеа во стисок веќе 15 години. Мислев дека никогаш нема да можам да прекинам со тие навики“.

Наместо да се плашат од Бог што вечно ги мачи луѓето во пекол — доктрина што ја нема никаде во Библијата — Тони и неговата жена ја прифатиле надежта да живеат вечно на рајска земја (Псалм 37:10, 11; Пословици 2:21). „Ми требаше многу време и напор за да го доведам својот живот во согласност со Божјите мерила“, признава Тони, „но, со благослов од Јехова, успеав.“

Да, овој поранешен зависник од дрога станал христијанин. Давајќи ги доброволно своето време и средства, тој и неговата сопруга поминуваат илјадници часови во библиското образовно дело. Исто така, зафатени се и во подигањето две богобојазливи деца. Оваа коренита промена била постигната со незадржливата моќ на Божјата реч, Библијата. Навистина, како што вели апостол Павле, „речта Божја е жива и врши силно влијание“ (Евреите 4:12).

И покрај ваквите охрабрувачки примери, некои неоправдано тврдат дека библиски темеленото образовно дело на Јеховините сведоци ги уништува семејствата и ги нагризува здравите морални вредности кај младите луѓе. Случајот на Тони секако го побива тоа тврдење.

Како Тони, многумина дознале дека смртоносните зависности можат да се победат. Како? Со вера во Бог и доверба во него и неговата Реч, како и со поддршката на грижливите христијани полни со љубов. Тони радосно заклучува: „Видов како начелата од Библијата ги заштитуваат моите деца. Библиските учења го спасија мојот брак. И, сега моите соседи спијат помирно зашто повеќе не претставувам закана за нив“.

[Истакната мисла на страница 9]

‚Со сила од Јехова, можев да се откажам од зависностите што ме држеа во стисок 15 години‘

[Рамка на страница 9]

Библиски начела на дело

Различни библиски начела им помогнале на многу зависници од дрога да се оттргнат од оваа осакатувачка навика. Меѓу тие начела се следниве:

„Да се исчистиме од секоја валканост на телото и духот, усовршувајќи ја светоста во Божјиот страв“ (2. Коринќаните 7:1). Со земање на дрога се крши Божјиот закон.

„Стравот од Господа е почеток на мудроста и познавањето на Светиот е разум“ (Пословици 9:10). Длабоката почит кон Јехова темелена на точно спознание за него и неговите патишта им помогнала на многумина да се ослободат од влијанието на дрогата.

„Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки“ (Пословици 3:5, 6). Можеме да прекинеме со опустошувачките навики ако имаме длабока доверба во Бог и ако потполно се потпираме на него.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели